fbpx
Таг: предмет

таг: предмет

Mилошоски куртули од затвор, застаре кривичното гонење за „Моќник“

За случајот познат во јавноста како „Моќник“, јавниот обвинител во завршните зборови извршил прецизирање на диспозитивот на обвинителниот акт во обвинителен предлог, а извршил и промени во правната квалификација на кривичните дела за кои беа обвинети, соопшти денеска Основниот кривичен суд. „Првообвинетиот М.М. и второобвинтетиот В.М. сториле кривично дело Измама, а третообвинетиот А.М. сторил кривично дело Злоупотреба на службената положба...

Зеќири со емотивен настап пред судот побара ослободителна пресуда

Досега не сум бил осудуван, не сум имал проблеми со законот, бев коопертивен во целата судска постапка. Со ослободителна пресуда ќе се стави крај на мојата агонија и страдања, но и на страдањата на моето семејство, кое 593 дена живее тежок живот во тешка сенка надвисната над нив, како колатерална штета на ова обвинение. Ова денеска го истакна Мухамед Зеќири,...

Антикорупциска: ДУИ го прекршила Законот за финансирање на политичките партии

антикорупциска комисија
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната седница утврди дека ДУИ го прекршила Законот за финансирање на политичките партии бидејќи во 2022 година примила донации кои биле поголеми од законски дозволените суми, а вишокот средства не ги вратила веднаш или во рок од 15 дена по приемот, туку дури во јули 2023 година. Членот на Државната комисија за...

Поднесен обвинителен акт против три лица во предметот „Империја“

По севкупно спроведена истражна постапка против 19 лица во предметот познат во јавноста под името „Империја“, предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен акт против преостанатите три лица, информираат во Обвинителството. Според обвинителниот акт, прво и второобвинетиот сториле кривични дела „Злоупотреба на службена пложба и овластување и...

ОЈО поднесе обвинение против Силвана Бонева за исплатени 100.000 евра за лажни патни трошоци

За поднесени лажни фискални сметки за платени патарини, за патување од Струмица до Скопје, во износ од 6.458.551 денари или 105.000 евра, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице, за продолжено кривично дело – измама во службата (член 355 став 3 во врска со став 1 и во врска со член 45 став 3 од Кривичниот...

Антикорупциска утврди судир на интереси кај Анѓушев, тој вели не го прекршил законот

Антикорупциската комисија донесе иницијатива со која од премиерот Зоран Заев ќе бара да поведе постапка против вицепремиерот Кочо Анѓушев во однос на владината одлука да се намали цената на литиумските батерии за акумулатори. Како што пренесува „Радио Слободна Европа“, антикорупционерите во овој случај утврдиле судир на интереси, а за донесување на одлуката гласале мнозинството членови на комисијата. Анѓушев во реакцијата...

За притворот на Кочан, предметот е испратен во Апелацискиот суд

Кривичниот суд го комплетирал предметот по жалбата на одбраната за притворот на бизнисменот Сеад Кочан, осомничен во случајот „Труст“ на Специјалното јавно обвинителство, и го испратил во Апелацискиот суд Скопје, кој треба да одлучува по него, потврдија за „Мета“ од Основниот суд Скопје 1. - Откако е добиен одговор на жалбата од Специјалното јавно обвинителство, предметот е комплетиран и испратен...

И Обвинителството го истражува потписот на гласачката од Гостивар

Гостиварското Основно јавно обвинителство отворило предмет во врска со случајот на Фатиме Сулејмани, односно за тоа дали некој друг гласал во нејзино име на избирачкото место 0396/1 во Гостивар, за што вчера расправаше и Државната изборна комисија по приговор од партијата Беса. Како што соопшти попладнево Јавното обвинителство, предметот е отворен по допрен глас, а врз основа на наводите изнесени на...

ЗНМ: СЈО ќе помогне вистината да излезе на виделина во случајот за Зоран Божиновски

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) ја поздравува одлуката на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) со која бара да го преземе од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корпуција предметот против новинарот Зоран Божиновски, поврзан со случајот „Шпион“. Божиновски е во притвор од април, оваа година, откако беше уапсен во Нови Сад, Србија, а потоа екстрадиран во земјава. „Веруваме...

ОЈО Скопје отвори истрага против 13 вработени во Агенцијата за катастар

Основното јавно обвинителство Скопје отворило предмет против 13 лица, вработени во Агенцијата за катастар, кои се товрат за злоупотреба на службената положба и овластување, соопшти денеска Јавното обвинителство. Како што информираат оттаму, осомничените во периодот 1 јануари 2013 до 16 март годинава на клиенти им наплаќале административна такса во готово, а парите потоа ги земале за себе. Осомничените, според Обвинителството, со...

ЗНМ: СЈО да го преземе случајот на новинарот Божиновски

Претставници на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска во Специјалното јавно обвинителство имаа средба со обвинителката Катица Јанева и нејзините соработници. Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани ја информираше обвинителката Јанева за случајот на новинарот Зоран Божиновски, кој два месеца е во притвор, затоа што Јавното обвинителство го осомничи за разни кривични дела. Божиновски во април беше екстрадиран од Србија...

Предметот за куќниот притвор на Талески испратен во Апелација

Кривичниот суд денеска го испратил до Апелацискиот суд предметот за куќниот притвор на битолскиот градоначалник, Владимир Талески, кој е првоосомничен во случајот „Транспортер“ што го отвори Специјалното јавно обвинителство, потврдија за „Мета“ од Основниот суд Скопје 1. - Предметот е комплетиран и доставен до Апелацискиот суд - ни изјави портпаролката на судот, Паула Божиновска. За испраќање на предметот до Апелација се...

Обвинителството отворило предмет за објавените приватни разговори на членови на ДУИ

Основното јавно обвинителство Скопје отворило предмет за снимките од приватните разговори меѓу високи функционери на Демократската унија за интеграција, потврдиле за „Дневник“ од Обвинителството. Во објавените снимки има и разговори меѓу вицепремиерот Муса Џафери и пратеничката Ермира Мехмети. Мехмети претходно изјави дека во врска со случајот дала исказ во скопското јавно обвинителствот, а го повика и Специјалното јавно обвинителство да...

Рочиштето за „Ровер“ повторно одложено, се чека дали Јанева ќе го преземе предметот

И денешото рочиште од судскиот процес „Ровер“, во кое еден од обвинетите е и поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски, е одложено. Како што пренесува „Телма“, рочиштето е одложено бидејќи судот ја чекал одлуката на специјалната обвинителка, Катица Јанева, околу преземањето на предметот. Ако Јанева донесе одлука Специјалното обивнителство да го води овој случај, тогаш судскиот процес повторно ќе...

Бачев: Имаме квалитетни докази дека пописот од 2002 година е фалсификуван

Претседателот на политичката партија Народно движење за Македонија, Јанко Бачев, денеска напладне до Специјалното обвинителство го достави предлогот со кој бара тоа да преземе предмет, по кривична пријава на партијата, за наводно фалсификување на пописот од 2002 година. - Станува збор за кривична пријава поднесена од Народно движење на Македонија на 24 септември 2009 година за фалсификување на пописот во...

Откажани денешните и утрешните летови меѓу Скопје и Виена поради протест на вработените во „Аустриан Ерлајнс“

Вработените во „Аустриан Ерлајнс“ денеска, четврток и утре, петок (28 и 29 март) штрајкуваат поради несогласувања околу платите, што резултираше со откажување на околу 400 летови, што, пак, ќе...