fbpx
Таг: ПоздравПленумци

таг: ПоздравПленумци

Премиерот ги претрка пленумците

Еден ден пред јавниот собир во Паркот на новинари, кој го организира „Средношколски пленум“, премиерот Никола Груевски во Дојран изјави дека измените во законот за државна матура се одложени за септември 2016 година. При посетата на Дојран, одговарајќи на новинарско прашање, премиерот Груевски рече дека има доволен период за размислување во кој ќе се разговара со сите заинтересирани страни за да...

„Студентски пленум“ организира марш в недела, во 13 часот

„Студентски пленум“ организира марш за да покажат дека нивните дејствувања и ставови се непоколебливи, натпартсики и секогаш на страна на студентите. Во соопштението објавено на нивната фејсбук-страница, пишува дека тие не застанале во борбата за исполнување на студентските барања и потреби. Маршот ќе почне во 13 часот, од платото на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. „Владата се осмели да ни застане на...

Денеска во 17 часот прва средба на „Родителски пленум“

Денеска во 17 часот, на платото на скопската гимназија „Јосип Броз Тито“, „Родителски пленум“ ќе има прва средба. Како што е наведено во поканата на фејсбук-страницата, родителите замолуваат сите да дојдат без партиски обележја и ставови.  „Родителски пленум“ го сочинуваат родители на средношколци и на студенти кои се дел од двата пленума. Тие бараат да се стави крај на...

Бојкотот на средношколците продолжува

„Средношколски пленум“ соопшти дека бојкотот на наставата и средношколскиот фронт пред Министерството за образование и наука проложуваат и оваа недела, јавува „Радио Слободна Европа“. Од пленумот на средношколците наведуваат дека на последната средба од преговорите со Министерството, која се одржа минатиот четврток, не бил постигнат никаков договор. Моменталната состојба на преговорите била полагање на државна матура по стариот концепт само оваа година...

Исчезна Борко, кучето-демонстрант, го нема во Вардариште, ниту на улица!

Протестите на студентите, на хонорарците, на новинарите, „Критична маса“ и речиси сите други протести изминативе месеци имаа поддршка од Борко, во јавноста познато како „кучето што протестира“. Но, последниот протест на средношколците и на студентите помина без Борко, исто како и собирот на новинарите пред Владата што се одржа во вторникот. Побаравме по фејсбук-страниците на здруженијата за заштита на животни дали некој има...

Средношколци ќе маршираат в четврток

В четврток, во 12 часот,  ќе се одржи нов средношколски марш на скопските ученици. Маршот, како што  информираат од „Средношколски пленум“, ќе почне кај фонтаната во Градски парк, а ќе заврши пред МОН. Наслов на маршот ќе биде „Стоп за лошите реформи во средното образование“. „Бараме да се врати стариот концепт на матура и да се стави во мирување законот за...

Ману Чао им ја честиташе победата на студентите

Ману Чао вторпат им искажа поддршка на студентите. Овојпат тој им ја честиташе победата. Преку својот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“, тој напиша: „Студентски пленум, ви честитам. Од Богота, Колумбија, до Македонија. Останете позитивни и никогаш не се откажувајте од своите права. Максимален респект“.

Студентите ја прекинуваат окупацијата?

Власта попушти, а студентите кои повеќе од десетина дена ги окупираа факултетите конечно извојуваа победа. Ќе се подготвува целосно нов закон за високо образование, а студентите ќе ја прекинат окупацијата на факултетите, јави „Фокус“, откако студентите донеле ваква одлука на генералниот пленум што се одржа вечерва на Филозофски факултет. По неколкучасовната напорна работа, студентите го прославиле успехот  со забава.

Во тек е дебатата на МОН и на „Студентски пленум“

Во Ректоратот на УКИМ, во тек е средбата меѓу претставници на Владата и на „Студентски пленум“. Засега нема никакви информации, а од пленумот информации околу нивниот став најавуваат за вечерва или за утре. И Зоран Ставрески присуствува на средбата. #ПоздравПленумци pic.twitter.com/ufhfr7z4LG — Fakulteti/Факултети (@fakulteti) February 19, 2015 И претседателот на СПУКМ е овде! Кирил Спирковски. #ПоздравПленумци pic.twitter.com/O9kQIfLG5j — Fakulteti/Факултети (@fakulteti) February 19, 2015 Во...

„Ослободен“ Архитектонскиот факултет

Студентите од Архитектонски факултет денеска прогласија автономна зона. Ходниците на факултетот ги наполнија со шатори, храна и со пијалаци. Во моментот кога ги посетивме, се подготвуваа за трибина. Студентите повикуваат на солидарност и секој кој има можност да им донира храна, овошје, тоалетна хартија и пијалаци. - Вечерва остануваме тука. Не знаеме колку точно студенти планираат да останат - велат тие. Студентите од...

