fbpx
Таг: предизвици

таг: предизвици

Корупцијата во образовниот систем ги саботира шансите за позитивен исчекор

Создавањето на образовен систем без корупција ќе обезбеди еднакви можности за сите ученици и студенти и ќе води кон подобри услови за раст и развој на државата и нејзиниот човечки потенцијал, рече вицепремиерката Славица Грковска на денешната тркалезна маса „Антикорупциско образование – пристапи и предизвици“ која се одржа со поддршка на Канцеларијата на Обединетите нации за борба против дрога...

ССНМ билтен: Положбата на жените во медиумите и предизвиците со кои се соочуваат

Положбата на жените во медиумите и предизвиците со кои се соочуваат, изложеноста од ризици за вербални закани, навреди и физички напад, важноста од обезбедување на економска стабилност е главната тема во новиот број на публикацијата на ССНМ „Новинарството како јавно добро“, во која е опфатен и случајот на вербален напад од вработени на „Комунална хигиена-Скопје“ врз колешката од новинската...

Заврши уште една предизвикувачка учебна година

Прва учебна година со учење според нова Концепција за образование, прва учебна година без печатен дневник за оценување, прекин на наставата поради штрајкот на просветниците за повисоки плати, учење од дома, нереализирани часови, учење по две-три лекции во еден час, за првпат воведено државно тестирање, учество во ПИСА меѓународното тестирање и eлектронски упис на ученици во средното образование. Ова се...

Во четврток шесто издание на глобалниот настан „Ноќ на идеите“ на тема пандемијата со ковид-19

В четврток, 28 јануари, со почеток во 17 часот на платформата Зум ќе се одржи шестото издание на меѓународната манифестација „Ноќ на идеите“ на која преку онлајн дебата на тема „Дигитална ера: Толку далеку, а толку блиску - Новите навики по пандемијата“, ќе учествува и Францускиот институт во Скопје во соработка со Акцелераторот на УКИМ. „Во фокус на изданието во...

За светла иднина, општеството мора да ги подржи младите кои се соочуваа со проблеми и пред пандемијата

Прво треба да видиме што бараат младите, затоа институциите треба да ги сослушаат и да ги подржат младите, кои дејствуваат преку многу младински и граѓански организации. Оваа година најмногу недостигаше дискусија за млади, поголем пристап во политиките, промените, но и да видиме каде се младите во нашето општество и каде треба најмногу да ги подржиме, истакна Стефани Спировска од...

Царовска: Важно е децата да се образуваат во духот на толеранцијата и мултикултурализмот

По повод одбележување на Меѓународниот ден на учителот, денеска се одржа настанот Speech4Teachers што го организираат Фондацијата Отворено општество-Македонија и Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“. На настанот присуствуваше и министерката за образование и наука, Мила Царовска која во своето обраќање до присустните ја истакна важноста и улогата на новинарите без разлика од која етничка заедница...

ФООМ и Фондацијата „Чекор по чекор“ ќе одржат настан „Улогата на учителот во новата реалност“

На 7 октомври, со почеток во 13 часот, во надворешната сала на Хотелот Александар Палас во Скопје, Фондацијата Отворено општество-Македонија и Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ ќе го организираат настанот Speech4Teachers, по повод одбележување на Меѓународниот ден на учителот. Целта е преку обраќањата на неколку образовни експерти, практичари и креатори на образовни политики, да се проговори...

Истражување на Метаморфозис: Наставниците се соочуваат со повеќе проблеми во онлајн наставата

Ситуацијата со техничките помагала, пред сè лаптопи и компјутери, неопходни за одржување на задолжителната онлајн настава се главниот проблем кој се јавува и пред почетокот на новата учебна 2020/21 година. Речиси половина од учесниците (44,5 проценти) изјавиле дека во училиштето, за службени потреби, користат сопствен лаптоп. Додека пак, наставниот кадар, во најголемиот број случаи (84,9 отсто), за службена комуникација...

Мила Царовска: Ковид-19 ни покажува зошто ни треба цврст образовен систем (видео)

Последиците од пандемијата со ковид-19 недвосмислено покажаа оти нашата држава треба да научи дека планирањето на инвестициите во образованието значат многу. Голем е предизвикот да се започне учебната година на ваков начин, со ресурсите кои и досега ги имаа училиштата, бидејќи екстра ресурси, нема. Ова во интервју за Мета го вели Мила Царовска, новата министерката за образование и наука...

Андоновски: Некој мора да го исчисти ѓубрето, а јас сум ѓубреџија во книжевноста

Секој од нас се бори и справува на свој начин, ќе каже писателот Петар Андоновски во една прилика. Неговата извојувана борба во овој случај е книгата „Лето во кое те нема“ која веќе излезе од печат, а своја промоција ќе има вечерва со почеток во 21 часот во „ShortBus“, во склоп на Skopje Pride Weekend. Македонскиот современ писател Андоновски зад...

Oнлајн наставата – тест за дигиталната (не)писменост на наставниците, децата и родителите (1)

Пандемијата на корона вирусот затвори милиони ученици и студенти ширум светот во своите домови. Тие се принудени и да учат од дома зашто немаат друга опција, а тоа е нешто што е предизвик не само за нашиот образовен систем, туку и за системите во далеку поразвиените земји. Многу детски и дневни соби, па и трпезарии периодов се претворени во мини...

Конференција за предизвиците и искуствата на економијата во пресрет на ЕУ 

Предизвиците и искуствата за националната економија во пресрет на процесот на отпочнување на преговорите за влез на земјата во Европската Унија, ќе биде главната тема на дискусија на регионалната конференција во организација на Сојузот на Ротари клубови на Република Северна Македонија, што ќе се одржи на 5 април во хотелот „Double Тree by Hilton“ во Скопје, со почеток од...

Скопје се приклучува во „Програмата ЕБОР зелени градови“

Скопје е првиот град во Северна Македонија кој ќе се приклучи на програмата на ЕБОР за успешно урбано позеленување, и преку „Програмата ЕБОР зелени градови“ ќе развие Акционен план за справување со еколошките предизвици, информираат од ЕБОР. „Изготвувањето на Акциониот план за Скопје Зелен град беше промовиран на првата работилница која се одржа денес. На неа учествуваа преставници од локалната...

Г.г. Стефан: Мора да сфатиме дека работите треба да се решаваат низ дијалог

„За нашиот верен народ и за нашата независна држава, сè уште останува еден од проблемите – тоа што Македонската православна црква (МПЦ) е неприфатена во сеправославното семејство, за жал, од политички причини. Па, Охрид и Црквата во Македонија ниту ги измисливме, ниту се создадени за штета на другите, туку за слава на Бога и за спасение на нашиот богољубив...

Османи: Очекуваме поддршка од Естонија во 2018, која е историска за нашата ЕУ-интеграција

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, за време на работната посета на Естонија, се сретнал со високи претставници на државата, како директорот на канцеларијата за европски прашања, Клен Јарац, претседателот на Комисијата за европски прашања при естонскиот парламент, Томас Витсут, и со претседателот на парламентарната група помеѓу Македонија и Естонија, Ерик Нилс Крос. На средбите се разговарало за билатералната соработка помеѓу Македонија и Естонија, регионалната...

Заев: На Македонија, повеќе од кога било ѝ е потребна Европа

„Mожно и остварливо e Македонија да биде дел од обединета Европа. Граѓаните се обединети како никогаш досега во вредностите што го штитат човековото достоинство, што гарантираат еднаквост пред законот и правда за сите, што обезбедуваат економска стабилност на семејствата и безбедносна стабилност на државата“, вели лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во своето обраќање по повод Денот на Европа и...

Усвоена Римската декларација за иднината на ЕУ

Шефовите на државите и на владите на земјите членки на Европската Унија во Рим ја усвоија Декларацијата за иднината на Унијата во која се нагласува дека ЕУ ќе остане неподелена. Освен тоа, во Декларацијата се вели дека ЕУ ќе напредува со различни брзини и сили во ист правец и дека ќе биде отворена за оние европски земји што ги почитуваат и вложуваат...

Советот на странски инвеститори ќе ги презентира приоритетите за годинава

Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија денеска ќе информира за фокусот на нивната работа во оваа година. На прес-конференцијата, што ќе се одржи во Стопанската комора на Македонија, ќе се обрати претседателот на Советот на странски инвеститори, Штефан Петер. На последната прес-конференција на Советот на странски инвеститори, беше истакнато дека недоследноста на правната сигурност, политичката и општествената нестабилност,...

Најдовме решение во согласност со Уставот, истакнала Шекеринска на средбата со Данкан

Промените што се случуваат на политички план во Македонија и економските предизвици за обезбедување квалитетен живот, биле тема на средбата помеѓу заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, и државниот министер за Европа и за Америка на Велика Британија, Ален Данкан, кој е во дводневна посета на земјава. - Се отвораат светли перспективи за Република Македонија и за граѓаните, со демократските промени...

Хан за „Цајт“: Во Македонија треба да се постигне промена во еден еволуциски процес

Ако не извезуваме стабилност, ќе увезуваме нестабилност - тоа важи како за Балканот, така и за преостанатото соседство на ЕУ, оценува еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан во интервју за електронското издание на германскиот весник „Цајт“, а во кое зборува и за Македонија, пренесува „Дојче веле“. „Во наш интерес е во ПЈР Македонија да има стабилност и развој...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...