fbpx
Таг: преименување

таг: преименување

Реакциите по посетата на Курти не стивнуваат, Арсовска бара преименување на „Адем Демачи“

Данела Арсовска ќе бара преименување на улицата „Адем Демачи“ во Чаир во „Втора Македонско-косовска бригада“, додека ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ меѓусебно се прозиваат за посетата на косовскиот премиер Албин Курти на Скопје и Тетово. Скопската градоначалничка денеска до Советот на Град Скопје поднела иницијатива за враќање на името на улицата „Втора македонска бригада“ која претходниот состав на советот ја променил во...

Пендаровски со реакција по повод посетата на косовскиот премиер Албин Курти

Претседателот Стево Пендаровски денеска реагираше по повод посетата на косовскиот премиер Албин Курти на Тетово и Скопје, каде беше пречекан од градоначалниците на Тетово и Чаир. „Истакнувањето на провокативна националистичка иконографија што промовира великодржавни шовинистички идеи претставува разгорување на етничка омраза и нетрпеливост со што недвосмислено се напаѓаат основните принципи и вредности на Рамковниот договор како и концептот на Македонија...

Не е вистина дека улицата „Јоаким Крчовски“ е преименувана во „Ибрахим Ругова“

Улицата „Ибрахим Ругова“ нема никаква врска со улицата „Јоаким Крчовски“, односно не станува збор за истата улица, како што се тврди во оваа вирална објава на Фејсбук. Точната информација е дека поранешното име на улицата „Ибрахим Ругова“ е „Славеј Планина“, а улицата „Јоаким Крчовски“ сè уште се вика така, нема добиено ново име и неточно се тврди дека е...

Порталб: Иницијатива за промена на имињата на улиците во Тетово и постапката низ која ќе се одвива процесот

Започнаа првите активности на јавната расправа за промена на имињата на улици, училишта и јавни установи во Тетово, иницијатива која се спроведува во соработка меѓу Академското здружение на Албанците за уметност и наука и Општина Тетово. И покрај тоа што во минатото имало обиди да за вакви измени, тие или биле неуспешни или не се одело до крај. Касами...

Улица во Берово го доби името на словенечкиот пожарникар Жан Кофол

Советот на општина Берово едногласно ја усвои иницијативата за преименување на улица во Берово со името на словенечкиот пожарникар Жан Кофол. Тој беше еден од симболите на борбата против шумските пожари што ја зафатија Малешевијата изминатово лето. Иницијативата за преименување на улица во Берово по словенечкиот пожарникар беше поднесена од беровскиот градоначалник Звонко Пекевски. По усвојувањето од беровските советници, постапката...

Коалицијата на опозицијата „За подобра Македонија“ го смени името во „За обнова на Македонија“

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски имаше состанок со коалиционите партнери за да ги информира за она што се случуваше на последната лидерска средба кај претседателот Стево Пендаровски. Коалиционите партнери разговарале за претстојните предвремени парламентарни избори и одлучиле да се преименуваат во „За обнова на Македонија“. „Поради тешката реалност во која што живеат македонските граѓани, предложив на коалиционите партнери, Коалицијата „За подобра...

Отворена анкета за нови имиња на улици, мостови и плоштади во Скопје

Град Скопје денеска отвори анкета за граѓаните за нови имиња на топоними (улици, булевари, мостови, плоштади, паркови и други инфраструктурни објекти). Граѓаните може да испратат предлози на два начина - или преку онлајн прашалникот или пак преку класично писмо на следната адреса: Град Скопје, Совет на Град Скопје, бул. Илинден, бр. 82. Анкетата, и преку интернет и преку класично писмо,...

Владата пресече: Арена „Филип Втори“ се преименува во Арена „Тоше Проески“

На денешната 129. седница, Владата донесе Одлука за преименување на мултифункционалната национална арена „Филип Втори“ во Национална арена „Тоше Проески“. Од останатиот дневен ред, донесена е одлука да се ослободат од плаќање партиципација за лекување повредените патници од автобуската несреќа кај Ласкарци на 13 февруари годинава, а исто така била отфрлена предлог-Регулаторната стратегија за развој на аудио и аудиовизуелната дејност...

Новиот претседател предложи главниот град на Казахстан да се преименува во Нурсултан

Новопоставениот претседател на Казахстан, Касим-Жомарт Токаев, предложи главниот град Астана да се преименува во Нурсултан, само ден откако Нурсултан Назарбаев поднесе оставка од претседателската функција по 29 години на власт. Парламентот на централноазиската земја денеска го прифати во прво читање предлог-законот за преименување на градот. - Предлагам главниот град Астана да го преименуваме во Нурсултан во чест на нашиот прв...

