fbpx
Таг: пратеници

таг: пратеници

Хамачек: ЕУ не би била целосна без вас

Претседателот на чешкиот Дом на пратениците, Јан Хамачек, во своето обраќање пред пратениците во Македонија, рече дека не треба да нè вознемирува тоа што по 10 години кандидатски статус сè уште не сме почнале со пристапните преговори. - Да, невообичаено е, но ЕУ веќе е таква – секој круг проширување е поинаков и специфичен. Унијата во која ќе влезете ќе...

Специјалното обвинителство бара итно да се донесе законот за јавнообвинителска служба

Загриженост за одолжувањето на процесот на носење на законот за јавнообвинителска служба денеска изрази Специјалното јавно обвинителство. Според соопштението, без законот, функционирањето на Специјалното јавно обвинителство ќе биде значително отежнато од причина што стручниот, истражниот и административниот кадар имаат значајна улога за непречено извршување на работите и се еднакво неопходни како и јавните обвинители. Од обвинителството апелираат до надлежните...

Пратенички прашања на седница на Собранието

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 77. седница. На седницата ќе бидат поставувани пратенички прашања.

Анкетната комисија за скандалот со прислушување денеска продолжува со работа

Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето денеска треба да продолжи со работа во Собранието. Комисијата одржа седница и во петокот, кога претседателот на комисијата, Петре Шилегов, го најави и белгискиот експерт Питер Ванхауте, кој требало да даде исказ за членот 16 од деловникот, кој се однесува на гласањето на претседателот. Тој ја одложи седницата за денеска, со образложение дека дошло до,...

Ванхауте утре ќе присуствува на седницата на Анкетната комисија за прислушувањето

Белгискиот олеснувач Питер Ванхауте утре ќе присуствува на седницата на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето. Причината за тоа е што членовите на оваа комсија веќе две седници не можат да го усвојат деловникот за работа. Најспорна точка за членовите од парламентарното мнозинство е ставката од членот 16 од деловникот, со кој се предвидува дека во случај на изедначени гласови на...

Собраниска расправа за стратегијата за проширување на ЕУ

Денеска во Собранието ќе се одржи јавна расправа за стратегијата за проширување на Европската унија, организирана од Националниот совет за евроинтеграции. Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат и комисиите за здравство и за економски прашања, кои ќе ги разгледуваат соодветните поглавја од извештајот за напредокот на земјата за 2015 година.

Собранието го изгласа буџетот за 2016 година

Со 66 гласа „за“ и со 28 гласа „против“, пратениците во Собранието, пред полноќ, го изгласаа буџетот за 2016 година. Станува збор за досега најголем буџет, кој тежи 3,2 милијарди евра. Опозицијата гласаше против, бидејќи, како што пратениците повеќепати истакнаа за време на петдневната дискусија, овој буџет е расипнички, недомаќински, нереален, неразвоен, нетранспарентен. Буџет, кој, според нив, ќе ги зголеми сиромаштијата, задолжувањето...

Беџети: Расправата за буџетот е само еден лош театар

Денеска е во тек третата собраниска расправа за дополнителниот предлог-буџет, на која пратениците меѓу себе се расправаат за тоа што направила власта, а што опозицијата, а најмалку дебатираат за ставките во буџетот што ги засегаат граѓаните и од кои зависи економскиот просперитет на државата. Пратениците од собраниските говорници признаа дека јавноста е сведок на лош театар. Опозицијата ја обвинува власта дека...

Рилкоски: Не сум оптимист дека бројни слабости ќе бидат отстранети до изборите

Во сите претходни изборни циклуси се детектирани бројни слабости, но не сум оптимист дека тие во целост ќе бидат отстранети за претстојните парламентарни избори, кои ќе се одржат наредната година, вели претседателот на Државната изборна комисија, Никола Рилкоски. - Ненавремениот увид во избирачките списоци, влијанието и притисоците од политичките партии врз гласачите и членовите на избирачките одбори, притисоците и манипулациите...

Денеска во Собранието ќе се избираат членови на анкетната комисија

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, за денеска напладне ја закажа собраниската седница на која единствена точка на дневен ред е предлог-одлуката за избор на претседател, заменик-претседател и на членови на анкетната комисија за скандалот со прислушувањето. Анкетната комисија ќе има 16 членови, осум на предлог на ВМРО-ДПМНЕ, четворица од СДСМ, двајца од ДУИ, еден од ДПА и еден независен пратеник. За претседател на...

Трибина на МОСТ за еколошките прашања во Струга

Во рамките на проектот „Мобилен парламент“, граѓанската асоцијација МОСТ, денеска во 18 часот, во хотелот „Дрим“ во Струга, организира јавна средба на тема „Пратениците и граѓаните отворено за еколошките прашања во Струга“. Проектот „Мобилен парламент“ е реализиран од граѓанската асоцијација МОСТ, а е поддржан од Европската унија (ЕУ), преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права. Целта е, како што соопштија...

Ставрески го образложи предлог-буџетот за 2016 година пред пратениците

Министерот за финансии, Зоран Ставрески, го образложи предлог-буџетот за 2016 година пред пратениците на Собранието. Тој очекува следната година да има повисок степен на политичка стабилност, со што ќе се создаде подобра клима за стопанството, за реализација на инвестиците и за граѓаните полесно да ги носат потрошувачките одлуки. Ставрески, како што појасни пред пратениците, очекува и реален пораст на домашниот бруто-производ...

Едноминутен молк во Собранието за жртвите во Париз

По предлог на пратеничката на ДОМ, Лилјана Поповска, пратениците во Собранието на Македонија со едноминутно молчење им оддадоа почит на жртвите во синхронизираните терористички напади во Париз, пред да почнат со расправата по двете точки на дневниот ред. По предлог на претседателот на Собранието, Трајко Велјаноски, прва точка за расправа на дневниот ред е одлуката за објавување јавен оглас за избор на претседател и...

Договорот од Пржино спроведен половично, има уште многу работа

Работните групи на политичките партии денеска продолжија со преговорите за реформи во медиумите, како дел од Договорот од Пржино, и за Рамковниот договор. Пратениците вчера го изгласаа составот на новата влада, а пред неколку дена го усвоија и изборното законодавство. Сепак, остануваат уште низа чекори што треба да се направат за да може целосно да се спроведе договореното: Договор за медиумите во работните групи; Специјалната обвинителка Катица...

Заев: Новите министри ќе имаат само контролна улога

Денешниот избор на министрите и на замениците-министри е уште еден чекор што ќе придонесе за фер и демократски избори, изјави лидерот на опозицијата, Зоран Заев, пред Собранието, по завршувањето на седницата на која пратениците ги аминуваа новите членови на Владата. - Улогата на овие луѓе ќе биде само да ја контролираат работата на владата и да ја обезбедат слободната волја на граѓаните....

Комплетирана новата влада, пратениците ги изгласаа и замениците-министри

Собранието на денешната седница ги изгласа новите заменици-министри. Од редовите на СДСМ, избрани се Александар Кирацовски во Министерството за информатичко општество и јавна администрација со 99 гласа „за“ и ниту еден „против“, Љупчо Николовски во Министерството за земјоделство со 97 гласа „за“ и со ниту еден „против“ и Кире Наумов во Министерството за финансии со 95 гласа „за“ и...

Собранието ги изгласа Оливер Спасовски и Фросина Ременски за министри

Со 101 глас „за“ и ниту еден „против“, Собранието ги избра новите министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика, Оливер Спасовски и Фросина Ременски. Новата министерка за информатичко општество и за јавна администрација од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, пак, Марта Арсовска-Томовска, беше избрана со 71 глас „за“ и со 31 „против“.

Жестока дебата за изборот на новите министри

„Лидерот на СДСМ поднесе пет барања за излез од кризата. Меѓу нив беше и да се прави попис. Од него нема ништо, а мислам дека тој е клучен за фер и демократски избори“, изјави од говорницата на дебатата за избор на новите министри, пратеничката Роза Топузовска-Каревска. - А со законите, видовме што се случи. Заев бараше техничка влада, па да...

Груевски: Будно ќе ги следам новите министри

На првата точка на дневен ред на Собранието на Република Македонија, беа предложени новите министри и заменици-министри од редовите на СДСМ. Премиерот Никола Груевски ја образложи одлуката за избор на нови министри. Тој рече дека во согласност со Договорот од Пржино, како премиер, предлага нови министри во Министерството за внатрешни работи и во Министерството за труд и социјална политика. - Очекувам новите...

Денеска Владата ќе добие министри од СДСМ

Денеска напладне почнува собраниската седница на која пратениците треба да ги изгласаат новите министри и заменици-министри од СДСМ, предвидено со Договорот од Пржино. Вчера тројца министри од владата на премиерот Никола Груевски поднесоа оставка на своите функции. Министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, и заменик-министерката за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска-Томовска,...

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...