Пленумци: Нè има и на Универзитетот „Гоце Делчев“

Студентите од Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип им дадоа поддршка на своите колеги од „Студентски пленум“ во окупацијата на факултетите. Штипските студенти попладнево одржуваат координативна средба за следните насоки за дејствување. Окупација на фукултетите на УГД засега нема, но студентите се огласија со соопштение до јавноста. Во него, тие потврдуваат дека пленумци има и во Штип, но се плашат гласно да го...

Утре ќе се окупира Архитектонскиот факултет на УКИМ

На фејсбук-страницата на студентското списание „Излез“ пишува дека е изгласана третата автономна зона и дека утре се планира да се окупира Архитектонскиот факултет. Додека сè уште се договара најавената среба меѓу Министерството за образование и „Студентски пленум“, продолжуваат окупациите на факултетите. Денеска е ослободен Техничкиот факултет во Битола, а пленумците ја блокирале наставата на Педагошки факултет.  

Студентите бараат преговорите да се водат на Универзитетот

Пред денешниот состанок на работната група за високото образование, која беше најавена од Министерството за образование, од „Студентски пленум“ инсистираат владините претставници да дојдат на Универзитетот. - Посочуваме дека од овој момент натаму, преговорите не треба да се водат во Министерството за образование или во Владата. Дебатата за универзитетот мора да се одвива на универзитетот - наведуваат од пленумот, кој останува...

Хонорарци: Сакаме да нè слушнете, а не да нè прислушувате

Со транспаренти „Лебот ни го земавте“, „За луѓе се работи, не за проценти“, „Не сте свесни и ние сме бесни“, „Не ги убивте сите синдикати, тука сме“, хонорарците денеска ги „поздравија“ пратениците, министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, Владата, за на крај да им дадат поддршка на студентите кои ја чуваат автономната зона на Филолошки факултет. Како што...

Студентите од автономната зона се пошегуваа во емисијата „Јади бурек“

Студентите кои одлучија да преспијат во автономната зона на Филолошки факултет, вечерва се пошегуваа на сметка на водителот Јанко Илковски. Пленумци преку „скајп“ се вклучија директно во емисијата „Јади бурек“ на телевизијата „Сител“. Разговорот го почна студентот кој се претстави како Ѓорѓи. Тој му се пожали на Јанко дека не може нормално да оди на настава на факултет. По краткиот...

Пратениците ги изгласаа измените на Законот за високо образование

Пратениците, кои пред неполн месец во Собранието дискутираа дека Законот за високо образование е добар и дека ваков закон недостигал за да се доведе во ред високото образование, денеска кренаа рака и гласаа да се одложи примената на некои одредби од Законот, со образложение дека недостигала дебата. - Сакам да ја изразам поддршката за одложувањето на Законот. Владата имаше слух...

Студентите бараат донации во храна и во опрема и остануваат во автономната зона

Студентите, преку својата страница на социјалната мрежа „Фејсбук“, порачуваат дека ќе останат на Филозофски/Филолошки факултет сè додека не се исполнат сите нивни барања. Тие на својот профил објавија повик до граѓаните, преку донации да им помогнат во нивната борба. Студентите ќе бидат на факултетот секојдневно, така што може да се посетат во текот на целиот ден. Набргу ќе следи и алтернативниот студентски...

Заушки за Иванов на „Фејсбук“

Откако претседателот Ѓорге Иванов ги потпиша законите за високо образование, на „Фејсбук“ има лавина од коментари и од реакции, како на политичари, така и на обични граѓани. Еве некои од нив: Ивица Милевски: „Си мислев дека „Претседателот“ сепак можеби ќе биде „претседател“ на сите, барем за кратко...ама пуста надеж. Дефинитивно имаме „претседател“ само на хартија, колку да го има“. Ана Павловска-Данева: „Ни државник,...

Студенти и професори: Ќе прават нешто, ама прво чекаат на Иванов

Професорскиот и студентскиот пленум сè уште немаат конкретни чекори кои планираат да ги преземат откако пратениците вчера го изгласаа Законот за високо образование. И од двата пленума велат дека немаат намера да се откажат од барањето да се повлече спорниот закон, но сè уште не знаат кои ќе им бидат наредните чекори. Жанета Трајковска од „Професорски пленум“ вели дека сега ја...

Професорите и студентите „го погребаа“ високото образование

Околу 150 професори, студенти и граѓани кои ги поддржуваат, со свеќи в раце, се собраа вечерва пред Собранието за да го „погребат“ високото образование. Погребот на високото образование почна половина час откако пратениците во Собранието ги усвоија измените во Законот за високо образование. Пленумци велат дека одлуката погребот на високото образование да го одржат пред Собранието има симболика затоа што...

Може да се раскине кој било договор, прашање е цената

Ванковска делумно точно оценила дека раскинувањето на договорите со Бугарија и Грција „е лесно“ и „малку потешко“. Но, нејзината проценка колку лесно или колку тешко се раскинуваат билатералните и...