fbpx
Таг: пожар

таг: пожар

Се чека одлука за втора истрага за пожарот во Модуларната болница во Тетово

Иако поминаа седум месеци откако Јавното обвинителство во август 2023 година информираше дека Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција води уште една истрага за пожарот во модуларната болница, во кој изгореа 14 лица, од оваа институција за Порталб.мк нагласуваат дека Обвинителството е пред донесување на одлуката, но не наведуваат конкретен датум. Обвинителството за Порталб.мк нагласи дека овој предмет е...

Откриен еден од подметнувачите на пожарот во кафе бар во Охрид

Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 19-годишник од Скопје, бидејќи постои основано сомневање дека тој сторил кривично дело – Тешки дела против општата сигурност по член 292 став 1 во врска со член 288 став 1 од Кривичниот законик. На 10 март во раните утрински часови, осомничениот заедно со уште едно непознато лице, заедно отишле...

Прилепчанка прскала запалива течност во угостителски објект и се заканувала со пожар

Полицајци во Прилеп вчера доцна вечерта ја уапсиле прилепчанката К.И.(32), под сомнение за кривично дело „предизвикување општа опасност" по чл. 288 од КЗ. Случајот вчера околу 22 часот во ОВР Прилеп го пријавил Т.К.(61) од Прилеп, кој известил дека половина час претходно во неговиот угостителски објект во Прилеп влегла К.И. и со шише наполнето со запалива течност прскала по подот...

Пресметка меѓу двете криминални банди Дуќанџик и Барон: Едно лице убиено, подметнат пожар во кафуле

Вчерашното убиство на Зељкиф Туша (56), таткото на Гани Туша, се претпоставува дека е дел од пресметката на двете скопски криминални банди Барон и Дуќанџик. Гани Туша е осомничен дека е убиецот на Орхан Бајрами-Оки, еден од водачите на бандата Дуќанџик, со што во медиумите се шири тезата дека станува збор за пресметка меѓу крилата од двете криминални банди...

Пожар на Китка, гори сува вегетација

Вечерва околу 18.30 часот неколку велосипедисти кои преноќуваат во објект на Китка пријавиле пожар на планината, давајќи детални информации и фотографии за конкретната локација. Според информациите на Центарот за управување со кризи (ЦУК) гори нискостеблеста сува вегетација. „ЦУК ја следи ситуацијата преку дежурните во Секторот Е 112 и во Секторот за операции и координација, а повеќе детали се очекуваат утре“,...

Нема повредени во пожарот во Ист Гејт Мол

Во врска со пожарот кој се случи утринава во трговскиот центар „Ист Гејт Мол“ во 9.30 часот, од трговскиот центар информираат дека техничките заедно со пожарникарските служби на терен го локализирале пожарот и навремено го спречиле неговото ширење. „Согласно утврдените процедури на трговскиот центар за ваков тип на ситуации беа активирани системите за заштита од пожар и вработените во трговскиот центар...

Над 36 пожари низ Македонија во изминатото деноноќие

Над 36 пожари на отворено имало изминатите 24 часа, а 4 сѐ уште се водат како активни, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Освен „зимските“ пожари на отворено во последното деноноќие пожарникарите гаснеле и отпадоци, ѓубришта и запалени контејнери на отворено на територијата на државата. Еден од пожарите во последните 24 часа бил во близина на с.Виниче на Скопска...

Трет настрадан во пожар во едно деноноќие

По двата случаја на настрадани во пожари во изминатово деноноќие, Центарот за управување со кризи (ЦУК), извести и за трет таков случај - животот во пожар го загубило и лице во селото Оџалија во општина Карбинци. По добиената информација за пожар на Единствениот повикувачки број 112 во ЦУК за запалена штала, денеска околу пладне, и интервенцијата на пожарникарите, утврдено е...

ЦУК: Маж си ја запалил куќата и загинал во пожарот

Една човечка жртва однел пожар во куќа во селото Косевица, близу Македонска Каменица, информираше Регионалниот ЦУК Штип. Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Македонска Каменица денеска во периодот од 7.20 часот до 10.35 часот интервенирале на пожар на запалена куќа во селото, односно во месноста „Реката''. Интервенирано е со две протипожарни возила, а материјалната штета, според неофицијалните информации, била голема. „Причина...

Пожарите во зима се последица на климатските промени, но и на традицијата на палење стрништа

Климатските промени ни донесоа пожари и во зима. Високите температури, невообичаени за овој период од годината, како и долгиот сушен период без врнежи од снег и од дожд, дополнети со човечки активности и невнимание, создадоа поволни услови шумите и планините да ни горат и во февруари. Во последните неколку денови се регистрирани дваесетина пожари на отворено. Според податоците од Центарот...

