fbpx
Таг: повлекување

таг: повлекување

Принцот Филип оваа недела ќе се повлече од јавноста

Принцот Филип, 96-годишниот сопруг на кралицата Елизабета Втора, ќе се повлече од јавниот живот оваа недела. Како што се наведува во соопштението на Бакингемската палата, тој оваа недела ќе учествува на последниот јавен ангажман. Војводата од Единбург, кој служел како офицер за време на Втората светска војна, в среда ќе присуствува на парадата на Корпусот на кралските маринци во Бакингемската палата. „Со...

Бундестагот изгласа повлекување на германските трупи од базата Инџирлик

Германскиот парламент изгласа повлекување на своите трупи од воздушната база Инџирлик во Турција. Поради новите тензии помеѓу Берлин и Анкара, трупите ќе бидат префрлени во Јордан. Од 569 пратеници на Бундестагот, 461 гласале за префрлување на опремата и на војниците од Инџирлик во новата база во близина на Азрак, Јордан.

Германија ги повлекува своите војници од базата на НАТО во Турција

Германската влада денеска наложи да се повлечат германските трупи од турската база Инџирлик и да се преместат во Јордан поради затегнатите германско-турски односи. Владата го одобри предложениот план на министерката за одбрана, Урсула фон дер Лејен. Одлуката следи откако Турција им забрани на германските пратеници да ја посетатат базата на НАТО, каде се распоредени околу 260 војници на Бундесверот во рамки...

Превентивно се повлекува од продажба млекото за доенчиња „новалак 1“

Млекото за доенчиња „новалак 1“ (Novalac 1) од 400 грама, серија 9903524, со рок на употреба до 24 септември 2019 година на производителот „Меди-Европа СА“ (UP Medi-Europa SA) со потекло од Франција, превентивно се повлекува од продажба. Причина за повлекувањето е евентуално присуство на несоодветна содржина на естер на масни киселини (3-MCDP, глицидил естер), утврден во анализата, соопштија денеска...

Бунтовниците се евакуираат од предградието на Дамаск

Стотици сириски бунтовници и нивните семејства, денеска во согласност со договорот со сириската влада, почнаа да го напушаат предградието на Дамаск, Барзех, кое е под опсада на владините сили и се упатуваат кон провинцијата Идлиб, која е под контрола на бунтовниците. Таа се наоѓа долж границата со Турција. Спогодбата беше постигната вчера. Во текот на последните месеци, десетици илјади лица, кои...

Игор Дурловски се повлече од организацијата на протестите „За заедничка Македонија“

Директорот на МОБ, Игор Дурловски, денеска на својот фејсбук-профил соопшти дека се повлекува од организацијата на протестите на т.н. иницијатива „За заедничка Македонија“, но порача дека и понатаму ќе ја дава својата поддршка. Во образложението вели дека „го скршило“ тоа што дел од граѓаните брутално го напаѓале поради неговите ставови за иднината на Македонија. Изрази и жалење што „индиректно бил...

Јанева: Уште ќе разговараме со Советот на јавни обвинители, ништо не е конечно

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, и петмина обвинители од нејзиниот тим на денешната средба со членовите на Советот на јавни обвинители, дискутирале по барањето на Советот за давање увид во списите од документацијата од предметот „Пуч“. Тие, како што соопштија од Советот, се договориле ваквите средби да продолжат по потреба и во иднина. Јанева по завршувањето на состанокот, кој траеше два...

Аларм од албанска страна: Водата во Охридско Езеро е повлечена за околу 40 метри

Нивото на водата во Охридско Езеро неколку недели е под минималната кота, односно 23 сантиметри под нивото дозволено од страна на УНЕСКО, предупредува експертот по животна средина од Поградец и порашен претставник на Албанија во заедничкиот Билатерален комитет за заштита на Охридското Езеро, Аријан Мероли. Како што пренесува порталот „Охрид прес“, во најниските крајбрежни подрачја, на потегот од градските плажи во Поградец...

ВМРО-ДПМНЕ: Ќе има правда и мир кога Заев ќе одговара на суд, а Јанева нема да го спасува

„Ќе има правда и ќе има мир кога криминалци како Зоран Заев ќе одговараат пред судовите и кога нема да постојат разни Катици и специјални јавни обвинителства за да ги спасуваат“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ во врска со вчерашната седница на извршниот комитет на на партијата, на која била разгледувана и анализирана одлуката на Специјалното јавно обвинителство за...

СДСМ: Груевски и неговите соработници се единствените на кои им пречи СЈО

Никола Груевски и неговите соработници се единствените на кои им пречи Специјалното јавно обвинителство, кое е формирано и со неговиот потпис и со гласовите на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, стои во реакцијата на СДСМ на денешната прес-конференција на Антонио Милошоски, член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, а во врска со вчерашната одлука на СЈО за повлекување на обвинението за случајот...

