fbpx
Таг: повлекување

таг: повлекување

Откако Конгресот „дигна рачна“, Бајден порача дека ќе се бори за постојана помош за Украина

Претседателот на САД, Џо Бајден порача дека ќе ги прави сите напори за да дојде до тоа Конгресот на САД да одобрува помош за Украина, иако Долниот дом на Конгресот на САД ја блокираше дополнителната воена помош од 60 милијарди долари за Украина. Објаснувајќи го тоа за новинарите по телефонскиот разговор со неговиот украински колега Володимир Зеленски, тој рече дека...

Украинската војска се повлече од Авдиивка за да ги спаси животите на војниците

Украинската армија ги повлече своите војници од разурнатиот град Авдиивка во Доњецк за да избегне опкружување и да ги спаси животите на своите војници, изјави врховниот командант на армијата. Во кратката изјава објавена на Фејсбук, украинскиот командант, генерал полковник Олександар Сирскиј рече дека донел одлука да избегне опкружување и „да ги зачува животите и здравјето на војниците“. Тој додаде дека...

Приземјени се 171 патнички авиони на Боинг од серијата „737-9 макс“

Федералната воздухопловна администрација на САД (ФАА) нареди приземјување на 171 патнички авиони на Боинг од серијата „737-9 макс“, пренесува Би-би-си. Ваквиот потег доаѓа еден ден откако се случи инцидентот со отпаѓање на дел од патнички авион на авиокомпанијата „Алјаска ерлајнс“. Во петокот авион на „Алјаска ерлајнс“ од серијата „737-9 макс“ мораше принудно да слета по полетувањето од американската сојузна држава...

Италија се повлече од учеството во кинескиот проект „Појас и пат“

Италија официјално ја извести Кина дека се повлекува од иницијативата „Појас и пат“, која беше иницирана од кинескиот претседател Си Џинпинг во 2013 година, јавува Би-би-си. Владата предводена од премиерката Џорџија Мелони го извести Пекинг дека ќе престане да учествува во овој кинески проект до крајот на годинава. Италија беше единствената поголема земја од западниот свет, којашто се одлучи да...

Додик повторно повикува на растурање на БиХ, се обиде да ги злоупотреби Хрватите

Претседателот на Република Српска (РС) и на партијата Сојуз на независни социјалдемократи (СНСД), Милорад Додик повторно се закани со отцепување на Република Српска од Босна и Херцеговина, а притоа ги повика и хрватските претставници да ги напуштат централните институции. Сепак, нивната поддршка Додик нема да ја добие, пишува сараевскиот весник „Ослобоѓење“. Иако во Федерацијата БиХ (покрај РС, вториот конститутивен елемент...

Постот произволно тврди дека Русите го враќаат Харкив, а Украинците ги напуштаат позициите

Постот има ударна и драматична најава, но не нуди потврдени и издржани информации. Кога е војна во прашање, добро е да се земаат предвид официјални информации и извори. Тоа во случајов го немаме. Ситуацијата на терен, од официјалните извештаи во медиумите, покажува Украинците не се повлекле од Харкив. Тоа го сториле Русите на почетокот на септември, но овој град...

Поради афлатоксини, се повлекува од пазарот ферментиран млечен производ Баланс +

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) соопшти дека се повлекува од пазарот небезбеден производ БАЛAНС +ферментиран млечен производ, во пакување од 1 килограм. Причините се неусогласена концентрација на афлатоксини со македонските прописи, поради што овој производ е потенцијален ризик по здравјето на луѓето. Дополнително, количествата што се повлекуваат не биле наменети за македонскиот пазар. Се повлекуваат пакувањата со Сериски број/лот: 28.11.22,...

Недостиг на вода и струја во Херсон откако руските сили ја уништија клучната инфраструктура при повлекувањето

Руските сили делумно ја уништија браната Нова Какховка која се наоѓа во близина на Херсон, при нивното повлекување од областа. Еколозите сега предупредуваат дека може да дојде до поплава на градовите и селата кои се наоѓаат во близина на браната. Телеграф пишува дека на интернет-страницата на про-воениот руски весник „Известија“ се појавило црно-бело видео кое го прикажува моментот кога голема...

Украинската војска се приближува кон Херсон, на Русија ќе ѝ треба една недела за повлекување

Украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников изјави дека на Русија ќе ѝ требаат барем една недела за да ги извлече своите трупи од градот Херсон кон левиот брег на реката Днипро, пренесува Гардијан. Русија на десната страна на реката Днипро има околу 40.000 војници и разузнавачките податоци покажуваат дека овие сили и понатаму се лоцирани во и околу градот...

Бројот на загинати и повредени во Украина почна да се брои во стотици илјади лица

Воената агресија што ја започна Русија врз Украина на 24 февруари годинава доведе до најмалку 100.000 загинати или повредени руски војници, а украинските вооружени сили претрпеле исто така загуби од околу 100.000 загинати или повредени војници. Ова вчера го изјави началникот на Здружениот Генералштаб на американската војска, генерал Марк Мили. Тој додаде дека околу 40.000 цивили досега загинале во...

