fbpx
Таг: престрелка

таг: престрелка

Престрелка меѓу полицијата и криумчари на северот на Косово, уапсени се пет лица

Уапсени се пет лица осомничени за шверц на стока и напад на службено лице, додека еден осомничен успеал да избегне апсење и заминал во непознат правец. Во оваа акција биле запленети четири автомобили кои биле инволвирани во конкретниот случај, при што на еден од нив е пронајдена количина цигари за кои постои сомневање дека се шверцувале преку илегални патишта...

Ученик пукал во вработен во основно училиште во Лукавац, БиХ

Едно лице е тешко повредено во престрелка што утрово се случила во основно училиште во градот Лукавац во Босна и Херцеговина. Како што јавува порталот „Oslobodjenje.ba“, вработен во училиштето „Лукавац Град“ бил застрелан од незадоволен ученик, кој поради лошо однесување претходно бил префрлен во друго основно училиште. Повредениот бил хоспитализиран во Универзитетскиот медицински центар Тузла поради прострелна рана во предела на...

Ранети две лица во престрелка во Белград, едното е македонски државјанин

Две лица на возраст од 20 до 30 години биле ранети вчера пред ресторан за брза храна на улицата Максим Горки во Врачар, Белград, пренесуваат српските медиуми. Според Н1, околу 19.40 часот било пукано кон А.П (26), кој се здобил со повреди во натколеницата, а на Новопазарска бил пронајден маж со две прострелни рани во грбот, случајно ранет во престрелката...

Престрелка на аеродромот во Кабул, еден Авганистанец загинал

Во престрелка во која учествувале авганистанските безбедносни сили, но и германски и американски војници со непознати напаѓачи на аеродромот во Кабул, утрово е убиен еден авганистански војник, а тројца се ранети, пренесува „Дојче Веле“. Според информацијата која Бундесверот (германската војка) ја објави на Твитер, престрелката се случила од 4:13 часот по локално време на северната порта на аеродромот, а нема...

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Заев вработил и советник со криминално досие

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека меѓу 56-те советници на премиерот Зоран Заев е вработено и лице за кое нема докази дека има стручност во областа за која треба да советува, а згора на тоа има криминално досие оти во кафеана пукал во припадник на специјалните сили. Како што соопшти портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, станува збор за Силвио Аврамовски. - Човекот...

Скопје под власта на СДСМ почна да наликува на Див Запад, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС ветуваше живот, а граѓаните добија криминал, престрелки и убиства“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по синоќешната престрелка во населбата Топанско Поле, во која едно лице е убиено, а едно тешко повредено. „Секоја вечер инциденти, а секој поминат викенд по некој ранет или убиен. Се надминува и периодот на матната и криминална транзиција во 1990-тите, а Скопје личи на...

Убиен маж во пукање во Топанско Поле

Во престрелка што се случила во 22.30 часот вчера, во населбата Топанско Поле, близу супермаркетот „Принц“, еден 35-годишник го загубил животот, а еден 52-годишник добил тешки повреди. Во инцидентот на улицата Лазо Трповски, животот го загубил И.А од селото Блаце, а повредениот Љ.Ќ. живеел недалеку од местото на инцидентот, на улицата Дижонска. Тој е пренесен во Ургентниот центар со тешки...

Една полицајка е тешко ранета, а неколкумина се повредени при престрелка во Минхен

На железничка станица во Минхен се случила вооружена пресметка, а светските медиуми јавуваат дека една полицајка е ранета. Германската полиција на „Твитер“ објави дека неколку лица се ранети, а полицајката била тешко повредена. Едно лице било уапсено. https://twitter.com/PolizeiMuenchen/status/874537521849536513 Медиумите пишуваат дека напаѓачот пукал на полицајката при проверка на документи во воз. Железничката станица е затворена, а патниците се евакуирани.

Еден полицаец е убиен, а друг ранет во престрелка во центарот на Париз

Еден полицаец е убиен, а друг е ранет во вооружен напад што вечерва се случил во центарот на Париз, соопштила француската полиција, пренесува „Би-би-си“. Според информациите на дел од француските медиуми, напаѓачот кој отворил оган кон полицајците бил застрелан и убиен. Престрелката се случила на авенијата Шанзелизе, која е целосно блокирана и каде во тек е операција на француските безбедносни...

Криминално-политичка престрелка и бркотница по Партизанска

Четириесет и шестгодишен скопјанец ноќеска, пред полноќ, е ранет во престрелка на булеварот Партизански одреди. Според првичните информации, станува збор за Даниел Т., кој веднаш по инцидентот е пренесен на Клиниката за анестезиологија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ), каде бил опериран. На пукањето му претходела бркотница со автомобили, која започнала од бензинската на „Макпетрол“ на булеварот Илинден и продолжила на...