Милошоски: Со одлуката на Јанева за аболиција на Заев нема причина за постоење на СЈО

ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно реагира на одлуката на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), објавена вчера, за повлекување на обвинението за случајот „Пуч“. Членот на извршниот комитет на партијата, Антонио Милошоски, на прес-конференција истакна дека СЈО нема никаков „професионален ниту институционален легитимитет“ и дека е „само политички инструмент и продолжена рака“ на лидерот на СДСМ, Зоран Заев. - Јавноста знае дека Заев е...

Вељаноски: СЈО со одлуката за „Пуч“ потврди дека е партиски разгранок на СДСМ

Со денешната одлука за повлекување на обвинението за случајот „Пуч“, СЈО потврди е партиски разгранок на СДСМ/Сорос, изјави денеска на прес-конференција актуелниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен претседател на Собранието, Трајко Вељаноски. Тој истакна дека Јанева „не е обвинител кој работи независно туку по наредбите на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и на нарачателите од странство“. - Од денеска Јанева и Специјалното...

СДСМ: Одлуката на СЈО потврди дека „Пуч“ е монтиран судски процес, инициран од Груевски

Пропадна најголемиот, најочајниот и најнискиот обид за монтиран судски процес во независна Република Македонија, инициран од поранешниот премиер Никола Груевски, се вели во соопштението на СДСМ, во врска со одлуката на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за повлекување на обвинението за случајот „Пуч“, во кој еден од обвинетите е лидерот на партијата, Зоран Заев. - Со денешната одлука на Специјалното јавно...

Заев се повлекува од градоначалник поради „заминување на друга функција“

Градоначалникот на Општина Струмица и лидер на СДСМ, Зоран Заев, на денешната седница на Советот на Општината најавил дека се повлекува од функцијата градоначалник поради заминување на друга функција. Заев не кажал на која функција заминува, а на седницата на Советот, на која денеска се расправало за буџетот на Општината, тој соопштил дека за заменик-градоначалник ќе го именува советникот во...

Утре ќе се пуштат во оптек апоените од 200 и од 2.000 денари

Утре (15 декември), Народна банка ќе ги пушти во оптек двете нови книжни пари во апоени од 200 и од 2.000 денари, а ќе ја повлече банкнотата од 5.000 денари. Воведувањето на двата нови апоени од 200 и од 2.000 денари, пак, е прва промена што се спроведува по период од 20 години. „Ваквата одлука е донесена врз основа на истражувања и...

Судиите во Албанија бараат од Уставниот суд да го укине новиот закон за нивниот статус

Синдикатот и здружението на судиите во Албанија поднесоа жалба до Уставниот суд во земјата против новиот закон за статусот на судиите и на обвинителите, кој стапи на сила на 22 ноември годинава. Претставниците на синдикатот и на здружението за медиумите изјавија дека новиот закон е во спротивност со уставот на земјата и затоа треба да биде повлечен. Станува збор за...

Се повлекува малку користената петилјадарка, се пуштаат банкноти од 200 и од 2.000 денари

На 15 декември, Народна банка ќе пушти во оптек две нови книжни пари во апоени од 200 и од 2.000 денари, а ќе ја повлече банкнотата од 5.000 денари. Оваа одлука била усвоена на седницата на советот на Народна банка, а, како што велат, произлегла од потребата за „ребалансирање на постоечката апоенска структура на книжните пари во оптек.“ Во врска со...

Србија основаше Фонд за Западен Балкан

Одборот за надворешни работи на српското собрание го прифати предлогот на владата за формирање фонд за Западен Балкан, а дел од опозицијата предупреди дека тоа е еден чекор поблиску кон признавање на независноста на Косово. Целта на основањето на овој фонд е зајакнување на врските и поттикнување на евроинтеграциите на Албанија, БИХ, Црна Гора, Косово, Македонија и на Србија, како...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не сака владиното рекламирање да се регулира по европски модел

Носењето на законот за владино рекламирање е дел од реформските обврски на Република Македонија, но СДСМ е против секоја реформа, стои во реакцијата на владејачката ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на пратеникот на СДСМ, Томислав Тунтев, во врска со владината одлука за повлекување на предлог-законот за информативни и за рекламни кампањи на јавните институции од собраниска процедура. „СДСМ е непријател на медиумите...

Владата го повлече од Собранието предлог-законот за рекламирање на јавните институции

Владата на денешната седница одлучила да го повлече од собраниска процедура предлог-законот за информативни и за рекламни кампањи на јавните институции, јавува „24 Вести“. Попладнево до претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, пристигнало службено известување за одлуката на Владата за повлекување на предлог-законот. „Владата на Република Македонија на седницата, одржана на 25 август 2016 година, заклучи да се повлече од собраниска постапка предлог-законот за...

За три години нема ниту една пресуда за предизвикување шумски пожар

Никој во последниве години не одговарал и не бил осуден за кривичното дело „предизвикување шумски пожар“. Мета.мк ги побара податоците од Кривичниот суд за тоа колку пресуди биле донесени...