fbpx
Таг: повреди

таг: повреди

Итната помош дала „виза“ за рочиште за „Диво Насеље“, обвинетите немале повреди од ќотек

Во скопскиот Кривичен суд денеска продолжи главната расправа од судскиот процес за настаните во Диво Насеље во Куманово, од 9 и од 10 мај минатата година, и покрај интервенцијата на екипа на Итната помош, која била повикана откако шестмина обвинети се пожалиле на здравстени проблеми и на повреди, кои, наводно, ги добиле при транспортот од затворите каде издржуваат притвор. Поради...

Напад со нож на железничка станица во Минхен

Непознат маж утринава со нож нападнал патници на железничката станица во Минхен, ранувајќи четири лица. Едно лица подлегна на повредите. Германската полиција соопшти дека се ранети четири лица, а едно од нив, кое имало тешки повреди, подоцна починало во болница. Портпаролката на полицијата, Михаела Гроб, рече дека мажот е уапсен и дека властите работат на утврдување на неговиот идентитет. Инцидентот се случил...

Во три сообраќајки во Полошко, повредени четворица пешаци

Во три одделни сообраќајки изминативе два дена во Полошко, повредени се четворица пешаци. Вчера попладне на улицата Ѓоце Стојчески Амбарче во Тетово, повредено е петгодишно дете, кое ја преминувало улицата. Детето било удрено од автомобил „мерцедес“, управуван од 63-годишник од Тетово. Детето е веднаш пренесено во тетовската болница, каде по укажаната помош, пуштено е на домашно лекување Во Гостивар синоќа повреден...

Кучиња-чувари изгризале селанец од струшко Мислешево

Полициската станица од Струга поднесе барање за поведување прекршочна постапка против 37- годишно лице од струшкото село Мислешево. Пријавата е поднесена поради постоење основан сомнеж дека лицето, без заштитни средства (маска и слично), без надзор и невнимателно, држи кучиња и други опасни животни кои можат друг да престрашат, нападнат или да повредат. - Две кучиња од расата питбул, сопственост на пријавениот,...

Едно лице загина при пукање во хотел во Даблин

Најмалку едно лице загинало, додека друго добило тешки телесни повреди при пукање што се случило во хотелот „Риџенси“ во Даблин, пренесуваат локалните медиуми. Тројца мажи упаднале во фоајето на хотелот, облечени во униформи кои наликувале на полициски. Според очевидците, луѓето почнале да пукаат од „калашникови“, поради што десетина лица избегале, а меѓу нив имало и повредени, пренесува „Раша тудеј“. Амбулантни и противпожарни возила...

Во сообраќајка кај Лозово тешко е повредено двегодишно дете

Вчера, на магистралниот пат во близина на Лозово, се случила сообраќајна несреќа при што повредено е двегодишно дете. „Околу 12.30 часот, на магистралниот пат во близина на Лозово, во правец од Велес кон Штип, се случила сообраќајна незгода во која Ч.Ц. (72) од Скопје, управувајќи автомобил марка „тојота јарис“ со скопски регистерски ознаки, излетал од коловозот и удрил во бетонски столб. Во...

Изгубил пари во казино, па лажно пријавил дека го тепале и го ограбиле разбојници

Триесет и четиригодишен жител на тетовското село Копанце вчера пријавил дека бил нападнат и ограбен од тричлена разбојничка банда, но по кратката истрага, полицијата утврдила дека станува збор за лажно пријавување и дека повредите што му биле констатирани, осомничениот самиот си ги нанел. Како што информираат од МВР, вчера околу 22 часот во полициската станица Тетово било пријавено дека во...

Малолетник прободен со нож во тепачка во центарот на Гостивар

Шестнаесетгодишно момче од гостиварското село Добридол било тешко повредено со нож, во тепачка меѓу две групи што се случила синоќа на улица во центарот на Гостивар, соопшти полицијата. Малолетникот околу 19.25 часот бил донесен во Медицинскиот центар во Гостивар со убодна рана во стомакот, а поради сериозноста на повредата е пренесен во Ургентниот центар во Скопје. Според полициските информации, тепачката се...

Рударот го загуби видот, истрагата отворена

Сè уште не е завршена истрагата за експлозијата во рудникот на „Индоминерали и метали - Злетово“, во која двајца рудари беа тешко повредени. Во рударскиот инспекторат ја чекаат уште изјавата на еден од рударите. Инспекторот Драган Димитровски очекува истрагата да ја комплетира до Нова година. Дали и овојпат се работи за рударско невнимание, ќе се знае наскоро. 42-годишниот рудар од Пробиштип, кој...

Охриѓанец со мачета нападнал пријател

Триесетгодишен охриѓанец вчеравечер, во својот дом, со мачета му нанел повреди на свој пријател, кој заедно со сопругата бил на гости кај него, соопшти СВР Охрид. Како што информираат оттаму, А.Р. (30) бил повреден во стомакот, левата рака и на лицето и е пренесен и задржан на лекување во медицинскиот центар во Охрид. Напаѓачот, В.К. (30), е приведен и против него,...

Три лица повредени со нож вчера попладне во Скопје

На улицата Џон Кенеди во Скопје, вчера, околу 15 часот, непознато лице со нож им нанело повреди на Б.С. (26) и на Х.С. (18), двајцата од Скопје. На повредените им е укажана лекарска помош во Ургентен центар - Скопје и во ГОБ „Св. Наум Охридски“, при што кај Б.С. се констатирани тешки телесни повреди, убодна рана во пределот на стомакот, додека  Х.С.,...

Кампања за Нова година без петарди

„Среќна и безбедна 2015 година - во семејно и пријателско дружење“ е мотото на годинешната кампања за подигнување на свеста на граѓаните во однос на употребата на петарди и на други пиротехнички средатва. По повод оваа акција, денеска се одржа и симулациска вежба од активисти на Црвениот крст и МВР пред ТЦ „Капитол“ во населбата Аеродром. МВР, покрај оваа кампања,...

Едното од избодените момчиња во Ново Лисиче оперирано и сместено на КАРИЛ

На едно од двете момчиња, кои ноќеска, триесетина минути по полноќ, беа избодени со нож во скопската населба Ново Лисиче, му бил извршен хируршки зафат, по што е сместено на Клиниката за анестезиологија, реанимација и интензивно лекување и е приклучено на респираторна машина, велат за „Мета“ од Ургетниот центар. Оттаму додаваат дека момчето имало посериозни повреди на крвните садови, кои...

Споменикот на Александар во Штип бил исправен, покажала контролата

Вчерашниот инцидент, кога врз 12-годишно дете падна тешка мермерна плоча од постаментот на споменикот на Алексаднар Македонски на плоштадот во Штип, го отвори прашањето кој треба да се грижи за одржувањето на спомениците. По поминатата ноќ на хируршкото одделение, детето претпладнето е пуштено на домашно лекување. Констатирани му се полесни повреди. Споменикот е висок пет и половина метри. Според информацијата...

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...