fbpx
Таг: позиции

таг: позиции

Жените сè уште се помалку платени од мажите, механизмите за заштита се неефикасни

Свежи официјални статистички податоци во однос на родовиот јаз во заработувачката на мажите и жените во земјава нема. Според една анализа објавена во јули 2020, која користи податоци од Евростат од 2018 година, жените во Македонија во просек заработуваат 15 отсто помалку од мажите. Оваа анализа е насловена „Повеќе работа за помалку пари: Како да се намали родовиот јаз во...

Заев и Ципрас разговарале за билатералните односи, името и за интеграциите на Македонија

Билатералните односи, спротот за името и евроатлантските интеграции на Македонија биле теми на телефонскиот разговор на македонскиот премиер, Зоран Заев, и премиерот на Грција, Алексис Ципрас. Како што соопштија од кабинетот на грчкиот премиер, Ципрас му честитал на Заев за стапувањето на функцијата. Двајцата премиери разговарале за развојот на настаните во регионот, понатамошниот развој на односите помеѓу двете земји и за унапредувањето на...

Во соработка помеѓу МАСИТ и УСАИД, се обучуваат кадри за ИКТ-секторот

Вкупно 40 кандидати денеска почнуваат со обуката во рамки на проектот на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ за „Преквалификација на кадри“, во соработка со УСАИД. Од МАСИТ информираат дека по спроведеното истражување меѓу компаниите - членки на комората, констатиран е дефицит на кадри во ИКТ-секторот, од профилите за програмирање. „Како резултат на ова почна проектот за „Преквалификација на кадри“,...

Нова демократија бара објаснување од грчкото МНР за радикалните изјави на Каменос за Македонија

Грчката десничарска партија Нова демократија бара официјално објаснување од грчкото Министерство за надворешни работи околу позициите на грчката влада за Македонија и спорот за името по новите радикални изјави на министерот за одбрана, Панос Каменос. Каменос во интервју за телевизијата „Скај“ изјави дека тој никогаш нема да прифати име во кое ќе фигурира зборот Македонија, но и дека спорот за...

Груевски – Лопатка: ВМРО-ДПМНЕ низ законска дебата ги искажува ставовите во парламентот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во Виена се сретнал со шефот на парламентарната група на владејачката партија и поранешен секретар во министерството за надворешни работи на Австрија, Рајнхолд Лопатка. На средбата Груевски го запознал соговорникот со актуелната политичка состојба, со позициите и со ставовите на ВМРО-ДПМНЕ во поглед на нејзиното надминување. Груевски, како што информираат од ВМРО-ДПМНЕ, посочил дека најбрз и...

Само 12 проценти од жените се на менаџерски позиции

Повеќе од 30 проценти од новите фирми во приватниот сектор се отворени од жени, а само 12 проценти од жените се на менаџерски позиции. Но, за развој на женското претприемништво е потребна финансиска поддршка преку државни програми. Жените во Македонија можат да почнат бизнис, но немаат доволно почетен капитал. Ова беше истакнато на конференцијата „Жени на лидерски позиции: Предизвици и стратегија за нивно...

Руски авиони за два дена извеле 81 лет и гаѓале 263 цели во Сирија

Авиони на руската воена авијација во изминатите 48 часа извршиле 81 лет и гаѓале вкупно 263 цели на исламските екстремисти во Сирија, соопшти денеска руското министерство за одбрана, јавуваат светските агенции. Според информациите, во бомбардирањата на целите, била уништена и база на Исламска држава (ИД) во близина на главниот град на Сирија, Дамаск. Во воздушните напади, според портпаролот на руското министерство...

Во руските воздушни напади, уништен главниот центар за обука на ИД во Сирија

Руски борбени авиони во изминатите 24 часа извеле 33 воздушни напади врз 49 цели на Исламска држава во Сирија, соопшти денеска портпаролот на руското министерство за одбрана, Игор Конашенков, јавуваат светските агенции. Конашенков соопштил дека бомбардери од типот „сухој Су-25“ во два од нападите го уништиле главниот центар за обука на милитантите на Исламска држава (ИД), кај градот Латакија, користејќи...

Коалициските сили денеска извеле 23 напади врз позиции на ИД во Ирак и во Сирија

Коалициските сили предводени од Соединетите Американски Држави (САД) денеска извршиле 18 воздушни напади на позиции на Исламска држава (ИД) во Ирак и на пет во Сирија, соопшти командата на здружените сили, јавуваат светските агенции. Според информациите, во Ирак биле гаѓани девет градови, вклучувајќи ги Синџар, Мосул, Кисик и Рамади. Во нападите било уништено тешко оружје, борбени позиции и возила на...

Руски авиони бомбардирале 60 позиции на ИД во Сирија, убиени двајца команданти

Авиони на руската армија во изминатите 24 часа бомбардирале вкупно 60 позиции на милитантите на Исламска држава, при што, како што е соопштено, биле убиени двајца команданти на ИД и околу 200 екстремисти, јавуваат светските агенции. Како што соопштил заменик-началникот на генералштабот на руската војска, Игор Макушев, руските авиони денеска имале 67 летови и гаѓале 60 позиции на џихадистите во...

Руски авиони бомбардирале уште пет позиции на ИД во Сирија

Руски воени авиони денеска бомбардирале нови пет позиции на милитантите на Исламска држава (ИД) во Сирија, соопшти руското министерство за одбрана, јавуваат светските агенции. Портпаролот на министерството, Игор Конашенков, денеска изјавил дека борбени авиони од типот „сухој“ извршиле осум летови и нападнале пет позиции на ИД, додавајќи дека воздушните удари врз милитантната група ќе продолжат. Информацијата ја потврдил и амбасадорот на...
ФИНКИ

ФИНКИ бара Владата да ги ослободи бараките на Техничкиот кампус, во спротивно најавува протести и штрајк

Најбројниот факултет во земјава – Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) бара од Владата решение за просторниот проблем со кој се соочува институцијата. Со повеќе од 5.000...