fbpx
Таг: преговори за името

таг: преговори за името

Загубени 25 години, резултатот е ист

Последниве месеци се дебатира за терминот Северна Македонија како компромисно решение за името по потпишувањето на договорт со Грција. Тој предлог, сепак, не e ниту нов. Ниту првпат предложен. Факсимил од насловната страница на весникот „Нова Македонија“, од 7 март 1993 година, го покажува насловот „Северна Македонија“ прифатливо за Грција?“ . Од тогаш минаа 25, според некои, неповратно загубени години, а...

МНР: Моментот е деликатен, не треба да се брза, поважен е квалитетот на договорот од роковите

Попладнево македонското Министерство за надворешни работи испрати соопштение до, како што вели, „домашната и меѓународната јавност“ дека се работи на постигнување договор за името, но дека „за вака значајни прашања не треба да се брза“. Еве го соопштението во целост: Министерството за надворешни работи во овој исклучително деликатен момент во процесот за надминување на разликата околу името меѓу Република Македонија и...

Ѕанакопулос: Нам не ни се брза, чекаме Заев да ни се јави ако ги прифаќа условите

Во 13 часот денеска, грчкиот премиер Алексис Ципрас во Атина има средба со Вартоломеј. Во светлина на последните настани со писмата на македонскиот премиер Зоран Заев и на Светиот синод до Вселенската патријаршија, оваа, инаку протоколарна средба добива ново значење. Во врска со преговорите околу името од Атина велат дека „тие чекаат Заев да се јави“, како и дека „тој...

Заев: 2018 година може да биде година за паметење за Македонија

„Ако се насочиме сите кон изнаоѓањето решение, 2018 година може да биде година за паметење и за Република Македонија, но и за регионот, и за ЕУ и за НАТО. Затоа, неуморен оптимист сум и очекувам во јули покана на Македонија за влез во НАТО“, рече меѓу другото премиерот Зоран Заев во интервјуто за магазинот „CorD“, кој се печати во Белград. Заев...

Договорот за името е „блиску, а сепак далеку“, тврдат неофицијални грчки владини извори

Договорот за името е во многу критична фаза со многу пресврти за кусо време, наводно, коментираат грчки „владини извори“, а пренесува атинска „Иефимерида“. Според изворот на весникот, се оддалечуваме од договорот за името кој се очекуваше дека ќе падне денеска со телефонскиот разговор меѓу премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас. „БЈРМ, се чини дека се уште не подготвена да се приклони...

Димитров: Постигнавме рамка за компромис за името, но треба да се доработи

Никос Коѕиас и Никола Димитров до доцна синоќа преговарале и постигнале рамка за компромис за името. - Имавме продуктивна средба, имаме рамка што треба да се доработи и на неа во моментов правни тимови од двете министерства во Атина работат, се планира важен разговор на премиерско ниво, Заев со Ципрас кон средината на оваа недела, каде се надеваме дека ќе...

Нимиц: Уште нема решение за името, но проблемите се дефинирани и стеснети

Се уште немаме конечно решение, но двете страни се решени да направат доволно за да постигнат договор и работат напорно, рече медијаторот Метју Нимиц по дводневните средби во Њујорк со преговарачите Димитров и Коѕијас. - Со министерот Димитров и со министерот Коѕијас имавме многу сериозни разговори за името. Проблемите се јасно дефинирани и стеснети. Се уште немаме конечно решение, но...

Каменос: Нема да има решение за името, не прифаќам име со терминот Македонија

Грчкиот министер за одбрана и коалициски партнер во владата, Панос Каменос, вели дека решение за името нема да се најде. Лидерот на Независни Грци во интервју за радиото „Алфа989“ уште еднаш ја повтори позицијата дека неговата партија нема да гласа за сложено име со терминот Македонија, без разлика дали, како што рече, ќе се вика „Илинден, Свети Илија, дали...

Кривична пријава од Левица за Заев „затоа што прифатил промена на уставното име“

Во Основно јавно обвинителство Скопје денеска партијата Левица поднесе кривична пријава против премиерот Зоран Заев, кого го обвинува за нарушување на уставниот поредок на државата „затоа што прифатил промена на уставното име“. Како што рече Димитар Апасиев, со изјавите во четвртокот, 17 мај, со кои прифаќа решение ерга омнес со Грција, Заев како премиер ги загрозил преговарачките позиции на Македонија...

Во Скопје и Атина се пребројуваат раните и се лечат повредите од „Илинденска“

За помалку од 48 часа од промоцијата на „новото“ име, и во Скопје и во Атина се бара излез и од оваа нова ситуација. Премиерот Зоран Заев, на лидерската средба доби поддршка (значајна) само од коалицискиот партнер ДУИ, но изостанаа другите чинители. Неговиот грчки колега, Алексис Ципрас, помина уште полошо – доби цврсти четири „не“ од партиите и едно завиено...

Грчките партии кажаа „не“, владата нејасно „можеби“ за Илинденска Македонија

Сите политички лидери кои телефонски ги информирал и ги консултирал грчкиот премиер Алексис Ципрас изразиле несогласување со предлогот Република Илинденска Македонија како можен компромис за деценискиот спор околу името. За лидерите на Нова демократија, Пасок, Потами и за другите помали партии, предлогот е неприфатлив и поттикнува иредентизам. Со кусо и воопштено соопштение се огласи грчката влада. Во него се вели „го поздравуваме...

Заев побара поддршка од сите за името Република Илинденска Македонија

Со целосна одговорност, внимателност и посветеност на државните интереси, ги информирав претседателот на државата, претседателот на Собранието и претседателите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за сите детали од преговорите и известив дека владите на Република Македонија и Република Грција разговараа за опција и решение кое може да биде прифатливо за двете страни, рече во обраќањето по лидерската средба премиерот Зоран...

Павлопулос: Ново име и промена на уставот, па интеграција во ЕУ и НАТО

За интеграција на ПЈРМ во НАТО и ЕУ потребно е решение на името, за што предуслови се промена на уставот и елиминирање на иредентизмот, рече претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос. – Постои еден начин за да оди напред интеграцијата на ПЈРМ во НАТО и ЕУ. Прво, претходна промена на нејзиниот Устав, нешто што го сигнализира почитувањето што Грција, Европската Унија и...

Коѕиас: Денеска смисливме многу алтернативи, но не стигнавме до одлука

Министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕиас, на денешната прес конференција по министерскиот состанок во Солун, рече дека остануваат уште 1-2 централни прашања да се решат, а со неговиот македонски колега Никола Димитров разговарале за алтернативите и варијантите за решение, но не дошле до решение, пренесува МИА. - Мислам дека денеска смисливме многу алтернативи, не стигнавме до одлука, ќе...

Мета: Албанците и Македонците заедно да најдат решение со Грција

Албанците и Македонците заеднички да го решат прашањето за името со Грција, побара албанскиот претседател Илир Мета по денешната посета на Струга и средбата со градоначалникот Рамиз Мерко, јави Алсат-М. Мета потенцира дека е оптимист дека ќе се дојде до решение пред самитот на НАТО во јули во Брисел. -Името е прашање за кое Македонците и Албанците заедно треба да се...

Димитров, Коѕиас и Нимиц за пет дена на нова средба во Виена?

Медијаторот Метју Нимиц и министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕиас, наредната недела на 25 април ќе одржат нова средба во Виена, објавија грчките медиуми, пренесува МИА. На оваа средба, според грчките медиуми, ќе се направат напори да се надминат разликите од средбата во Охрид. За десетина дена по оваа, најверојатно ќе следува уште...

Теодоракис: Следната недела е клучна дали ќе се реши или нема проблемот со името

Лидерот на грчката партија Река, Ставрос Теодоракис, кој е еден од политичарите со кои Никос Коѕиас имаше средби за да ги информира за текот на преговорите во Виена, по средбата изјави дека „следната недела ќе биде клучна дали ќе се реши или нема да се реши проблемот со името“. Шефот на грчката дипломатија Коѕиас по разговорите во Виена со македонскиот...

Димитров одделно ќе го информира државниот врв и партиите за преговорите за името

Лидерска средба за процесот на разговори за името нема да има. Министерот за надворешни работи Никола Димитров на поединечни средби ќе ги информира претставниците на државниот врв и политичките партии за текот на преговорите. Димитров минатата недела најави дека по преговорите за името во Виена, ќе се одржи состанок на државниот врв и лидерите на најголемите партии. Од ВМРО-ДПМНЕ ја информираа...

Ципрас од Солун: Промена Уставот е предуслов за целосен договор за името

Грчкиот премиер Алексис Ципрас од Солун го повтори ставот дека „промената на Уставот на соседот е предуслов за трајно решение“. Ципрас ова го кажа на „Регионалната конференција во Централна Македонија“ подвлекувајќи дека „Централна Македонија и особено Солун сакаат да бидат столбот на развојот и може да имаат само корист од решението на спорот кој го имаме со соседот“. Како што јавуваат...

Атина: Изјавата на Димитров фрла сенка врз преговорите и посетата на Коѕиас

Изјавата на министерот за надворешни работи Никола Димитров кој наводно, при контактитe со европски колеги рекол дека некои грчки ставови за името се „блиску до апсурдни“ го намалија оптимизмот во Атина за брз исход од преговорите. Оваа изјава грчките медиуми ја припишуваат на „добро информирани дипломатски извори“ и сметаат дека ќе фрли сенка, или како што вели „Катимерини“, „облаци на хоризонтот“ врз...

Посебен сообраќаен режим в недела заради атлетска трка на Средно Водно

Во недела, со почеток во 9 часот, поради атлетска трка на 10 километри, со траса на движење од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот...