fbpx
Таг: ПреоднаВлада

таг: ПреоднаВлада

Заев: Меѓународната заедница ќе каже кој ги кочи преговорите

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска, одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали се вистинити обвиненијата на ВМРО-ДПМНЕ дека опозицијата ги блокира преговорите за да продолжи со објавување на „бомбите“, одговори дека ако СДСМ сакал да продолжи со „бомбите“, воопшто немало да седнe на преговарачка маса со ВМРО-ДПМНЕ. - Не би сакал да навлегувам во детали за тоа кој е виновен....

Спасовски и камперите од пред Влада на еднодевна дружба во Маврово

Општинската организација на СДСМ Маврово и Ростуше, заедно со генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, реализира еднодневна средба и дружење со граѓаните што 60 дена кампуваа пред Владата на Македонија, соопштија од СДСМ. Како што велат од партијата, целта на оваа средба е дружење и продолжување на стекнатите пријателства, како и симболична благодарност за луѓето што со свoето неуморно присуство пред Владата...

СДСМ и НВО: Никола Груевски го прекрши договорот од 2 јуни

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од генералниот секретар Оливер Спасовски и од носителот на столбот Партнерства за демократска Македонија, Стево Пендаровски, попладнево се сретнаа со претставници  на невладините организации, граѓанските организации и на граѓанскиот сектор во коалицијата Граѓаните за Македонија. Како што пишува во соопштението на СДСМ, невладините организации ѝ дале целосна поддршка на опозицијата. „Едногласно е констатирано дека договорот...

СДСМ: „Вистината за Македонија“ го разобличи Груевски

„Проектот „Вистината за Македонија“ го разобличи вистинското лице на Никола Груевски и на неговите соработници. Тие точно знаат што правеле и тоа е нивната најголема болка“, пишува во реакцијата на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. „Груевски најавува дека ќе се повлече, па се премислува дека нема да се повлече, затоа е колеблив во министерствата што ги дава, па не ги...

Се чека абер од Груевски за нова лидерска средба

Сè уште не се знае дали денеска и кога воопшто ќе се сретнат лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и на ДПА. Од неофицијални извори дознаваме дека моментално се очекува премиерот Никола Груевски да се произнесе околу последниот предлог што опозицијата го ставила на маса. Изворите информираат и дека пред да се одлучи дали ќе има или ќе нема средба, Груевски ќе треба...

Денеска ќе нема лидерска средба

Али Ахмети, лидерот на ДУИ, по средбата со американскиот конгресман Елиот Енџел, која се одржа во Собранието, одговарајќи на новинарско прашање, изјави дека денеска нема да има лидерска средба. Последната средба меѓу лидерите на четирите најголми партии, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, се одржа на 29 јуни. На таа средба премиерот презентирал акциски план за спроведување на реформите што ЕУ ги побара...

Фифти-фифти се шансите за лидерска средба денеска

Постојат шанси лидерите на политичките партии денеска во 13 часот да се сретнат во Клубот на пратеници и да направат нов обид за излез од политичката криза. Сè уште се договараат деталите за средбата. Ако пропаднат договорите за форматот на новата влада и за другите детали, денешната лидерска средба би се одложила за друг термин кога ќе има нешто околу што...

СДСМ: Без преодна влада, договорот од Пржино е невалиден!

Договорот од 2 јуни, постигнат за време на состанокот во резиденцијата на евроамбасадорот Аиво Орав во скопско Пржино, мора да се почитува, порачал еврокомесарот Јоханес Хан, по средбата со Фатмир Бесими. Истото го порача и американскиот амбасадор Џес Бејли на средбата со лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Но, од СДСМ велат дека без преодна влада, за нив тој договор не важи. - Наше клучно...

Обединети за Македонија дава поддршка на барањето за преодна влада без Никола Груевски

Партијата Обединети за Македонија ги поддржува напорите на коалицискиот партнер СДСМ за формирање преодна влада, без Никола Груевски како премиер. „Обединети за Македонија ја потврдува својата улога за активен чинител во заедничката борба за ослободување на државата од политичките диктаторски стеги и за враќање на демократијата, почитувањето на човековите права и слободи, како и за ослободување на сите политички затвореници...

Дали договорот за предвремени избори е мртов?

Политичките партии да дојдат со конкретни предлози, се вели во дел од изјавата на Европската комисија по состанокот на еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, со лидерите на политичките партии. Оттаму велат дека се подготвени да ги олеснуваат преговорите, но дека политичарите мора да преземат одговорност и да направат компромис. Ова е единствената изјава за вчерашниот состанок која укажува на тоа дека преговорите...

Составот на преодната влада – главна тема на утрешните преговори

Бриселската рунда преговори помеѓу четворицата лидери на најголемите политички партии во Македонија ќе почне утре околу пладне, во зградата на Европската комисија, потврдија за „Мета“ дипломатски извори во Брисел. Еврокомоесарот Јоханес Хан прави сè за пронаоѓање решение за излез од политичката криза, и речиси целиот ден му е резервиран за македонските преговори. Нејасно е дали тие би продолжиле утредента, но...

Камперите поделени и околу предвремените избори

„Ова е првиот пораз на Груевски. Со зурли и со тапани ќе заминеме кога тој ќе си поднесе оставка“, вака камперите пред Владата ја коментираат денешната одлука за предвремени парламентарни избори, која лидерите на политичките партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА ја договорија заедно со еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан. Без еуфорија, но со внимание и од двата кампа ја...

Ако до 10 јуни не се договори преодна влада, нема предвремени избори

Ако до 10 јуни не се договори преодна влада, договорот за избори во април отпаѓа, објави „Нова ТВ“. По долгата и тензична средба помеѓу лидерите на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и на ДПА со еврокомесарот Јоханес Хан, како и со американскиот амбасадор Џес Бејли, кој им се приклучи подоцна, беше најавено дека на средбата паднал договор за предвремени парламентарни избори во...

Ховит не ја исклучува идејата за преодна влада

Ричард Ховит, еден од тројцата европратеници што го олеснуваат преговарачкиот процес меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, пред вечерашните средби во Стразбур, изјави дека на идејата за преодна влада гледа со отворен ум и дека не ја отфрла како опција, објави „Алсат-М“. „Имам отоврен ум и таа варијанта не ја исклучувам. Тоа е предлогот на една од страните и спротиставена од другата...

Тачи: Преодната влада би создала етнички конфликт

Политичката криза да се реши во Собранието преку анкетна комисија, а со неа да раководи лице од нашата партија, изјави лидерот на ДПА, Мендух Тачи. Според Тачи, преодната влада која ја бара македонската опозиција, само би создала етнички конфликт во државата. - Преодната влада е само барање на СДСМ, каде се нашите барања, каде се барањата на ДУИ, на ВМРО-ДПМНЕ....

Никој не признава дека се подготвуваат избори

Иако во моментов и двете најголеми партии ја негираат или отфрлаат идејата дека се подготвуваат за избори, на терен состојбата е сосема поинаква. Оваа шпекулација ја засили СДСМ со последниот настан во „Универзална сала“, кој беше наречен трибина, но кој отскокнуваше од сите нивни претходни јавни настапи. Имено, во дел од говорите, а најмногу во излагањето на потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска,...

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник

Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција...