Прободен малолетник во трговскиот центар „Лептокарија“


Скопје, 26 ноември, 2014 - 12:29 (META) 

Ученик бил ранет со нож утринава околу 10 часот и 30 минути пред пекарницата „Специјал“, во трговскиот центар „Лептокарија“, пренесува проталот „Прес 24“.

Според информациите на порталот, инцидентот почнал како вербална расправија меѓу средношколци од ГУЦ „Здравко Цветковски“, по што еден од учениците извадил нож и нападнал друго момче. Сторителот бил малолетен ученик од село Грчец. Повреденото момче добило телесни повреди, поради што итно интервенирала Брза помош. Сторителот се дал во бегство, но по кусо време било приведено едно лице, кај кое е најдено оружјето со кое е извршен нападот. Сè уште се утврдува дали се работи за сторителот на делото. Истрагата е во тек.


Модриќ нема да се оперира


Мадрид, 25 ноември, 2014 - 19:29 (META) 

Лука Модриќ веројатно следните два месеци ќе ги мине надвор од теренот за да избегне операција.

Лекарскиот тим на Реал Мадрид ја поддржа одлуката на хрватскиот репрезентативец и подготви план за закрепнување.

Модриќ се повреди во Милан, играјќи за репрезентацијата против Италија. Тој го напушти теренот по 27 минути, откако ги истегна препоните.

Во клубот сега се грижат како паралелно да ја задржат физичката форма на својот плејмејкер, а истовремено да ја одржат и неговата психичка состојба. Реал подготвил тим психолози кои ќе му помогнат на Модриќ да се фокусира на заздравувањето.

Модриќ сезонава играше во сите 13 натпревари на Реал Мадрид, а постигна и еден гол.


Лука Модриќ на принудна пауза до крајот на годината


Мадрид, 17 ноември, 2014 - 14:22 (META) 

Поради повреда на бутниот мускул, фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Модриќ, нема да игра до крајот на годинава. Хрватскиот репрезентативец се повреди на квалфикацискиот натпревар за ЕП против Италија.

Тој нема да настапи на четири натпревари во Примера, два во Лигата на шампионите, а ќе пропушти и еден меч од Кралскиот куп.


Лекиќ: Добро сум, ќе играм против Србија


Скопје, 17 ноември, 2014 - 14:11 (META) 

Андреа Лекиќ, ракомтарка на ЖРК Вардар, се чувствува добро по синоќешната повреда што ја доби на дуелот со Будуќност. Таа вели дека ќе биде подготвена за настапот на Србија на Европското првенство на почетокот од следниот месец.

Лекиќ, преку својот официјален профил на „Твитер“, денеска се заблагодари на поддршката најавуваќи дека се враќа за неколку седмици…

„Ви благодарам на сите за поддршката. Ќе бидам добро во следните неколку седмици“, напиша Лекиќ.

Српската репрезентативка, доби повреда на скочниот зглоб.


Повредата на Николиќ не е сериозна


Скопје, 11 ноември, 2014 - 13:46 (META) 

Ракометарката на Вардар, Јулија Николиќ, која се повреди на натпреварот меѓу Вардар и Подравка во Лигата на шампионите, нема долго да биде надвор од терените. Лекарските прегледи покажале дека не се работи за посериозна повреда иако првично се стравуваше дека се работи за кинење на лигаментите, повреда поради која би можела да го пропушти остатокот од сезоната.
„Првите лекарски прегледи укажуваат на тоа дека не се работи за посериозна повреда, што значи дека Николиќ нема долго време да биде надвор од терените“, стои во соопштението од ЖРК Вардар.
Николиќ се повреди на почетокот од вториот дел од натпреварот, по што не влезе во игра до крајот.


Компани се повреди, Манчестер сити ослабнат


Манчестер, 8 ноември, 2014 - 10:42 (META) 

Манчестер сити ги загуби речиси сите шанси за пласман во нокаут-фазата од Лигата на шампионите со поразот од ЦСКА Москва, а дополнителен проблем за Мануел Пелегрини претставува повредата што на тој меч ја заработи капитенот на тимот, Винсент Компани.

Белгиецот се пожали на болки во мускулот, а деталните прегледи покажаа дека ќе му биде неопходна пауза за целосна рехабилитација, што значи дека најдобриот дефанзивец на англискиот првак нема да биде во комбинација за дуелот со Квинс парк ренџерс.


Поранешен лекар во Формула 1 му даде уште неколку недели живот на Шумахер


Лозана, 4 ноември, 2014 - 14:43 (META) 

Михаел Шумахер заработи тешки повреди на главата откако на 29 декември минатата година падна скијајќи на француските Алпи, а според еден поранешен доктор на Формула 1, здравствената состојба на седумкратниот светски шампион е многу полоша од она што го пренесуваат светските медиуми.

Докторот Гери Хартштајн истакнува дека пациентите во состојба како онаа на Шумахер можат да живеат од неколку месеци до неколку години, изјава која и тоа како ја распали светската спортска јавност, која се надева за подобро утре на германскиот Ф1-пилот.
– Животниот век на пациентот со вакви тешки телесни повреди и ситуација кога не покажува некакви невролошки подобрувања се движи од неколку недели до неколку години. Времето поминува и веројатноста дека тој ќе се освести сè повеќе се намалува – изјавил Хартштајн, кој стана познат со своите песимистички изјави кога Германецот беше во кома.
Михаел Шумахер во овој момент се наоѓа во својата вила во близина на Лозана, каде лекарски тим од 15 луѓе секојдневно се грижи за подобрување на актуелната состојба.


Во Драчево повреден градежен работник


Градежен работник тешко се повредил попладнево во околината на „Марков манастир“ во Драчево.

Работникот, бушејќи со градежна машина, во еден момент си ја зафатил и ногата, по што веднаш бил пренесен во Клиничкиот центар во Скопје, каде што лекарите извршиле ампутација на екстремитетот.

Повредениот не е во животна опасност.