Расправата за предлог-буџетот за 2019 продолжува во матичната собраниска комисија


Скопје, 5 декември, 2018 - 9:49 (META) 

Комисиската расправа за предлог-буџетот продолжува во матичната Комисија за финансирање и буџет во Собранието.

Предлог-буџетот за 2019 година тежи 3,7 милијарди евра, вкупните приходи се проектирани на 210,8 милијарди денари, (3,4 милијарди евра), а порастот на економијата 3,2 проценти на домашниот бруто-производ (БДП).

Со буџетот за 2019 година се предвидува намалување на буџетскиот дефицит, кој за следната година е проектиран на 2,5 проценти од домашниот бруто-производ (БДП).Во предлoг-буџетот за 2019 година предвидена е реформа во Фондот за пензиско осигурување, односно намалување на вкупниот трансфер.

Нови 10 проценти повисоки плати се предвидени за лекарите специјалисти од јануари 2019 година, а нови пет проценти повисоки плати од септември 2019 година за сите вработени во јавното здравство. Пораст на платите од пет проценти се предвидени и за просветните работници, вработените во градинките и за јавната администрација.

За капиталните инвестици, кои секоја година се кратат со ребаланс, предвидени се 25,7 милијарди денари.

Согласно фискалната стратегија, јавниот долг за 2019 година ќе изнесува 54,2 проценти и ќе се финансира од домашниот и странскиот пазар на хартии од вредност, но не е планирано издавање на нова еврообврзница.

За пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, буџетот е мегаломански, се собираат повеќе пари од граѓаните за власта да ги троши на луксуз, наместени тендери, криминални субвенции и иновации.


Адеми: Поголем буџет за културни активности и нови вработувања во 2019 година


Скопје, 27 ноември, 2018 - 14:46 (META) 

Министерот за култура Асаф Адеми денеска на прес-конференција во Владата го претстави предлог-буџетот на Министерството за култура за 2019 година, за кој порача дека ќе овозможи услови за квалитетни културни содржини од сите области на културата, кои ќе бидат дисперзирани низ целата земја. Истовремено, тој најави и 107 нови вработувања во институции кои работат на полето на албанската култура и покачување за пет отсто во однос на септември годинава на платите на вработените во Министерството за култура и за вработените во културните институции.

На почетокот Адеми подвлече дека основна заложба и визија на Министерството за култура е тоа да биде отворено за граѓаните и да им служи на културните институции и културните работници во земјава, со нула толеранција за злоупотреби во министерството, но и во сите институции од областа на културата.

Предлог-буџетот на култура за 2019 година изнесува малку повеќе од 3,14 милијарди денари (51 милиони евра), од кои за работата на Министерството се наменети 215 милиони денари (3,5 милиони евра), односно околу осум отсто од вкупниот буџет.

Според министерот, во однос на претходните години, сега за финансирање културни активности се предвидени 32 милиони денари повеќе отколку во претходните години.

За Агенцијата за филм се предвидени 170 милиони денари, што е зголемување од над 13 отсто во однос на минатата година, а за 13 отсто се зголемени и средствата за фолклорната и сценско-уметничката дејност.

Во делот Капитални инвестициски проект планирана е реконструкција на центрите за култура во Гостивар, на театарот во Куманово, на театарот во Прилеп или доградба на објектот на ЦК Прилеп за потребите на театарот, реконструкција на ЦК Кочани (втора фаза). Предвидена е реконструкција на покривот на стариот дел од објектот на НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје, како и нова транша пари за реконструкцијата на објектот на Албанскиот театар, но и за изградбата на објектот на театарот и библиотеката во Тетово, за театарот во Струмица како и за реконструкција на други објекти.

Обезбедени се и пари за 80 нови вработувања во НУ Ансамбл на албански ора и песни и 27 за новоформираниот Гостиварски театар.


Владата го усвои предлог-буџетот за 2019 и ќе го достави до Собрание


Скопје, 15 ноември, 2018 - 9:35 (META) 

Владата на својата 103. седница го усвои предлог – буџетот за 2019 година, кој ќе биде доставен на усвојување до Собранието.

Вкупните приходи у расходи во предлог – буџетот се во рамките на предвидените параметри на Министерството за финансии, и резултираат со намалување на буџетскиот дефицит на ниво од 2,5 проценти од БДП.

„Планираниот дефицит е во согласност со Фискалната стратегија на Република Македонија 2019-2021 и ја потврдува планираната фискалната консолидација, проследена со натамошна буџетска дисциплина и обезбеден значителен фискален простор за инфраструктурни проекти и поддршка на домашната економија, за зајакнување на социјалната праведност и сигурност, и за забрзување на евро-атлантските интеграциски процеси“, се вели во соопштението на Влада.

На седницата на Владата е усвоен и предлог – закон за извршување на буџетот за 2019 година.


Предлог-буџетот за 2019 година денеска на владина седница


Скопје, 14 ноември, 2018 - 11:56 (META) 

На 103. седница на Владата која ќе почне во 12 часот ќе се дебатира за предлог-буџетот за 2019 година како и за предлог-законот за извршување на буџетот по скратена постапка.

