fbpx
Таг: прашања

таг: прашања

Само за три дена во Србија се предадени шест илјади парчиња оружје

Во првите три дена од важноста на мерката која Србија ја воведе за предавање нерегистрирано оружје кај граѓаните, за само три дена, предадени се 5.973 парчиња оружје, 290.572 парчиња муниција и 468 парчиња мини експлозивни направи, соопшти српското Министерството за внатрешни работи. Српската полиција ги повика сите граѓани кои поседуваат нерегистрирано оружје, муниција и експлозивни направи да ги предадат во...

За една недела 1.589 граѓани прашувале за плати, откази и кредити во кол-центарот на владата

Во контакт центарот за економски мерки граѓаните од Владата најмногу барале одговор, односно поставувале прашања за финансиска поддршка за компаниите, невработеноста, кредитирањето и дозволите за движење во полициски час. На телефонскиот број 02/324-8040, што функционира од минатиот понеделник како контакт (телефонски) центар на владата, наменет за поддршка на бизнисот и граѓаните во врска со економските мерки за справување со кризата...

Непрофесионални портали не можат да ја прашаат Владата во живо

Одлуката на владата да обезбеди видеопренос во живо преку социјални мрежи на редовните прес-конференции поврзано со пандемијата на коронавирусот, предизвика незадоволство кај дел од интернет-порталите во земјата. Во иднина, на прес-конференциите на Владата нема да можат да присуствуваат новинарските екипи, туку медиумите од редакција без никакво ограничување ќе можат да го преземат видеото од преносот и сите други материјали...

Прес-конференциите на владата ќе се одржуваат само преку онлајн стрим, без сниматели и новинари

Владата информира дека, заради заштита на медиумските работници од денеска прес-конференциите ќе се одржуваат само преку онлајн стрим, без присуство на сниматели и новинари. „Имајќи ја предвид вонредната состојба во која се наоѓаме поради коронавирус и сите воведени рестрикции, ве известуваме дека од денес, 20 март прес-конференциите на Владата ќе се реализираат исклучиво преку онлајн стрим, без присуство на новинари и сниматели...

Макрадули вечерва на „Фејсбук“ ќе одговара на прашања за загадувањето

Денеска во 20.30 часот на „Фејсбук“ страницата „План за чист воздух“, граѓаните ќе можат да му поставуваат прашања од доменот на борбата против загадувањето на воздухот на заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули и тој ќе одговара на нив во живо. Прашањата, исто така, ќе можат да бидат поставувани и преку „Твитер“, со користење на хаштагот #ЗаЧистВоздух. Оваа информација беше...

Што сè нè чека по изборите: Закон за јазиците, нови амбасадори, уставни судии…

Собранието, Владата, шефот на државата и правосудните институции по завршувањето на локалните избори треба да продолжат со решавање на жешките прашања што беа ставени на стенд бај поради изборите. Станува збор за кадровски решенија во најзначајните државни инситуции, чувствителни законски решенија, екипирање на институции и за најавената разврска на горливите надворешно-политички прашања, важни за евроатлантската интерграција на Македонија. Еве кој и што сè треба да...

Милошоски: Владата треба да се повлече од потпишаниот Договор со Бугарија

Владата, додека има време, треба да се повлече од потпишаниот Договор помеѓу Македонија и Бугарија, бидејќи истиот има суштински недостатоци. И на среден и на долг рок ќе отвора повеќе спорни прашања отколку што ќе затвора прашања. Ова денеска на прес-конференција го кажа членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски. - Заедничката меѓувладина комисија ќе одржува редовни средби еднаш годишно за преглед...

Местенка, тероризам или криминал: Две години без одговори за акцијата во Диво Насеље

И по точно две години  прашањата што се наметнаа уште додека Диво Насеље во Куманово сè уште мирисаше на барут и на чад од дводневната борба помеѓу специјалните полициски сили и вооружената група, остануваат неодговорени. Одговори на клучните дилеми нема ниту по една и пол година судски процеси: Кои биле вистинските мотиви и цели на кумановската група?; Дали станува збор за...

Државниот испитен центар ги објави прашањата за екстерното тестирање

Државниот испитен центар ги објави прашањата за екстерното тестирање за учениците од основно и од средно обрзование на веб-страницата prasanjaeksterno.dic.edu.mk. Распоредите за тестирање ќе бидат објавени на 29 мај, а тестирањата треба да се одржат од 5 до 9 јуни. Учениците ќе полагаат два предмети кои ќе ги дознаат три дена пред тестирањето. Прелиминарните резултати треба да бидат објавени на 15 јуни,...

