fbpx
Таг: повреден

таг: повреден

Приведено лице што со автомобил удрило во полицаец кој го регулирал сообраќајот во Кичево

Додека го регулирал сообраќајот на кичевските улици, полициски службеник вчера завршил со тешки телесни повреди, откако во него удрил автомобил. Според информациите на Министерството за внатрешни работи (МВР), настанот се случил околу 8 часот наутро на кружен тек. Во полицаецот удрил 23-годишен жител од кичевското село Длапкин Дол кој управувал автомобил „опел“ со охридски регистарски ознаки. Лицето вчера било приведено од...

Сообраќајна несреќа во Лисиче: Удрил во 61-годишен велосипедист, па побегнал

Сообраќајна несреќа се случила вчеравечер во Долно Лисиче во која со тешки телесни повреди завршил 61-годишен велосипедист од Скопје. Како што информираше Министерството за внатрешни работи (МВР), синоќа околу 20 часот и 30 минути било пријавено дека на крстосницата меѓу улиците „1“ и „7“ во Долно Лисиче се случила незгода во која возило удрило во велосипедистот С.Ј., по што возачот...

Со „голф“ удрил во пешак во Скопје, па избегал

Со тешки телесни повреди здобиени во сообраќајна несреќа, вчера завршил 48-годишниот А.В. од Свети Николе. Случајот во СВР Скопје го пријавиле од Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде бил однесен повредениот, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР). Од страна на полициски службеници бил извршен разговор со повредениот, при што било констатирано дека на крстосницата меѓу улиците „Ацо Шопов“ и „1409“, како...

Машина притисна рудар во рудникот „Саса“

Со повреди завршил 55-годишен рудар во рудникот за олово и цинк  „Саса” од Македонска Каменица, откако го притиснала машина со која работел во рударската јама. Несреќата се случила во 6:30 часот, во рударска јама, потврди портапролката на СВР Штип, Гордана Панајотова. Машината му го повредила градниот кош на рударот. Со возило на Итната медицинска помош од Македонска Каменица, рударот е хоспитализиран...

Возач на скутер удрил во пливач во Охридско Езеро и избегал

Пливач вчера попладнето бил удрен од воден скутер во Охридско Езеро кај населбата Езерски лозја и бил повреден, а човекот што управувал со скутерот избегал без да му укаже помош. Како што соопшти СВР Охрид, полицијата во Струга трага по човекот што го управувал скутерот што го повредил 50-годишниот Р.Д. од струшкото село Ливада. Тој пливал на 500 метри од...

Ловец со сачми застрелал соселанец што собирал смрекинки

Во инцидент вчера кај малешевското село Будинарци, 63-годишен жител на селото бил застрелан и тешко повреден со сачми во двете нозе. Во него пукал негов соселанец, 36-годишниот И.П., кој мислел дека нишани во дивеч. Како што извести СВР Штип, ранетиот С.К. првин бил пренесен во Здравствениот дом во Берово, а потоа поради сериозноста на повредите во префрлен во Клиничката болница...

Малолетник греел куршум со леткум, детонацијата му го повредила показалецот

Малолетник во гостиварското село Зубовце вчеравечер добил повреди на показалецот, откако експлодирал куршумот што го загревал со леткум. Како што соопшти полицијата, вчера, околу 21 часот, во куќата на неговиот дедо во Зубовце, 10-годишниот малолетник, додека бил сам во една од собите, со леткум загревал куршум од гасен пиштол во пределот на капислата, при што куршумотт пукнал и му нанел...

Македонски државјанин повреден во нападот во Барселона, потврди МНР

Македонски државјанин е повреден во терористичките напади што вчера се случија во Барселона. Како што соопшти утрово Министерството за надворешни работи, македонскиот државјанин се наоѓа во болница во Барселона и е надвор од животна опасност. „Согласно комуникацијата остварена со надлежните служби, македонската амбасадата во Шпанија дојде до информација дека еден македонски државјанин во моментот се наоѓа во болница во...

Експлозија и пожар во стан во Охрид, еден повреден, седум автомобили оштетени

Едно лице било потешко повредено во експлозија што вчера во 22.24 часот се случила во стан на улицата Сатеска во Охрид, соопшти денеска полицијата. Како што информираат од СВР Охрид, од експлозијата, која најверојатно била предизвикана од плинска боца, дошло до пожар, кој бргу ја зафатил покуќнината и почнал да се шири низ собите. Сопственикот на станот со тешки повреди...

Заев го посети Села во тетовската болница

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, попладнево го посети лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села, кој по повредите што му беа нанесени во Собранието, сè уште закрепнува во Ургентниот центар при Клиничката болница во Тетово. По посетата, Заев изјави дека на Села му се подобрува состојбата и дека со него разговарал за идните чекори околу придвижувањето на политичките процеси во...

