fbpx
Таг: празник

таг: празник

Муслиманите денеска го слават празникот Рамазан Бајрам

Припадниците од исламска вероисповед денеска го празнуваат празникот Рамазан Бајрам. Големиот празник го означи крајот на триесетдневниот пост од утро до мрак во кој секој муслиман покрај од храната и пијалакот се откажува и од лоши мисли и дела, посветувајќи се на молитва и на духовност. Како еден од столбовите на исламот, Рамазан е месец на добрина, милост, љубов и...

Православните христијани денеска го одбележуваат Бадник

Православните христијани во земјава денеска го одбележуваат христијанскиот празник Бадник. По 14 пат, во 75 градови и села во земјава и пет во дијаспората, се одржуваат бадниковите поворки, како форма на радосно здружување на децата, кои после коледарењетo во своите маала, се собираат на однапред договорено зборно место за заедно, свечено и достоинствено да поминат одредена патека пеејќи ја...

Претседателот со честитка по повод празникот Свети Климент Охридски

Претседателот Стево Пендаровски, по повод христијанскиот празник Свети Климент Охридски упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Господин Господин Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима и до сите верници од православната вероисповед. „Дозволете ми да Ви упатам искрени честитки по повод големиот христијански празник Св. Климент Охридски и да Ви посакам празникот да го...

Муслиманите го слават Рамазан Бајрам – пораки за мир, добрина и почит

Муслиманските верници денеска го слават Рамазан Бајрам, еден од најголемите празници кој следува по завршувањето на постот во месецот Рамазан. Централната манифестација во земјава утрово се одржа во Мустафа-пашината џамија во Скопје. По молитвата за Бајрам, муслиманите си честитаа со пораки за мир, добрина и почит. Свои честитки упатија и политичките лидери во Северна Македонија. Претседателот Стево Пендаровски во својата честитка на...

Честитки од државниот врв по повод муслиманскиот празник Курбан бајрам

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Курбан бајрам, упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема хаџи хфз. Шаќир ефенди Фетаху и до сите граѓани од исламска вероисповед во Република Северна Македонија. „Пред се, Курбан бајрам е празник на солидарноста и негувањето на добрите навики на милосрдието, дарежливоста и човечноста кон ранливите кои имаат насушна потреба од...

Пендаровски: Духовното и книжевното дело на Свети Климент Охридски е трајно врежано во македонското културно наследство

Претседателот Стево Пендаровски, по повод христијанскиот празник Свети Климент Охридски, упати честитка до Господин Господин Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима. Во честитката тој пишува дека, како еден од најистакнатите ученици и следбеници на сесловенските браќа, светите Кирил и Методиј, Климент Охридски со отворањето на Охридската книжевна школа, позната и како Прв универзитет на Балканот, остави непроценлив...

Започна свеченоста по повод јубилејот 80 години од Денот на народното востание – 11 Октомври (Во живо)

Продолжуваат свеченостите по повод 11 Октомври – Денот на народното востание и во чест на 80 годишнината од овој настан. Денеска во Прилеп, делегации на државниот врв, на општествено-политичките организации, на Армијата, на борците, на дипломатскиот кор и на гостите од странство, ќе положат венци свежо цвеќе на спомениците на Методија Андонов Ченто, Кузман Јосифовски Питу, и на спомен...

Петок, 28 август е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Петок, 28 август Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) е неработен ден за граѓаните од православна верисповед во Република Северна Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика. Воедно, МТСП им го честита празникот на граѓаните од православна верисповед во државата.

За продолжениот викенд во Охрид регистрирани 409 прекршоци за неносење заштитна маска

„Светото тројство“ периодов - носење заштитна маска на лицето, држење дистанца и дезинфекција на рацете се чини дека викендов во најголема мера не беше испочитувано во туристичките места каде имаше големи собири на луѓе поради продолжениот празничен викенд. Јавноста за ова се увери преку социјалните мрежи каде што се споделија фотографии од преполните охридски плажи, кафулиња, центарот на градот,...

