fbpx
Таг: премиера

таг: премиера

Филмот на Тејлор Свифт руши рекорди, а денес премиерно ќе биде прикажан и кај нас

Концертниот филм на Тејлор Свифт „The Eras”, од денеска може да се гледа на големите екрани низ 100 земји во светот, вклучувајќи ја и Македонија. Филмот, кој е спој на сите нејзини албуми, кои се правени во период од 17 години, низ музичкиот каталог на поп-ѕвездата, трае скоро три часа, a за билетите има огромна побарувачка. Концертниот филм е од...

Кандидатот за оскар „Домаќинство за почетници“ од 12 октомври ќе се прикажува во „Синеплекс“

Филмот „Домаќинство за почетници“, во режија и по сценарио на Горан Столевски, кој е македонски кандидат за наградата „Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм“ и е еден од селектираните филмови за Европските филмски награди, од 12. октомври (четврток), ќе почне да се прикажува во киното „Синеплекс“ во Скопје. Светската премиера на „Домаќинство за почетници“ се одржа во рамките на 80. издание...

Утре премиера на филмот „М“ на Вардан Тозија

Филмот „М“ на Вардан Тозија, дистописка приказна за осамено момче од шумата, кое наидува на низа предизвици и авантури, барајќи ја својата самовила, ќе го има своето премиерно киноприкажување утре во „Синеплекс“. По премиерната проекција, публиката ќе може да го погледне филмот „М“ во кино салите во Скопје и во останатите градови низ Македонија. „Секогаш постои мал зрак светлина што...

„Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски ќе има премиера на филмскиот фестивал во Венеција

Филмскиот фестивал во Венеција, еден од најпрестижните настани во глобалната филмска индустрија, денеска го отвора своето 80-то издание. Во рамки на фестивалот премиера ќе има и македонскиот филм „Домаќинство за почетници“ во режија и по сценарио на Горан Столевски, а во продукција на Лист Продукција - Скопје. Во рамките на јубилејното издание, кое ќе трае до 9 септември, ќе бидат...

Филмот „Кајмак“ на Милчо Манчевски имаше премиера во Тајван

Филмот „Кајмак“ на режисерот Милчо Манчевски ја доживеа и својата премиера во Тајван, каде што се прикажува вон конкуренција на Филмскиот фестивaл „Златен коњ“ (Golden Horse) во Тајпеј. Вчера и завчера имаше две преполни проекции и едночасовни редици на публиката за автограм од македонскиот режисер. Ова следеше по сесиите разговори со публиката, која ја пофали приказната и кажа дека постојано...

Продадени сите карти за проекциите на „Најсреќниот човек на светот“ во Венеција

На Венецискиот филмски фестивал денеска во 14.15 часот во киносалата „Darsena“ премиерно се прикажува најновиот филм на Теона С. Митевска „Најсреќниот човек на светот“. „Интересот за филмот е голем, продадени се сите карти за проекциите, Венеција е посебен и најстар филмски фестивал и огромна е честа да бидеме тука“, велат од продукцијата. Ова е приказна за непредвидливоста на животот, случајните средби...

Македонската премиера на „Мими“ ќе го отвори годинешниот „Синедејс“

Македонската премиера на долгометражниот филм „Мими“ ќе го отвори овогодинешното издание на Фестивалот на Европски Филм „Синедејс“, на 7 јули (четврток) што ќе се одржи на покривот на ГТЦ. Филмот е во сценарио и режија на Даријан Пејовски, а во продукција на Томи Салковски, односно копродукција на Скопје Филм Студио со Maxima film од Хрватска и Giggling goat production од...

Унковски се враќа во МНТ со „Сите сме птици“

По пауза од 9 години, славниот театарски режисер Слободан Унковски повторно режира претстава во МНТ. Станува збор за претставата „Сите сме птици“, по текстот на либанско-канадскиот автор, Важди Муавад. Премиерата се очекува со почетокот на новата театарска сезона. „Најновиот проект и соработка со Унковски сите го очекувавме веќе подолг период, кој по девет години од последната негова претстава, повторно режира во...

Пиесата „Горчливите солзи на Петра фон Кант“ на втори март пристигнува во МНТ

На сцената на Македонскиот народен театар за прв пат премиерно ќе биде одиграна претставата „Горчливите солзи на Петра фон Кант“ од германскиот автор Рајнер Вернер Фасбиндер. Премиерата е закажана за втори март со почеток во 20:00 часот и истата е во режија на Ивица Димитријевиќ. Се работи за контроверзна драма сочинета од женска романса каде Фасбиндер отворено ги опишува љубовните односи...

Во април премиера на „The Offer“ – серијата која го претставува снимањето на „The Godfather“

Во продукција на Paramount, режија на Декстер Флетчер и сценарио на Мајкл Толкин,  документарната мини-драма за случувањата зад сцената на снимањето на култниот крими филм „The Godfather“ премиерно пристигнува во април. „The Offer“ е приказ на замислата и процесот на снимање од режисерското око на Францис Форд Копола во улога на Ден Фоглер, аголот на продукција од Алберт Руди кој...