Воз удрил во автомобил близу Гостивар, возачот повреден

Во железничка несреќа на патниот премин преку пругата меѓу стојалиштето Тумчевиште и железничката станица во Гостивар, воз вчера удрил во автомобил, при што возачот е повреден, соопшти СВР Тетово. Возот кој сообраќал од Скопје кон Кичево удрил во „сеат леон“ со тетовски таблички, по што возачот со тешки телесни повреди е однесен во медицинскиот центар во Гостивар. Увид извршила екипа...

Еден повреден во експлозија во Русија

Во експлозија во близина на училиште во рускиот јужен град Ростов, едно лице е повредено, соопштија денеска локалните власти. Според последните информации, повреден е бездомник, а не работник на обезбедување, како што првично беше јавено. - Бездомникот го пронашол пакетот на улица околу 6.30 часот по локално време и одлучил да ја провери неговата содржина. Експлозијата се случила кога сакал да вклучи...

Почина маж повреден во терористичкиот напад во Лондон

Како последица на ранување во терористичкиот напад во Лондон, синоќа почина 75-годишен маж. Со тоа бројот на загинатите се зголеми на пет лица, а 40 се повредени. Полицијата вчера го соопшти идентитетот на напаѓачот. Станува збор за 52-годишниот Халид Масуд од Кент, роден во Велика Британија, кој претходно им бил познат на разузнавачките агенции. По претресите во Бримингем, каде наводно живеел и...

Претепан снимател на „Анадолија“ во Белград

Снимател на турската новинска агенција „Анадолија“, Нихад Ибрахимкадич, рано утринава беше повреден при напад во близина на железничката станица во Белград. Снимателот е префрлен на одделението за интензивна нега во Воено-медицинската академија. Како што наведе агенцијата „Анадолија“, непознатите напаѓачи го нападнале Ибрахимкадич од зад грб, а за време на нападот не зборувале ништо и не зеле никакви вредни предмети. Ибрахимкадич добил...

Еден загинат и еден тешко повреден во две сообраќајни несреќи кај Охрид и Струга

Едно лице го загуби животот во тешка сообраќајна незгода што синоќа во 20.30 часот се случи на магистралниот пат Струга - Ќафасан во близина на селото Радолишта. Од здобиените повреди, на самото место почина Елван А.(69) од струшкото село Радолишта. Неговата смрт, на местото на настанот била констатирана од медицинска екипа од Општа болница во Струга. Поради неприлагодена брзина кон условите и состојбите...

Пукање на протестите во Портланд, едно лице повредено

Едно лице е рането денеска за време на протестите во Портланд против новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, соопшти полицијата. Полицијата соопшти дека лицето е застрелано на мостот Морисон, по кој марширале демонстрантите. „Сите веднаш мора да го напуштат тоа подрачје“, порача полицијата на „Твитер“ и ги повика сведоците да се јават. Како што јавуваат американските медиуми, за пукањето е осомничен Афроамериканец,...

Дваесет и една година од атентатот на поранешниот претседател Глигоров

Пред 21 година, на денешен ден беше извршен неуспешен атентат врз поранешниот претседател Киро Глигоров. Во атентатот загина возачот на Глигоров, Александар Спировски, a повреден беше и неговиот телохранител Илчо Теовски. Глигоров имаше тешки повреди на главата. Атентатот беше извршен со автомобил-бомба пред хотелот „Бристол“ на улица Македонија. Истражната постапка против непознат сторител е сè уште отворена. Глигоров почина на 1 јануари 2014 година.

Двајца полицајци нападнати со мачета во Белгија

Двајца полициски службеници биле повредени откако напаѓач се нафрлил врз нив со мачета во белгискиот град Шарлероа, јавува „Би-би-си“. Напаѓачот бил застрелан и ранет од полицијата, објави полицијата во Шарлероа на „Твитер“. https://twitter.com/PoliceCharleroi/status/761939214590177280 Тој, според информациите, извикувал „Алаху Акбар“ (Господ е голем, на Арапски) за време на нападот кој се случил пред главната полициска станица во градот. Областа околу местото на нападот...

Параглајдерист од Скопје тешко се повредил кај Ќафасан

Триесет и седумгодишнен скопјанец вчера попладне, околу 13.30 часот, тешко се повредил при пад од паралаглајдер кај местото Три шилки, во близина на граничниот премин Ќафасан на македонско-албанската граница, информира МВР. Според полициските информации, кај Д.Џ. била констатирана скршеница на клучната коска. По укажаната лекарска помош во Медицинскиот центар во Струга, тој бил префрлен во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид...

Убиен полицаец во Сан Диего, САД

Еден полицаец е убиен, а негов колега е хоспитализиран со тешки повреди, откако синоќа во нив стрелало засега непознато вооружено лице во американскиот град Сан Диего, јавува „Би-би-си“. Двајцата полицајци биле дел од едницата за борба против банди, а биле застрелани на улица во Сан Диего, во четвртокот вечерта. Нивните имиња засега не се објавуваат, а според информациите, вториот полицаец бил во...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...