fbpx
Таг: пратеници

таг: пратеници

Собранието ги изгласа законите од Пржино

Пратениците  во Собранието на пленарна седница ги изгласаа законите кои политичките партии, потписнички на Договорот од Пржино ги договорија во петокот. Пратениците по скратена постапка гласаа за измени и дополнувања во Изборниот законик, за измени и дополнувања на Законот за кривична постапка, за законот за заштита на приватноста, за законот за заштита на укажувачите и за законот за влада. Најголемите дебати се...

СДСМ: Владејачката партија не сака денеска да се изгласаат новите министри

Пратениците на СДСМ сметаат дека владејачката партија намерно не сака денеска да се изгласаат и предлозите за нови министри, па поради тоа пленарната седница и комисиските расправи се закажани толку доцна. Ова го изјави координаторот на пратеничката група на СДСМ, Горан Сугаревски, кој на пленарната седница побара законот за влада, наместо последна, да биде прва точка на дневниот ред. – Бараме законот...

Во Хрватска утре се одржуваат редовни парламентарни избори

Хрватските граѓани утре ќе гласаат на редовни парламентарни изобри, кои се оценуваат како најнеизвесни и на кои малку е веројатно двете најголеми партии, СДП и ХДЗ, да го освојат мнозинството потребно за формирање влада. Според последното истражување на јавното мислење, кое за емисијата „Дневник“ на „Нова ТВ“ ја објавила агенцијата ИПСОС, двете политички партии и нивните коалиции в понеделник би...

Пратениците денеска ќе гласаат за буџетот на Јанева

Пратениците на денешната седница на Собранието ќе треба да го одобрат буџетот на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, за таа да може да работи. Средствата во износ од 63.420.428 денари или околу еден милион евра, како што се посочува во одлуката, се наменети за непречено работење и за автономно функционирање на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои...

Француската амбасадорка на средба со пратениците

Француската амбасадорка во Македонија, Лоренс Оер, денеска во Собранието на Република Македонија ќе има средба со пратеничката група за соработка со Парламентот на Франција. Членови на оваа пратеничка група се Љубиша Николиќ, Александар Николовски, Даниела Рангелова, Сузана Секуловска, Васил Пишев, Џевад Адеми, Беким Фазлиу и Миле Андонов.

Министрите денеска ќе одговараат на пратенички прашања

Пратениците во Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржат 72. седница на која пратениците ќе поставуваат прашања до членовите на Владата. Ова е втора седница за пратенички прашања откако опозицијата се врати во Собранието. Седниците за пратенички прашања се одржуваат секој последен четврток од месецот.

Пратениците од Источна Македонија, ретко на собраниската говорница

Избраните пратеници од Источна Македонија, односно од изборната единица број три, во Собранието настапувале блоковски, односно, онака како што ќе каже партијата, а не според сопственото видување. Ова го покажала анализата на Институтот за демократија, која денеска беше презентирана во Штип. Во аналзираните 2.000 говори на пленарни седници и на собраниски комисии, доминарале десетминутни говори на пратениците од владејачкото мнозинство, во...

Шекеринска: Ќе покренеме барање за намалување на бројот на пратеници

Да се воведе втора смена во институциите за граѓаните да можат да добијат информација во кое било време во денот, а за добивање информација од институција да се чека 15 наместо 30 дена, седница на пратенички прашања во Собрание да се одржува еднаш неделно, наместо еднаш месечно, задолжителни дебати на МРТВ, а на овие дебати задолжително да се кани и...

Трибина за работата на парламентот: Пратениците немаат интегритет

Пратениците немаат интегритет, носат одлуки како што ќе им наложи нивната партија. Дебатата во парламентот не постои, аргументите за одредени прашања на народните избраници веднаш се отфрлаат како неоправдани од нивните политички опоненти или вооопшто не се земаат предвид. Ова се заклучоците од анализата на работата на парламентот, реализирана од Институтот за демократија, како дел од проектот „Собранието под...

Партиите во Битола тргнаа во битка за пратеници

Шест месеци пред парламентраните избори, додека партијата на власт ги брои и ги пребројува потенцијалните гласачи, опозиционерите почнуваат со формирање штабови, нови кадровски решенија и со решавање на техничките и организациски проблеми. Либералдемократите во Битола избраа нов локален лидер, а СДСМ го крои новиот предизборен партиски штаб. Иако е вообичаено првиот човек на партискиот штаб да биде локалниот лидер на партијата,...

