fbpx
Таг: препораки

таг: препораки

„Охрид СОС“: Последиците по биодиверзитетот во документите на владата се сведени на пејсажни ефекти

Од „Охрид СОС“ велат дека Планот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион 2019-2028 година и Стратегиската оценка за животна средина (СОЖС) кон овој план несоодветно го третираат влијанието на идниот автопат Требеништа - Струга и пругата Струга - Лин врз биодиверзитетот на регионот што е заштитен под капата на УНЕСКО. „Охрид СОС“ во соопштението за медиуми...

Мерко: Во заштитената зона на Охридското езеро во Струга нема дивоградби

Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко стои цврсто на тврдењето дека нема ниту една дивоградба во заштитениот појас на Охридското езеро во оваа општина. Струшката локална самоуправа го проби рокот за изработка на регистар на бесправно изградени објекти, кое како задолжение го доби од Владата како дел од препораките на УНЕСКО. Од октомври, кога требаше да биде завршен инвентарот, до...

Пругата кон Албанија ќе поскапи за 100 милиони евра ако се препроектира

Работната група за постапување по забелешките на УНЕСКО во моментов работи на предлог - решенија за железничкото поврзување меѓу Македонија и Албанија. Од владата за „Мета.мк“ информираат дека финалното решение околу трасата на пругата Кичево - Лин ќе биде усогласено со препораките на УНЕСКО. - Во предлог - решенијата се инкорпорирани еколошките мерки кои треба да се преземат и меѓународни...

Потребен е модел за државно финансирање на НВО што ќе им обезбеди поголема одржливост и поголем интегритет

Една од реформите кои Европската комисија побарала да се направат од Владата во извештајот објавен во мај, во областа на невладините организации, е и поширокото усогласување на даноците кои се однесуваат на НВО. Стручњаците велат дека треба да се најде соодветен модел за третирање на даноците на НВО во Македонија, пишува „Порталб.мк“. Во извештајот на Европската комисија се вели дека...

Планот за управување со наследството на Охридскиот регион од утре на јавен увид

Нацрт - планот за управување со културното и природното наследство во Охридскиот Регион во текот на наредните 60 дена ќе биде ставен на увид на јавноста, информираше на денешната прес-конференција министерот без ресор, Едмонд Адеми. Планот е многу важен дел од спроведувањето на препораките на УНЕСКО и со него се дефинира строгата заштитна зона во крајбрежјето околу која не смее...

Фронт 21/42: Препораките на УНЕСКО се далеку од исполнети во Охрид

Еколозите критикуваат дека на четири месеци пред истекувањето на крајниот рок, препораките на УНЕСКО за Охридскиот регион се далеку од исполнети. Од „Фронт 21/42“ посочуваат дека нашата земја не е ни блиску до суштинско посветување за нивното исполнување, бидејќи клучниот Закон за Охридскиот регион не е усвоен од Собранието. Од оваа здружение на граѓани потсетуваат дека не е изработена Стратешката...

Филипче: Oд 1 септември eпидемијата може да се разгори, ќе бидеме внимателни

Иако бројот на новозаболени пациенти со морбили е драстичо намален во последниот период, сепак се плашам дека епидемијата може да се прошири од 1 септември кога децата ќе појдат на училиште и во градинка. Затоа внимателно ќе следиме што ќе се случува, вели за „Мета.мк“ министерот за здравство Венко Филипче. - Деновиве ќе се сретнам со министерот за образование и...

Пругата Македонија – Албанија на слеп колосек поради лошо избраната рута, заканата за Охридското езеро и цената

Несоодветната рута избрана за железничкото поврзување меѓу Северна Македонија и Албанија е најновата опасност за задоцнета реализација на овој стратешки проект на Коридорот 8. Веќе две години, УНЕСКО предупредува дека Охридското езеро може да се најде на листата на загрозено светско наследство доколку продолжи да се реализира инфраструктурниот проект по постојната траса. Изведбениот проект за пругата кон Албанија беше...

Ако се слуша УНЕСКО, најмалку една година ќе треба за препроектирање на пругата од Струга кон Албанија

Препроектирањето на пругата од Струга кон Албанија на Коридорот 8 би чинело од 3 - 5% од вредноста на ново проектираната траса, при што на проектантите ќе им требаат барем една година за да ја изработат алтернативната рута по препораката што ја дава УНЕСКО. Професорот Дарко Мославац од Градежниот факултет при УКИМ нагласува дека ќе требаат и време и финансии...

Морбилите не запираат, СЗО предупредува да не се оди на пат без примена вакцина

Во период од пет дена, во Македонија 13 нови пациенти заболеле од мали сипаници. Како што информираат во Институтот за јавно здравје, од вкупниот број на ново пријавени заболени лица, петмина се од Скопје, а останатите осум се од пет други градови (Куманово, Гостивар, Кочани, Свети Николе и Велес). Сите се невакцинирани, непотполно вакцинирани или се со непознат вакцинален...