Организацијата „Црна моќ“ ја презеде одговорноста за нападот во Далас

Одговорноста за нападот врз полицијата во Далас ја презеде политичката организација „Црна моќ“, која на својот профил на „Твитер“ напиша дека ќе следуваат уште убиства на полицајци. - Нашите снајперисти убија петмина полицајци. Во наредните денови ќе има уште убиства. Набавете пушки и придружете им се на нашите снајперисти во борбата против полициската репресија – пишува на профилот на „Твитер“ на...

Заврши престрелката во Далас: Тројца уапсени, шест убиени и шест повредени

Едночасовната престрелка во Далас заврши со апсење на тројца од четворицата осомничени напаѓачи, додека последниот се самоубил, јавуваат американските медиуми. Пукањето почна за време на протестот против полициската бруталност кон црнечката заедница, откако најмалку двајца снајперисти отвориле оган врз полицијата. Протестот доаѓа два дена откако полицијата уби двајца Афроамериканци во американските сојузни држави Минесота и Луизијана. Според последните информации, пет полицајци...

Престрелка во Египет – убиени двајца полицајци и тројца припадници на ИД

Во престрелка во северниот дел на Синајскиот Полуостров убиени се двајца египетски полицајци и тројца припадници на Исламска држава, соопштија египетските власти. Престрелката се случила синоќа, кога група терористи отвориле оган врз контролен пункт на египетските сили за безбедност. Египет е честа мета на напади откако во јули 2013 година армијата го собори од власт претседателот Мохамед Морси, лидер на исламското...

Пет лица се убиени во престрелка во училиште во Канада

Најмалку пет лица се убиени во престрелка во училиште во канадскиот град Ла Лок во провинцијата Саскечуан, а еден осомничен е уапсен, соопшти канадскиот премиер Џастин Тридо. Двајца од ранетите се наоѓаат во критична состојба, јавува „Ројтерс“. - Ова очигледно е кошмар на секој родител - изјави премиерот Тридо. Според локалните медиуми, директорот на училиштето ја известил полицијата дека има пукотници. - Луѓето...

Обвинителството отвори истрага за престрелката на патот Струга – Долна Белица

Основното јавно обвинителство Струга донело наредба за спроведување истрага против пет лица осомничени за престрелката што се случи вечерта на 13 декември, на локалниот пат Струга - Долна Белица, во која едно лице беше убиено, а две беа ранети, соопшти денеска Јавното обвинителство. „Лицата се товарат за убиство од член 123 и за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или...

Јавното обвинителство почна истрага за престрелката во Дреновац

По добиената кривична пријава за вооружениот инцидент во тетовската населба Дреновец, надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Тетово донесе наредба за спроведување истражна постапка против четири лица. „Во кривично-правниот настан што се случил во саботата околу полноќ, учествувале шест лица поделени во две групи, кои со пиштоли и со ножеви се обиделе да ги расчистат меѓусебните недоразбирања. Осомничени се...

Три лица се ранети во вооружена престрелка во Тетово

Три лица се ранети во вооружена престрелка во Тетово, соопшти полицијата. Во престрелката и во тепачката учествувале петмина, од кои тројца добиле тешки телесни повреди и се пренесени во тетовската клиничка болница, додека другите двајца поминале со полесни повреди и се примени во скопскиот ургентен центар. Тепачката се случила доцна синоќа. Полициска екипа од СВР – Тетово работи на расчистување на случајот.

Разбојник завршил во Ургентен центар по грабеж на банка

Маскиран и вооружен разбојник попладнево ограбил експозитура на Стопанска банка во скопската населба Влае, но, при обидот за бегство, бил пресретнат од полициска екипа која интервенирала по грабежот. Од Секторот за внатрешни работи Скопје, за „Мета“ информираат дека разбојништвото се случило околу 14.10 минути, кога максирано и вооружено лице влегло во експозитурата, на улицата Ѓорче Петров, и заканувајќи се, од...

Двајца приведени за вооружениот инцидент во Куманово

Две лица се приведни и неколкумина се повикани на информативен разговор за инцидентот што вчера се случи во кафе-барот „Шпија јон“ во кумановската населба Бедиње. Како што соопштуваат од СВР Куманово, пред инцидентот имало вербална расправија меѓу гостите во кафулето, по што дошло и до пресметка со огнено оружје. Во престрелката загинало едно лице, Џ.Р. (45) , а повредени се Ш.З. и Г.Р.,...

Еден загинат и еден ранет во престрелка во Куманово

Најмалку две лица се застрелани денеска, околу 15.30 часот, во населбата Бегиње во Куманово, потврдија од СВР Куманово. Полицијата јавува дека станува збор за едно повредено и за едно починато лице, но не открива повеќе детали. Според телевизијата „Телма“, непознат извршител од зелен „мерцедес“ во движење истрелал рафал кон угостителски објект, по што напаѓачите избегале со автомобилот. Од друга страна, албанските медиуми, повикувајќи се...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...