fbpx
Таг: пожари

таг: пожари

Поплавите и пожарите ќе зачестат, Македонија подготвува документ за организирање на управувањето со кризи

Северна Македонија врши евалуација на заканите по безбедноста на Републиката од сите ризици и штети, одговорија од Центарот за управување со кризи на прашањата на Порталб.мк околу тоа дали се преземаат мерки за предупредувањата на Меѓународниот монетарен фонд, според кои земјата е изложена на климатски промени и природни опасности кои претставуваат значителен ризик за јавната безбедност и јавната инфраструктура....

Среде зима, 34 пожари во последново деноноќие

Во текот на изминатото деноноќие, согласно информациите до Центарот за управување со кризи биле активни други 34 пожари на отворен простор. „Пожарникарите, паралелно гаснејќи пожари во населените места, гаснea најмалку 34 евидентирани пожари на отворено, на одредени места и со помош на локалното население. Пожарникарите гаснеле и отпадоци, ѓубришта и запалени контејнери на отворено на територијата на државата. Активен е...

Шорткат: Студенти го подготвуваат првиот македонски болид за светски натпревар во Хрватска

Дваесетина македонски студенти во моментов го подготвуваат првиот македонски болид. Тркачкиот автомобил од лабораторијата на Машинскиот факултет треба да стигне на светски студентски натпревар во Хрватска. За нивната работа, патот што го одат и предизвиците на кои наидуваат дознајте повеќе преку нашиот разговор со Стефан, Георги и Масимо, кои се дел од тимот на MES Racing, во новата епизода...

ЦУК: Настрада едно лице при пожар на отворено, има три активни пожари

Регионалниот ЦУК Куманово извести дека пожарникарите од Територијалната противпожарна единица од ТППЕ Ранковце пронашле настрадано повозрасно лице при гаснењето на пожар на отворено сношти, при интервенција од 20.30 до 00.10 часот во атарот на с. Псача. Опожарена била сува трева со површина од околу 0,4 хектари. На местото на настанот увид вршеле екипа на СВР Куманово и медицинска екипа. Настраданото...

Влијанието на климатските промени во пораст: пожарите се закана за шумите, а поплавите за нивите

Климатските промени и временските непогоди кои се резултат од нив најмногу ги погодуваат Вардарскиот, Источниот и Североисточниот регион, покажува Атласот на природни непогоди. Над 80 отсто или над 1400 случаи во периодот од 2005 до 2022 година се пожари, десет отсто се поплави, осум отсто се екстремни временски услови, а најмалку се одрони и свлечишта. Ова се податоците кои ги содржи...

ЦУК: Пожарникарите, полицајците и итната медицинска помош викендов со полни раце работа

Според извештаите за работа на Единствениот број за итни ситуации 112, викендов биле примени повици во рамки на дневниот просек помеѓу 1.500 и 2.000, а од нив најмногу биле упатени кон полицијата и итната медицинска помош, информираше утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од таму велат дека викендов имале над двојно повеќе итни случаи за комбинирано решавање, кога повеќе...

ЦУК: Во исто време вчера во државата имаше и пожари и дожд

Посилни локални врнежи имаше прво во северниот дел од државата, што потоа се проширија во западниот дел на државата, а во исто време во југоисточниот дел на државата имаше пожари со засилен ветер заради што опасно брзо се ширеа, известува Центарот за управување со кризи. „Практично, вчера на терен имаше во исто време оган и дожд - на една страна...

ЦУК: Активен пожар под Солунска Глава на висок и непристапен терен

Центарот за управување со кризи (ЦУК), согласно информациите од секторот за операции и координација, информира дека пожари на отворен простор вчера имало вкупно 11, oд кои во моментов актиен е уште еден. „Се работи за општина Македонски Брод, над село Белица под Солунска Глава, каде што гори ретка борова шума, сува трева и грмушки. Пожарот е на многу висок и...

Во изминатово деноноќие имало 52 пожари, воздухоплови гасат меѓу Лозово и Велес

Во изминатово деноноќие имало 52 пожари на отворено, од кои утрово како активни се водат четири, информираат Центарот за управување со кризи (ЦУК). Меѓу активните пожари, кај селото Белица во Општина Македонски Брод гори ретка борова шума на тешко пристапен терен. Во Општина Велес, меѓу селата Иванковци и Мамутчево гори борова шума. Во Општина Сарај кај селото Кондово гори ниска...

Ангелов: Пожарите од година во година се сè позачестени и поинтензивни

Појавата на пожари на отворен простор, што вклучува пожари во шуми и на шумско земјиште, пасишта, земјоделско земјиште и други отворени површини, од година во година е сè позачестена и поинтензивна, рече директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов, кој денеска ја отвори Регионалната работилница во рамки на проектот „Зајакнување на капацитетите за одговор на безбедносните...

Ангелов: Состојбата со пожарите е алармантна, пожарникарите и пилотите се исцрпени

Состојбата со пожарите на отворен простор е исклучително алармантна. Само во текот на вчерашниот ден на територијата на државата имало 60 пожари, информираше утрово директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов. И покрај вчерашното, како што вели, интензивно гаснење, шест пожари на отворено гореле во текот на целата ноќ и сè уште се активни. Во текот на викендот,...

Има шест активни пожари, во Пелагонија палењето ниви ја оштети пругата Велес-Битола

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во текот на вчерашниот ден биле регистрирани 36 поголеми пожари во земјава, од кои шест и понатаму се активни. Притоа, три од активните пожари се во битолскиот регион, а три во прилепскиот регион. Поради изгорени прагови од пругата меѓу Богомила и Прилеп, во прекин е железничкиот сообраќај меѓу Скопје и Битола, информираа...

Во пожарот кај селото Бељаковце изгоре куќа, на терен дејствуваат ер тракторите

Од пожарот којшто изминатава ноќ беше активен кај кумановското село Бељаковце изгоре куќа, а во моментов пламените јазици ги гаснат три ер трактори на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), информираат од Центарот за управување со кризи. Тие информираат дека нема жртви во овој пожар. На терен дејствуваат и пожарникарите од територијалната противпожарна бригада од Куманово, а во моментов постои...

Во пожарот кај Бељаковце и Руѓинце изгореа три куќи и две помошни простории

Две стари куќи и две помошмни простории изгореа во пожарот кој избувна синоќа во селото Бељаковце, а пламените јазици пеплосаа и напуштена куќа во селото Руѓенце. Како што информира Стојанче Ангелов, директорот на Центарот за управување со кризи, иако се избегнува ноќно гаснење на пожарите на отворено, овојпат, со храбрите македонски пожарникари одлучиле во текот на ноќта да гасат...

МНР: Возач на камион од Македонија е повреден во пожарите кај Александропулис

Државјанин на Македонија е повреден во пожарите што го зафатија Александропулис, кој всушност бил возач на камион чија приколка се запалила, информираат во Министерството за надворешни работи, од каде што велат дека со загриженост и внимание ја следат актуелната вонредна состојба во Грција настаната како резултат на шумските пожари во кои има и жртви. „Има еден повреден државјанин на Северна...

ЦУК: Во моментот има еден активен пожар кај Блаце

Во близина на село Блаце во општина Чучер Сандево гори запалена висока сува трева, нискостеблеста вегетација и шума на карпест непристапен терен, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Оттаму информираат дека пожарот го следат  вработени во јавното претпријатие „Македонски шуми“. „Утринскиот извештај од Регионалниот ЦУК Скопје бележи дека вчера во скопскиот регион имало вкупно седум пожари на отворено од...

Се разгоруваат пожарите околу Атина, стотици лица евакуирани

Стотици пожарникари во текот на ноќта работеа да го локализираат шумскиот пожар на периферијата на Атина, принудувајќи повеќе лица да се евакуираат бидејќи властите предупредија дека ризикот од нови пожари е голем низ целата земја, пишува Екатимерини. Дваесет луѓе загинаа откако пожарите избувнаа во северна Грција во саботата и брзо се проширија, разгорени од силните ветрови. Пожарот во близина...

Вчера горело на 22 локации, утрово пожар во село Бучинци

Вкупно 22 пожари биле изгаснати вчера, информираше Центарот за управување со кризи (ЦУК) повикувајќи се на податоци од регионалните центри во земјава. Во текот на вчерашниот ден во Скопје настанале два пожара – еден во Карпош каде на улицата „Скупи“ горела сува трева, а вториот кај новиот пат Сарај-Рашче, каде исто така горела трева. Два пожари имало и во Општина Новаци...

Вонредна состојба и евакуација во Британска Колумбија, над илјада пожари беснеат низ Канада

Околу 15.000 домаќинства добија наредба да се евакуираат во канадска Британска Колумбија, додека пожарникарите се борат со бесните шумски пожари кои ги зафатија и домовите. Канадските власти информираа дека се запалиле „значителен“ број згради во Западна Келоуна – град со околу 36.000 жители, при што повеќе од 2.400 домови се евакуирани, пренесе Би-би-си. Во целата покраина е прогласена вонредна состојба, при...

Пожарите на Хаваи не се предизвикани со ласерско оружје

Вистиномер го пронајде делот од видеото споделено во оваа објава на Фејсбук, за кое се тврди дека наводно е од Хаваи и од пожарите во август, но тоа е објавено на кинески на твитер профил уште во мај 2023 година, кога на Хаваи немаше пожари. Теоретичарите на заговори се разжестија со нови идеи по избувнувањето на пожарите на Хаваи и...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...