fbpx
Таг: прес-конференција

таг: прес-конференција

Од 1 јануари, струјата за прв блок поевтинува, за трет и четврт поскапува

Со новиот концепт пристап кон мрежа, се направи фер распределба на трошокот за мрежа меѓу редовните корисници и оние потрошувачи кои повремено ги користат објектите, изјави денес претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски. Со примена на овој модел, рече Бислимоски, мрежарината се намалува за скоро 23 отсто. Цената на струјата од 1 јануари се намалува за прв блок за...

Лавров направи театар во Скопје: Наместо одговори, се расправаше со новинари

Русија од пресот на Сергеј Лавров денеска направи пропаганден театар во срцето на Скопје, a со цел да го засени последниот ден и заклучоците од Министерскиот совет на ОБСЕ. Уште пред да заврши прес-конференцијата на нивниот министер за надворешни работи, Руската амбасада во Скопје објави пост на Фејсбук со кој го портретира Лавров дека не бил изолиран на Министерскиот...

Усвоена преговарачката структура за пристап во ЕУ, земјава има за цел членство до 2030 година

Владата на Република Северна Македонија денеска ја донесе одлуката за воспоставување на структура за преговори за пристапување на земјата во Европската Унија. Главен преговарач ќе биде вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, а преку ревидираниот координативен механизам за пристапни преговори, се очекува Северна Македонија да стане дел од Унијата најдоцна до крајот на деценијата. Со одржувањето на првата Меѓувладина конференција...

ЈО: Се обезбедуваат докази и се сослушуваат лица за трагедијата во Бугарија

Во интерес на истрагата за трагедијата во која загинаа 45 лица во Бугарија, а која се одвива по меѓународни стандарди, нашето обвинителство денеска ги предаде на бугарските обвинители сите потребни документи и докази, информира пред малку на прес-конференција јавниот обвинител Љубомир Јовески. На прес-конференцијата во обвинителството присуствуваа и заменик-окружниот јавен обвинител во Перник Бисер Јорданов Михајлов, како и истражителот...

Филипче: Состојбата со ширење на ковид-19 се влошува, размислуваме за нови рестрикции

Состојбата со ширењето на ковид-19 се влошува и кај нас, но и во европските земји односно во земјите во светот. Британија, Чешка, Холандија, се само некои од земјите кои најавија нов пакет на рестриктивни мерки, а за такви мерки размислуваме и ние, рече на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче. - Велика Британија планира нов национален карантин, Шкотска најави рестрикции,...

Предложен отказ за административка од Штип која држела партиска прес-конференција додека била на боледување

За поранешната директорка на Дом на млади во Штип, сега вработена во Општина Штип, Вишна Шорова – Ангелова, вчера заседавала дисциплинска комисија, која предложила најстрога мерка – отказ поради злоупотреба на боледувањето. Шорова – Ангелова додека била на боледување, во предизборието држела партиска прес конференција. Денеска од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција ова го оценија како партиски реваншизам...

ЦИВИЛ: Социјалните мрежи и дел од медиумите и на овие избори се користат за ширење лажни вести и омраза

Граѓанската организација ЦИВИЛ денеска одржа прес-конференција за да ги претстават нивните досегашни наоди од мониторингот на платеното политичко рекламирање и медиумското известување пред и за време на изборната кампања за изборите што ќе се одржат на 15 јули. Од тимот на ЦИВИЛ посочија дека првата недела од предизборната кампања почнала жестоко и валкано, со жалење дека дезинформациите, клеветите, вербалното...

На 15 јули во некои општини ќе се гласа и во спортски сали и приватни објекти

Фото: Борче Поповски
Завршени се сите потребни активности околу обработката на податоците и Државната изборна комисија (ДИК) во среда ќе го заклучи Избирачкиот список за претстојните парламентарни избори на 15 јули. Претседателот на ДИК, Оливер Деркоски изјави дека на овие избори ќе можат да гласаат околу 1.814.000 граѓани. Избирачкиот список е прочистен и во него се впишани сите полнолетни граѓани, а точниот...

Филипче: Скопје е најголемо жариште на ковид-19, граѓани ве молам да ги почитувате мерките

Барам силна поддршка од граѓаните за здравствените работници, барам разбирање и трпение за што им се откажани редовните интервенции. Очекуваме неделава бројот на примени пациенти уште повеќе да расте во споредба со бројот на испишани, но имаме план како тоа да го изменаџираме. После овој период, се очекува намалување на бројот на хоспитализирани пациенти, истакна на денешната прес-конференција министерот...

