fbpx
Таг: предистражни постапки

таг: предистражни постапки

Јанева очекува СЈО да продолжи да работи и по 2020 година како дел од ОЈО

Специјалната јавна обвинителка на денешната прес-конференција соопшти оти очекува реформите во правосудниот сектор да овозможат СЈО и по 2020 година да продолжи да работи како дел од Јавното обвинителство на Република Македонија. - Се надеваме дека ќе бидат донесени соодветни законски решенија во 2020 година ова јавно обвинителство да се трансформира и да се припои кон Јавното обвинителство на Република...

Јанева: Новиот закон за заштита на сведоци ќе важи додека не се реши статусот на СЈО

Специјалната јавна обвинителка очекува СЈО да стане дел од Јавното обвинителство, задржувајќи го автономниот статус, а дотогаш ќе продолжи да работи на предистражни постапки кои произлегуваат од прислушуваните разговори. Ова Јанева ги изјави во „Ноќно студио“ на телевизија „Телма“, каде рече оти очекува Собранието бргу да ги усвои предлог-измените на Законот за заштита на сведоци, кои треба да му овозможат на...

ОЈО во Битола, Скопје и во Кочани водат истраги за шест случаи поврзани со изборите

Основните јавни обвинителства во Битола, Кочани и во Скопје почнале предистражни постапки за шест случаи за извршени кривични дела поврзани со изборниот процес. Како што соопштија денеска од Јавното обвинителство, еден од случаите е во Основното јавно обвинителство Битола, два се во ОЈО Кочани и три во ОЈО Скопје. „Делата за кои се водат постапките се однесуваат на поткуп при избори и...

СЈО: Први јули не менува ништо, продолжуваме со истрагите

Специјалното јавно обвинителство денеска го објави четвртиот шестмесечен извештај за својата работа во периодот од 15 март до 15 септември оваа година. Според извештајот, она што е карактеристично и што го разликува од претходните е што во овој период се поднесени обвиненија за повеќето истраги што ги отвори СЈО. „Поднесени се вкупно 18 обвиненија за 19 предмети против 120 лица за...

СЈО ги проверува имотите на функционери и на фирми за финансиските истраги што ги води

Специјалното јавно обвинителство врши детални проверки на имотот на поголем број лица и фирми, за потребите на финансиските истраги што ги води, соопштија денеска од СЈО. „Пред ова Јавно обвинителство се водат повеќе предистражни постапки кои за цел имаат спроведување на финансиски истраги против поголем број на физички и правни лица. Целта на овие предистражни постапки е да се провери...

СЈО: Сè повеќе граѓани проверуваат дали се прислушувани

Вкупно 81 барање до денеска пристигнале во Специјалното јавно обвинителство од граѓани кои се интересираат дали нивните телефонски броеви биле незаконски следени, соопшти денеска СЈО, додавајќи дека барањата се однесуваат на вкупно 245 телефонски броеви. Од СЈО велат дека сите заинтересирани лица можат до нив да упатат писмено барање, во кое ќе го наведат телефонскиот број или броеви за кои...

На СЈО ќе му треба повеќе од година и пол да ги преслуша сите прислушувани разговори

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во моментов има отворено седум истражни постапки, во кои осомничени се 60 лица, додека вкупната бројка на предистражни постапки се зголемува, изјави денеска портпаролката на СЈО, обвинителката Ленче Ристоска. Голем дел од предистражните постапки, како што посочи обвинителката, се фокусирани на случаи на финансиски криминал, за чие финализирање е потребно повеќе време. Одговарајќи на новинарско прашање, Ристоска рече дека...

СЈО: Имаме изјава од Крпач дека му се заканувале

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) поседува изјава од Коста Крпач во која тој ги известува за заканите што ги добивал, изјави денеска на прес-конференција, портпаролката на СЈО, обвинителката Ленче Ристоска. Таа додаде дека овие докази ги имаат кај нив, а до Основното јавно обвинителство Скопје биле доставени сите релевантни податоци што можат да помогнат во истрагата за околностите за смртта на Крпач. Ристоска...

СЈО е подготвено за „Панама пејперс“

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во моментов води повеќе предистражни постапки за финансиски криминал, а доколку покажат вмешаност на офшор-компании, предмет на истрага ќе бидат и овие финансиски трансакции, велат за „Мета“ од СЈО. Аферата „Панама пејперс“ што од неделата го тресе светот, стана синоним за перење пари и за други финансиски малверзации, а денеска и дел од опозициските партии во земјава...

До обвинителството не пристигнала ниту една пријава за кривично дело поврзано со изборите

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство, [email protected], не пристигна ниту една пријава за кривично дело поврзано со изборите, соопшти...