fbpx
Таг: пожар

таг: пожар

Едно лице загина во пожар во охридското село Требеништа

Едно лице загина, а двајца се повредени во пожарот што се случил утрово во куќа во охридското село Требеништа, информираат од Територијалната противпожарна единица при Општина Охрид. Пожарникарите интервенирале во опожарениот објект во селото Требеништа, Општина Дебарца додека бил во распламтена фаза. „При самата интервенција извлечени се две лица со изгореници и повреди по телото од помал степен. Во истиот објект...

Трет пат за два месеца запалена пругата Велес-Битола, сообраќајот во прекин

За помалку од два месеца, по трет пат се запалени дрвени прагови од пругата Велес-Битола во северниот дел од Пелагонискиот регион. Поради ова, во прекин е железничкиот сообраќај на релацијата Скопје-Битола-Скопје. Симптоматично е што палењето на пругата и онеспособувањето на сообраќајот се случува речиси на идентичната локација во Општина Долнени. Од Центарот за управување со кризи информираат дека била запалена...

Бурата „Киаран“ ја зафати Европа: Петмина загинати во Италија, над 800 евакуирани во Шпанија

Бурата „Киаран“ предизвика природни катастрофи низ Европа. Според Гардијан, забележани се пет смртни случаи во Италија, еден во Франција, а во Шпанија се евакуирани над 800 луѓе откако избија неколку пожари кои брзо се шират поради силните ветрови на бурата. Дополнително, забележани се поплави во Словенија и Хрватска, вклучително и во Загреб, каде што се излеа реката Сава. Од Индекс...

Во пожар во рудник во Казахстан загинаа повеќе од 20 луѓе

Пожарот кој изби во рудникот во Казахстан остави најмалку 21 загинато лице. Од вкупно 252 работници кој работеле во рудникот, 23 се водат како исчезнати, а 18 се во болница, известува Би-би-си. Рудникот е во сопственост на мултинационалната фирма за производство на челик Арселор Митал. Пожарот изби на истиот ден кога претседателот на Казахстан Касим Комарт Токајев побара да се...

По пожарот во фабриката за пластика во Осиек, квалитетот на воздухот и натаму лош

Квалитетот на воздухот во Осиек и околината беше оценет како „умерен и прифатлив“, но жупанскиот и градскиот штаб за цивилна заштита соопштија дека денеска „превентивно“ нема да се одржи настава во основните и средните училишта во Осиек, како и во некои околните градови до кои стигна чадот од изгорената фабрика за пластика на „Драва Интернешнл“, известува Индекс.хр. Оваа проценa за...

ЦУК: Утрово изгаснат пожар што можеше да зафати поголема површина со квалитетна шума

Вкупно 33 пожари на отворен простор имало во текот на вчерашниот ден, од кои утрово активни биле уште пет, информираше Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од петте активни пожари изгаснат бил еден шумски за кој постоела опасност дека ќе зафати поголема површина со квалитетна шума. Станува збор за пожар во атарот на селото Бигла во Делчево, кој започнал синоќа...

По пожарот во фабриката за пластика во Осиек, можно е прогласување еко-катастрофа

Пожарот во Бријесто, во предградието на град Осиек, е ставен под контрола. Пожарот изби во вторник во фабриката „Драва Интернешнл“, во која се произведуваат различни пластични производи, а ќе бидат потребни уште неколку дена за гасење. Хрватските медиуми објавуваат дека силен ветар од над 50 километри на час го разнел пожарот по источниот предел на Хрватска. Во медиумите се...

Полицијата го уапси убиецот од Хром чија мајка запали стан за да го прикрие

Денеска во 14.20 часот на пидрачјето на населба Влае, во брза заедничка акција на Оперативен тим Потраги во содејство со Единицата за интервентна полиција лишен е од слобода А.Д.(39) од Скопје, за кого пред два дена беше распишан Централен распис за потрага, а во текот на вчерашниот ден беше поднесена и кривична пријава по брза постапка за извршени две...

Мајка осомничена за предизвикување пожар со цел да се прикрие свирепо убиство сторено од синот

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје постапува по кривична пријава во врска со настанот од 22 септември, кога по предизвикан пожар во стан на улицата „Исаија Маџовски“, беше пронајдено безживотно тело на 36-годишниот сопственик на станот со траги на насилство. Доказите кои се обезбедени до овој момент, според ОЈО, даваат основано сомнение за еден осомничен како сторител на кривично дело убиство...

Свадба во Ирак се претвори во кошмар, најмалку 110 луѓе загинаа

Најмалку 110 луѓе загинаа додека присуствувале на свадба во ирачкиот град Каракош, источно од Мосул. Извештаите сугерираат дека огнометот во внатрешноста на салата го предизвикал пожарот. Властите за цивилна одбрана рекоа дека салата имала префабрикувани панели кои биле многу запаливи, што веројатно помогнало во ширењето на пожарот и падот на дел од таванот, пренесе Би-би-си. Црвената полумесечина соопшти дека изброиле...

