fbpx
Таг: повик

таг: повик

Ахмети го повика Заев да се премисли и да учествува на изборите на 5 јуни

Демократската унија за интеграција (ДУИ) ќе учествува на изборите на 5 јуни, оти не постои друга алтернатива, изјави лидерот на партијата, Али Ахмети, во интервју во емисијата „Патот кон“ на телевизијата „Алсат М“. - Избори на 5 јуни ќе има бидејќи не постои друга алтернатива - рече Ахмети. Тој го повика претседателот на СДСМ, Зоран Заев, да го промени својот став...

Путин ги повика Ерменија и Азербејџан да ги запрат борбите во Нагорно-Карабах

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ги повика властите на Ерменија и на Азербејџан да ги запрат воените дејствија во регионот на Нагорно-Карабах кој избувнаа ноќеска, јавува „Би-би-си“. Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу, како што пренесуваат агенциите, во текот на денов имал телефонски разговори со своите колеги, министрите за одбрана на Ерменија и на Азербејџан, Сејран Оханјан и Закир...

„Мост“ ја повика ДИК да го објави извештајот без интервенции

Граѓанската асоцијација „Мост“ ја повика Државната изборна комисија (ДИК) да го објави првичниот извештај од вкрстените проверки на избирачкиот список, онака како што тој е изработен и доставен од експертите, без никакви дополнителни интервенции. „Планот за спроведување на вкрстените проверки на податоците во избирачкиот список беше подготвен од експерти и донесен од ДИК, врз основа на методологијата за водење и...

Граѓански протест пред Уставен суд во 13 часот

Платформата за граѓанска политика „Ајде“ ги повика сите слободоумни граѓани масовно да учествуваат на протест „Да го одбраниме Уставот од Уставниот суд: (Не)уставните судии ја попречуваат правдата!“, пред зградата на Уставниот суд, денеска во 13 часот. „Ајде уште еднаш јасно и громогласно да порачаме дека ние граѓаните на оваа држава нема да престанеме да протестираме сè додека судиите што ја...

Папата ги повика сите европски парохии да згрижат по едно мигрантско семејство

Папата Франциск денеска од плоштадот Свети Петар во Ватикан упати повик до сите европски парохии и верски заедници да прифатат по едно мигрантско семејство, како знак на солидарност кон огромниот број бегалци кои преку Балканот, Средноземно Mоре, Италија и Грција доаѓаат во Европа, бегајќи од ужасот на војните на Блискиот Исток, јавуваат светските агенции. Повикот на врховниот водач на католиците, кој...

„Охрид СОС“ повикува за спас на Националниот парк „Галичица“

Активисти на Граѓанска иницијатива „Охрид СОС“ повикуваат на спас на Националниот парк „Галичица“, апелирајќи до сите граѓани да земат активно учество на јавната расправа за измени во планот за управување со паркот и да го искажат своето мислење за планираните градежни активности. Јавната расправа ќе се одржи на 11 септември, со почеток во 12 часот, во просториите на ЈУНП „Галичица“...

Ѓукановиќ: Црна Гора е на добар пат да добие покана за членство во НАТО

Црногорскиот премиер Мило Ѓукновиќ денеска во парламентот изјави дека земјата е на добар пат да ги исполни очекувањата на сојузниците околу условите за членство во НАТО, објави „Блиц.рс“ Тој рече дека неговата Влада до крајот на мандатот очекува да добие повик за влез на Црна Гора во Алијансата. Ѓукановиќ нагласи дека последните анкети покажуваат пораст на поддршката од граѓаните за влез...

Градот Скопје го продолжи јавниот повик за финансирање здруженија и фондации

Градот Скопје донесе одлука јавниот повик за финансирање програмски активности на здруженија и на фондации, да го продолжи до 27 февруари 2015 година. Дополнително, сите здруженија на граѓани и фондации кои имат прашања во врска со објавениот јавен повик, ќе можат да остварат средба со претставниците на градската администрација во просториите на НВ Инфоцентар во Младинскиот културен центар во петок, 6 февруари, и во...

ЦРМ: Новинарите да не го запоставуваат јавниот интерес во случајот „Пуч“

Центарот за развој на медиуми (ЦРМ), преку соопштение ги повикува новинарите, во известувањето за случајот „Пуч“, да не го запостават јавниот интерес и потсетува дека новинарите не се одговорни за начинот на кој нивните извори ги добиле податоците. Во соопштението од ЦРМ се наведува дека практиката на Европскиот суд за човекови права ги ослободува новинарите од одговорност  за објавување тајни...

Иницијативниот одбор за Кежаровски бара итно објавување на одлуката на Апелација

Иницијативниот одбор за ослободување на новинарот Томислав Кежаровски денеска, преку соопштение, го повика Апелацискиот суд Скопје до петок, 16 јануари, да ја соопшти одлуката по жалбата на новинарот на првостепената пресуда, со која е осуден на затворска казна. Оттаму потсетуваат дека судијата на Апелацискиот суд, Сафет Кадриу, минатиот месец потврди дека одлуката е донесена. „Ваквата состојба на исчекување го доведува нашиот...

Величковски: Да покажеме дека сме ја научиле лекцијата од нашата интелектуална иднина

Претседателот на Либералната партија, Ивон Величковски, упати повик до сите либерали, членови и симпатизери на партијата, како и до слободоумните и до партиски неопределените граѓани да присуствуваат на студентскиот марш во организација на „Студентски пленум“. „За 10 декември е закажан студентски марш во организација на „Студентски пленум“. Студентите се спротиставуваат на владиното решение за т.н. „екстерно тестирање во високото образование“....

„Студентски пленум“: Колку повеќе нè има, толку е потешко да нè заокружат!

„На 10 декември, кој воедно е и Меѓународен ден на човекови права, ве повикуваме на втор студентски марш против необмислените реформи во високото образование. Студентскиот марш ќе се случи на 10 декември 2014 година, среда, со почеток во 12 часот. За збирно место е избрано платото на УКИМ“, се вели во соопштението на „Студентски пленум“. „Маршот е неопходност во времиња кога институциите не...

Повик за продажба на руинираната фабрика за сапун „Цветан Димов“

Повик за продажба на државно градежно неизградено земјиште лоцирано на местото на руинираната стара фабрика за сапун „Цветан Димов“, наменето за изградба на станбена зграда, објави денеска Општина Кисела Вода. Градежната парцела од 4.403 квадратни метри, со површина за градење од 2.548 квадратни метри, ќе се продава по пат на јавно наддавање. Почетната цена на јавното наддавање за градежните парцели е 4.300...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...