fbpx
Таг: пратеничка група

таг: пратеничка група

Албанските опозиционери ќе дејствуваат во заедничка пратеничка група

Пратениците од албанскиот опозициски блок Демократско движење, Беса и Алтернатива денеска најавија дека отсега во Собранието ќе дејствуваат во рамки на заедничка пратеничка група. Tие неодамна го формираа т.н. „Европски сојуз за промени“. За координатор на пратеничката група е избрана Сафије Садики-Шаини од Алтернатива, а нејзина заменичка ќе биде Мерита Колчи Коџаџику од Демократско движење. За ова денеска пратениците го...

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „пресекоа“: Од утре ќе вршат блокада на Собранието

Најавуваните закани на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе го блокира Собранието ако не се одговори на нејзините барања за преговори за предвремени избори од утре ќе станат реалност. Како што соопшти координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“, денеска на координативна средба, на која присуствувал и претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, е договорено од утре да се...

ВМРО-ДПМНЕ достави потписи од 39 пратеници кои го поддржуваат Мицкоски, Иницијативниот одбор со критики кон него

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на РСМ преку соопштение за медиуми достави документ со потписи од 39 пратеници, со кои тие искажуваат став во однос на актуелните случувања на темата „Вонреден конгрес“. „Пратениците ја даваат својата безрезервна поддршка на раководството на ВМРО-ДПМНЕ и Претседателот на партијата, за да со заедничко и координирано дејствување успееме што поскоро да ја поразиме...

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ бара Собранието да се распушти денеска

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски рече дека пратеничката група на оваа партија бара од претседателот на Собранието, Талат Џафери да го распушти Парламентот. „Сакаме да го потсетиме претседателот Џафери на неговата изјава дека Собранието треба да се распушти на 12 февруари, при што рече дека самиот ќе поднесе одлука за распуштање. Џафери да биде дециден и да...

Јован Митревски нов координатор на пратеничката група на СДСМ

По оставката од пратеничката функција на Томислав Тунтев поради негово вработување како директор во Агенцијата за цивилно воздухопловство, во пратеничките клупи седна Рубин Земон. Местото координатор на пратеничката група на СДСМ ќе го преземе досегашниот заменик, Јован Митревски, а заменичка ќе биде Соња Мираковска од НСДП. Денеска Собранието ја констатираше оставката на Тунтев без негово образложување.

Канческа-Милевска е координатор на новата пратеничка група во Собранието

Осумте пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата кои гласаа „за“ отпочнување на процесот за уставни промени, во петокот поднеле официјално барање до собранискиот спикер, Талат Џафери да формираат нова пратеничка група. Како што Џафери ги извести координаторите на пратеничките групи на редовната понеделничка координативна средба, координаторот на „Независни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија“ е Елизабета Канческа-Милевска. Новата пратеничка група...

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на координација со партиското раководство

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска пред почетокот на продолжението на седницата на Комисијата за уставни прашања одржуваат координација со партиското раководство. Координацијата се одржува во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Почетокот на продолжението на Комисијата за уставни прашања на која треба да продолжи претресот за Предлогот за пристапување кон уставни измени согласно Договорот со Грција е закажан во 14 часот. Претресот по оваа точка...

Тунтев: Извештајот е сигнал дека државата се движи во вистинскиот правец

Томислав Тунтев, координаторот на пратеничката група на СДСМ и коалицијата во Собранието, денеска на прес-конференција порача дека новиот Извештај на Европската Комисија, кој денеска пред пратениците го презентираше високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Федерика Могерини, е доказ дека земјата се движи во вистинскиот правец. - Охрабрувањето што го добиваме од високите европски претставници и кристално...

Драган Данев на местото на Ѓорчев како координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ

Владимир Ѓорчев повеќе нема да биде координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, соопштија денеска од опозициската партија. Ѓорчев, како што соопшти генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев на денешната прес-конференција, самиот побарал да се повлече од функцијата, поради „голем обем на обврски и презафатеност“. - Извршниот номитет на негово место за координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Ѓорчев: Ќе ги поддржиме сите чекори што ќе ја доближат Македонија до НАТО

Ќе ги поддржиме сите чекори кои ќе ја приближат Македонија кон членството во НАТО, рече в.д. координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, по средбата на претставниците на партијата со Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, која ја оцени како „добра и конструктивна“. - Го информиравме Столтенбрег за политичкиот прогон кој се врши во Македонија, која е единствената земја...

Мицкоски: Подготвуваме закон за амнестија за притворените за 27 април

Новиот лидер на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во интервју за јавниот сервис - МТВ - најави дека партијата подготвува закон за амнестија за притворените за насилствата во Собранието од 27 април минатата година, кој ќе го поднесе во Собранието. - Во моментов има една сериозна дебата во партијата како да дејствуваме како пратеничка група, институционално и вониституционално. Пратеничката група предвидува неколку чекори...

Заев и Мицкоски денеска во Владата ќе ја имаат првата средба

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев и новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска во Владата ќе ја имаат првата лидерска средба, по која треба да бидат дефинирани следните чекори на опозициската партија. Мицкоски денеска во Собранието изјави дека по завршувањето на годишното обраќање на претседателот на државата Ѓорге Иванов пред пратениците имал куртоазна средба со Заев на која...

Антикорупциска на одмор: Ако не смее да има смени, може ли да има интерпелации?

ВМРО-ДПМНЕ бара Собранието да ја прекине расправата и постапката за разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски сè додека Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) не се изјасни дали тоа е според законот. Но, до тоа тешко може да дојде во следниве денови бидејќи членовите на комисијата се на колективен одмор, вели за „Мета“ лицето одговорно за односи со...

По вчерашните тензии, денеска нема седница, координаторите се договараат како понатаму

Собранието на Република Македонија ја одложи шестата седница на чиј дневен ред се предлог-одлуката за давање согласност на општите акти на Народниот правобранител, како и разрешувањето на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски. Седницата, како што информираат собраниските служби, наместо за денеска во 11 часот е презакажана за понеделник во истото време. Координаторот на една од десетте пратенички групи на ВМРО-ДПМНЕ...

Сугарески: Пратеничката група на опозицијата е против новото задолжување

Пратеничката група на СДСМ, НСДП, ЛДП и на ПДТ најжестоко се спротиставува на намерата на власта во заминување да ги задолжи граѓаните со издавање нова еврообврзница од 650 милиони евра, рече денеска на прес-конференција Горан Сугарески, координатор на пратеничката група на опозицијата. Тој рече дека новото задолжување е финансиско злосторство врз граѓаните, македонската економија и врз идните генерации. - Криминалната власт во...

Во Собранието ќе се дебатира за загадувањето на воздухот

Пратеничката група на СДСМ до Собранието поднела информација за загадувањето на воздухот за која пратениците треба да дебатираат, рече пратеникот Стефан Богоев од СДСМ на дебатата „Каков воздух ќе дише Скопје оваа зима?“ во организација на граѓанската асоцијација „Мост“. - Денеска како пратеничка група до Собранието поднесовме информација за загадување на амбиенталниот воздух во Македонија. На првата наредна собраниска седница, која...

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...