fbpx
Таг: пратеник

таг: пратеник

Со 5 гласа „за“, Комисијата му предложи на Собранието да му го одземе мандатот на Груевски

Со пет гласа „за“ Комисијата за мандатно имунитетни прашања реши да му предложи на Собранието да му го одземање пратеничкиот мандат на Никола Груевски. Одлуката треба да ја донесе Собранието на пленарна седница со двотретинско мнозинство. Груевски не се појави на седницата иако претседателот на Комисијата, Павле Богоевски рече дека бил поканет на седницата на која единствена точка на дневен...

Собранието денеска ќе расправа за одземање на пратеничкиот мандат на Груевски

Собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања денеска со почеток од 11 часот ќе расправа за барањето од судот за одземање на пратеничкиот мандат на Никола Груевски заради издржување на двегодишната затворска казна за предметот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство. Претседателот на Комисијата, Павле Богоевски во петокот го доби барањето од Судот од претседателот на Собранието, Талат Џафери и имаше...

Пратеникот Сашо Василевски излегува од домашен притвор

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Василевски кој е обвинет за настаните во Собранието на 27 април минатата година, излегува од куќен притвор откако Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 ја прифати понудената гаранција во недвижен имот. - Кривичниот совет на одделението за Организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по предлог на одбраната С.В., обвинет во предметот  КОК...

Протестите во Тирана против син на пратеник не биле проследени од националните медуми

Неколку стотици луѓе протестираa во Тирана, бидејќи еден од синовите на пратениците извршил насилство врз неговата девојка, но кон него не било покренато обвинение, и покрај обидите на девојката тоа да го стори, јавува дописничката на „Мета“ од Тирана. Сепак, медиумите на албански јазик во повеќето случаи или ја цензурирале веста или пак манипулирале со информациите, како и со бројката на демонстранти. Протестите...

Снежана Калеска-Ванчева седна во пратеничката фотелја на Петар Атанасов

Собранието го верификува мандатот на пратеничката Снежана Калеска - Ванчева од СДСМ, која доаѓа на местото на пратеникот Петар Атанасов. Атанасов на 23 овој месец поднесе оставка на функцијата, која денеска беше констатирана. Се очекува тој да биде избран за заменик-министер за образование и наука. Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Оливер Деркоски изјави дека го известиле наредниот кандидат, Снежана Калеска-Ванчева...

Запален автомобилот на таткото на пратеникот Хари Локвенец

Засега непознат сторител вчеравечер го опожарил автомобилот „мини купер“ со прилепски регистарски таблички, кој бил во сопственост на таткото на пратеникот Хари Локвенец. Според билтенот на МВР, случајот во полиција вчера во 23.05 часот го пријавил пратеникот, кој вчера беше на потпишувањето на Спогодбата со Грција за решавање на спорот за името на брегот на Преспанското Езеро.

Новаковски: Со притворот на Василевски, притворени се 60.000 лица кои гласале за него

Одбраната на притворениот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Василевски на јавната седница во Апелацискиот суд побара укинување на притворот и одредување на друга мерка или предметот да се врати на повторно одлучување во Кривичниот суд. На седницата не беше присутен пратеникот Василевски кој е во притвор за учество во насилствата во Собранието на 27 април минатата година. Судот испратил наредба Василевски...

Потпретседателот на Беса, Зекирија Ибрахими, поднесе оставка на функцијата

Потпретседателот на Беса, Зекирија Ибрахими, денеска информираше дека поднесува оставка на функцијата, јави Алсат-М. Тој исто така вели и дека нема да се кандидира за лидер на Беса на партискиот конгрес кој треба да се одржи во февруари. Оваа негова одлука доаѓа на само еден ден пред утрешниот состанок на Централниот одбор. Зекирија Ибрахими беше градоначалнички кандидат на Беса за општина...

Палестинците го отповикаа својот дипломатски претставник во САД

Палестинците денеска соопштија дека го отпoвикале својот дипломатски претставник во Соединетите Американски Држави за „консултации“, неколку недели откако американскиот претседател Доналд Трамп го призна Ерусалим како главен град на Израел, јавува „Би-би-си“. Палестинскиот претседател Махмуд Абас изјави дека нема да прифати никаков мировен план од САД по одлуката на Трамп, која предизвика протести и судири во појасот Газа. На 21 декември...

Заврши расправата за законот за јазиците, седницата продолжува утре

По само 13 минути дискусија по паузата за ручек претседателот на Собранието, Талат Џафери ја прекина седницата на Собранието на која се разгледуваше предлог-законот за употреба на јазиците. Тој констатира дека е исцрпена листата на пратениците што се пријавил за збор, па најави дека таа ќе продолжи утре во 12 часот. Претходно во расправата реплицирајќи му на Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ,...

