fbpx
Таг: пречек

таг: пречек

Видеото од дочекот на Путин во ОАЕ е објавено во повеќе светски медиуми

Видеото од дочекот на рускиот претседател Владимир Путин во Обединетите Арапски Емирати било пренесено во повеќе светски медиуми, како Телеграф, Скај њуз, Франс 24, Си-ен-ен, што значи дека истото не било забрането за емитување, како што се тврди во објавата што ја анализираме, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:     Анализираме објава на Фејсбук која споделува видео...

Генералниот секретар на НАТО на скопскиот аеродром пречекан од министерката Петровска

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска на Меѓународниот аеродром - Скопје го пречека генералниот секретар на НАТО алијансата, Јенс Столтенберг. „Добредојдовте во Северна Македонија, посветен и докажан сојузник во Алијансата. Почестени сме што во македонскиот главен град ќе се реализира заедничката средба со лидерите на Северна Македонија и сојузниците – Албанија, Хрватска, Црна Гора и Словенија. Тоа покажува дека НАТО...

Дејан Георгиевски дочекан во Скопје како херој: Голем број граѓани се собраа да прослават

Македонскиот освојувач на сребрен медал во теквондо на Летните олимписки игри во Токио вчера вечер беше дочекан од многубројни граѓани во главниот град. Пред неколку илјади граѓани, Дејан Георгиевски вети дека на наредните олимписки игри во Париз ќе освои златен медал и ќе ја израдува повторно нашата земја. На прославата во Скопје, на бината до Георгиевски застанаа и неговиот брат...

Градот Скопје обезбедува чартер и пречек за ракометарите на „Вардар“, како и награда од 100.000 евра

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов побарал од советниците, Град Скопје на РК „Вардар“ да му даде награда во износ од шест милиони денари. Градот, исто така, ќе организира чартер лет за ракометарите да пристигнат порано од предвидениот редовен лет. ЈСП Скопје пак ќе обезбеди два двокатни автобуси со кој заинтересираните бесплатно ќе бидат превезени до скопскиот аеродром за дочекот на ракометарите. -Од...

Плоштадот полн, се чека 20 минути за влез за мисата на папата (Галерија)

На час и половина пред почетокот на мисата на папата Франциск, плоштадот Македонија речиси е полн со верници, бискупи, надбискупи, гости од регионот, но и од светот. Во масата граѓани, речиси исто толку се слуша хрватскиот јазик колку и македонскиот, оти е голем бројот на Хрвати од Хрватска и од БиХ. Приодите кон плоштадот беа отворени пет часа пред почетокот...

Нова квазиисториска лекција на бугарскиот весник „24 часа“

Бугарскиот весник „24 часа“ вчера објави текст кој привидно се однесува на работата на заедничката македонско-бугарска комисија за учебниците и за историјата, но всушност претставува уште едно држење лекции за историјата, но онака како што ја гледаат бугарските национал-романтичари. Во статијата во која се изнесуваат традиционалните бугарски историски погледи, кои не ги земаат предвид фактите што ги утврдила и македонската...

Одбојкарите освоија сребрен медал и никој не ги пречека

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија, која вторпат го освои сребрениот медал во Европската лига, вчеравечер се врати дома, но за неа немаше организиран пречек, како за ракометарите, па сами минаа низ Порта Македонија, на плоштадот ја отпеаја македонската химна и потоа заиграа оро. Како што извести „Екипа“, од „пречекот“ директен пренос од својот мобилен телефон преку „Фејсбук“ правел капитенот Никола...

Камион пропадна во фонтаната на плоштадот Македонија

Додека течат подготовките за пречек на ракометарите на „Вардар“ на плоштадот Македонија, камион пропадна во т.н. сува фонтана. Засега не е познато како се случил овој инцидент, ниту во чија сопственост е камионот. Таканаречената сува фонтана во употреба беше пуштена пред помалку од две години, а Градот Скопје и тогашната Влада за неа потрошија 2,5 милиони евра. На плоштадот Македонија во...

Скопје утре ќе ги пречека ракометарите на Вардар – новиот европски ракометен шампион

Градот Скопје утре на плоштадот Македонија ќе организира пречек на новите европски ракометни шампиони - ракометарите на Вардар. Ракометарите на Вардар, како што соопштија денеска од Град Скопје, се очекува да слетаат на аеродромот „Александар Велики“ утре во 11.15 часот, од каде ќе се упатат кон плоштадот Македонија, преку булеварите Александар Македонски, Гоце Делчев, Крсте Мисирков и Кочо Рацин. Во 13...

Началникот на СВР Штип не го пречека, но разговараше со заменик-министерот Андонов

Новиот началник на Секторот за внатрешни работи Штип, Љупчо Трајковски, не излезе пред влезот да го пречека дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Оливер Андонов, кој денеска беше во посета на СВР Штип. Андонов, во изјава за новинарите, ова го протолкува како јасен показател за сериозните недоразбирања меѓу него и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. - Вие бевте информирани за...

Путин: Немаме намера да нападнеме земји членки на НАТО

Русија нема планови за напад на земјите членки на НАТО и нема да ги нападне Полска, балтичките земји или Чешка, но доколку Западот испорача ловци Ф-16 на Украина, тогаш...