fbpx
Таг: предмети

таг: предмети

ОЈО Скопје ѝ пиша на Јанева: Лажете и работите непрофесионално и неодговорно

Обвинителите од Основното јавно обвинителство Скопје денеска ѝ испратија отворено писмо на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, со кое, како што велат, сакаат да го изразат своето незадоволство од нејзината работа и од „срамната непрофесионалност“ со која обвинителката ѝнаштетила на јавно-обвинителската професија. Тие во писмото велат дека Јанева, во последното појавување во јавноста, лажела во врска со начинот на кој биле...

Се зголеми количеството на монетарно злато во државните девизни резерви

Народната банка го зголеми количеството на монетарно злато во девизните резерви на Македонија преку постапка на претопување на пригодни ковани пари и на одземени златни предмети во монетарно злато. На тој начин, Народна банка стекна нови шест прачки монетарно злато со пазарна вредност од околу 2,6 милиони евра, кое во целост ги задоволува стандардите за квалитет утврдени на пазарот на благородни...

Штип: Гореше покрив на магацин на „Македонски железници“

Покрив на стар магацин на „Македонски железници“, полн со стари предмети, синоќа изгоре во Штип. Пожарот е ставен под контрола, а претпладнево пожарникари го контролираа и ги дозгаснуваа деловите што сè уште чадат. Според командиот на Противпожарната единица од Штип, Благој Ренџов, материјалната штета ќе ја утврдуваат надлежните органи. На увид излезе и екипа вештаци од СВР Штип.

Утре почнува августовскиот испитен рок за државна матура

Матурантите кои во јунската сесија не ја положиле државната матура ќе полагаат од утре до 18 август. Како што соопшти Државниот испитен центар, во августовскиот испитен рок се пријавиле 1.802 ученици. Утре ќе се полага задолжителниот предмет мајчин јазик (македонски, албански или турски) и литература. Македонски јазик и литература ќе полагаат 128 кандидати, албански јазик и литература 266, а 21 ученик...

ДУИ ќе поддржи формирање на специјално судско одделение за случаите на СЈО

Иницијативата за формирање специјално судско одделение за предметите што ги работи Специјалното јавно обвинителство доби поддршка од Демократската унија за интеграција (ДУИ). Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, во изјава за „Алсат М“ рече дека неговата партија во основа нема ништо против такво решение. „Ова е сериозна тема, која не може да биде прашање на медиумски разговори. Ако има таква волја, тоа...

Екстерно тестирање: Многу стрес, дискутабилна објективност

Утре (10 јуни) завршува екстерното тестирање за учебната 2015-2016 година, кое почна на 7 јуни. Државниот испитен центар соопшти дека во оваа сесија ќе бидат опфатени 178.648 ученици од основните и од средните училишта, кои ќе бидат тестирани по 1.972 предмети. Учениците се тестираат по два предмета, а за кои предмети ќе бидат тестирани дознаваат три дена пред полагањето. Поради уписите во...

Од денеска почнува екстерното тестирање

Од денеска до 11 јуни ќе се спроведе екстерно тестирање за учебната 2015/2016 година во јунската сесија. Државниот испитен центар соопшти дека во оваа сесија ќе бидат опфатени 178.648 ученици од основните и од средните училишта, кои ќе бидат тестирани по 1.972 предмети. ДИЦ претходно ја објави базата прашања по сите предмети. Учениците се тестираат по два предмета, а за кои...

Совет на обвинители: Јанева не може да биде надлежна за „Маѓар телеком“

Советот на јавни обвинители ги доставил до Основниот суд Скопје одлуките по барањето на специјалната обвинителка, Катица Јанева, за преземање на предметите „Маѓар телеком“, „Верушевски“, „Шпион“, „Поткуп“ и „Надеж“ во своја надлежност, соопшти денеска Кривичниот суд. Како што информираат оттаму, Советот одлучил дека за предметите не може да ги преземе СЈО и дека за нив се надлежни Основното јавно...

Аневски не и ги даде предметите што ги бара Јанева

Советот на јавни обвинители на денешната седница одлучи предметите за „Маѓар телеком“, за пиштолот на Зоран Верушевски и за детска порнографија против синот на Верушевски да се вратат во надлежност на матичните јавни обвинителства Основното јавно обвинителство Скопје и Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Претседателот на Советот на јавни обвинители, Петар Аневски, рече дека на Јанева ѝ...

Ристовска: СЈО ги доби сите документи од Централен регистар

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) ги добило сите барани документи од Централниот регистар, потребни за дел од истрагите што ги води, соопшти на денешната прес-конференција, обвнителката на СЈО, Ленче Ристовска. Обвинителката рече дека нема уништени материјали меѓу оние што биле предмет на нивен интерес. - Во Централен регистар немаше уништени документи, а наш интерес беа, односно ги баравме регистарските влошки за одредени...