Во пожар изгореа 1.000 прагови од пругата Велес-Битола, возовите не сообраќаат

Железничкиот сообраќај на пругата Велес-Битола е во прекин поради пожарите во Пелагонискиот регион, кои уништиле околу 1.000 прагови од пругата на повеќе локации, информираат денеска од Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ-Инфраструктура. „Стручните служби на ЖРСМ Инфраструктура работат интензивно на терен за отстранување на дефектот и оспособување на сообраќајот. Поради овие причини сообраќајот на релацијата Скопје-Битола-Скопје ќе биде...

Пожарот во стан во Хром бил прикривање убиство

Според Основното јавно обвинителство Скопје, чиј дежурен обвинител извршил увид во опожарениот стан во Хром, каде вчера беше пронајден пoчинат 35-годишник, жртвата била првин избодена со отар предмет, а потоа бил подметнат пожарот во станот, за да се прикрие убиство. Иако станува збор за првични сознанија, во текот на денешниот ден, Обвинителството во координација со МВР презема и други дејствија...

Предизвикал пожари и ги признал делата – приведено лице од радовишко

Два пожара летово предизвикал жител на радовишкото село Али Коч, при што во еден од пожарите постоела опасност да биде зафатена и куќа. Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека полициски службеници од радовишката полициска станица вчера го лишиле од слобода 52-годишниот С.Р. Тој се сомничи дека во понеделникот предизвикал пожар на местото викано „Градска корија“ во Радовиш, при што...

Полицискиот хеликоптер Бел ер 412 го локализирал пожарот кај Осинчани исфрлајќи 15 тони вода

Откако завршил со гаснење на пожарот кај Чашка, вчера околу 14 часот хеликоптерот на МВР од типот Бел ер 412 бил испратен во реонот на селото Осинчани каде беснеел пожар, јави МВР. „Хеликоптерот Бел ер 412 од Хеликоптерската единица за полициски намени при МВР во повеќе налети исфрли над 15 тони вода, со што успешно и целосно и овој пожар...

Протест во Скопје: роднините на загинатите од тетовската модуларна болница бараат правда

Граѓани и членови на семејствата на загинатите во пожарот во модуларната болница во Тетово што се случи пред две години денеска протестираа во Скопје. Со транспаренти во рацете, денеска побараа правда за случајот, во кој животот го загубија 14 лица на 8 септември 2021 година. Роднините бараат да се разрешат петмина обвинители, но и бараат судска разрешница и казни за...

Пожар во поранешната фабрика ОХИС, гори оџак и дрвна маса

Во поранешната фабрика ОХИС во Скопје во моментов има пожар. Огнот зафатил оџак и дрвна маса во еден од објектите на фабриката, информираше Центарот за управување со кризи (ЦУК). Оттаму велат дека пријавата за пожарот ја добиле преку телефонскиот број за итни случаи 112. „Од Е-112 во ЦУК е добиена пријава за пожар во поранешената Фабрика ОХИС, каде што е опожарен...

Протест за пожарот во тетовската модуларна болница ќе се одржи утре во Скопје

Утре ќе има протестен марш во Скопје, на кој семејствата на 14-те жртви кои изгореа во пожарот во тетовската модуларна болница ќе побараат правда за изгубените животи, пишува Portalb.mk. Протестниот марш ќе започне во 14 часот од плоштадот „Скендербег“ и ќе заврши пред зградата на Основното јавно обвинителство, кое според членовите на семејството „замижало пред правдата и ги штити одговорните...

Густ чад над небото во Скопје, горат трска и ѓубре околу Арачиново

Небото над Скопје попладнево е зафатено од густ чад од активен пожар, којшто трае повеќе од два часа во близина на селото Арачиново. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека на терен се екипи на скопската противпожарна бригада за гаснење на пожарот. Како што информираат од ЦУК, чадот што се издигнува е од пожар, во кој гори трска...

Утрово гореше депонијата Дрисла, чадот може да биде канцероген, предупредуваат активисти

Во раните утрински часови денеска можело да се забележи густ црн чад над скопската депонија „Дрисла“, која според локалните жители започнала да гори во раните утрински часови. Активистот Сених Браховиќ, во видео кое го сподели на Фејсбук, вели дека добил многу повици од жители на Батинци и другите населени места во околината на депонијата кои се исплашени од евентуалното...

Мостот „Беласица“ над Вардар бил безбеден и покрај пожарот, вели Град Скопје

Канцеларијата на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, соопшти денеска оти мостот на улицата „Беласица“, близу Транспортен Центар, е безбеден за сообраќај. Мостот беше опожарен од долната страна пред неколку месеци, а потоа беше затворен за сообраќај. „Согласно експертскиот извештај за состојбата на мостот на бул.Беласица, утврдено е дека истиот нема структурни оштетувања кои ја нарушуваат безбедноста на мостот. Од...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...