fbpx
Таг: преговори

таг: преговори

Заев: Ако ЕУ не дејствува разочарувањата ќе бидат непоправливи

Народите на Западен Балкан очекуваат декларациите на ЕУ да се преточат во дела. Според соопштението од Владата, ова премиерот Заев го истакнал на денешната прва негова средба при посетата на Словенија по повод Самитот на ЕУ за Западен Балкан во Брдо-Крањ. „Ако ЕУ не дејствува, разочарувањата кај народите од регионот ќе бидат непоправливи и на огромна штета на големата европска...

Посетата на Фон дер Лајен и Вархеји не значи напредок во евро-интеграциите

По претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска во Скопје пристигнува и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, како дел од нивната балканска турнеја. Иако престојот на двајцата политичари од врвот на ЕУ во земјава може да се чини како напредок во евро-интеграциите, тоа не е така. За воља на вистината, Дер Лајен вчера спомена дека целта е...

Борел: ЕУ ќе разговара со Талбанците за да се спречи „миграциска криза“

ЕУ ќе се вклучи во дијалог со Талибанците во Авганистан за да се спречи „хуманитарна и потенцијално миграциска криза“, порача еврокомесарот Жозеп Борел вчеравечер по итната видеоконференција на 27-те министри за надворешни работи од земјите членки. Борел рече дека фокусот на дијалогот ќе биде да се спречи Авганистан да стане „гнездо на странски терористи“. „Ние мора да контактираме со властите...

Кластерот 5. Ресурси, земјоделство и кохезија – по логиката на парите: Имаме и добри примери

Нема двоумење како се нашле заедно поглавјата содржани во овој кластер. Нивни заеднички именител се парите – оние што државата пристапничка би требало да ги користи од ЕУ, но и оние што треба да ги придонесува во ЕУ. Поглавјата 11, 12, и 13 се однесуваат на земјоделството, рибарството и безбедноста на храната, додека поглавјето 22 се однесува на користењето на...

Кластер 4: Зелена агенда и одржлива поврзаност – Актуелно, но дали и приоритетно?

„Зелените“ приоритети одамна се на врвот на приоритетите на Европската Унија, што само е потврдено и за овој мандат на највисоките тела на ЕУ (2019-2024 година). Со годините се развиваа и надоградуваа мноштво политики и законодавство, кои  се меѓу најтешките за спроведување – особено во областа на заштитата на животната средина, а бараат и значителни инвестиции. Ова е кластер со...

Темели: Политичките и економските критериуми целосно во преговорите со ЕУ

По минатото проширување (од 2004 и 2007 година) Европската унија почна постепено да ги вградува политичките критеируми во преговорите. Поглавјето 23 – Правосудство и темелни права е воведено во преговарачките рамки за Хрватска и Турција во 2005 година, за разлика од поглавјето 24, присутно и во минатото проширување. Пред неполни десетина години (за преговорите со Црна Гора и Србија)...

Брисел не поддржува раздвојување на Северна Македонија и Албанија во преговорите за ЕУ, порача Борел

Премиерот Зоран Заев, придружуван од заменик-претседателот во Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров и од министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска оствари средба и со потпретседателот на Европската Комисија и висок претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жозеп Борел по што двајцата соговорници дадоа изјави. „Дозволете ми да нагласам многу јасно дека нема поддршка за раздвојување...

По и пред бугарските избори: Повеќе реализам и внимателност

Слави Трифонов на основачкото собрание на „Има таков народ“ на 16 февруари 2020 година. Фото: Tnvsjk2013/Викимедија комонс. Creative Commons Attribution-Share Alike 4.0
Веќе е извесно дека мартовските парламентарни избори во Бугарија нема да донесат политичка влада. Во новиот фрагментиран парламент значајно ослабеа позициите на владејачката ГЕРБ на премиерот Борисов (иако сѐ уште прва) и опозициската Бугарската социјалистичка партија (БСП), која падна на трето место. Новата анти-естаблишмент партија „Има таков народ“ изненадувачки го доби второто место, а во парламентот влезе и сличната по...

До крајот на мај ќе се преговара со „Синохидро“ за крајниот рок за довршување на автопатот Кичево-Охрид

Јавното претпријатие за државни патишта преговара со кинеската компанија „Синохидро“ околу новиот анекс со којшто ќе се продолжи рокот за изведба на автопатот Кичево-Охрид. Директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми денеска информираше дека очекува кон средината на мај да биде договорен анексот, којшто потоа треба да биде усвоен од Владата и од Собранието. Освен што напомена дека нема...

Клус: Промената на границите во регионот е опасна идеја, разговорите за духовите од историјата да се тргнат од маса

Заменик-министерот за надворешни работи на Словачка, Мартин Клус, вели дека Северна Македонија и Албанија треба да ги почнат преговорите со Европската унија заедно, бидејќи така е полесно за двете држави. „Ако двете земји ги започнат преговорите заеднички, ќе можеме побрзо да ги донесеме и Северна Македонија и Албанија во ЕУ. Тоа е стратешка цел на Словачка. Така е полесно и...