Филипче: Новозаболени од Ковид-19 во Охрид и Скопје од прослави, иако се забранети

Имаме нови кластери и за жал, морам да констатирам дека имаме непочитување на мерките. И покрај забраната, луѓето прават масовни собири, а тоа е нешто што апсолутно нема логика. Имаме граѓани кои се собираат, иако е тоа забрането. Не може да се прави свадба, кога е тоа забрането, не може други собири да се прават ако е забрането да...

ФИТР финансиски ќе им помогне на 69 домашни компании кои ќе инвестираат во технолошки развој

И во услови на криза, има домашни компании кои се подготвени со минимална државна поддршка да инвестираат во сопствен развој, а со тоа и во развој на македонската економија, изјави денеска директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), Јован Деспотовски на денешната прес-конференција во Владата. Тој информираше дека вкупно 69 компании од пристигнатите 188 апликации ќе добијат финансиска...

Ваучери и платежни картички ќе се делат на невработени, млади и вработени со ниски приходи

Премиерот Оливер Спасовски на денешната прес-конференција го презентираше третиот пакет мерки за економска помош изготвен од владата. Вредноста на овој пакет мерки изнесува 355 милиони евра и со него ќе бидат опфатени 730.000 корисници. Вкупната помош на економијата во сите три пакети за економска помош во екот на корона вирусот во земјава порасна на 550 милиони евра, односно 5,5...

Комисијата за заразни болести го утврди протоколот по кој би се одвивал изборниот процес

Комисијата за заразни болести го утврди протоколот на кој начин да се одржат активностите на партиите за време на изборниот процес во услови на присуство на корона вирусот, како и за денот на гласањето, информираше на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче. Овој протокол произлегува од генералните препораки кои се на сила, односно носење на заштитна опрема и почитување...

Филипче: Cвадби ќе има, гостите ќе седат на растојание од два метри

Комисијата за заразни веќе има подготвено протоколи за одржување на различни курсеви, едукации во затворени простори, за јавниот превоз исто така, а во подготовка се и протоколите за работата на ресторани. Освен тоа, во овој период се подготвуваат и протоколи за однесување во училиштата и во градинките, информира министерот за здравство Венко Филипче. - Овие протоколи досега не се финализирани,...

Филипче со детали за првата жртва од корона вирусот

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната втора прес-конференција го образложи случајот со првата жртва на корона вирусот во земјава. Тој посочи дека 57-годишната жена не патувала во странство, ниту пак била во контакт со лица од ризичните земји. Ова го напоменала пациентката на нејзиниот прв преглед во кумановската општа болница, кога на 16 март дошла со зголемена температура....

Армијата ќе помага во чувањето на виталните објекти и во спроведување на полицискиот час

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, на денешната прес-конференција соопшти дека владата донела Уредба со законска сила со која на армијата ѝ дава обврска во услови на вонредна состојба да биде целосно во функција на поддршка на државните органи. Веќе е формиран оперативен штаб помеѓу армијата и полицијата и прецизно се дефинирани начините на кои армиските припадници ќе и асистираат...

Прес-конференциите на владата ќе се одржуваат само преку онлајн стрим, без сниматели и новинари

Владата информира дека, заради заштита на медиумските работници од денеска прес-конференциите ќе се одржуваат само преку онлајн стрим, без присуство на сниматели и новинари. „Имајќи ја предвид вонредната состојба во која се наоѓаме поради коронавирус и сите воведени рестрикции, ве известуваме дека од денес, 20 март прес-конференциите на Владата ќе се реализираат исклучиво преку онлајн стрим, без присуство на новинари и сниматели...

Двајца странски државјани во Скопје со симптоми на корона

Две лица, странски државјани, едното од Австралија и другото од Сингапур, сместени во хотел во Скопје, ги информирале здравствените власти во земјава дека веќе три дена имаат симптоми на настинка. Во процедура е утврдувањето дали станува збор за корона вирус или не, информира на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче. - Епидемиолози веќе разговараат со нив, земени им се...

Ципрас: На чекор сме до договор, не чека тешка работа

Синоќа, во малку поопуштена атмосфера, по вечерата и речиси до утринските часови имавме многу суштински разговори и постигнавме суштински напредок. Требаше само да преспиеме и денеска да го потврдиме тоа што сме го договарале. Не чека тешка работа. Сè уште не сме во позиција да зборуваме за договор, но ќе се сретнеме пак на почетокот на следниот месец и...

АВМУ бара на новинарите да им се овозможи непречено вршење на работата

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги укажува на неопходноста новинарите да можат непречено да си ја вршат својата работа, особено кога станува збор за прашања од посебен јавен интерес како реакција на вчерашната ситуација кога новинар на „ТВ 21“ бил попречен да постави прашање на прес-конференција во Министерството за надворешни работи. „Улогата на медиумите и отвореноста на институциите кон...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...