Извештај на СЈО: Детали, бројки и факти

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, до Собранието на Република Македонија, Советот на јавни обвинители и до медиумите го достави извештајот за нејзината работа во првите шест месеци од основањето на Специјалното јавно обвинителство. Извештајот е поделен на шест глави, во кои се наведени состојбите во СЈО од неговото конституирање, односно човечките ресурси со кои располага, просториите во кои работи, детален...

Јанева утре треба да го поднесе извештајот за првите шест месеци од работата

Утре (15 март) е последниот рок до кога Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева треба да поднесе извештај за својата работа до Собранието на Република Македонија и Советот на јавните обвинители. Според ставот 1 од членот 7 на Законот со кој е основано специјалното јавно обвинителство, на 15 септември, минатата година, Јанева за својата работа е одговорна единствено пред Собранието и...

Обвинителствата реагираат: Ние соработуваме со Јанева, таа не соработува со нас

Не се точни наводите дека Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и Основното јавно обвинителство Скопје одбиваат соработка со Специјалното јавно обвинитество, се вели во реакцијата на двете обвинителства на денешното соопштение на СЈО. „Досега на сите барања доставени од Јавно обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите...

СЈО предлага да се воведе ново кривично дело – попречување на правдата

Специјалното јавно обвинителство предлага измени на Кривичниот законик и воведување ново кривично дело – попречување на правдата, поради, како што велат, континуираните опструкции на работењето на ова jавно обвинителство. „Би сакале да ѝ појасниме на јавноста дека во согласност со членот 9, став 9 од Законот за јавно обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на...

Специјалното обвинителство обвини десетина институции за опструкции и за несоработка

Специјалното јавно обвинителство побара одложување на главната расправа за предметот „Пуч“ поради тоа што судот, и покрај тоа што му било побарано, не доставил копија од сите докази, стои во соопштението од СЈО. „Појаснуваме дека првото наше барање кон Судот за достава на копии од списи и на електронски докази е упатено на ден 21 декември 2015 година и истото е прецизирано...

Јанева го побарала „Маѓар телеком“, Oбвинителство не го дава

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, од Основното јавно обвинителство Скопје го побарала предметот за случајот „Маѓар телеком“, како и предметите против Зоран Верушевски за незаконско поседување оружје и против неговиот син, кој се товари за производство и за диструбиција на детска порнографија, соопшти Јавното обвинителство. Од Обвинителството реагираат дека со предметите што ги побарала, Јанева ги пречекорила своите законски овластувања,...

Јанева ги побарала од судот предметите за Мартин Нешковски и за Љубе Бошкоски

Покрај докази од предметот „Пуч“, специјалната обвинителка Катица Јанева од судот ги побарала и предметите за убиството на Мартин Нешковски и за случајот „Изборна кампања“, во кој осуден е Љубе Бошкоски, соопшти денеска Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Од кабинетот на Јанева, укажуваат дека не наишле на соработка од страна на судот, кој не им ги доставил предметите, туку побарал обвинителите...

Јанева напредува во истрагата и покрај отежнатата соработка со субјектите

Соработката со субјектите до кои се обраќа Специјалното обвинителство е отежната, но и покрај ваквата состојба предистражната постапка по предметите за кои е воспоставена надлженост е во тек и има извесен напредок, соопштија денеска од кабинетот на специјалната обвинителка Катица Јанева. „Во изминатиот период, особен интерес беше изразен за нашето постапување по однос на бараните материјали од СДСМ. Повторно укажуваме...

Освен случајот Пуч, на Јанева чекаат Ровер, Диво Насеље, Шпион, Монструм и Телеком

Барањата што изминативе три месеци во најава ѝ беа упатувани на специјалната обвинителка, Катица Јанева, а се однесуваа на тоа таа да ги преземе сите случаи за кои постојат контроверзии во јавноста, сега и во официјална форма почнаа да пристигнуваат на нејзиното биро. Адвокатите на одбраната во случаите „Ровер“, „Диво Насеље“ и „Шпион“ бараат и за овие предмети да биде надлежно специјалното...

Почна да тече рокот за првите обвиненија од Јанева

Според планот за работа, кој специјалната обвинителка Катица Јанева го достави до надлежените институции, од денеска (15 декември) почнува да тече рокот во кој треба да паднат првите обвиненија за случаите кои произлегуваат од содржината на незаконското прислушување. Кабинетот на Јанева вчера соопшти дека по анализата на материјалите што специјалното обивнителство ги презеде од јавните обвинтелства кои досега постапуваа по нив, таа...

Средношколски самит за кариерен развој в понеделник во Скопје Сити Мол

Во понеделник, на 22 април, во „Синеплекс“ во трговскиот центар Скопје Сити Мол ќе се одржи Средношколски самит за кариерен развој. Настанот ќе започне во 17 часот, а е...