fbpx
Таг: предмети

таг: предмети

Засега предметите од СЈО ќе останат кај досегашните обвинители

Јавното обвинителство ги презеде предметите од Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, информираат од таму. „По преземањето на предметите, доверени се на јавните обвинители кои дотогаш постапувале по конкретните предмети сè до определување на надлежно Јавно обвинителство и јавен обвинител кој ќе постапува во секој предмет. Во Јавното обвинителство...

СЈО: Подготвени сме веднаш да ги предадеме предметите на Јавно обвнителство

Од СЈО известија дека се подготвени да ги предадат сите предмети по кои постапуваат до Јавно обвинителство. „Ја известуваме јавноста дека од страна на Јавното обвинителство доставен е допис во кој е наведено дека согласно член 6, став 5 од Законот за Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите,...

Ристоска: Верувам дека ќе се најде извесно законско решение, СЈО сè уште функционира

Специјалното јавно обвинителство сè уште постои, сè уште функционираме според законот за СЈО до септември 2020, изјави денеска обвинителката од СЈО Ленче Ристоска пред судското рочиште за случајот „Талир“. – Верувам дека ќе најдат начин. Јас се уште не губам надеж и верувам дека ќе се најде извесно законско решение - рече Ристовска. Таа најави дека во текот на денот, СЈО ќе...

СЈО: Не сме добиле допис од Јавно обвинителство дали и како ќе постапуваме по предметите

Од Специјално јавно обвинителство информираат дека сѐ уште не добиле писмен допис од страна на Јавното обвинителство за да можат да известат дали и како ќе се постапува со предметите на ова Јавно обвинителство. „Воедно, во оваа прилика сакаме уште еднаш да ја изразиме нашата загриженост поради фактот што до овој момент ниту е избран јавен обвинител кој ќе ја...

Јавно обвинителство одлучи да ги превземе предметите на СЈО

Јавното обвинителство одлучи да ги превземе предметите од Специјалното јавно обвинителство (СЈО). „Јавното обвинителство на одржаниот Стручен колегиум на јавните обвинители го разгледа Известувањето испратено од Јавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите доставено преку судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје и Известувањето од јавни обвинители...

Заев: Предлогот на Јанева предметите да преминат во Јавно обвинителство е логично решение

Премиерот Зоран Заев го коментираше писмото на Катица Јанева, со кое бара обвинителите од СЈО да ги пренесат сите предети и истраги на Јавното обвинителство. - Тоа што сум информиран од работните групи, тоа е и логичното решение кое и во разговорите со ВМРО-ДПМНЕ го имаме, но е логично решение и во сите околности. Посакуваното решение е да се постигне...

Фетаи: Најважно е предметите на СЈО да продолжат, без разлика кој ќе ги застапува

Не е битно дали ќе гони Фатиме, Вилма или некоја трета Костадинка, но е битно тој што се огрешил пред законот да се соочи со последиците од дејствијата кои што ги има преземено, изјави денеска пред Кривичниот суд, обвинителката од СЈО Фатиме Фетаи. – Мислам дека во моментов не треба да не интересираат ситници и моментни настани. Сепак, треба да...

Тешко се наоѓаат наставници – сите бегаат од образованието

Кога ќе се испразни наставничко место по предметот физика или математика во некое основно или училиште за средно образование, тешко се наоѓа лице со соодветно образование за да ја одржува наставата. Проф. Ѓорѓи Маркоски, шефот на Институтот по математика при Природно-математичкиот факултет, за „Мета“ вели дека ова е така затоа што дипломците одбиваат да работат во образование. - За настава...

Заев: Сите процеси на СЈО за кои постојат докази продолжуваат

Сите процеси за кои постојат докази продолжуваат, доказите се живи и здрави, тие постојат, не може некој да ги уништи, да ги сокрие, изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање дали со новото законско решение за СЈО го спасува неговиот коалициски партнер, лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Тој додаде дека предметите за кои постојат докази, соодветно се распределуваат во државното...

Нови 3.000 предмети ја чекаат новата Антикорупциска комисија

Речиси 3.000 нови барања, пријави и обрасци стигнале на адресата на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) од март, кога таа формално го изгуби мандатот да постапува по предметите, до крајот на септември. Поради бројни нерегуларности во работата на последниот состав на Антикорупциската комисија, Собранието на 19 март разреши пет од седумте членови на Комисијата, со што таа...

Кацарска ќе им суди на Груевски и на Јанкулоска за „мерцедесот“ од 600 илјади евра

Кривичниот суд денеска ги објави имињата на судии кои според новиот распоред на претседателот на судот, Иван Џолев ќе ги водат предметите на Специјалното јавно обвинителство. Така, судијката Добрила Кацарска ќе им суди на поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска за случајот „Тенк“, односно за набавката на „мерцедесот“ од...