Русија се повлекува од градот Херсон кон левиот брег на реката Днипро

Руската војска доби наредба од министерот за одбрана Сергеј Шојгу за повлекување од градот Херсон и од сите други населени места лоцирани на десниот брег од реката Днипро, пренесуваат светските медиуми. Би-би-си пишува дека рускиот генерал Сергеј Суровикин изјавил оти повеќе не се во можност да го снабдуваат градот и во вакви услови најдобра опција е да се организира...

Виршлите „Вуди“ повлечени од продажба, пронајдена бактеријата листерија моноцитогенес

Агенцијата за храна и ветеринарство донесе одлука за повлекување од продажба во земјава на пет серии од виршлите „Вуди“, бидејќи во нив било било утврдено присуство на бактерија листерија моноцитогенес (listeria мonocytogenes ST 155). Виршлите ќе бидат уништени, а агенцијата ги повикува потрошувачите да не ги консумираат виршлите од подолунаведените серии, односно да ги вратат на местото каде што...

„Crypto.com“ се повлече од договорот со УЕФА Лигата на шампиони

Сингапурската компанија за размена на криптовалути „Crypto.com“ се повлече од спонзорскиот договор со УЕФА за Лигата на шампионите. Договорот вреден 428 милиони фунти, кој беше предвидено да трае пет сезони, пропаднал во последен момент поради загриженоста од зголемената регулација на криптовалутите, пишува „Би-би-си“, Сајтот за размена на криптовалути требаше да го замени „Газпром“, откако УЕФА ги прекина врските со рускиот...

Јапонија повлече над 1,6 милиони дози вакцини „Модерна“ поради стравувања од загаденост

Во Јапонија се повлечени околу 1,63 милиони дози на вакцината против ковид-19 на „Модерна“ поради контаминираност, односно загаденост, јави Би-Би-Си. Министерството за здравство соопшти дека „туѓи материјали“ се пронајдени во некои дози од пратката од околу 560.000 виали (шишенца). Компанијата „Такеда Фармасеутикал“, којашто ја продава и дистрибуира вакцината во Јапонија соопшти дека „Модерна“ блокирала вкупно три пратки поради „нужно крајно...

По 19 години, заврши учеството на АРМ во мировната мисија во Авганистан

Заврши последната ротација на припадници на Армијата на Република Северна Македонија во Авганистан. Нашите мировници се вратија дома, а со тоа заврши и скоро две децении долгото учество на Армијата во мисиите на НАТО – „ИСАФ’’ и  „Одлучна поддршка’ во Авганистан. По повод завршувањето на учеството на Армијата во Авганистан, денеска во касарната „Илинден“ се одржа свечена церемонија на која...

Шекеринска најави дека поголем дел од македонските војници ќе се повлечат од Авганистан до јули

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска најави дека поголем дел од македонските војници кои се дел од НАТО-мисијата во Авганистан ќе се вратат назад во земјава до јули. „На претходниот состанок на министрите за одбрана на НАТО, земјите-членки дискутиравме за најдолгата НАТО-мисија, тоа е мисијата во Авганистан во која и ние како држава учествуваме веќе 20 години. Беше донесена со...

Владата го повлече предлог-законот за легализација на дивоградби од собраниска процедура

Владата на денешната редовна 74-та седница одржана преку видеоконференциска интернет врска, врз основа на известувањето за спроведените активности поднесено од Министерството за транспорт и врски донесе Одлука за повлекување на Законот за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти, кој се наоѓа во собраниска процедура, информираат од владината прес-служба. Во известувањето, кое го прифати Владата, беше изнесено дека во изминатиот...

Од 1 мај НАТО целосно се повлекува од Авганистан

Од 1 мај ќе почне целосното повлекување на НАТО силите од Авганистан, најавија доцна синоќа генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг, американскиот државен секретар Ентони Блинкен и секретарот за одбрана на САД Лојд Остин по состанокот на министрите за надворешни работи и за одбрана на Организацијата на Северноатлантскиот договор. „Во светлото на одлуката на САД да се повлечат, министрите за...

МОН: Учебникот по географија за втора година гимназиско образование повлечен од употреба

Министерството за образование и наука (МОН) информира дека е повлечен од употреба учебникот по географија за втора година гимназиско образование. Министерката Мила Царовска денеска го потпишала решението на Комисијата, со кое спорниот учебник се повлекува од настава. „Комисијата констатира дека учебникот е преоптоварен со статистички и други податоци и факти кои не одговараат со дидактичко-методскиот пристап за возраста на децата....

Заев ќе има разбирање за Анѓушев ако се повлече и се посвети на своите компании

Премиерот Зоран Заев ќе има разбирање доколку вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев се повлече од политиката. Според Заев, тој е сопственик на големи фирми кои вработуваат над 1.000 лица и ќе имам разбирање ако сака да се посвети на нив, но во истовреме, рече премиерот тој е потребен и на државата за успешно завршување на започнатите проекти. „Анѓушев е...

ЕУ воведе санкции кон Русија поради смртта на Навални

Вчера Европската Унија одговори на смртта на рускиот опозиционер Алексеј Навални со нови санкции, јавува ДПА повикувајќи се на дипломатски извори. Санкциите претходно ги најави шефицата на германската дипломатија Аналена...