fbpx
Таг: предлог-измени

таг: предлог-измени

МОФ: Разочарува одлуката да се стегне обрачот за тоа кој студент има право на оброк

Студентски дом Гоце Делчев
Младински образовен форум (МОФ) со разочарување реагира по повод предлог-измените на Законот за субвенциониран студентски оброк, но и општо во врска со моменталната ситуација во која се наоѓаат студентите. Во соопштението од МОФ се велидека во услови на енергетска криза, голема инфлација и пост-пандемиско опоравување, студентите се први на удар од страна на државните институции, со тоа што се преземаат...

Владата со законски измени сака да го реши спорот меѓу кабелските оператори и телевизиите

Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги по втор пат годинава би можело да претрпи измени откако Владата до Собранието ги испрати предложените законски измени со кои би се избришал членот 143 од овој закон, со кој операторите се ослободуваат од обврската под целосна материјална и кривична одговорност да гарантираат за регулирани авторски права за реемитување на содржините од...

СЈО: Задоволни сме од предлог-измените на Законот за заштита на сведоци

Специјалното јавно обвинителство е задоволно од предлог-измените на Законот за заштита на сведоци, кој наскоро треба да се најде на усвојувње во Собранието. Од обвинителството за „Мета“ велат дека во предложеното законско решение се вградени барањата и сугестиите што СЈО ги дало во текот на подготовката на предлог-законот. - СЈО беше вклучено во работната група за подготовка на предлог-измените на...

Укинување на екстерното – прв предлог на СДСМ до Собранието

Пратениците на СДСМ денеска до Собранието на Република Македонија ќе ги достават предлог-измените на Законите за основно и за средно образование за укинување на екстерното тестирање. Претседателот на Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ) и пратеник во Собранието, Стефан Богоев, на прес-конференција истакна дека очекуваат измените на законите да бидат донесени по скратена постапка и со тоа уште оваа година да...

Социјалистите во Албанија бараат и порталите да бидат под надзор за време на избори

Членовите на албанскиот парламент од Социјалистичката партија бараат промени во изборниот закон на земјата со кои се предлага регистрација на интернет-порталите за време на изборната кампања. Со измените на законот, се бара на регулаторното тело за медиуми да му се овозможи да ги казнува порталите доколку шират пропаганда за време на избори. Социјалистичката партија преку предложените измени на изборниот закон бара...

Владата бара унапредувањето на вредните полицајци да се одложи за три години

Унапредувањето на вработени во Министерството за внатрешни работи (МВР) во повисок платен ранг наместо од 1 јануари 2017 година, како што е утврдено со актуелниот Закон за внатрешни работи, да почне да се применува од 1 јануари 2020 година. Ова е измената на Законот за внатрешни работи што ја бара МВР, а која в четврток, според најавената агенда, треба...

Владата бара да прераспределува пари од буџетот без да се прави ребаланс при непогоди

Во Собранието денеска ќе се расправа по предлог-законот за изменување и за дополнување на Законот за буџет. Новина е тоа што Владата бара во време на непогоди да одлучува за прераспределба на пет проценти од буџетот, без одобрение од Собранието, односно без да се прави ребаланс. Причина за оваа измена на Зконот за буџет, според образложението на Владата, е брзо обезбедување пари во кризни...

Власта носи „практични“ законски измени за да ја контролира полицијата пред избори

Со измените на Законот за внатрешни работи, со кои се предвидува државниот секретар во Министерството за внатрешни работи да биде именуван од Владата, како и со веќе усвоените измени на Законот за полиција, власта сака да му ги врзе рацете на новиот министер, кој би застанал на чело на МВР пред избори, вели за „Мета“ пратеникот од опозицискиот Демократски сојуз,...

Измени на Законот за внатрешни работи: Државниот секретар во МВР да го именува Владата

Државниот секретар во Министерството за внатрешни работи (МВР) да го именува Владата на предлог на ресорниот министер, наместо тој да се избира од редовите на раководните лица во МВР. Ова е клучната измена во Законот за внатрешни работи што денеска е на дневен ред на пленарната седница на Собранието. „Имајќи ја предвид досегашната практична примена на законот, се утврди дека е потребно...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...