fbpx
Таг: пресуда

таг: пресуда

Година и осум месеци затвор за сопственикот на „Беса Транс“

Компанијата „Беса транс“ доби четиригодишна забрана за вршење дејност, а сопственикот на превозникот, Беким Хаџиу, доби 1 година и 8 месеци затвор. Ова е првостепената пресуда за случајот „Беса Транс“, а судијата Ивица Стефановски рече дека сопственикот и превозникот се виновни, бидејќи знаеле, а немале извод од лиценца која треба да ја издаде Министерство за транспорт и врски. Превозникот...

Мијалков доби ослободителна пресуда за „Трезор“

Сашо Мијалков, поранешниот директор на УБК, денеска доби ослободителна пресуда за случајот „Трезор“. Како што кажа судијката која го водеше предметот, јавниот обвинител не докажал дека обвинетите го сторите делото за кое се обвинуваат. Нема пресуда и за Горан Грујевски и Тони Јакимовски, а поради застареност запре постапката и против обвинетиот Небојша Стајковиќ. Предметот „Трезор“ се однесуваше на злоупотреба на пари...

Пет илјади евра казна за фирмата и 2.100 евра за одговорниот што продаваа чаеви со ликот на д-р Пановски

„Ширачите на лажни вести за чаеви и други безвредни препарати, кои го злоупотребуваа моето име, слики и што не друго, за лично да се збогатат со измама на пациентите, се осудени на правосилна пресуда“, објави денеска на својата страница на Фејсбук микробиологот д-р Никола Пановски. Тој вели дека пресудата за злоупотреба на личните податоци заради промоција на чаевите „Паразол“ и...

Протест пред Аплециониот суд во Белград против пресудата за убиството на новинарот Славко Чурувија

Фондацијата „Славко Чурувија“ денеска повика на протест што ќе се одржи утре во 14 часот пред Аплециониот суд во Белград, како реакција на одлуката на судот да ги ослободи обвинетите за убиството на познатиот српски новинар. „Убиството на новинарот Славко Чурувија, кое беше нарачано и организирано од државата, останува неказнето кривично дело, 25 години откако беше извршено и девет години...

Пресуда за Ласкарци: 14 години затвор за возачот, четири за сопственикот на „Дурмо турс“

Вкупно 39 години затвор добија обвинетите за случајот Ласкарци, на денешното објавување на првостепената пресуда во Основниот кривичен суд. Тие беа прогласени за виновни оти не се придржувале до стандардите за превоз на патници и со тоа предизвикале опасност по животот и здравјето на патниците. „Станува збор за една од најголемите сообраќајни несреќи која длабоко ја потресе пошироката македонска јавност“, рече...

Во последен момент случајот „Ласкарци“ спасен да не почне од почеток

Судскиот совет попладнево свика итна седница, откако судијката Александра Ристеска денеска даде свечена заклетва како нов судија во Апелацискиот суд во Скопје. Седницата беше свикана со цел во последен момент да се „спаси“ судскиот случај „Ласкарци“. Судијката Ристеска беше втор член на судечкиот совет во процесот, па доколку таа заминеше во второстепениот суд, судењето за несреќата кое трае повеќе од...

Врховен го одби Груевски, му остануваат 9 години затвор за „Плацевите на Водно”

Врховниот суд го одби барањето на порaнешниот премиер, Никола Груевски за вонредно преиспитување на пресудата за случајот „Плацеви на Водно”. Со оваа одлука, се потврдува деветгодишната затворска казна што ја потврди Апелациониот суд Скопје и сите правни лекови за Груевски во земјава се исцрпени. Со пресудата на Апелациониот суд, покрај 9-годишната затворска казна за Груевски, условна казна затвор доби и...

Зеќири осуден на две и пол години затвор, треба да врати 1,1 милиони евра

Поранешниот генерален секретар на Владата, Муахамед Зеќири е осуден на две и пол години затвор за злоупотреба на службената положба и овластување. Toj треба да врати и над 71 милион денари во државниот буџет. Во казната за Зеќири му се пресметува и времето поминато во притвор, што значи дека нему му остануваат уште 11 месеци до завршувањето на затворската казна. Тој...

Антикорупциска бара Судскиот совет да ја разгледа пресудата против ИРЛ

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска го повика Судскиот совет Македонија во рамки на законските надлежности што ги има да го разгледа случајот со судската одлука донесена од судијката Јованка Спировска Панева против со ИРЛ и новинарката Сашка Цветковска. Антикорупционерите укажуваат на неопходноста да се почитува независното истражувачко новинарство и слободата на говорот како темели на демократијата, а...

Метаморфозис со поддршка на новинарскиот протест против судската одлука за ИРЛ: Одлуката ги загрозува слободата на изразување и слободата на медиумите

Фондацијата Метаморфозис го поддржува протестот на новинарите што треба да се одржи утре, 17.11.2023 година, пред Граѓанскиот суд во Скопје поради судската одлука против главниот уредник на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ), Сашка Цветковска и Здружението на граѓани ИРЛ во случајот со тужбата на Кочо Анѓушев и на компанијата Брако за клевета. Метаморфозис ја смета судската одлука за опасен преседан, особено...