Иванов го честиташе празникот Свети Сава на српската заедница во Македонија

„Македонија и Србија имаат долга историска и културна традиција која не може да биде нарушена поради различни ставови по некое прашање. Изминативе години ни покажаа дека таму каде што постојат различни ставови и мислења, треба да ги решиме по пат на дијалог“, се вели во честитката на претседателот Ѓорге Иванов упатена до српската заедница во Македонија по повод празникот...

Талески како во притвор да го кроел општинскиот буџет, обвинува битолската опозиција

Дали градоначалникот Владимир Талески три месеци во куќен притвор го кроеше ребалансот на буџетот? Каде е ветениот стадион, затворениот базен, фонтаните...? Ова беа само дел од низата прашања што советниците од опозицијата ги упатија до колегите од власта откако на седница на Советот на Општина Битола се најде ребалансот на општинскиот буџет. Советничката во Советот на Општна Битола од ВМРО-Народна партија,...

Талески бега и од новинарски прашања и од „герилци“

Битолскиот градоначалник Владимир Талески денеска на прес-конференција не им дозволи на новинарите од Битола да му постават прашање. Откако го заврши официјалниот дел од прес-конференцијата со спортисти од Битола, Талески се повлече зад камерите и ги остави гостите да даваат изјави. По завршување на прес-конференцијата, една од новинарките се обрати до Талески дали може да му постави прашање на друга тема. -...

На Јанева ѝ е подобро, но не се знае дали ќе се појави на седница

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, денеска се чувствува подобро, но сè уште не знаеме дали ќе се појави на седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, велат од СЈО за „Мета“. Синоќа по дводневна расправа за вториот извештај за работата на СЈО и одговарање на пратенички прашања, на Јанева ѝ се слоши и таа ја напушти седницата. - Навистина...

Продолжува седницата на собраниската комисија за извештаите на Јанева и на Зврлевски

Денеска во 13 часот треба да продолжи седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, на која специјалната јавна обвинителка Катица Јанева треба да продолжи да одговора на прашањата на пратениците. По два дена работа, синоќа на Јанева ѝ се слоши и таа ја напушти седницата. По кратко време од Специјалното јавно обвинителство испратија соопштение во кое Јанева се...

Јанева: Не сум оптоварена што протекуваат информации, сите се во интерес на јавноста

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, на денешната седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, на која се расправа за извештајот за работата на Специјалното јавно обвинителство, на пратеничката Светлана Јакимовска од ВМРО-ДПМНЕ ѝ ја даде иницијативата за измени во Законот за заштитени сведоци и ја замоли да ја поднесе до Собранието. Ова следува откако пратеничката Јакимовска повеќе...

Јанева: Прецизно го слушав Милошоски затоа што неговиот глас е чест на снимките

Почна седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, на која пратениците веќе втор ден дискутираат за извештајот на специјалната обвинителка Катица Јанева. Прва говореше независната пратеничка Солза Грчева, која рече дека е изненадена од непознавањето на правото, политиката и на демократијата што го покажала Јанева во вчерашното излагање и одговарање на пратеничките прашања. Збор зеде и пратеникот Горан Мицовски,...

Јанева и денеска ќе одговара на прашањата на пратениците

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на Собранието, денеска во 11 часот треба да ја продолжи седницата на која пратениците ќе ги разгледуваат извештаите за работата на Специјалното јавно обвинителство и на Јавното обвинителство на Република Македонија. Обвинителката Катица Јанева вчера го образложи, а потоа одговараше на прашања на пратениците во врска со вториот  извештај за работата на институцијата што ја...

Јанева: Снимките ги доведуваат во прашање сите избори од 2011 година досега

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, одговарајќи на прашања на пратениците од Комисијата за политички систем и за односи меѓу заедниците, се заблагодари за поддршката од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, но рече дека дозвола за нови јавни обвинители, СЈО добива од Советот на јавни обвинители, а не од пратениците на Собранието. Таа рече и дека толку малку материјали досега се преслушани,...

ЛДП: Повторно се покажа апсурдноста на екстерното тестирање

И оваа година се покажа апсурдноста на екстерното тестирање кое продолжува да претставува кошмар и за учениците и за родителите, како и за наставниците, велат од Либерално-демократската партија. „Наместо да се развива креативноста кај учениците, тие се принудуваат да ги учат напамет дадените одговори на прашањата за екстерното. Голем дел од пршањата се во насока на „труењето“ на децата со пропаганда...

Шилегов: Ставрески да не се крие и да ѝ ги даде на јавноста одговорите што ѝ ги должи

„Дали е Ваш гласот на аудиоматеријалите? Дали некој од Вашите разговори е неавтентичен и неточен и кој? Дали во прислушуваните материјали ги препознавате гласовите на Никола Груевски, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески и на Сашо Мијалков? Во разговорите велите дека градоначалникот на Битола, Владимир Талески, е криминалец и наведувате причина за тоа. Како чувар на државната каса, зошто не инициравте...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...