fbpx
Таг: прекин

таг: прекин

Еквадор му го прекина интернетот на Асанж во амбасадата во Лондон, обвини „Викиликс“

„Викиликс“ денеска ги обвини властите на Еквадор дека го прекинале пристапот на интернет на нивниот основач, Џулијан Асанж, кој се наоѓа во амбасадата на Еквадор во Лондон повеќе од четири години. Организацијата на Асанж, како што јавуваат светските медиуми, за прекинот на интернетот првично обвини државна институција, без да наведе за која станува збор. Подоцна „Викиликс“ на „Твитер“ напиша дека...

Во сообраќајна несреќа на патот Штип – Радовиш едно лице потешко повредено

Вчера, во 16.10 часот, на магистралниот пат Штип – Радовиш, се случила сообраќајна несреќа при разминување на влекач „даф“ со кумановски регистарски ознаки и приклучна полуприколка „шмитз“ управувана од Н.А.(1977) од Куманово и автомобил „мерцедес Е-220“ со струмички регистарски ознаки сопственост и управуван од З. М. (1968) од Струмица. Во несреќата со тешки телесни повреди, кома со крварење во черепна...

Кери и Лавров во Кина, разговараа за состојбата со граѓанската војна во Сирија

Америка и Русија не постигнаа договор за крај на граѓанската војна во Сирија и за распоредување на хуманитарна помош. Државниот секретар на САД, Џон Кери, кој на маргините на самитот Г20 во Кина се сретна со шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, посочи дека нема да ги брзаат руските колеги и дека веќе решиле голем број технички прашања. Кери со Лавров повторно...

Брачен пар загинал во сообраќајката на патот Удово – Демир Капија

Браничен пар го загубил животот во сообраќајната несреќа што утрово се случила на патот Удово - Деми Капија, неофицијлано велат за „Мета“ од Министерството за внатрешни работи. Првично беше соопштено дека во несреќата загинала жена, која била сопатничка во возилото „фиат сеиченто“, кое утрово, околу 7.20 часот, се судрило со автобус на „Струмица експрес“. Во возилото, како што дознаваме, било и седумгодишното...

АМСМ: Сообраќајот на патот Кичево – Охрид попладне во прекин поради минирање

Поради изведување работи на пат, односно минирање, денеска во периодот од 13 до 15 часот, во интервали од 15 минути, во прекин ќе биде сообраќајот на патниот правец Кичево - Охрид, помеѓу планинскиот превој Пресека и селото Врбјани, соопшти Автомото-сојузот на Македонија (АМСМ). Оттаму информираат дека сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по суви коловози. Според АМСМ, интензитетот...

Штрајкот за товарниот железнички сообраќај во Грција продолжен до недела

Вработените во грчките железници одлучија дополнително да го продолжат штрајкот и прекинот на работата на железницата. Според новата одлуката на Федерацијата на вработени во грчката железница ОСЕ, штрајкот кој требаше да заврши денеска на полноќ е продолжен до 14 јули за патничкиот и до 17 јули за товарниот сообраќај. Грција со ова останува без патнички возови до петок наутро и...

Затворена пругата кај „Табановце“ поради истекување на плин од вагон-цистерна

Железничкиот сообраќај на граничниот премин „Табановце“ од утрово е во прекин поради истекување на плин од вагон-цистерна, информираат од МВР. Според полицијата, железничкиот сообраќај бил прекинат околу 4 часот, откако на преминот од Србија во земјава влегол воз со композиција од 16 вагони, од кои шест вагон-цистерни со плин, а од една од нив било забележано дека испушта плин, со...

Во Грција викендов само пеш

Граничните премини „Ники“, кај Меџитлија и „Дојрани“ кај Стар Дојран ќе бидат затворени за сообраќај за сите видови возила, поради штрајкот на грчките цариници, а границата ќе може да се помине само пеш, информира Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). Премините ќе бидат затворени за сообраќај до 23 мај. Граничниот премин „Евзони“ е затворен утрово од 6 часот и ќе биде затворен...

Железничката линија Скопје – Белград ќе биде во прекин до јуни

Меѓународните возови на релација Скопје - Белград и обратно, од утре до 18 јуни нема да сообраќаат, соопшти „Македонски железници - Транспорт“. Како што известуваат од компанијата, двомесечниот прекин на сообраќањето на возовите е поради извршување на градежни работи на пругата на територијата на Србија, на делницата Ниш - Прешево - државна граница на Република Македонија.

Утре два часа ќе биде затворен патот Охрид – Кичево

Утре од 13 до 15 часот ќе биде затворен за сообраќај патниот правец Охрид - Кичево. Според најавите, прекините во сообраќајот ќе бидат затоа што на делот помеѓу планинскиот превој Пресека и селото Врбјани ќе се изведуваат градежни работи со минирање.

