fbpx
Таг: пратенички листи

таг: пратенички листи

Партиите предложија жени на листите, но им дадоа мали шанси да влезат во Собранието

Политичките партии кои сами или здружени во коалиции ќе настапат на претстојните парламентарни избори на 11 декември, се чини дека заборавија на жените пратенички, па така само четири дами се најдоа како носители на листи во изборните единици на политичките партии. Радмила Шекеринска од СДСМ во изборна единица 5, Весна Стоименова од Коалицијата за промени и правда во третата изборна единица,...

Конвенција на ВМРО-ДПМНЕ: Малку изненадувања на листите и во реториката

Малку изненадувања имаше на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ и на коалицијата „За подобра Македонија“ на која беа претставени кандидатските листи за предвремените избори и која се одржа во „Метрополис арената“ во Скопје. На листите не се најдоа досегашните министри Диме Спасов, Владимир Пешевски, Ристо Спировски, ниту, пак, поранешните министри Зоран Ставрески, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески и Игор Ивановски. На листа не...

ВМРО-ДПМНЕ: Заев сфати дека крајот му е поблиску отколку што мислеше

Голем е стравот кај Заев откако сфати дека по 11 декември не само што СДСМ ќе биде жестоко поразен на избори, туку и тој ќе мора да сноси и директна лична одговорност за сè што ѝ направи на Република Македонија, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, на писмената изјава на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за носителите на изборните листи...

Заев: Листите на ВМРО-ДПМНЕ се огледало на криминалот

Носителите на листи на ВМРО-ДПМНЕ, предводени од обвинетиот поранешен премиер, се огледало на криминалот, корупцијата, насилството, несовесноста, беззаконието, на што се изложени граѓаните на Македонија изминативе 10 години, стои во писмената изјава на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во врска со носителите на листи што ги достави ВМРО-ДПМНЕ до ДИК. „Овие луѓе кои украдоа повеќе од пет милијарди евра пари на граѓаните...

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги промовира кандидатите и изборните листи во „Метрополис арена“

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ, која ја предводи Коалицијата за подобра Македонија, денеска попладне во „Метрополис арена“ на Скопскиот саем ќе ги промовира листите на кандидати за пратеници на претстојните предвремени парламентарни избори, закажани за 11 декември, дознава „Мета“. Од ВМРО-ДПМНЕ ја потврдија локација, но сè уште се чека официјална потврда за времето на одржување на настанот. ВМРО-ДПМНЕ синоќа, на околу еден час пред...

ДИК до недела на полноќ треба да ги потврди листите

Државната изборна комисија најдоцна до недела на полноќ треба да ги разгледа и да ги потврди листите за пратеници што партиите ги доставија за претстојните парламентарни избори, закажани за 11 декември, односно 48 часа од доставувањето на листите. Во случај членовите на ДИК да констатираат неправилности, учесниците во изборите треба да ги отстранат во рок од 48 часа. Ждрепката за редоследот...

Груевски оди во четворката против Заев

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, вечерва преку својата официјална страница на „Фејсбук“ соопшти дека изборната битка против лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ќе ја бие во четвртата изборна единица. Тој вели дека на 11 декември заедно со народот ќе го соочат Заев со реалноста. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ пред малку ги достави до ДИК листите на кандидати за пратеници за предвремените парламентарни...

ДИК: ПДП, ЛП, Левица и Коалицијата за промени и правда ги доставија листите

До 20 часот вечерва само партиите ПДП, ЛП, Левица и Коалицијата за промени и правда ги доставиле листата на кандидати за пратеници во шесте изборни единици за предвремените парламентарни избори закажани за 11 декември, известуваат од Државната изборна комисија. Рокот за поднесување на кандидатските листи истекува на полноќ, а потоа ДИК ќе ги разгледа и потврди истите во рок од...

Само ПДП и Коалицијата за промени и правда досега ги доставиле пратеничките листи до ДИК

Партијата за демократски просперитет (ПДП) и Коалицијата за промени и правда, која ја сочинуваат Демократски сојуз, ФРОДЕМ, ДЕМОС И МОРО-РП,  денеска до Државната изборна комисија ги доставија листите на кандидати за пратеници во шесте изборни единици за предвремените парламентарни избори, закажани за 11 декември. Се очекува другите партии вечерва до полноќ, кога и истекува рокот, да ги достават своите...

Судот ќе дежура за да можат кандидатите да добијат уверенија за неосудуваност

Основниот суд Скопје 1 попладнево соопшти дека е подготвен, доколку е потребно, да воведе и дежурства за да можат кандидатите за пратеници да извадат уверенија за неосудуваност и партиите навреме да ги поднесат пратеничките листи. Од судот ги отфрлаат обвинувањата на дел од политичките партии дека судот им правел проблеми околу издавањето на уверенијата и нагласуваат дека винатата треба да...

Либерална партија до ДИК: Судот ни прави проблем со уверенијата за неосудуваност

Либералната партија денеска наишла на проблем во судот со издавањето на потврдите за неосудуваност на нивните кандидати за пратеници, информираат од партијата. Оттаму велат дека при доставувањето на документите во Основниот суд Скопје 1, им било кажано дека судот веројатно нема да биде во можност да ги издаде потребните документи во следните седум дена. Во врска со ситуацијата, од ЛП се...

Судот преплавен со барања за неосудуваност од кандидатите за пратеници

Поради предвремените парламентарни избори закажани за 11 декември и зголемениот број на барања, Основниот суд Скопје 1, наместо како досега за три дена, ќе издава уверенија од казнената и од кривичната евиденција во рок од пет до седум дена, соопштија денеска од судот. Имено, кандидатите што ќе се најдат на пратеничките листи треба да извадат уверенија за неосудуваност. Крајниот рок за поднесување на...

Заев: Знаеме дека на изборите власта ќе биде поразена

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска од Прилеп порача дека условите за избори се исполнети. Тој кажа и дека избирачкиот список е прочистен и оти се забележува тренд на подобро балансирано известување во медиумите. - На 11 декември не само што ќе има избори, туку и промени - рече Заев. Одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали на листите на СДСМ значајно...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...