Џолев донел нов распоред во Кривичен, дел од предметите на СЈО ќе добијат нови судии

Новиот претседател на Основниот суд Скопје 1, Иван Џолев донел нов годишен распоред на судиите, со кој, дел од предметите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) ќе добијат нови судии, јавува телевизија „Телма“ повикувајќи се на свои извори. Со новиот распоред, голем дел од досегашните судии во одделот за организиран криминал, кои ги судат предметите на СЈО, се префрлени во одделот за прекршоци,...

Советот за утврдување на факти бара да не биде укинат до Нова година

Советот за утврдување на факти, кој треба да биде укинат со предлог-закон, бара од Собранието и од Министерството за правда престанокот на работа да важи од први јануари 2018 година, а не со денот на објавување на новото законско решение во „Службен весник“. Од Советот денеска соопштија дека во понеделникот доставиле барање до Собранието и до координаторите на пратеничките групи од...

Кривичниот суд ги отфрли „бомбите“ како доказ во уште шест случаи на СЈО

Кривичниот суд во Скопје денеска официјално соопшти дека советите за оценка на обвинителните акти за случаите „Титаник 2“, „Тенк“, „Титаник“, „ТНТ“, „Тревник“ и „Тифани“ на Специјалното јавно обвинителство, донеле решенија со кои прислушуваните разговори не можат да се користат како докази во судските простапки за овие случаи. Според одлуките на Кривичниот суд, овие докази, приложени со обвинителните акти, се прибавени...

Панчевски: Судските предмети не сум ги распределувал рачно

Судијата Владимир Панчевски во вечерашното гостување на „Топ тема“ на телевизија „Телма“, уште еднаш повтори дека како поранешниот претседател на Кривичниот суд не го злоупотребил автоматизираниот систем за управување со судските предмети (АКМИС). Тој додаде и дека во врска со овој случај се работи за предистражна постапка за друго лице, а не за него. На новинарско прашање дали судските предмети ги распределувал...

Кои се судиите кај кои се распределени обвиненијата на СЈО?

По обвиненијата што Специјалното јавно обвинителство денеска ги поднесе во Кривичниот суд ќе одлучуваат судии кои веќе судат предмети на СЈО, како и нивни колеги кои работеле или сè уште работат на големи случаи, како „Монструм“, „Сопот“ и „Диво Насеље“. Како што информираше Кривичниот суд, случаите „Тарифа“, „ТНТ“ и „Траекторија“ се распределени кај судијките Лидија Петровска и Татјана Михајлова. Лидија Петровска,...

ДКСК: Очигледно сме погодиле во целта штом не стивнуваат реакциите на невладините

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) постапувала и постапува во сите случаи каде што има индиции за несовесно работење и за злоупотреба на службената позиција и на овластувањата, се вели во реакцијата на Антикорупциската комисија на денешното соопштение од 22 граѓански организации и фондации во кои шест месеци се вршат контроли по налог на Комисијата. Од ДКСК велат дека...

Рибарев: Нема да има промена на судиите за предметите што се во тек

Во Основниот суд Скопје 1 денеска се одржал колегиум на судиите на кој в.д. претседателот на судот, Стојанче Рибарев, ги известил колегите дека со новиот годишен распоред за работа, помеѓу судиите ќе бидат прераспределени само прекршочните предмети за кои сè уште не е закажно судење, соопштија од судот. Сите други предмети, соопштил Рибарев на колегиумот, за кои процедурата веќе тече, „ќе...

Вангеловски: Неделкова е изземена од предметите на СЈО бидејќи син ѝ таму е ангажиран

Врховната судијка Лидија Неделкова била изземена од одлучувањето за предметите на Специјалното јавно обвинителство поради „состојба на блискост“, односно затоа што нејзиниот син бил во некаков работен однос во СЈО, рече претседателот на Врховниот суд, Јово Вангелвоски, на денешниот бирфинг со новинарите. Станува збор за случаите за апсењето на градоначалникот на општината Пустец во Албанија, Едмонд Темелко, во случајот „Титаник“...

Обвинителството истражува 42 случаи на изборни нерегуларности

Комисијата за следење на изборни нерегуларности на Јавното обвинителство досега отворила 42 истраги за кривични дела извршени за време на изборниот процес. Како што информираа денеска од Јавното обвинителство, 20 предмети биле оформени по службена должност, односно по допрен глас по информациите објавени во медиумите, порталите и на социјалните мрежи, три кривични пријави се поднесени од физички лица, а 19...

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...