fbpx
Таг: православни

таг: православни

Не е точно дека ниту еден политичар Албанец не упатил божиќна честитка до Македонците

Тврдењето изнесено во објавата дека „ниеден од клучните албански фактори дали биле позиција или опозиција воедно и од исламска вероисповед не прати честитка за Божиќ до Македонците“, не е точно. Фактите говорат поинаку, а тоа лесно може да се провери доколку се посетат официјалните Фејсбук страници на албанските политичари, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Објава...

Украинците не се „покатоличени“, туку ревидиран е календарот за празнување на Божиќ

Мнозинството граѓани во Украина се изјаснуваат како православни, а не како католици. Украина е претежно православна христијанска нација, каде 8 од 10 возрасни граѓани (78 проценти) се изјаснуваат како православни, покажува истражувањето од Пју Рисрч Центарот од 2015 година. На 25 мај 2023 година, Православната црква на Украина објави дека се менува календарот и Божиќ ќе се слави на 25...

Бадник е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ, 6 јануари 2019 година (недела), Бадник, ден пред Божик, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика им го честита Бадник на граѓаните од православната вероисповед во Македонија.  

Понеделник неработен за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека понеделник, 8 јануари, ќе биде неработен за сите граѓани. Според Законот за празниците, Божик, 7 јануари, е неработен ден за сите граѓани, но бидејќи годинава тој паѓа в недела, неработниот ден се поместува на понеделник. Министерството за труд и социјална политика им го честита Божик на граѓаните од православна вероисповед.

Обама со честитка до православните христијани

Честитка до сите христијани од православна вероисповест во Америка и во светот упати претседателот на САД, Барак Обама. „Мишел и јас би сакале да упатиме честитки до членовите на православната христијанска вера во Америка и секаде во светот по повод празнувањето на Велики петок, Велигден и завршувањето на велигденските пости. За православните христијани, ова е момент да се потсетат на Исусовата...

Православните христијани денеска го одбележуваат Велики петок

Денеска православните христијани го одбележуваат Велики петок, денот на најстрогиот пост, кој уште се вика и Распет петок, зашто на тој ден е распнат Исус Христос. Поради тоа овој ден се смета за најтежок празник во христијанската религија. Велики петок, наспроти вообичаеното одбележување на верските празници со свети литургии и со принесување на таканаречената бескрвна жртва, се празнува со читање...

Православните христијани слават Успение на Пресвета Богородица

Православните верници денеска го слават празникот Успение на Пресвета Богородица или Голема Богородица — значаен христијански празник посветен на смртта на Марија, мајката на Исус Христос. Христијаните веруваат дека, како и Исус, и Богородица, по смртта воскреснала и заминала на небото, како со душата така и со телото. Оттаму и називот успение, што значи искачување. Овој ден се празнува на...

ВМРО-НП: Специјалниот советник на Али Ахмети да застане на чело на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-Народна партија ја поздравува храбрата одлука на Бранислав Синадиновски, кој е специјален советник на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, истовремено да застане на чело на Иницијативниот одбор за формирање  Албанска православна црква во Република Македонија, како прв чекор во остварување на правата на православните Албанци во земјава. „ВМРО-Народна партија го прашува иницијаторот, зошто дури сега се охрабри да го објави...

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...