Фетаи сака да биде претседател на Македонија, Јанева градоначалник или пратеник

Ако сум жива и здрава, на 50 години сакам да бидам нормален шеф на нормална држава, вели обвинителката од Специјалното јавно обвинителство, Фатиме Фетаи, во емисијата „Трите“ на „А1 он“ за животот и за работата за трите обвинителки Катица Јанева, Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи. - Со ова јас го достигнав врвот на мојата кариера. Сакам на 50 години, бидејќи...

Богоев: Скандалозна е пресудата на “сваровски судиите“ за Урко

Скандалозна е пресудата со која поранешниот телохранител на Никола Груевски, Дејан Митревски - Урко е осуден на условна казна за сообраќајната несреќа во која загина момче, изјави денеска на прес-конференција Стефан Богоев, пратеник и претседател на Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ). Според Богоев, ова е уште еден доказ дека „поданиците на поранешниот режим сè уште се привилeгирани и се над...

Тодоров се откажа од пратеничкиот мандат, ќе работи како адвокат

Министерот за здравство во заминување, Никола Тодоров, денеска соопшти дека се откажува од пратеничка функција, но не и од активностите во матичната партија ВМРО-ДПМНЕ. „Имајќи предвид дека планирам во иднина повеќе да се посветам на мојата основна професија како адвокат, како и да можам да дадам поголем придонес во партиските активности, дозволете ми да Ве информирам дека одлучив да поднесам...

Нападнат пратеникот на СДСМ, Максим Димитриевски

Осум лица, од кои, наводно, и неколку вооружени полицајци во цивилна облека, доцна ноќеска физички го нападнале пратеникот на СДСМ, Максим Димитриевски од Куманово, кој добил лесни повреди на раката, објави „Плусинфо“. Настанот се случил во кафеаната „Палас“ во Куманово, каде што Димитриевски бил на семејна веселба. Напаѓачите прво вербално го провоцирале пратеникот Димитриевски, а потоа тргнале и физички да се...

„Анима мунди“ го прашува Мухиќ дали бил коорганизатор на борби со кучиња

Здружението за заштита на животните „Анима мунди“, инспирирано од колумната на кандидадот за пратеник предложен од СДСМ, Ферид Мухиќ, со наслов „Борба“, јавно го прашува кој е неговиот став во врска со борбите со кучиња и дали бил поддржувач, учесник, коорганизатор на борби со кучиња. „Како граѓански кандидат за пратеник на претстојните парламентарни избори, очекуваме јавно да кажете дали во...

Мухиќ: Заев ме покани да станам пратеник, побарав само да останам независен

„Да бидам кандидат за пратеник ме покани лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Јас само побарав да останам независен, на што тој се согласи и, ете, се најдов на листата“, вели за „Мета“ професорот Ферид Мухиќ, за чие име, откако излезе во јавноста со големи шанси за иден претставник во Собранието, имаше многу реакции по социјалните мрежи и во медиумите. Тој...

На Косово поведено обвинение против експратеник и неговата криминална група

Меѓународниот обвинител на Еулекс обвини група косовски Албанци и Срби, вклучувајќи и еден поранешен пратеник, за организирање криминална група што се занимавала со перење пари, мито, измами, злоупотреба на овластувања и со даночно затајување. Европската мисија за спроведување на владеењето на правото и законот, Еулекс, денеска поведе обвинение против групата. Во соопштението на Еулекс се наведува дека 39-те обвинети ги предводел пратеникот...

Поранешен пратеник е еден од напаѓачите во Могадишу

Еден од двајцата бомбаши што го изведоа двојниот напад во главниот сомалиски град Могадишу е поранешен пратеник кој им се приклучил на припадниците на екстремистичката група Ал шабаб. „Салах Нух Исмаил, познат под името Салах Бадбадо, е еден од најхрабрите борци што го изведоа нападот на воената база Халана“, стои во соопштението на џихадиститите од Ал шабаб, што го пренесе нивната радиостаница „Андалус“. Исмаил...

Тунтев: Власта крати средства за основните потреби на граѓаните

„Оваа власт крати на основите потреби на граѓаните и со тоа продолжува да ги осиромашува и да го кочи развојот на економијата. Со ребалансот на буџетот се кратат 45 милиони евра за капитални инвестиции“, изјави пратеникот на СДСМ, Томислав Тунтев, на денешната прес-конференција. Според него, во првиот квартал реализирани се само 13 проценти од предвидените инвестиции во инфраструктурата. - Само за пример,...

Хајндл денеска пристигнува во Скопје

Специјалниот пратеник за Македонија на германскиот сојузен министер за надворешни работи Франк-Валтер Штаjнмаер, амбасадорот Јоханес Хајндл, денеска и утре ќе биде во посета на Скопје, соопштија од Амбасадата на Германија во земјава. „Надоврзувајќи се на неговите две посети од минатите недели, амбасадорот Хаiндл одново ќе разговара со партиите потписнички на Договорот од Пржино, како и со претставници на меѓународната заедница....

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...