УНЕСКО и даде рок на владата до февруари да ги спроведе препораките за заштита на Охрид

Истовремено, трибината ќе биде искористена за анализа на состојбите во Охрид
УНЕСКО им даде рок на македонските власти до февруари следната година да ги спроведат препораките за заштита на природните богатства и засега Охрид нема да биде прогласен за загрозено подрачје. „Власта до 1 февруари 2020 да поднесе до Комитетот за светско наследство нов извештај за зачувување на имотот, за испитување од Комитетот за светско наследство на 44-та сесија во 2020...

Жбогар: Државата ја искористи шансата и ја спроведе агендата за почеток на преговорите

Европската комисија препорача почеток на преговорите со Северна Македонија. Ви честитам за тоа и за напорите и посветеноста, но и за жртвите што ги направивте во изминатиот период. Ова го истакна евроамбасадорот Самуел Жбогар на денешната прес-конференција во седиштето на Делегацијата на Европската унија во Скопје, по повод извештајот на ЕУ за напредокот за членство. -Она што денеска го презентираме не...

Тевдовски: Успешно ги спроведуваме препораките на ЕК за економски реформи

Лани имплементиравме најмногу препораки (54,4 проценти) од сите земји аспиранти за влез во ЕУ, рече министерот за финансии Драган Тевдовски во Љубљана каде учествува на конференцијата „Кон подобрени структурни реформи и фискални рамки“, во организација на Центарот за обука во областа на финансиите (ЦЕФ). „Уверени сме дека таквиот тренд ќе продолжи и во наредниот период и дека дијалогот со Европската комисија ќе...

Нови мерки за борба со епидемијата на мали сипаници од Комисијата за заразни болести

Комисијата за заразни болести при Министерство за здравство донесе нови дополнителни мерки за заштита и справување на населението од епидемијата на морбили. Истовремено се вели дека сите предходни мерки кои ги донесе Комисијата се уште се на сила, односно дека децата кои не се вакцинирани со МРП нема да се примаат во градинките, а се апелира за интензивна и неодложна...

Град Скопје поради големото загадување препорачува да не се седи на отворено

Град Скопје издаде низа препораки за граѓаните поради големото загадување на воздухот. Препораките следуваат по соопштението од Министерството за животна средина и просторно планирање за надминување на прагот на информирање каде вредноста на ПМ10 честичките во воздухот над 100 микрограми на еден кубен метар во текот на два последователни дена на минимум две мерни станици во Скопје. Од Град Скопје...

Надлежните препорачуваат ограничени движења на отворено поради аерозагадувањето

На мерните станици Скопје – Бутел, Центар, Карпош и Ректорат, Кичево, Куманово, Миладиновци, Струмица, Битола 1, Тетово и Кавадарци е надмината вредноста на ПМ10 честичките од 100 микрограми на кубен метар во текот на два последователни дена, при што Министерството за животна средина ги извести Институтот за јавно здравје, Државниот инспекторат за животна средина, Град Скопје и единиците за...

Народна банка и ЕЦБ склучија меморандум за соработка во сферата на супервизијата

Народната банка на Република Македонија (НБРМ) и Европската централна банка (ЕЦБ) склучија меморандум за соработка во сферата на супервизијата. Од Народна банка велат дека соработката дефинирана со овој меморандум е од суштинско значење за натамошното унапредување на интегритетот, стабилноста и ефикасноста во работењето на банките. „Согласно со неговите одредби, соработката меѓу двете институции ќе биде насочена кон обезбедување ефективна размена на супервизорски...

Венециската комисија со добра оценка, но и забелешки за судските закони

Министерката за правда Рената Дескоска учествува на 116-та пленарна сесија на Европската комисија за демократија преку правото (Венециска комисија), на која е разгледано и усвоено Мислењето на Венециската комисија за Законот за изменување и дополнување на Законот за Судскиот совет и Законот за судовите, извести Министерството за правда. „Според мислењето на Венециската комисија, кое е неодамна доставено до Министерството за...

Ограничување на средствата од донации за партиите, предлагаат граѓанските здруженија

Граѓанските здруженија реагираат во врска со неодамнешното донесување на измените и дополнувањата на Законот за финансирање на политички партии. Од таму велат дека „усогласувањето на законските решенија било направено на нетранспарентен начин и иако се наведува дека законското решение црпи легитимитет од препораките на граѓанското општество дадени во документот „Блупринт - Предлог за итни демократски реформи“,  тие препораки се само селективно...

Возачите на камиони ќе се штитат од нелегалното уфрлување на мигранти

Националниот координативен центар за гранично управување при Владата заедно со Стопанската комора на Македонија почнуваат координирана акција за сузбивање на нелегалното уфрлување на мигранти и бегалци во камионите на возачите од земјава кои учествуваат во меѓународниот сообраќај, од страна на трговците со луѓе, информираат од Стопанска комора на Македонија. Целта е, како што велат, да се гарантира безбедноста на возачите,...

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...