fbpx
Таг: премиер

таг: премиер

Ковачевски: Оставка на владата најдоцна до четврток наутро, техничка влада треба да се изгласа до полноќ в недела

Премиерот и целата влада до четврток претпладне ќе бидат во оставка, што ќе остави законски можности да се изгласа техничката влада во законски предвидениот рок - до пред полноќ в недела, порача денеска претседателот на Владата, Димитар Ковачевски. Тој појасни дека нема да има потреба од поединечни оставки на министрите, бидејќи со оставката што ќе ја поднесе премиерот Ковачевски, целиот...

Ирскиот премиер во посета на Скопје, пречекан од Ковачевски и Маричиќ

Премиерот Димитар Ковачевски денеска со највисоки државни и воени почести во Скопје го пречека премиерот на Ирска, Лео Варадкар, кој е во официјална посета на земјава. Ова е прва официјална посета на ирски премиер на нашата држава, која со Ирска годинава одбележува 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи. Ирска е еден од најголемите поддржувачи за зачленување на нашата земја...

Контраспин: Ковачевски со напад врз синдикалниот лидер го минимизира нападот врз контролорите на летање

Премиерот Димитар Ковачевски со напад врз претседателот на синдикатот на контролорите на летање ја извртува вистината околу главните проблеми со М-НАВ и за конкретната афера со упадот во контролата на летање. И покрај тоа што со одлука на Влада е задоволено главното барање на синдикатот – смената на директорите кои со години се во фокус на јавниот интерес, Ковачевски...

Предвремените избори на Мицкоски ги стасаа редовните, Џафери наскоро во „премиерскиот костум“

ВМРО-ДПМНЕ со години опсесивно бараше предвремени парламентарни избори сѐ до 20 октомври, кога партискиот лидер Христијан Мицкоски се помири дека ќе бидат во редовниот термин. Опозицијата бараше да нема техничка влада и премиер од ДУИ, ама си легна на „брашното“. Талат Џафери е сѐ поблиску до премиерското столче, извесно е дека тој ќе го замени премиерот Димитар Ковачевски во...

ЕУ не ги негира македонскиот народ, историја и државност

Фактите говорат дека ЕУ на ниеден начин не ги спори, македонскиот јазик, идентитет, државност. Причината поради која Украина и Молдавија ги почнаа преговорите за членство во ЕУ пред Северна Македонија, не се поврзани со тоа што ЕУ ја спори македонската нација, јазик, историја или државност, туку затоа што никој не стави вето на почетокот на преговорите. За разлика од...

ССНМ и ЗНМ го осудуваат однесувањето на Ковачевски и Битиќи кон новинар од Алфа

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) остро го осудуваат односот на премиерот Димитар Ковачевски и на вицепремиерот за економски прашања во македонската влада, Фатмир Битиќи кон новинарот од Алфа ТВ, Матеја Петровски. „Едно навидум едноставно прашање, кое треба да добие едноставен одговор, од страна на претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, беше...

Ковачевски не си ја зголемил сопствената плата – одлуката е на Уставниот суд

Што ќе се случува по одлуката на Уставен суд да укине делови од законско решение со кое беа „замрзнати“ платите на избраните и именуваните лица сè уште е непознато, иако поизвесно е дека ќе има некакво зголемување. Но, затоа пак, познато е дека причините за ова не се должат на одлука на премиерот или на Владата, туку лежат во...

Ковачевски: Македонија припаѓа во ЕУ, ја имаме поддршката од Словенија

Премиерот Димитар Ковачевски денеска се сретна со неговиот колега од Словенија, Роберт Голоб. Како што информираат од владиниот кабинет, на билатерален состанок учествувале и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, вицепремиерката и министерка за надворешни и европски работи на Словенија, Тања Фајон и министерката за дигитализација на Словенија, Емилија Стојменова Дух. „На состанокот беше констатирано дека Северна Македонија...

На фотографијата се Кончита Вурст и нејзиниот менаџер, а не премиерот на Луксембург и неговиот партнер

Не е точно тврдењето дека на фотографијата што се шири на Фејсбук се прикажани премиерот на Луксембург,  Ксавиер Бетел и неговиот партнер. На фотографијата се австриската пејачка Кончита Вурст и нејзиниот деловен менаџер Андре Карсаи. Фотографијата ја направил австрискиот фотограф Џеф Мангионе, а ја објавил австрискиот весник Куриер на 28 февруари 2019 година на денот на настанот со наслов:...

Контраспин: Проблемот со заболените од цистична фиброза не се решава со дневни спинови

За овој проблем знaeле и во 2012 година и во 2015 и во 2018 и во 2020 година сите надлежни институции. Оттука, нема потреба од спинови за дневна употреба, какви што можеа да се регистрираат на 09.02.2023 година од премиерот Ковачевски и од министерот Сали. Наместо тоа, потребно е системско решение и пари за сите граѓани со ретки болести...

Ковачевски за Водици: Да се обединиме во стремежите за мир и просперитет

Премиерот Димитар Ковачевски упати писмо во кое го честита големиот христијански празник Богојавление – Водици, на поглаварот на Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископ Охридски и Македонски, г.г. Стефан, на Светиот архиерејски Синод, на свештенството и монаштвото на МПЦ - ОА и на сите верници кои денеска го чествуваат празникот. „Симболиката на вековното празнување на Богојавление - Водици во...

Чекајќи го возот за Софија: Нова надеж за „пругата наречена надеж“

Пругата кон Бугарија е најветуваниот проект од сите политички елити во изминатите три децении. Кај местото Шупли Камен во близина на Куманово деновиве повторно почна да се гради „пругата наречена надеж“, власта сега уверува дека пругата ќе биде изградена до крајот на 2027 година. Изградбата на пругата започна во 1994 година во време на Владата предводена од СДСМ и...

Ковачевски и Донев разговарале за зголемување на капацитетот на гасоводот

Премиерите на Северна Македонија и на Бугарија, Димитар Ковачевски и Галаб Донев, на денешната билатерална средба, поврзана со почетокот на рехабилитацијата и целосната изградба на пругата од Куманово до границата со Бугарија, разговарале и за зголемување на капацитетот на засега единствениот гасовод во земјава, кој е продолжение на бугарскиот гасовод. „На билатералната средба помеѓу премиерите Ковачевски и Донев се говореше...

Новиот британски премиер Риши Сунак најави дека ќе се носат тешки одлуки

Во својот прв говор како премиер на Обединетото Кралство (ОК), Риши Сунак, кој на позицијата дојде по само 49-дневен мандат на неговата претходничка Лиз Трас, денеска предупреди дека ќе се носат „тешки одлуки“ од неговата влада која треба да се справува со „длабоката економска криза“, пренесе Би-Би-Си. Сунак зборуваше пред kДаунинг Стрит 10 веднаш откако беше назначен на функцијата од...

Ковачевски најави поевтина струја за училиштата, болниците и малите компании

Премиерот Димитар Ковачевски синоќа на прес-конференција најави дека училиштата ќе имаат електрична енергија и дека јавните здравствени установи ќе имаат струја по поповолна цена од берзанската. Тој рече и дека парно за Скопјани ќе има. „Над 70 илјади компании и други правни субјекти со промет годишен до два милиони евра ќе добијат субвенционирана електрична енергија која е три пати пониска...

Ковачевски: Ќе се произведе 25 отсто повеќе струја од лани

Премиерот Димитар Ковачевски порача дека за годинава е предвидено за 25 отсто поголемо производство на струја во однос на лани. Тој на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање, изјави дека Владата подолго време, уште со започнувањето на енергетската криза во последниот квартал минатата година, презела антикризни мерки во однос на електричната енергија, намалување на ДДВ-то за електричната енергија, зголемување...

Вистиномер: Старо видео од антивакцинални протести претставено како да е ново за смена на италијанската власт

Видео материјалот, споделен во постот, потекнува од протести кои се одржале во Италија на крајот на 2021 година и биле поврзани со задолжителното покажување на Грин Пас за сите работници во Италија. За разлика од овој пост, кој инсинуира дека протестите се скорешни, „Вистиномер“ не успеа да најде никаква потврда дека во моментот во Италија се одвиваат протести за...

Падна власта во Шри Ланка, демонстрантите влегоа во претседателската резиденција и се капеа во базенот

Илјадници демонстранти денеска упаднаа во резиденцијата на претседателот на Шри Ланка во Коломбо, и покрај полицијата која ја чуваше резиденцијата. Полицијата и војската што ја чуваше резиденцијата фрлаше солзавец и пукаше во воздух како предупредување, но масата навлезе во резиденцијата. Претседателот Готабака Раџашалса најверојатно не бил во резиденцијата и со месеци се наоѓа на друго место, а безбедносните служби...

По атентатот, поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе почина

Кратко време откако беше пренесен во болница по атенатот врз него, поранешниот премиер на Јапонија, Шинзо Абе, починал во болница откако состојбата му се влошила, јави Би-Би-Си. Абе (67) држеше говор во рамките на изборна кампања во градот Нара на југот на јапонија, по што беше застрелан. Напаѓачот, 41-годишник, беше совладан по нападот и однесен во полициска станица. Поранешниот јапонски премиер,...

Премиерот Ковачевски го отфрли францускиот предлог

Премиерот Димитар Ковачевски, по завршувањето на Самитот ЕУ - Западен Балкан во Брисел, го отфрли францускиот предлог за кревање на бугарското вето и почеток на пристапните преговори на Република Северна Македонија со ЕУ. Тој нагласи дека предлогот во ваква форма е неприфатлив за него, за претседателот на државата, за Владата, за коалициските партнери, за институциите како и за граѓаните. „Да...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...