Груевски: Треба да имаме 20 пратеници од дијаспората

Почнуваат разговорите за изборите и за изборната регулатива и би сакале да имаме транспаренти чисти и правични избори, изјави премиерот Никола Груевски во Могила, одговорајќи на новинарско прашање за изборната регулатива. Во тој правец, како што нагласи Груевски, ќе ја поддржи секоја идеја. Премиерот, меѓу другото, истакна дека најдобар модел за гласање e мнозинскиот модел. Што се однесува до гласањето на дијаспората,...

Владата бара кризната состојба на јужната граница да се продолжи за цела година

На денешната пленарна седница на Собранието, пратениците ќе гласаат за продолжување на кризната состојба на јужната граница поради зголемениот број на бегалци што транзитираат низ земјава. Владата побарала од Собранието пратениците да донесат одлука за кризната состојба да се продолжи до 15 јуни 2016 година. На седницата што се одржа на 19 август, Владата донесе одлука да се прогласи кризна состојба во период од...

Партиите договорија нов закон и име за специјален обвинител

По маратонските разговори на работните тимови на преговарачките групи, партиите утрово постигнаа договор за посебен закон за специјалниот јавен обвинител, дознава „Мета“ од извори блиски до преговарачките тимови. Како што дознаваме, постигнат е договор и за името на специјалниот обвинител, за кое се очекува да биде соопштено денеска. Според процедурата, законот би требало денеска веќе да се најде пред пратениците во...

Пратениците заглавија со прeпукување наместо да изберат потпретседател

На денешната пленарна седница на Собранието, на која треба да се избере потпретседател на законодавниот дом и членови на неговите работни тела, пратениците заглавија околу тоа кој колку сработил и направил. Пратеникот Горан Мисовски од НСДП рече дека демократскиот капацитет на пратеничката група на СДСМ се гледа по изјавата која координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, ја дал на 1 септември, денот кога...

Пратениците од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ се скараа уште на првата заедничка седница

Уште на првото учество на пратеничката група на СДСМ во Собранието, пратениците се скараа на пленарна седница. Откако го изгласаа дополнувањето на дневниот ред, за кој пратеникот Амди Бајрам цело време гласаше против, а со кој беа додадени точките за именување на потпретседател на Собранието и на членови на работните тела, збор зеде Горан Сугаревски, координаторот на СДСМ. Додека Сугаревски...

Денеска ќе се избира потпретседател на Собранието од редовите на СДСМ

Собранието денеска ќе одржи две седницци на кои ќе се гласа за предлогот Рената Тренеска-Дескоска да биде потпретседател од редовите на СДСМ. Пратениците ќе гласаат и за пополнување на испразнетите места во собраниските комисии и тела. Пратеникот Горан Мисевски ќе биде претседател на Комисијата за надзор над спроведувањето на посебната истражна мерка за следење на комуникациите од МВР, Управата за финансиска полиција,...

Пратениците од СДСМ до среда нема да бидат дел од комисиите на Собранието

Пратениците од СДСМ најдоцна до среда, официјално ќе станат членови на собраниските комисии. Пратеничката група на СДСМ вчера ги поднела предлозите за претседатели и за членови за комисии, но сè уште не можат да почнат да работат. Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ, претседател на Комисијата за избори и за именувања, вели дека треба да се направат неколку усогласувања, па потоа да...

Димовски: Нема да дозволиме Собранието да биде орган за интересите на СДСМ

Во Собранието на Република Македонија се донесоа низа значајни закони и одлуки кои се од директен интерес на граѓаните, додека пратениците од СДСМ не работеа, истакна денеска Илија Димовски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, пред доаѓањето на пратениците од СДСМ во Собранието. - Република Македонија е парламентарна демократија во која граѓаните избираат свои пратеници, чија обврска е да ги...

Заев: Ако не се избере специјален обвинител до 15 септември, Договорот од Пржино нема да биде валиден

На 28 мај лани, од ова место порачав дека Никола Груевски мора да ја преземе одговорноста за криминално спроведените избори, изјави на денешната прес-конференција пред портите на законодавниот дом, лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Тој рече дека тогаш ги соопштил и ставовите на опозицијата, за одвојување на партијата од државата, владеење на правото и за почитување на темелните уставни вредности. -...

СДСМ денеска се враќа во Собранието

По 15-месечен бојкот, пратениците на опозицијата денеска треба да се вратат во Собранието на Македонија. Враќањето во парламентот на пратениците од СДСМ и од коалициските партнери е дел од Договорот од Пржино за решавање на политичката криза во земјата.  

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...