Куна го остави половина Скопје без струја

Заталкана куна била причината за дефект на трафостаницата во Козле, поради што населбите Козле, Водно, Карпош и дел од Тафталиџе синоќа останаа без струја, информираат од ЕВН. Од компанијата објаснуваат дека реагирале итно, по што бил спречен поголем дефект. - Станува збор за дефект на трафостаницата во Козле, од каде се напојуваат овие делови на градот. По речиси двочасовна интервенција, дефектот беше отстранет - изјави портпаролот на ЕВН,...

Стапи на сила примирјето во Сирија

Денеска стапи на сила примирјето во Сирија. Набљудувачката мисија на Обединетите нации забележала само еден инцидент во Западна Сирија. Прекинот беше договорен од САД и од Русија и ќе биде набљудуван од тие две земји преку центрите во Латакиа, Вашингтон, Москва, Аман и во Женева. Од договорот за примирје исклучени се исламистичките групи Фронтот Ал нусра и Исламска држава, што предизвикува...

Граничниот премин кај Дојран ќе биде блокиран до 23 часот

Грчката страна на граничниот премин Дојран ќе биде блокирана за сообраќај до 23 часот, информираат од АМСМ. Грчките земјоделци веќе еден месец протестираат против владините мерки, со кои се предвидуваат повисоки даноци и намалување на пензиите на земјоделците.

Сообраќајот кон Меџитлија целосно во прекин поради штрајкот на грчките земјоделци

Денеска од 9 до 15 часот и од 17 до 21 часот, во целосен прекин ќе биде сообраќајот за влез и за излез од Македонија кон Грција на граничниот премин Меџитлија - Ники, поради штрајк на грчките земјоделци, информираат од АМСМ. Грчките земјоделци веќе еден месец протестираат против владините мерки, со кои се предвидуваат повисоки даноци и намалување на пензиите на земјоделците. Земјоделците се одлучени...

Отежнат сообраќајот на патот Маврово – Дебар

На патниот правец Маврово – Дебар, помеѓу селата Јанче и Ростуше, кај Алиеви чешми, поради поројни дождови има наноси на патот. Моментално сообраќајот се одвива по една коловозна лента, а екипите на ЈП „Македонија пат“ работат на расчистување и на нормализирање на сообраќајот. Учесниците во сообраќајот се замолуваат за крајно внимателно управување со возилата и за прилагодување на брзината на условите на...

Поради несреќа, во прекин е сообраќајот на автопатот Скопје – Велес

Поради сообраќајна незгода со повеќе возила на автопатот А1, делница Каласлари – Велес, сообраќајот е во прекин за сите видови возила, информираат од АМСМ. Пренасочување на сообраќајот по спореден пат има само за патничките возила. Сообраќајот на другите патишта се одвива без забрани и застои, по влажни коловози. На коловозите има остатоци од кашест снег по интервенцијата од дежурните екипи...

Саудиска Арабија го прекина авиосообраќајот со Иран

Саудиската управа за воздушен сообраќај денеска соопшти дека сите летови кон Иран и од таа земја кон Саудиска Арабија се откажани, затоа што Ријад ги прекина дипломатските односи со Техеран. Прекинот на авиосообраќајот се случува откако Саудиска Арабија во саботата го погуби шиитскиот свештеник Нимр Бакер ал Нимр, остар критичар на саудиската власт во таа земја, што предизвика протести во...

Патнички воз удрил во карпа на пруга на релација Битола – Скопје

Патнички воз, кој сообраќал на релација Битола - Скопје, утрово, околу 4.45 часот, удрил во карпа која била на пругата, информираат од МВР. Според полицијата, возот наишол на карпата на делот од пругата меѓу железничкото стојалиште Согле и железничкото стојалиште Теово. Во случајот нема повредени патници и возен персонал. Според МВР, карпата која се нашла на пругата била најверојатно од одрон. Надлежните...

В понеделник прекин на сообраќајот кај Пресека поради минирање

Поради изведување работи на пат со минирање, на патниот правец А2, Охрид - Кичево, на делот помеѓу Пресека - село Врбјани, в понеделник, на 21 декември, ќе има прекин на сообраќајот, соопштуваат од АМСМ. Според најавите, сообраќајот ќе биде во прекин околу 15 минути, во периодот од 12.30 до 14.30 часот.

Прекин на наставата и предвремен распуст во Тетово поради енормното загадување

Поради екстремното ниво на загадување на воздухот, Општина Тетово донесе одлука да се прекине наставата во градинките, основните и во средните училишта. Оваа одлука е донесена по состанокот со раководствата на воспитно-образовните институци. Настава нема да има до крајот на првото полугодие. Оваа одлука е донесана по бојкот и протест на учениците поради екстремното аерозагадување во Тетово. - Донесовме одлука наставата...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...