Утре промоција на новата претстава „Заробениот ветер“ на театарот Сенки и облаци

Театарот Сенки и облаци утре (16 октомври) во 19 часот ќе ја одржи премиерата на новата претстава насловена „Заробениот ветер", информираат од овој театарски ансамбл. „Во нов театарски формат - кутија и интимна атмосфера од само четворица во публиката, ова седумминутно доживување ја разгледува темата на загадувањето на природата низ призмата на една птица“, велат од театарот. Претставата е плод на...

Вчера во Скопје се одржа премиера на ‘No time to die’ – новиот филм за Џејмс Бонд

Вчера започна премиерното емитување на најновиот филм од легендарната франшиза на филмови за Џејмс Бонд 007. Во салите на Cineplexx во Skopje City Mall, почнувајќи од вчерашниот датум и продолжувајќи со цел ден денес, фановите ќе имаат можност да го погледнат овој филм. Премиерата по кината во САД и светот беше на 30-ти септември годинава. Најновото емитување е и последното...

Премиера на „Пиреј“ во режија на Љупчо Ѓоргиевски во прилепскиот театар

На сцената на прилепскиот театар „Војдан Чернодрински” утре со почеток во 20 часот ќе се одржи премиерата на претставата „Пиреј“ во режија на Љупчо Ѓоргиевски. Првата реприза е закажана за задутре во 20 часот. Оваа претстава на прилепскиот театар претставува второ поставување на култниот роман „Пиреј” од Петре М. Андреевски на театарска сцена. Драматизацијата ја изработи Љупчо Ѓеоргиевски во соработка со...

Вечерва премиера на мјузиклот „Тајно моја“, посветен на Тоше Проески

Мјузиклот „Тајно моја“ посветен на Тоше Проески вечерва премиерно ќе биде изведен во Македонската опера и балет. Мјузиклот е базиран на голем број музички хитови на Тоше Проески, како „Тајно моја“, „Немаш ни благодарам“, „Игри без граници“, „Полско цвеќе“, „Усни на усни“, „Сонце во твоите руси куси“, „The Hardest Thing“. Во мјузиклот учествува целиот ансамбл, оркестарот, хорот и балетот при...

Завршува Меѓународниот студентски филмски фестивал „Филмоција“ во Охрид

Во Охрид денеска завршува Меѓународниот студентски филмски фестивал „Филмоција“, во организација на Институтот за филм – Филмска академија. Во 11 часот ќе биде прикажан анимираниот филм „Тор и легендата за Валхала“, синхронизиран на македонски јазик. Проекцијата за  љубителите на анимирани филмови ја овозможија „Узенгија дистрибуција“ и Агенција за филм на Република Македонија . Од 12 часот ќе има средба на филмски...

Премиерата на новиот македонски филм „Кога денот немаше име“ на Берлинале

Новиот македoнски филм „Кога денот немаше име“ на Теона Стругар-Митевска, премиерата ќе ја има на престижниот филмски фестивал во Берлин, соопшти продуцентската куќа „Сестри и брат Митевски“. „Кога денот немаше име“ ќе биде претставен во програмата „Панорама специјал“ на Берлинале, на 14 февруари, во 19 часот, во киното „Зоо палас“. Во филмот улогите ги толкуваат актерките Ратка Радмановиќ, Николина Кујача, Ана Костовска и...

Вечерва во Охрид премиера на драмската презентација на поемата „Дениција“

Вечерва, во 20 часот, во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи премиера на драмската презентација на поемата „Дениција“ на великанот на македонската книжевност Петре М. Андреевски. Драматизацијата е во продукција на Народниот театар од Охрид и Театарот „Иси ет ла“ (Ici et la) од Париз, Франција. Во овој несекојдневен театарски потфат на режисерот Константин Плевнеш, кој е...

Драмска презентација на поемата „Дениција“ во продукција на Охридскиот театар

Во продукција на Народниот театар од Охрид и Театарот „Иси ет ла“ (Ici et la) од Париз, вечерва во 20 часот, во Драмски театар во Скопје, ќе се одржи премиерата на драмската презентација на поемата „Дениција“ на великанот на македонската книжевност Петре М. Андреевски. Проектот е подготвуван изминативе две години, додека праизведбата на „Дениција“ во Македонија се совпаѓа со 10-годишнината...

Утре премиера на „Љубовен маратон“ во штипскиот театар

Премиерата на комедијата „Љубовен маратон“, претстава за женет маж кој решава да тргне по нови животни возбудувања, изневерувајќи ја својата сопруга, ќе биде изведена утре во рамките на манифестацијата „Штипско културно лето“. Оваа претстава е е работена по дело на Нил Сајмон, а во режија на Никола Ристов. За режисерот, ова е вторпат во тетарот во Штип да работи по дело на Сајмон. -...

Претстава за предавството во штипскиот театар

Психолошкиот аспект на предавството и вечниот сомнеж на Македонецот за предавникот во себе, е основата на која е правена претставата „Суд“ по текст на Коле Чашуле, што премиерно ќе биде изведена в петок, во Народниот театар во Штип. Новата претстава ја потпиша младиот режисер од Штип, Дамјан Читкушев. - Станува збор за многу комплексно дело. Една од темите која Чашуле ја наметнува...

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа...