fbpx
Таг: предупредување

таг: предупредување

САД со предупредување до своите државјани што патуваат во Европа, поради тероризам

Стејт департментот на САД издаде предупредување до американските државјани што имаат намера да патуваат во Европа, укажувајќи на континуираната закана од терористички напади. „Додека локалните влади ги продолжуваат операциите за сузбивање на тероризмот, Стејт департемнтот сепак останува загрижен од можноста за идни терористички напади. Државјаните на САД секогаш треба да имаат на ум дека симпатизери на терористите или саморадикализирани екстремисти можат да...

Омбудсманот бара веднаш да престане злоупотребата на деца во протестите

Народниот правобранител денеска повика веднаш да престане злоупотребата на деца во протестите кои се организираат деновиве. За овие случувања, како што соопштуваат од канцеларијата на Омбудсманот, тие добиле и претставки од родители. „Народниот правобранител ги предупредува сите инволвирани страни дека секоја злоупотреба на децата подлежи на санкции и укажува дека ќе ги истражи поплаките. Доколку навистина се докаже дека одредени...

Силен земјотрес регистриран кај Папуа Нова Гвинеја

Земјотрес со јачина од 7,9 степени според Рихтеровата скала, денеска ја погодил Папуа Нова Гвинеја, соопшти американскиот геолошки институт, јавуваат светските агенции. Потресот се случил на 40 километри западно градот Пангуна, на островот Бугенвил, во Папуа Нова Гвинеја, на длабочина од 153 километри, соопштил американскиот институт. Оттаму проценуваат дека е можно земјотресот да предизвикал умерена штета на осторовот Бугенвил. Центарот за...

Подгответе се за поларна температура и за снег, предупредува Координативното тело за кризи

Граѓаните да бидат подготвени за период на речиси поларни временски услови со снег, замрзнат дожд и со температура која се очекува да се спушти и до минус 22 Целзиусови степени, како и внимателно да ги планираат патувањата и да не тргнуваат на пат без соодветна зимска опрема, предупредуваат од Координативното тело за справување со кризи. Според директорот на Управата за хидрометеоролошки...

Кина жестоко се противи на американскиот антиракетен штит во Јужна Кореја

Кинескиот претседател Си Џинпинг на својата колешка, претседателката на Јужна Кореја, Парк Геун Хје, ѝ соопштил дека Кина е против распоредувањето на американски противракетен штит во нејзината земја, јавуваат светските агенции. Си Џинпинг, за време на билатералниот состанок, на маргините на Самитот на Г20, кој се одржува во Хангџоу, Кина, ја предупредил дека неадекватното третирање на ова прашање не е добро...

Еврообврзницата вторпат понудена на продажба

По одложувањето на продажбата на еврообврзницата од 650 милиони евра, таа вторпат е понудена на продажба, јавува „Ројтерс.“ Пред пет дена, Македонија го одложи издавањето на седумгодишната еврообврзница откако член на опозицискиот СДСМ преку писмо до банките гаранти ја оспори легалноста на постапката. Во писмото било наведено дека земјава нема соодветен правен механизам за издавање на еврообврзницата и доколку се издаде, можно...

Лагард: Земјите членки на ЕУ подобро да комуницираат во интерес на економијата

Од суштинско значење за економијата е земјите членки на Европската Унија прашањето со Брексит да го решат со крената глава, изјави првиот човек на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард. Taa даде забелешка за недостигот од комуникација во EУ и за префрлувањето на одговорноста од едни на други. Според неа, треба да се согледа економската реалност и да се работи на подобра соработка...

Обилните врнежи предизвикаа поплави во Франција

Како последица на обилните врнежи изминатите неколку денови, реката Сена денеска се излеа преку поставените насипи и поплави делови од главниот град на Франција. Поплавени се и други делови од државата, а спасувачките служби извршиле повеќе од осум илјади операции за спасување во близина на границата со Белгија. Поради зголеменото ниво на водата на реката, затворени се патиштата по должината на...

Полска доби официјално предупредување од ЕУ поради измените во уставниот суд

Европската Унија денеска на Полска и упати официјално предупредување дека измените на законот кои се однесуваат на уставниот суд го загрозуваат владеењето на правото во земјата, членка на Унијата. Потпретседателот на Европската комисија, Франс Тимерманс, изјавил дека комисијата го усвоила мислењето во кое се критикува полската влада поради постапките со кои го парализира уставниот суд. По доаѓањето на власт на партијата...

