fbpx
Таг: повисоки плати

таг: повисоки плати

Стопирани подготовките за сите тестирања и матурата, вработените во ДИЦ бараат за 8.000 денари повисоки плати

Дваесет и тројцата вработени во Државниот испитен центар (ДИЦ) веќе 11 дена се во штрајк и не ги извршуваат нивните работни обврски. Тие бараат повисоки плати, но засега нема никакви најави дека Минстерството за финансии ќе им излезе во пресрет. „Сите процеси што ги води ДИЦ се стопирани, односно тоа се приправничките испити за наставници, потоа, сите меѓународни тестирања кои...

Утре протести во Скопје за повисоки плати, раскрсници ќе бидат блокирани, Ковачевски се надева на решение

Утре на голем протест пред Собранието излегуваат вработените во судската и обвинителската администрација, Фондот за здравство и Народниот правобранител. Револтот кај административците се појави откако пролетва за 78 проценти се зголемија платите на функционерите, по одлуката на Уставниот суд. Од МВР соопштуваат дека во периодот од 11.00 до 14.30 часот Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе...

Шаќири: Повисоки плати за наставниците, нови безбедносни мерки во училиштата, нов е-дневник во новата учебна година

Повисоки плати за сите наставници согласно општиот колективен договор, нови безбедносни мерки за училиштата за кои ќе бидат испратени насоки до директорите, како и нов електронски дневник, се само дел од новините кои ќе се реализираат во новата учебна година, најави денеска на прес-конференција министерот за образование и наука Јетон Шаќири. Тој не кажа за колку точно основци и...

Новинарите од МИА повторно на протест, ќе го радикализираат ако не им бидат покачении платите

По вчерашниот прв предупредувачки протест на вработените во Македонската информативна агенција (МИА), голем дел од вработените денеска повторно во времето од половина час на паузата, излегоа на предупредувачки протест пред просториите на агенцијата. „Вработените од МИА до Владата имаат адресирано неколку барања, а најургентно е тоа за зголемување на платите за 30 проценти, што е за 2,5 пати помалку од...

Од 1 септември генерален штрајк на судската администрација ако нема повисоки плати

Вработените во судската администрација денеска вторпат излегоа на протест пред судовите и ги повторија своите барања за покачување на плата и додатоци на плата. Овој протест, за разлика од претходниот кој се одржа само пред Основниот кривичен суд во Скопје, беше поддржан од сите судови во земјава – од Битола и Тетово до Струга и Штип. Вработените во судската администрација...

Нема повисоки плати за судските службеници, одлучи Министерството за финансии

Нема фискален простор за исплата на додатоци на плата за месец јуни, бидејќи согласно прописите од буџетското работење не треба да се преземаат обврски над лимитот од одобрените средства со буџетот. Вакво образложение добил Судскиот совет од Министерството за финансии, а по барањата на судските службеници за повисоки плати, кои подолг период протестираат и бараат покачување на платите. Сепак, Судскиот...

Се собира ѓубрето од здравствените установи, протестот во „Комунална хигиена“ ќе продолжи до оставка на Мазнева

Вработените од Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска донеле одлука да го соберат ѓубрето од скопските болници и поликлиники, но се децидни дека нивниот протест ќе продолжи сѐ до оставка на директорката Косана Мазнева, јави Порталб.мк. Тие излегоа на терен и почнаа да го товараат ѓубрето од Специјалната хируршка болница „Св. Наум Охридски“ кај Собранието, од Клинички центар, од...

Ако нема договор за повисоки плати до 27 јуни, вработените во УЈП најавија генерален штрајк

Ако до 27 јуни вработените во Управата за јавни приходи (УЈП) не го добијат бараното покачување на платите за 30 отсто, ќе следува генерален штрајк, а тоа ќе значи дека сите исплати во државата ќе бидат блокирани, најавија денеска синдикалците од оваа институција. „Понудено е помирување преку Министерството за труд и социјална политика согласно регулатива и предложен помирувач, а претходно...

