fbpx
Таг: права

таг: права

Mej: Граѓаните на ЕУ нема да ги имаат истите права во Велика Британија по Брексит

Британската премиерка Тереза Меј изјави денеска дека, граѓаните на Европска унија кои ќе дојдат во Велика Британија за време на транзицискиот период по Брексит, нема да ги имаат истите права за да останат во таа земја, како претходно, додека земјата беше членка на ЕУ. Меј, која се наоѓа во посета на Кина, изјави дека ќе бори против предлогот, граѓаните на ЕУ...

Новиот закон за возила предвидува еколошки налепници и посебни таблици за таксистите

Министерство за економија е во процес на подготовка на предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за возила. Со предлог-законот се воведуваат посебни таблици за такси возилата и се воведуваат еколошки налепници за возилата. „Предлог-законот има за цел да ги уреди постапките за остварување на заштитата на правата и правните интереси на физичките лица, правните лица, како и заштитата на јавниот...

ВМРО-ДПМНЕ: Политичкиот прогон мора да престане

Во Македонија нема да има атмосфера за конструктивна дискусија се додека пратеници, уметници, доктори, архитекти, актери, оперски пејачи и полициски службеници се прогласуваат за терористи, се вели во денешното соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, во кое опозициската партија повторно реагира на притворањето на лицата осомничени за насилствата во Собранието од 27 април, оваа година. „Судот наместо да одлучува врз основа на...

Советот за утврдување на факти бара да не биде укинат до Нова година

Советот за утврдување на факти, кој треба да биде укинат со предлог-закон, бара од Собранието и од Министерството за правда престанокот на работа да важи од први јануари 2018 година, а не со денот на објавување на новото законско решение во „Службен весник“. Од Советот денеска соопштија дека во понеделникот доставиле барање до Собранието и до координаторите на пратеничките групи од...

Каталонците стапуваат во генерален штрајк

Каталонците денеска стапуваат во генерален штрајк, кој ќе го блокира функционирањето на најголем дел од регионот кој бара независност, односно од одвојување од Шпанија, пренесува „Би-би-си“. Штрајкот го организираат каталонските синдикати и трговските здруженија, поради, како што се наведува, тешко кршење на правата и на слободите, за време на обидот за одржување на референдумот во неделата. https://twitter.com/guardian/status/915116560930476033 Шпанските централни власти, врз основа...

Меркел го поздрави предлогот на Меј за правата на европските граѓани по Брексит

Германската канцеларка Ангела Меркел го поздрави предлогот на британската премиерка Тереза Меј, која на првиот ден од самитот на лидерите на Европската Унија во Брисел изјави дека државјаните на земјите од ЕУ што живеат во Велика Британија ќе можат да останат во земјата и по нејзиното излегување од Унијата. „Тоа е добар почеток. Но, нормално има уште многу прашања“, изјавила доцна...

Статусот на Египќаните на Балканот е најлош во Македонија, смета Земон

Владата на Република Албанија достави предлог-закон за заштита на националните малцинства по кој парламентот ќе одлучува наредниот месец. Опозицијата не учествува, меѓутоа не е сигурно колку владејачките партии ќе бидат согласни до бројот потребен за да се изгласа законот. Ако тоа се случи, Албанија веќе ќе биде една нова земја, чија постапка ќе има пошироки позитивни реперкусии на Балканот. Во...

На денешниот Марш на жените, учесничките испратија пораки за еднакви плати и права

Со транспаренти на кои пишуваше „Дали е среќен 8 Март?“,„Не сакам тава, сакам права“, „Не сакам цвеќе – сакам права“, учесничките на денешниот Марш на жените порачаа дека сакаат еднакви права, еднаква плата, достоинствен третман и должно почитување. Маршот беше организиран од Платформата за родова еднаквост по повод 8 Март - Меѓународниот ден на жената. Според организаторите, жените во Македонија се економски нееднакви со...

Повеќе од два милиони луѓе излегле на протестите против Трамп во САД

Повеќе од два милиони луѓе учествувале на „Женскиот марш“ што се одржа вчера во голем број градови во САД, протестирајќи против изборот на Доналд Трамп за претседател на САД и против политиките што ги застапува. Главниот протест се одржа синоќа во Вашингтон, каде околу еден милион луѓе изразија револт поради ставот на новиот американски претседател за женските права за кои демонстрантите...

Македонија да биде држава со европски вредности, порача Мета

Претседателот на албанскиот парламент, Илир Мета, даде поддршка на лидерот на Демократската унија на Албанците, Али Ахмети, за неговата иницијатива за обединување на Албанците во Македонија во една заедничка платформа, јавува дописничката на „Мета“ од Тирана. „Нашиот интерес е Македонија да биде држава со европски вредности и Албанците да имаат целосни права,“ изјавил Мета при посетата на Пешкопеја.

Повредата на избирачкото право граѓаните да ја пријават кај Народниот правобранител

Граѓаните утре, на денот на изборите, ќе можат да пријават повреда на избирачкото право во седумте канцеларии на Народниот правобранител во Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и во Штип, информираат од кабинетот на Народниот правобранител. - Народниот правобранител истакнува дека избирачкото право е уставно загарантирано како еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање и дека...

Европската Унија ѝ порача на Турција да си ја заштити демократијата

Европската Унија денеска оцени дека загрижува неодамнешниот развој на случувањата во Турција и ја повика оваа држава да продолжи со политичкиот диjалог со опозицијата и да ја заштити својата демократија. Во соопштението на високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на ЕУ, Федерика Могерини се вели дека иако државите членки на ЕУ ја препознаа потребата Турција да преземе соодветна акција при...

Со резолуција ќе се бара албанската влада да ги унапреди правата на македонското малцинство

Делегатите од 20 земји кои претставуваат повеќе од 30 малцинства во Европа, на 61. конгрес на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) во Вроцлав, едногласно, усвоија резолуција која ја испратија до владата на Албанија и до други институции, посветена на правата на македонското национално малцинство во оваа земја. Поднесувачот, македонско друштво „Илинден“ од Тирана, соопшти дека документот за првпат е...

ССМ: Кампања за организирање и за мобилизирање ново членство

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) ќе го одбележи Меѓународниот ден на трудот со кампања за организирање и за мобилизирање ново членство. Кампањата ќе се реализира во текот на целата година, а ќе биде фокусирана и на зачленување во синдикатите на неорганизираните работници, давање институционална можност за остварување колективна заштита и обезбедување социјална правда, социјална инклузија, солидарност и колективно обезбедени...

„Цивил“: Преговори може, но со повеќе партии и граѓански организации

Центарот за слобода „Цивил“ ја поздравува иницијативата да се продолжат преговорите за надминување на политичката криза, овојпат во Виена. Во соопштението што го испратија до медиумите, од невладината организација велат дека со оглед на неуспехот на преговорите што се водеа и досега, неисполнувањето и опструкцијата на спроведувањето на договорот за надминување на политичката криза, продолжувањето на преговорите мора да добие поинаков...

Зоран Заев од Охрид вети подобрување на положбата на жената

Ајде сите заедно да го проветриме заедничкиот дом што се вика Македонија и да си ја вратиме земјата на вистинскиот, европскиот пат. Ова денеска го истакна лидерот на опозицијата, Зоран Заев, во говорот пред жените учеснички на традиционалниот осмомартовски марш во Охрид, организиран од форумот на жени на СДСМ под мотото: „Ти си таа промена - Заедно за Македонија!“. - Промените се почнати....

Ахмети: Наша цел е еднаквост на Албанците и Македонците

Нам Албанците во овие времиња ни треба уште повеќе ум, за да ги унапредиме сите прашања во однос на статусот на Албанците и да ја заокружиме целта, а таа е еднакви права на двата најголеми народа - албанскиот и македонскиот, рекол лидерот на ДУИ, Али Ахмети во своето обраќање на Свечената академија што денеска се одржа во Скопје по...

Сивата економија во државата изнесува 26 проценти

Сивата економија во државата може да изнесува и до 26 проценти, иако податокот до кој дојдовме вели дека тој процент е 22,5 отсто, истакна првиот човек на Сојузот на синдикати на Македонија, Живко Митревски. Поради ова, ССМ во следниот период ќе почне со кампања против непријавената работа. Една од мерките ќе биде едукација на младите за нивните права, односно дека треба...

Основците од Тетово се запознаваа со улогата на Народниот правобранител

Што претставува институцијата Народен правобранител и кои се детските права, осмоодделенците од основното училиште „Андреа Савески Ќиќиш“ од Тетово имаа можност да слушнат лично од заменичката на народниот правобранител, Ирина Стојановска. Посетата беше во рамки на проектот за збратимување, „Промоција на надлежностите на Народниот правобранител и јакнење на неговите институционални капацитети“. - На децата од основното училиште „Андреја Савески Ќиќиш“ им ја...

Трибина во Гирокастро: Македонците се пожалија за правата пред OБСЕ и пред албанските власти

Во јужниот албански град Гирокастро, се одржа трибина за положбата и за правата на малцинствата во Албанија, во организација на Народниот правобранител од земјата и на ОБСЕ. Говореа албанскиот праворанител, Игли Тотозани, и заменик-амбасадорот на ОБСЕ, Роберт Вилтон. Учесници беа и претставници на Министерствoто за надворешни работи, за образование и за социјална заштита, како и Државниот комитет на малцинствата. На трибината...

Ниту едно од поглавјата за преговорите со ЕУ не е отворено

Во својата програма за парламентарните избори во 2020 година, СДСМ вети дека 80 отсто, односно 25 од 33 поглавја за влез во ЕУ, ќе бидат отворени до крајот на нивниот...