Три лица се полесно повредени при експлозија на бомба во Турција

Три лица се полесно повредени, откако во саботата во близина на автобуска постојка експлодирала бомба. Експлозивната направа била ставена во најлонско ќесе на автобуска во центарот на градот. Посетителите од блискиот трговски центар се евакуирани, а областа на експлозијата е блокирана и ја надлетуваат хеликоптери. Само неколку часа пред експлозијата, амбасадата на САД во Турција издаде предупредување за своите државјани дека се многу...

Американската амбасада ги повика своите државјани во Турција да бидат внимателни

Амбасадата на САД во Анкара ги повика своите државјани кои престојуваат во Турција да бидат внимателни за време на прославата на курдската нова година, затоа што на таквите големи настани би можеле да избијат немири. Амбасадата навела дека американските државјани треба да ги имаат на ум мерките на претпазливост, потсетувајќи дека неодамна мета на терористичките напади биле сообраќајници, турски владини...

Поради одрони и свлечишта сообраќајот на дел од патиштата во прекин

Поради свлечишта, одрони и врнежи од снег, сообраќајот на дел од патиштата во земјава е во прекин, а на дел од Автомотосојузот на Македонија (АМСМ) препорачуваат внимателно возење. Поради интензивни врнежи од снег, воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово - Дебар. Кај обиколницата Битола - Ресен, на патот А3, поради свлечиште патот...

Пекинг се задушува во смог, издадено предупредување од највисоко ниво

Властите на главниот град на Кина, Пекинг, денеска поради смогот издале предупредување од највисоко ниво, јавуваат светските медиуми. „Портокаловото ниво“ за кое било издадено предупредувањето во Пекинг е второ највисоко ниво на загадување. Како што пренеле кинеските медиуми, предупредувањето, меѓу другото, значи и дека се бара од фабриките да го намалат или целосно да го прекинат производството. Мерењата, во делови од...

САД ги предупредуваат своите граѓани за опасност од терористички напади

Американскиот Стејт департмент издаде предупредување за граѓаните на САД за патување низ целиот свет, поради загриженост дека терористички групи и поединци планираат нови напади по тој во Париз. Стејт департментот предупредува дека групите како ИД, Ал каеда и Боко харам продолжуваат да планираат терористички напади во повеќе региони. „Овие напади може да имаат широк спектар на тактика, со користење конвенционални и неконвенционални оружја...

Камерон: Британија нема да стане „безбеден рај“ за мигрантите

Велика Британија нема да стане „безбеден рај“ за мигрантите во Кале, изјави британскиот премиер, Дејвид Камерон, по обидите на стотици мигранти да го минат тунелот под Ла Манш и да стигнат до островот. Премиерот Камерон ги предупредил илегалните мигранти дека ќе бидат остранети од Велика Британија. Од друга страна, дел од мигрантите, пак, за „Би-Би-Си“ изјавиле дека се цврсто решени...

Вештачката интелигенција може да биде „калашников“ на иднината

Дел од водечките умови на денешницата предупредуваат дека оружјата целосно напојувани од вештачка интелигенција (artificial intelligence, AI) можат да станат реалност многу наскоро. Астрофизичарот Стивен Хокинг, коосновачот на „Тесла“, Илон Маск, коосновачот на „Епл“, Стив Возниак и уште повеќе од 1.000 други науници од светот се потписници на писмо во кое предупредуваат на заканите од т.н. автономни оружја, пишува „Хафингтон пост“. „Доколку...

Полицијата во Истанбул предупредува за можни напади во градот

Дирекцијата на полицијата во Истанбул испратила писмен документ до сите единици со предупредување за можни напади во градот, објави „Тудејс заман“. Предупредувањето се однесува за места каде се собираат голем број луѓе, поточно за главните автобуски и метро-рути низ градот. Турција почна големи антитерористички акции во петокот против повеќе илегални групи, вклучувајќи ја Исламската држава и Курдската работничка партија. Акциите почнаа откако напаѓач-самоубиец, за...

Британски научници тврдат: Се зголемува продажбата на мајчино млеко преку интернет

Истражување, спроведено од британски научници, покажало дека се зголемува продажбата на мајчино млеко од доилки, кое преку интернет го купуваат фетишисти, бодибилдери и болни од рак, јавува „Би-Би-Си“. Тим научници од Универзитетот „Квин Мери“ во Лондон тврдат дека млекото што се продава е непастеризирано и може да содржи опасни бактерии. Тие велат дека тврдењата дека мајчиното млеко го зајакнува имуниот систем...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...