Протести во Царина и УЈП, вработените бараат повисоки плати

Вработените во Царинската управа на РСМ и Управата за јавни приходи (УЈП) денеска протестираа за повисоки плати. Вработените во Царина за време на паузата од 12 до 12:30 часот одржаа предупредувачки протест, при што побараа исплата на додаток на платата од 30 отсто и нов колективен договор. Од Синдикатот во Царинската управа предупредија дека ќе ги затворат граничните премини кон...

Наставниците што имале плата од околу 26.000 денари, од овој месец ќе земаат околу 30.000 денари

За 15 отсто повисоки плати ќе добиваат од овој месец вработените во основното и во средното образование. Така на пример, ако платата на наставникот досега изнесувала околу 26.000 денари, со новата пресметка таа ќе изнесува околу 30.000 денари. Септемвриската покачена плата, вработените треба да ја добијат деновиве. Јаким Неделков, претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура за Мета.мк вели...

МОН: Септемвриската плата во образованието повисока за 15 отсто

Септемвриската плата за вработените во основното и средното образование е повисока за 15 проценти, соопштија од Министерството за образование и наука (МОН). Од Министерството велат дека тоа значи оти околу 32.500 вработени, од кои 25.000 наставници, добиваат дополнителна мотивација за работа и лично вложување во унапредувањето на квалитетот на образовниот систем. „Заедно со досегашните зголемувања од 21 процент, вработените во...

Вработените во МВР ќе добијат повисоки плати за 5 отсто, одлучи Владата

Владата го задолжи министерот за внатрешни работи да ги преземе сите потребни активности за реализација на покачувањето плати во МВР во висина од 5 проценти, почнувајќи со платата од септември 2022 година, одлучија владините претставници на вчерашната 65. седница. На седницата беа усвоени повеќе одлуки. „На предлог на Министерството за образование и наука, Владата одлучи да даде согласност за бројот...

Независниот синдикат на полицијата протестираше за подобри услови и повисоки плати на полицајците

Независниот синдикат на полицијата (НСП) вчера одржа протест во центарот на Скопје, на кој му се приклучија и неколку други синдикални организации. На протестот, кој го нарекоа „пред-генерална проба“ пред своевиден штрајк на национално ниво, од НСП побараа подобрување на условите за работа, повисоки плати, нови униформи и потпишување нов Колективен договор и нова систематизација. НСП се спротивстави на,...

Филипче: Во здравството лани 446 нови вработувања, за три години платите на специјалистите зголемени за 40 отсто

Венко Филипче и здравствени работници фото: Мин за здравство
Во текот на минатата година се реализирани 446 нови вработувања во јавно-здравствени установи низ државата. Од почетокот на 2020 година, 164 доктори, 247 медицински сестри и 35 специјалисти добиле статус на вработени на неопределено време, соопшти Министерството за здравство. „Вложувањата во човечки капитал во здравството не застанаа ни во време на пандемија. Таа покажа колку се значајни здравствените работници, тие...

Филипче: Зголемувањето на платите на здравствените работници е инвестиција во човечки капитал

Докторите и медицинските сестри, но и нездравствените работници, болничари, транспортери, возачите во службата за итна медицинска помош, ќе добијат награда од 20 отсто од основната плата за два месеца. „Наградата е резултат на несебичните заложби на вработените во здравствените установи, за сите здравствени и нездравствени работници кои беа и сè уште се вклучени во работа со пациентите заболени од корона...

Повисока плата за 5% за вработените во градинките од октомври

На денешната 89. седница, Владата го задолжила Министерството за труд и социјална политика да почне подготовки за покачување од 5% почнувајќи од октомвриската плата на повеќе од 4.200 вработени во детските градинки. Како што соопштија од Владата, донесена е и одлука за продолжување со изградбата и опремувањето на 145 училишни спортски сали и рехабилитација на средни и основни училишта. Била разгледувана...

Припадници на АРМ и на МО на протест пред Владата побараа повисоки плати

Припадници на Армијата на Република Македонија(АРМ) и на Министерството за одбрана денеска излегоа на протест пред Владата, на кој побараа изедначување на нивните плати со оние на полицајците и на цариниците и поголемо вреднување на нивниот труд. На протестот, како што пренесува „Телма“, дошле и војници кои се вратиле од јужната граница. Тие велат дека дневницата за теренската работа им...

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа...