fbpx
Таг: премиера

таг: премиера

„Метаморфози“ – нова премиера на битолскиот театар

Битолскиот народен театар е подготвен за премиерата на „Метаморфози“, авторска претстава на режисерката Лилија Абаџиева, која ќе се одигра на 28 и на 29 декември. Режисерката Абаџиева, која неколкупати поставила свои претстави на сцената на БНТ, овојпат мотивите ги црпи од делата на Платон, на Антон Павлович Чехов, „Дневникот на заводникот“ на Серен Киркегор и од поезијата на Бодлер, Рембо...

Дел од публиката ја напушти фестивалската премиера „Антоние и Клеопатра“

Синоќа, на фестивалот „Охридско лето“, на отворената сцена Долни Сарај, публиката  ја проследи фестивалската премиера на Шекспировата трагедија „Антоние и Клеопатра“, со Битолскиот театар. Режијата и адаптацијата на претставата ја направи гостинот од САД, режисерот Џон Блондел, звучно име на светската театарска сцена, докторант по театарска уметност на калифорнискиот универзитет во Санта Барабара. Тој кажа дека е воодушевен од сцената Долни Сарај,...

„Свињарот“ на Андерсен, нова премиера на Охридскиот театар

Претставата „Свињарот“ од Ханс Христијан Андерсен, е новата премиера на Охридскиот театар која се игра во хуманитарни цели, а средствата собрани од билетите ќе бидат уплатени на жиро-сметката за жителите од поплавените подрачја во земјата. Режијата е на Ѓорѓи Ризески, а играат Филип Кипровски, Билјана Билаловиќ, Сашо Ристовски и Елизабета Стефановска. Премиерата е закажана за сабота, 14 февруари, со почеток во...

„Кокошка“, нова премиера на битолскиот театар

Битолскиот народен театар веќе е подготвен да ја прикаже новата премиера, „Кокошка“ од авторот Николај Кољада, а во режија на актерот познат по своите стендап-комедии, Маријан Ѓоргиевски. Премиерата е најавена за понеделник, 9 февруари, во 19.30 часот, на новата сцена на БНТ. Оваа претстава е магистерски труд на Ѓоргиевски. – Претставата се занимава со површниот банален живот на една група актери,...

Прва премиера во новиот велешки театар

Премиерата на претставата „Најважната работа на светот“ ќе го отвори новиот објект на велешкиот театар „Јордан Хаџи-Константинов Џинот“ вечерва во 20 часот. Преставата е комедија во режија на Љубиша Георгиевски, а по текст на Братислав Димитров. Во неа глумат актерите Васил Зафирчев, Зоран Љутков, целокупниот театарски ансамбл на велешкиот театар, како и гостите Ирена Ристиќ и Благоја Чоревски. Сценографијата е...

Премиера на операта „Ноќен жерав“ во МОБ

Јапонската оперска претстава „Ноќен жерав“ од Икума Дан вечерва премиерно ќе биде изведена во Македонската опера и балет. Претставата, која се изведува под диригентската палка на Мазахико Окочи, обработува јапонска традиционална бајка. Главните улоги ќе ги толкуваат солистите Нобуко Такахаши, Мотохару Аојаги, Јуки Такахаши и Шигеки Мине. Режисер е Кацухиро Котецут. Во претставата учествуваат оркестарот на МОБ и детскиот хор „Пиколо“ на ДМБУЦ...

Штипскиот театар со нова премиера

Десет приказни од Марко Цепенков го сочинуваат текстот на претставата „Лулка“, што во режија на Андреј Цветановски, премиерно ќе биде изведена в сабота, во националната установа „Ацо Шопов“ во Штип. Режисерот Цветановски вели дека десетте приказни ја носат народната мудрост, која треба да ја знае секој од нас. Жанрот на претставата, според тимот, е преплетување на фарса, комедија и на...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...