(ВИДЕО) Пожар зафати три куќи во Драчево, го гаснат 15 пожарникари

Три бараки (куќи) горат во населбата Драчево откако избувнал голем пожар околу 17.30 часот. Регионалниот ЦУК Скопје извести дека околу пожарот почнал на кровна конструкција од барака (куќа) на ул. „Бранко Заревски“ бр.36 во скопската населба Драчево. Според последните информации, пожарот е проширен и биле зафатени три куќи. Интервенираат 15 пожарникари со 6 противпожарни возила. Пожарникарите се на терен и засега нема...

ЦУК: Во последното деноноќие пријавени десет пожари на вегетација на отворено

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека од регионалните центри за управување со кризи во државата, има „зимски“ пожари на вегетација на отворено, а за тоа стасале десетина пријави во последното деноноќие. „По добиена пријава на бројот 112 за шумски пожар помеѓу селата Морани и Вражеле рид во општина Студеничани, веднаш е известена јавното претпријатие „Национални шуми - подружница...

(ВИДЕО) Пожар во кинески трговски центар во Белград, го гаснат хеликоптери и 70 пожарникари

Голем пожар утрово избувна во кинескиот трговски центар во Блокот 70 во Белград. Густ чад што излегува од трговскиот центар може да се забележи од повеќе делови на српскиот главен град, а на терен се повеќе од 70 пожарникари. По наредба на српското Министерство за внатрешни работи, пожарот се гаси и со хеликоптери, јавува Н1. Шефот на Одделот за вонредни...

Случајот за пожарот во модуларната болница заборавен во фиоките на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција

Иако поминаа повеќе од пет месеци откако Јавното обвинителство на 14 август објави дека Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција отвори уште еден предмет за пожарот во модуларната болница во кој изгореа 14 лица, денес од оваа институција не даваат детали до каде е оваа истрага и кога ќе има нешто конкретно, пишува Порталб.мк. Ниту од Јавното обвинителство, ниту...

Пожарите и поплавите – најчести природни непогоди во земјава во последните две децении

Пожари и поплави се најголемиот дел од природните непогоди кои се случиле во С. Македонија во периодот од 2005 до 2023 година, покажува Анализата на екстремни временски настани која ја изработи Центарот на климатски промени. Само на овие две непогоди отпаѓаат над 90 проценти од природните катастрофи што се случиле во земјата. Анализираните податоци откриваат дека пожарите и поплавите...

Во пожар во стан во Аеродром настрада 76 годишен човек

Седумдесет и шест годишно лице настрадало утрово во пожар кој избувнал во стан во зграда на улицата „Пандил Шишков“ во населбата Стар Аеродром, потврди Министерството за внатрешни работи (МВР). „Утрово е добиена пријава за пожар во стан во зграда на ул. „Пандил Шишков“ во Скопје. Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот е изгаснат, а во станот е пронајден...

„Ист Гејт Мол“ евакуиран поради опожарено возило

Во „Ист гејт мол“ била извршена евакуација на сите посетители и вработени. Од портпаролот на Министерството за внатрешни работи велат дека се работело за опожарено возило во паркингот поради кое се активирале против пожарните аларми. „Денеска во 13.42 часот пријавено е дека во ТЦ „Ист Гејт Мол“ се вклучиле противпожарните аларми при што веднаш од страна на обезбедувањето е реагирано и...

По пожарот во тетовско Фалише, ќе се испитува водата за пиење – екологистите бараат одговорност

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека пожарот што избувна во фабриката за бои и лакови кај село Фалише, Општина Тетово, е ставен под контрола. „Има по малку чад, но на лице место континуирано сè уште има екипа пожарникари од ТППЕ Тетово којаја контролира ситуацијата и има и полиција за обезбедување на локацијата“, велат од ЦУК. Екипа од ЈЗУ Центар...

Пожарот во тетовско Фалише сè уште е активен, 24 часа пожарникарите го гаснат магацинот полн со бои и лакови

Пожарот во тетовското село Фалише сè уште е активен. Иако со значително намален обем на местото сè уште има пламен и чад. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информирааат дека тетовските пожарникари гаснеле непрекинато во текот на целата ноќ и продолжуваат со гаснење. „Се очекува целосно да биде изгаснат во наредните неколу часа“, велат од ЦУК. Екологистите предупредуваат на големи...

Гори магацин во тетовско со 100 тони бои и лакови, жителите да затворат прозорци

Околу сто тони бои и лакови горат складирани во магацин кај тетовското село Фалише. Како што пред малку информираше директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, во 10 часот и 30 минути добиле информација за пожар во фирмата за бои и лакови „Евроком“. „Се работи за голема количина, можеби и сто тони бои и лакови кои се...
ФИНКИ

ФИНКИ бара Владата да ги ослободи бараките на Техничкиот кампус, во спротивно најавува протести и штрајк

Најбројниот факултет во земјава – Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) бара од Владата решение за просторниот проблем со кој се соочува институцијата. Со повеќе од 5.000...