Бошњаковски: Академиците ќе го одберат долгото име на МАНУ

Кратенката МАНУ на  Македонската академија на науките и уметностите ќе остане непроменета и по преименувањето на академијата, а за нејзиното ново целосно име ќе одлучат самите академици, рече денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски на редовната прес-конференција во Владата. Тој за новото име на Армијата на Република Македонија (АРМ) рече дека ќе биде познато наскоро, но секако ќе биде во духот...

Владата ги преименува ЕЛЕМ, Македонска пошта и МИА и одобри намалување на роамингот

На вчерашната 126-та седница, Владата вчера, меѓу другите точки, го прифатила нацртот на Договорот за понатамошно намалување на цените на роамингот во Западен Балкан и преименуваше три државни претпријатија. Според обврските од Преспанскиот договор,  новиот назив на АД  Македонска информативна агенција – Скопје во државна сопственост (МИА), отсега ќе биде АД Медиумска информативна агенција – Скопје во државна сопственост (МИА),...

Уставните измени стапија на сила, од вчера сме Република Северна Македонија

Преспанскиот договор од вчера и официјално е на сила и почнува остварувањето на неговите одредби, со што и Македонија го смени своето име во Северна Македонија. Владата исто така го промени нејзиното име во Влада на Република Северна Македонија. Како што објасни Владата, вчера во „Службен весник“ е објавен Преспанскиот договор, а на сила се и уставните амандмани, од 33....

Кочанските советници ја преименуваа улицата „ВМРО“ во „Маршал Тито“

Мнозинството во Советот на Општина Кочани го врати името на една од централните улици, што неколку децении го носеше името на претседателот на некогашната СФРЈ, Јосип Броз - Тито. Советниците од коалицијата на СДСМ го сменија името на улицата во „Маршал Тито“ со поддршка на еден независен советник. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во време кога се гласаше за предлогот,...

За руската агенција „Спутњик“ земјава е „С. Македонија“

Руската новинска агенција „Спутњик њус“, порано позната како „РИА Новости“ и „Гласот на Русија“ веќе ја преименува Република Македонија во Северна Македонија. Со наслов „Грција, С. Македонија, почнаа да разговараат и покрај идентитетскиот конфликт“, руската агенција која е дел од владиниот медиумски конзорциум „Росија Сегодња“, во понеделникот објави интервју со професорот Неофитос Лоизидес од универзитетот Кент, Велика Британија, за најновите...

МАНУ ќе прави напори да не се менува нејзиното име

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) ќе се консултира со експерти за да се утврди дали постои можност за поголема флексибилност во однос на прашањето за преименување на оваа институција согласно одредбите од Договорот од Преспа, беше кажано вчера во научната расправа „Спогодбата од Преспа: Меѓународно значење и импликација врз евроатланските интеграции на Република Македонија“ што ја организираше...

Отстранет споменикот на Александар Македонски од скопскиот аеродром

Од скопскиот аеродром синоќа е отстранет споменикот на Александар Македонски, откако пред неколку дена беше тргнат и натписот „Александар Велики“. Споменикот на аеродромот беше поставен во 2011 година откако ТАВ стана концесионер. Одлуката за преименување на аеродромот и на автопатот, беше донесена на седница на Владата во почетокот на февруари годинава, а во знак на добра волја и затоплување на односите...

ВМРО-ДПМНЕ: Владата не смее да молчи и да крие детали околу процесот на разговори

Во врска со преименувањето на аеродромот и автопатот, ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека нема иредентизам во актуелните имиња, се вели во соопштението на партијата. Од таму додаваат дека би било добро „граѓаните да слушнат дали одлуката на владата е дел од некоја поширока стратегија или повторно станува збор за еднострани постапки од кои Македонија нема никаква корист.“ „Владата не смее да...

ФАЦ: Можно е Владата по изборите да го смени името на скопскиот аеродром во „Мајка Тереза“

Македонската влада по локалните избори е можно да го преименува скопскиот аеродром „Александар Велики“ во „Мајка Тереза“, пишува германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ во опширната анализа за Македонија под наслов „Не под ова име“, пренесува „Дојче веле“. Во анализата, весникот во добар дел посветува внимание на спорот за името меѓу Македонија и Грција. ФАЦ ја цитира изјавата на шефот на македонската...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...