ЗНМ и ССНМ утре со протест поради срамната пресуда против новинарите на ИРЛ

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) утре (петок, 17 ноември), со почеток од 11 часот, ќе организираат протест пред Граѓанскиот суд во Скопје, за да реагираат против срамната пресуда против новинарите на ИРЛ, во чие писмено образложение е наведена поука дека Министерството за правда може на ИРЛ да ѝ изрече...

Судот во Стразбур пресуди во корист на Јанакиески, државата ќе му плати 6.000 евра

Европскиот суд за човекови права и слободи (ЕСЧП) ја објави пресудата во случајот на Миле Јанакиески против Македонија, а во врска со притворот за случаите „Организација на 27 април“ од февруари 2019 година и „Шпански скали“ од јуни истата година. Во одлуката на судот во Стразбур се вели дека на Јанакиески му биле прекршени правата од членот 5 на Европската...

ССНМ: Судот не смее да кажува кој е новинар

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) смета дека образложението на пресудата на граѓанскиот суд во случајот Кочо Анѓушев и компанијата „Брако“ против Истражувачка репортерска лабораторија (ИРЛ) и новинарката Сашка Цветковска е скандалозно, неприфатливо и незамисливо за едно демократско општество. „Со оваа пресуда која беше објавена вчера не се навлегува во суштината на тужбата за наводната клевета кон поранешниот...

ЗНМ: Пресудата против ИРЛ е срамна, судијката оценила дека новинарите на ИРЛ всушност не се новинари

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска остро реагира на објавеното писмено образложение на пресудата на судијката Јованка Спировска Панева, која одлучуваше во случајот „Фероинвест против ИРЛ“. „ИРЛ не е медиум и може да се соочи со забрана за работа“, се парафразираните цитати во дел од писменото образложение на пресудата на судијката. Пресудата за сторијата „Заговор против воздухот“ беше објавена...

ЗНМ, ССНМ и СЕММ: Скандалозна пресуда на судијката Спировска Панева за новинарите на ИРЛ

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Советот за етика во медиумите (СЕММ) сметаат дека вчерашната судска пресуда против ИРЛ е поткопување на достоинството на новинарската професија, напад врз интегритетот на новинарите и на слободата на изразување во Македонија. На вчерашното судско рочиште во Основниот граѓански суд Скопје, судијата Јованка Спировска Панева...

Обвинителство: Осуммина обвинети од предметот „Багер“ признаа вина

На првото одржано рочиште за предметот под кодно име „Багер“, осуммина обвинети кои извршувале недозволено истражување и ископување на движни добра под привремена заштита, односно културно наследство, ​ги признале делата за кои Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во јуни годинава поднело oбвинителен акт. Како што соопштија од Јавното обвинителство, сите обвинети сториле кривично дело Злосторничко...

Руската новинарка што се појави во вести со антивоен транспарент осудена на 8,5 години затвор

Суд во Москва ја осуди на 8,5 години затвор новинарката Марина Овсјаникова, која упадна во вести со транспарент со кој ја осуди војната што Русија ја води во Украина, јави Би-би-си. Пресудата за 45-годишната Овсјаникова, на која ѝ се судеше во отсуство, е дека е виновна за „свесно ширење лажни информации“ за руските вооружени сили. Новинарката изминатата година заедно со...

Државата ќе им плати над 13.000 евра на сексуални работници поради повреда на нивните права

Државата ги изложила сексуалните работници на нехуман и понижувачки третман додека биле лишени од слобода во полициска станица, оставени цела ноќ без храна, вода и пристап до тоалет. Вака пресуди Европскиот суд за човекови права во случајот Д.Х. и други против Северна Македонија бр. 44033/17. Како што соопштија од Здружението ХОПС, Судот утврдил повреда на правото на приватност поради објавата...

Затворски казни од по четири и 4 и пол години за Бобек Шуклев и Славе Ристевски од Економскиот факултет

Професорот Бобек Шуклев и неговиот колега Славе Ристевски од Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, се осудени со затворски казни во траење од по четири и пол и четири години, бидејќи барале пари од студентки за да им напишат оценки за положени испити за случајот познат како „Еразмус“. За три кривични дела е осуден на условна казна затвор...

Јанушев доби условна казна за кинеските автобуси по став од закон кој станува непостоечки

Игор Јанушев фото: ВМРО ДПМНЕ
На пратеникот од ВМРО – ДПМНЕ и поранешен директор на ЈСП, Игор Јанушев, денеска му беше изречена условна казна од две години за набавката на двокатните автобуси, за случајот „Дизајн“, што го отвори поранешното Специјално обвинителство (СЈО). Јанушев нема да ја издржи казната ако во рок од пет години не стори друго кривично дело. Пресудата ја изрече судијата Осман Шабани,...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...