Димитров: Нашата приказна е тест за ЕУ, колку Балканот може да верува на зборовите кои доаѓаат од Брисел

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров утрово учествуваше на конференцијата „Спогодбата за стабилизација и асоцијација МК-ЕУ – дваесет години и натаму“, во организација на тинк-тенк организацијата „Институт за европска политика – Скопје“. Димитров на конференцијата посочи дека нашиот напредок е препознаен и дека предизвиците мора да резултираат со успех, бидејќи немаме друга алтернатива освен европеизирање на македонското општество. „Имам амбивалентен однос...

Европратенички и Никола Димитров со разочарување за бугарските блокади, Александар Јорданов среќен од „убавиот“ ден

По вкрстувањето на копјата меѓу поддржувачите на Северна Македонија и поддржувачите на тезите на Бугарија за историјата на вчерашната пленарна седница на Европскиот парламент (ЕП), кога се гласаше за Извештајот за Северна Македонија од известувачот - европратеникот Илхан Ќучук, од ЕП вчера попладне повторно разочарување од бугарската блокада на евроинтеграциите на земјава, заедно со изрази на солидарност и поддршка. Европратеничките...

Балканските патишта кон ЕУ: Црна Гора, брзо од независност до лидер, но како понатаму?

Во балканските приказни на патот до ЕУ „лидерите“ релативно често се менуваа. Црна Гора сега е државата која е најнапред до ЕУ, барем гледано од аспект на чекорите потребни до членство. Таа стекна независност во 2006 година, а по поднесеното барање за членство од 2008 година доби кандидатски статус во 2010 година. Преговорите започнаа во јуни 2012 година, а...

Османи-Ќучук: ЕУ треба да ја усвои преговарачката рамка и да ја закаже првата Меѓувладина конференција

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствари средба со европратеникот Илхан Ќучук, известувач во Европскиот парламент за Република Северна Македонија, кој е во дводневна посета на земјава. Посетата на Ќучук се реализира во пресрет на гласањето кон нацрт-резолуцијата за Република Северна Македонија во Комитетот за надворешни работи во рамките на Европскиот парламент, што беше и централна тема средбата. За време...

Судот на правдата на ЕУ – децидно за независноста на судството

Пред повеќе од две години во т.н. објаснувачки скрининг Европската комисија на Македонија ѝ презентираше кои се барањата на правото на ЕУ за независноста на судството. Во тој преглед имаше малку од она што се нарекува „тврдо“, па и „меко“ право на Унијата. Тоа беа главно нови одредби воведени во примарното право по Лисабонскиот договор (2007, во сила од...

Плановите на ЕУ за 2021 година – амбиција со внимателност

Да се осврнеме најпрвин на долгорочната рамка на планирањето во ЕУ. Првпат оваа година трите институции – Европскиот парламент, Советот и Комисијата донесоа заклучоци за подолгорочните политички цели - за периодот 2020-2024. Целите се на линија на Стратешката агенда на Европскиот совет од 2019 година за овој политички мандат на европските институции, со една значајна додавка: целосното закрепнување од кризата...

Дали Северна Македонија претставува пречка за Албанија да ги почне преговорите со ЕУ?

Претставниците на земјите од Европската унија на 18 ноември не успеаја да постигнат консензус за рамката за преговори со Албанија и Северна Македонија, што ќе го отвори патот за првата Меѓувладина конференција, што претставува официјален почеток на преговорите за членство. Пратеникот и истовремено Организациски секретар на Социјалистичката партија на Албанија, Арбен Пелумби ја „обвини“ Северна Македонија, тврдејќи дека бугарското вето...

Порталб: Македонија помеѓу две можни сценарија за пристапување во ЕУ, според експертите има многу работа

Од прогласувањето на независноста на Северна Македонија во 1991 година, државните институции јасно ставија до знаење дека членството на земјата во Европската Унија е еден од главните стратешки интереси. Додека зборуваме денес, земјите на ЕУ во март гласаа за отворање преговори за пристапување на државата кон оваа унија. Истражувачот за европски прашања Иван Николовски смета дека во оптимистичко сценарио, на...

Шекеринска: со Бугарија треба да најдеме решение, а не таа да го наметне

„Договорот што го потпишавме со Бугарија не беше само договор за решавање на проблемите, туку и градење на доверба и на добрососедски односи. Ние вложуваме во тие добрососедски односи и очекуваме тоа да го направи и Бугарија“, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска Јанковска, прашана за коментар за можното бугарско противење на почетокот на македонските преговори за членство во...

Ерменија и Азербејџан постигнаа договор за прекин на огнот во Нагорно-Карабах по преговорите во Москва

По десетчасовните преговори во Москва помеѓу министрите за надворешни работи на Русија, Ерменија и Азарбејџајн постигнат е договор за прекин на огнот во Нагорно-Карабах. Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров истакна дека во документот кој бил потпишан, Ерменија и Азербејџан биле согласни за хуманитарен прекин на огнот уште денеска. Овој договор подразбира размена на воени заробеници, повредени и тела на загинатите,...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...