Спасовски: Оваа година Рамазан Бајрам поттикнува желба за меѓусебна почит и солидарност

По повод големиот муслимански верски празник Рамазан Бајрам, премиерот Оливер Спасовски упати честитка со која посочи дека оваа година, празникот има посебно значење поради актуелната криза предизвикана од пандемијата на Ковид-19. „Оваа година Рамазан Бајрам, како празник на обновата на духовната сила којашто ја зајакнува вербата на луѓето во доброто, вистината, правдата и поттикнува желба за меѓусебна почит, разбирање и...

Штип постхумно го одликува првиот македонски премиер – сограѓанинот Кљусев

На 19-ти декември, семејството на првиот претседател на експертската влада во самостојна Македонија, Никола Кљусев, ќе го добие орденот „Свети Никола“, што се доделува на празникот - патрон на Штип. Образложувајќи ја одлуката, градоначалникот Благој Бочварски рече дека овој потег покажува одлучност да се работи на социјалната кохезија, со цел општествен напредок, раст и развој. - Штип го дал и...

Планинарскиот дом на Водно ги чува спомените од битката за ослободување Скопје на 13 ноември 1944 година

По повод Денот на ослободувањето на Скопје, 13 Ноември, потсетуваме дека во градот и околината постојат многу места на кои се чуваат спомените на борбите преку кои единиците на Народноослободителната војска на  Југославија и партизанските одреди (НОВ и ПОЈ) од Македонија го истерале германскиот нацистички окупатор од градот. Во тоа време Скопје служел како важна стратешка точка на рутата на...

Понеделник 22 април е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ, 22 април 2019 година (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден, е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Република Северна Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од католичка вероисповед им го честита празникот.

Божик ќе биде неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека 7 јануари 2019 година (понеделник), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија. Претходниот ден, Бадник, пак е неработен за православните, односно бидејќи станува збор за недела, за оние што работат и во неделите тој треба да биде неработен ден или да биде...

Четврток, 11 октомври, неработен ден за сите граѓани

Денот на народното востание 11 Октомври (четврток) е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика. МТСП им го честита Денот на народното востание на граѓаните на Република Македонија.

Вторник, Пресвета Богородица, неработен ден за православните

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ, 28 август 2018 година, вторник, поради празникот Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), е неработен ден за граѓаните од православна верисповед. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика им го честита празникот на граѓаните од православна верисповед.

Понеделник е неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците, вториот ден на Велигден според православниот календар, 9 април (понеделник) е неработен ден за сите граѓани. Истовреме, Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните од православна вероисповед им го честита големиот христијански празник Велигден.

Честитка на Мицкоски до српската заедница по повод празникот Свети Сава

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од свое лично и од име на партијата упати честитка до српската заедница во Македонија, по повод празникот Свети Сава. Тој нагласи дека делото и учењето на Свети Сава оставиле силни универзални вредности на балканските христијански народи, кои „нè обединуваат во заложбата за создавање подобра иднина“. „Ваквите празници се исклучително значајни за нашето заедничко почитување,...

Иванов: Празнувањето на Свети Сава е потврда на заложбите за меѓусебно почитување

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов упати честитка до припадниците на српската заедница во Македонија, по повод празникот Свети Сава. Иванов во честитката вели дека преку празнувањето на денешниот ден, 27 јануари – Денот на првиот српски архиепископ, просветител и духовник Свети Сава, „ние ги потврдуваме нашите заложби за меѓусебно зближување и почитување“. „Српската заедница била и ќе биде неотуѓив дел...

Православните верници го слават Богојавление – Водици

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление – Водици, поврзан со крштевањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на Јован Крстител. Празникот, кој уште се нарекува Водици поради големото осветување на водите што го извршува црквата на овој ден, се празнува уште од вториот век од нашата ера. На овој ден, традиционално во реките се положуваат...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...