fbpx
Таг: потрошувачка

таг: потрошувачка

Поголеми даноци за Британците како последица од Брексит

Британскиот министер за финансии, Џорџ Озборн, денеска изјави дека Велика Британија ќе мора да ги зголеми даноците и да ја намали јавната потрошувачка за да одговори на новите економски предизвици откако граѓаните донесоа одлука за напуштање на ЕУ. Тој изјави дека на Велика Британија по Брексит нема да ѝ „цветаат рози“ надвор од ЕУ и дека е клучно да се обезбеди...

ОЕЦД: На светот му претстои нова економска криза предизвикана од ниската потрошувачка

Глобалната економија би можела да западне во замката на низок економски раст кој ќе ја загрози иднината на следните генерации, освен ако владите под итно не ја зголемат потрошувачката, предупреди денеска Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД). - Без сеопфтана, кохерентна и заедничка акција, разочарувачкиот и успорен раст ќе трае, што значително ќе го отежне исполнувањето на ветувањето спрема...

ЕБОР одржа работилница за компаниите за стока за широка потрошувачка

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) одржа работилница за начините за зголемување на конкурентноста и градењето на извозните капацитети на македонските компании за стока за широка потрошувачка. Учесниците разговараа за најдобрите меѓународни пракси во индустријата, пазарните трендови и стратегиите за развој на извозот. - Свесни сме дека компаниите имаат потреба од финансирање на нивните бизниси, но потребно им е практично...

Намалени инвестиции, извоз и потрошувачка предвидува НБРМ поради кризата

Зголемена недоверба кај населението и кај инвеститорите, повлекување на депозити, намалена приватна потрошувачка, пониски странски инвестиции и забавена кредитна активност предвидува алтернативното макроекономско сценарио на Народна банка, во кое се претпоставува продолжување на тековната политичка криза до крајот на годината. Ова сценарио предвидува и пораст на домашниот бруто-производ (БДП) од 1,6 отсто за оваа година, што е понизок пораст на БДП за околу...

Се зголемува невработеноста во САД

Во американската економија во март биле отворени 215.000 работни места, но стапката на невработеност се зголемила, покажуваат денеска објавените податоци на американското министерство за труд. Бројот на нови работни места е подобар во однос на очекувањата на аналитичарите кои прогнозирале отворање на 200.000 работни места, но и покрај тоа стапката на невработеност се зголемила на пет отсто од 4,9 отсто...

Во јануари се потрошени 819.607 мегават-часови електрична енергија

Вкупната потрошувачка по видови енергенти во јануари изнесува 819.607 мегават-часови електрична енергија, 33.879 милиони кубни метри природен гас, 674.028 тони јаглен и 60. 516 тони нафтени продукти, покажуваат податоците на Државен завод за статистика. Домашното бруто-производство на електрична енергија учествува со 77,7 отсто во домашната бруто-потрошувачка на електрична енергија, додека 98,2 отсто од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на...

Се намалуваат продажните цени на индустриските производи на домашниот пазар

Продажните цени на индустриските производи на домашниот пазар се пониски за 0,2 отсто на месечно ниво, односно за 0,4 отсто на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика во јануари годинава. Во јануари 2016 година, во споредба со декември 2015 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите интермедијарни производи, освен енергија за...

72,6 отсто од потрошената електрична енергија е од домашни извори

Македонија лани во декември потрошила вкупно 824.591 мегават-часови електрична енергија, 28,117 милиони кубни метри природен гас, 782.427 тони јаглен и 97.408 тони нафтени продукти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Според податоците, 72,6 отсто од потрошената електрична енергија е од домашни извори, а 98,2 отсто од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.

Банките ќе го стегаат ременот за потрошувачките кредити

Народната банка предлага потенцијални мерки со кои од следната година банките би можеле да го стегнат ременот за издавање потрошувачки кредити. Целта е, како што истакна гувернерот Димитар Богов, банките повеќе да даваат корпоративни и станбени кредити, наспроти потрошувачките кои се во пораст и сочинуваат најголем дел од нефункционалните кредити. - Потенцијалните мерки кои се разгледувани од Народната банка, и кои...

Беџети: Економскиот дел од извештајот на ЕК е еден од најточните во последните години

Извештајот на Европската комисија за економскиот дел е еден од најточните и прецизно посочува кои се болните точки во македонската економија, смета професорот и поранешен министер за економија, Абдулменаф Беџети. Според Беџети, извештајот е многу јасен и недвосмислено, без дипломатски речник и без калкулации како ќе биде разбран, ги посочува проблемите и што треба да се прави. - Генералната оцена е...

Јавната потрошувачка во државите на ЕУ, 48,1 отсто од БДП

Вкупната јавна потрошувачка во земјите на Европската унија, изминатата година изнесувала 6.701 милијарди евра, односно 48,1 отсто од БДП на ЕУ. Таа бројка изнесувала 48,6 проценти од БДП во 2013 година, соопшти денеска од Европскиот завод за статистика Евростат. Меѓу државите-членки на ЕУ, општата државна потрошувачка варирала под 35 проценти од БДП во Литванија и во Романија, до повеќе од 57 проценти од...

Потрошувачката се намалува, кризата го зема данокот

Личната потрошувачка на граѓаните е еден од првите индикатори за економските состојби и е прва на удар доколку постои криза. Секое нејзино намалување во континуитет значи воздржување на граѓаните од трошење и може да укаже дека политичката криза го зема својот данок. Дека личната потрошувачка е намалена, неодамна за „Мета“ изјави и извршниот директор на Сојуз на стопански комори на Македонија,...

Од поевтината нафта граѓаните нема да се офајдат

Падот на цената на нафтата на светските берзи и намалувањето на цената на горивата на домашниот пазар, не се очекува да го растовари буџетот на граѓаните, бидејќи нема многу или воопшто нема да влијае на цените на  производитево малопродажба, сметаат експертите што ги консултираше „Мета“. Според професорот Атанаско Туневски, падот на цената на нафтата сигурно ќе се одрази поволно на индустриите...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...