Предлог-буџетот за 2019 тежи 3,7 милијарди евра, вкупните приходи се проектирани на 210,8 милијарди денари, (3,4 милијарди евра), а порастот 3,2 проценти на домашниот бруто-производ (БДП).

Со буџетот за 2019 година се предвидува намалување на буџетскиот дефицит, кој за следната година е проектиран на 2,5 проценти од домашниот бруто-производ (БДП).


Во предлог-буџетот за 2019 најмногу средства за мерките за вработување и стопанството


Скопје, 13 ноември, 2018 - 9:48 (META) 

Во предлог-буџетот за 2019 година најмногу средства досега се предвидени за активни мерки за вработување, издвоени се 1,1 милијарди денари, што е за 10 проценти повеќе во однос на годинава. Ако се направи пак споредба со 2017 година, оваа сума e двапати повисока, или трипати повисока во споредба со 2014 година.

Согласно проекциите за идната година, се очекува намалување на невработеноста на околу 20 проценти, како и покачување на номиналната нето-плата за 4,5 проценти.

Во буџетот за 2019 година, предвидени се повеќе средства за поддршка за стопанството. Станува збор за речиси 3 милијарди денари, или 40 проценти повеќе средства во однос на годинава.

Со овие средства, како што информираат од Министерство за финансии, ќе се поддржат нови инвестиции, извоз и освојување нови пазари, нови вработувања, поддршка за мали и средни претпријатија, иновативност, технолошки развој и странски инвестиции во технолошко индустриските развојни зони.

„Повратот на ДДВ кон фирмите ќе се одвива навремено и неселективно, како и досега“, рече министерот за финансии, Драган Тевдовски.

Приоритетни мерки во рамки на Програмата за земјоделството за 2019 година ќе бидат насочени кон поддршка на земјоделските стопанства од 30 проценти при набавка на гориво за земјоделска механизација или зелена нафта. Ваква мерка за прв пат се воведува во Македонија, со што се намалуваат трошоците за земјоделците.

Износот на субвенции планиран за 2019 година изнесува вкупно 8,5 милијарди денари, и е за 60 милиони денари повисок од буџетираниот во 2018 година, но дури за 820 милиони денари или 11 проценти повисок од остварениот во 2017 година.


Новиот буџет е планиран на 3,7 милијарди евра, дефицитот на 2,5 проценти од БДП


Скопје, 12 ноември, 2018 - 14:44 (META) 

Предлог-буџетот за 2019 година тежи 3,7 милијарди евра, а главните контури на овој значаен документ денеска беа презентирани на јавна дискусија со синдикатите, коморите и невладиниот сектор во Министерство за финансии, пред тој да влезе во владина процедура неделава.

Буџетот за 2018 година изнесуваше 3,4 милијарди евра.

Вкупните приходи во 2019 година се проектирани на 210,8 милијарди денари, (3,4 милијарди евра), а порастот 3,2 проценти на домашниот бруто-производ (БДП).

Министерот за финансии Драган Тевдовски рече дека економскиот пораст ќе го придвижат солидната лична потрошувачка, континуирано високиот извоз и порастот на инвестициите.

Со буџетот за 2019 година се предвидува намалување на буџетскиот дефицит, кој за следната година е проектиран на 2,5 проценти од домашниот бруто-производ (БДП).

„Со постепено намалување на буџетскиот дефицит, се води дисциплинирана буџетска политика, што пак ќе придонесе за стабилизација на државниот и јавниот долг на среден рок“, рече министерот за финансии Драган Тевдовски.

Во предлoг-буџетот за 2019 година предвидена е реформа во Фондот за пензиско осигурување, односно намалување на вкупниот трансфер. Па така, ако тој трансфер годинава изнесувал 29,3 милијарди денари, за следната година се предвидува 28,1 милијарди денари од буџетот за ПИОМ.

Нови 10 проценти повисоки плати се предвидени за лекарите специјалисти од јануари 2019 година, а нови пет проценти повисоки плати од септември 2019 година за сите вработени во јавното здравство. Пораст на платите од пет проценти се предвдидени и за просветните работници,  вработените во градинките и за јавната администрација, која како што рече Тевдовски, треба да се реформира до септември 2019 година и ќе биде клучен носител на преговорите за пристапување кон ЕУ и НАТО.

Поради интензивирање на процесот за зачленување во НАТО, зголемен е буџетот и за Министерство за одбрана на 7,8 милијарди денари, со што ќе има и нови пет проценти пораст на платите за сите вработени во одбраната од септември 2019 година.

За земјоделски субвенции и рурален развој се предвидени 8,5 милијарди денари, што е пораст за 11 проценти во споредба со 2017 година.

За капиталните инвестици, кои секоја година се кратат со ребаланс, предвидени се 25,7 милијарди денари. За поголема искористеност на овие средства, Тевдовски рече дека се прави поголем притисок кон ресорните министерства.

„Проектната документација која беше кочничар на големиот број проекти и беше проблем е готова, и затоа очекуваме интензивирање на капиталните инвестиции“, потенцираше Тевдовски.

Согласно фискалната стратегија, јавниот долг за 2019 година ќе изнесува 54,2 проценти и ќе се финансира од домашниот и странскиот пазар на хартии од вредност, но не е планирано издавање на нова еврообврзница.

Се очекува, стапката на инфлација да е ниска и стабилна, а стапката на невработеност да се намали на околу 20 проценти.


Јавна консултација за предлог-буџетот за 2019 година, пред да влезе во владина процедура


Скопје, 12 ноември, 2018 - 9:39 (META) 

Денеска во просториите на Министерство за финансии, во 12 часот, ќе се одржи јавна консултација за предлог-буџетот за 2019 година.

„На истата ќе бидат презентирани главните контури на буџетот за 2019 година пред истиот да влезе во владина процедура“, се вели во соопштението на Министерство за финансии.

Собранието вчера го усвои ребаланост на буџетот за 2018 година, со кој, повеќе пари се предвидени за општините.


Собранието ги констатираше оставките на Пендаровски, Ковачевски и Ибраимовски


Скопје, 22 декември, 2017 - 12:21 (META) 

Претседателот на Собранието, Талат Џафери на денешната седница ги констатираше оставките на пратениците Стево Пендаровски и Васко Ковачевски како и на министерот без ресор во Владата, Самка Ибраимовски.

По констатирањето на оставките, Џафери ја прекина седницата до 13.30 часот до кога Државната изборна комисија треба да достави известување, на кои пратеници на изборните листи, ќе им биде верификуван мандатот.

Пратеникот Пендаровски поднесе оставка бидејќи ќе биде национален координатор за НАТО, а Васко Ковачевски е назначен за генерален директор на РЕК Битола.

Денеска на пленарна седница се очекува и дебата за предлог-буџетот за 2018 година.


Буџетот за 2018 денеска без опозицијата на пленарана седница во Собранието


Скопје, 22 декември, 2017 - 10:17 (META) 

Пленарната седница на која ќе се расправа за предлог-буџетот за 2018 година, е закажана за денеска во 11 часот. Пратениците на опозицијата не учествуваа во комисиската расправа за буџетот, а нивно присуство не се очекува ниту на денешната пленарна седница, па оттука можно е буџетот да биде изгласан уште денеска.

Министерот за финансии, Драган Тевдовски вчера изјави дека жали што опозицијата нема да учествува во дебатата за буџетот и да дава критики и коментари за најважниот документ за државата.

На расправата за предлог-буџетот за 2018 година, на Комисијата за финансирање и буџет беа прифатени четири амандмани поднесени од пратениците на опозицијата.

Ова се некои од најважните карактеристики на буџетот:

denari

  • Предлог-буџетот за 2018 година, изнесува 3,4 милијарди евра
  • Вкупните расходи се 3.1 милијарди евра
  • Буџетскиот дефицит е планиран на 2,7 проценти од БДП и изнесува 296 милиони евра
  • Капитални расходи за образование, детска заштита и спорт – 39 милиони евра
  • Капитални расходи за здравство 30,8 милиони евра
  • Капитални расходи за патна и железничка инфраструктура – 58 милиони евра
  • За пензии 878 милиони евра
  • Поддршка на домашните и странските претпријатија 32,5 милиони евра
  • Буџетот за одбрана е 16,2 милиони евра
  • Буџетот за правосудство е 8,6 милиони евра

Владата го усвои дополнетиот предлог-буџет за 2018 година


Скопје, 12 декември, 2017 - 20:13 (META) 

На денешната седница Владата го усвои дополнетиот предлог на Буџетот за 2018 година со прифатените амандмани од комисиската расправа во Собранието на Република Македонија, соопштија од владината прес-служба.

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, ја информирал Владата дека во дополнетиот предлог-буџет за 2018 се зголемуваат на финансиски средства за гасификација во висина од 120 милиони денари, блок дотации за градинки, основни и средни училишта, културни установи на регионално ниво со зголемување од 200 милиони денари, во Фондот за здравство од 100 милиони денари и во Инспекторатот за животна средина од 10 милиони денари.

Буџетот за 2018 година веднаш по усвојувањето е проследен до Собранието на усвојување.

Владата на седницата усвоила информација со која се изедначуваат условите за инвестирање на домашните и странските инвеститори. Условите подеднакво ќе важат за сите инвеститори во ТИРЗ-зоните и надвор од нив.

Во согласност со начелото на владата за транспарентно и отчетно трошење на државните средства на денешната седница е донесена одлука со која се задолжуваат министрите, замениците на министри, државните секретари и генералниот секретар да достават информации за службените трошоци направени во рамките на предвидениот буџет во првите шест месеци од преземањето на функциите.

Владата исто така го задолжила Секторот за односи со јавност да изработи софтверско решение за прикажување и визуализација на службените трошоци и истото да го постави на официјалниот сајт.

На седницата е донесена одлука Бирото за јавни набавки веднаш да го надгради Електронскиот систем за јавни набавки.