fbpx
Таг: пратенички групи

таг: пратенички групи

Џафери: Нема законска можност ВМРО-ДПМНЕ да формира повеќе пратенички групи

Спикерот на Собранието Талат Џафери оценува дека не постои законска можност за формирање на повеќе пратенички групи, како што најави опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Според него, за такво нешто нема деловничка можност, иако порано имало таква практика. „Беше тоа период што е веќе зад нас, поминаа четири години и не би требало да се вратиме во тие правци“, рече Џафери, на денешната...

Во среда ќе знае кои пратенички групи ќе водат кампања за референдумот

Во среда најверојатно ќе биде познато која пратеничка група колку средства ќе добие за кампањата за референдумот за 30 септември. Како што појаснуваат од собраниските служби, пратеничките групи и пратениците поединечно нема да добијат средства на рака, туку кампањата ќе биде реализирана преку закуп на простор во соодветни медиуми пропорционално според бројот на пратеници во пратеничката група. Кампањата за референдумот се...

Истекува рокот пратениците да се изјаснат за учество во кампањата за референдумот

Денеска е последен ден од рокот што претседателот на Собранието на Македонија, Талат Џафери во петокот го достави до пратеничките групи во кое треба да одговорат дали ќе учествуваат во јавната пропаганда за референдумот и каква кампања ќе водат, односно дали ќе бидат „за“ или „против“ референдумското прашање. Талат Џафери изутринава ќе има средба со координаторите на пратеничките групи, на...

Координаторите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе се договараат за идното дејствување

Координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ денеска ќе одржат состанок на што ќе се разговара околу идното функционирање на Собранието на Република Македонија, информира ВМРО-ДПМНЕ. „Одговорност на власта, односно мнозинството на СДСМ е да обезбеди нормално функционирање на Собранието. ВМРО-ДПМНЕ смета дека Република Македонија може да напредува само доколку законодавниот дом функционира во демократска атмосфера каде што ќе...

Два неуспешни обиди за гласање на новиот јавен обвинител поради немање кворум

Со еден час задоцнување, Собранието денеска напладне ја почна седницата за избор на Љубомир Јовески за нов државен јавен обвинител, но, по два неуспешни обиди тој да биде изгласан, собранискиот спикер, Талат Џафери ја прекина седницата, бидејќи во салата не беа присутни 61 пратеник. При првото гласање, вкупно гласаа 60 пратеници, од кои 59 беа „за“, а еден беше воздржан,...

Џафери: 10-те пратенички групи прават дилема дали ВМРО-ДПМНЕ е единствена партија

Формално, деловникот дозволува да се формираат повеќе пратенички група од пет пратеници, но од правен аспект тоа е дискутабилно и поради тоа се создава дилема кај нивниот електорат дали тоа е единствена политичка партија или имаат внатрешни проблеми, па затоа не сакам да им го коментирам овој потег, изјави денеска претседателот на Собранието, Талат Џафери, во врска со формирањето 10...

Сите наши деловнички блокади: Четирите екстремни случаи на македонски филибастер

Пратениците на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ вчера формираа 10 пратенички групи, потег кој се толкува како подготовка и најава на опозицијата за блокирање на реформските закони преку т.н. тактика филибастеринг, која не е непознаница за македонската парламентарна демократија. Филибастерингот (терминот доаѓа од холандскиот збор за пират) досега повеќепати бил применуван во македонскиот законодавен дом, претежно од пратениците на опозицијата, за...

Продолжи блокадата во Собранието со серија прекини, барања за паузи и за извинувања

Шестата собраниска седница, на која како петта точка на дневниот ред треба да се расправа за предлогот на Владата за разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски, претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина во 16.20 часот, откако пратеникот Димитар Стевананџија, претставувајќи се како координатор на една од десетте пратенички групи, побара пауза од 60 минути, а за тоа време...

Тунтев: Формирањето 10 пратенички групи е класична блокада на Собранието и на реформите

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев, на прес-конференција во Собранието изјави дека формирањето десет пратенички групи е класична блокада на законодавниот дом, како и блокада на реформите и оневозможување на граѓаните да ги добијат потребите услуги од државата. - Со ваквата блокада, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да се однесува лицемерно, себично, неодговорно и на директна штета на граѓаните. Парламентарното мнозинство,...

Координаторите на ВМРО-ДПМНЕ ја почнаа блокадата на Собранието

Попладневната сесија на шестата седница на Собранието на Република беше прекината по само две минути од почетокот. Зоран Илиоски, како „координатор на третата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ“, побара половина час пауза и стенограми од претходната дискусија и видеозапис. Претседателот на Собранието, Талат Џафери, му укажа дека не се меша во правото на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да формираат пратенички групи, но дека...

Аирлија за десетте пратенички групи на ВМРО-ДПМНЕ, рече Џафери

Откако информираше дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ го известиле дека формираат 10 пратенички групи, претседателот на Собранието, Талат Џафери, се заблагодари што конечно пратениците му ја признале функцијата. Потоа ги прочита координаторите и заменик-координаторите и рече „Аирлија“. Откако во претпладневната сесија на првото продолжение на 6. седница на Собранието пратениците го прифатија предлогот на Владата да се именува Спасе Глигоров за...

ВМРО-ДПМНЕ ќе формира 10 пратенички групи во Собранието

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, на брифинг со новинарите во Собранието соопшти дека поднеле допис до претседателот на парламентот за формирање 10 пратенички групи во Собранието. Според дописот, ВМРО-ДПМНЕ бара девет од групите да бројат по пет пратеници, а една да има шест члена. На првата група од шест члена, координатор ќе биде Илија Димовски. На втората пратеничка група, координатор е Антонијо Милошоски,...

Заев: Со кабинетот на Иванов го усогласуваме текстот со гаранциите за унитарноста

Кабинетите на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, биле во постојан контакт околу усогласувањето на текстот на писмената гаранција за унитарноста на државата, која Иванов ја бара од новото парламентарно мнозинство. Ова денеска го соопшти лидерот на СДСМ, по излегувањето од Јавното обвинителство, каде даваше исказ како оштетен во насилствата во Собранието на...

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...