fbpx
Таг: потрошувачи

таг: потрошувачи

Собранието го изгласа Законот за забрана на нефер трговски практики, се очекува намалување на цените

Собранието на Република Северна Mакедонија на денешната седница го изгласа Законот за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи. Со Законот се уредуваат условите и начинот за трговијата со земјоделски и прехранбени производи. Неговата примена се очекува да влијае во намалување на цените на земјоделските и прехранбените производи, а и на квалитетот на...

Скопјанец што измамил купувачи доби кривична пријава од полицијата

Скопјанецот О.И.(32) доби кривична пријава за измамување купувачи, според член 248 од Кривичниот законик, затоа што во 2021 преку профил за продажба на производи на Фејсбук рекламирал за продажба грејач за шише за бебиња, а доставувал нешто друго. Кривичната пријава е поднесена од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје. Како што соопшти полицијата, неколку граѓани што го...

Неточно се тврди дека инфлацијата во Германија е над 45 отсто

Објавата шири невистини дека реалната инфлација во Германија е над 45 отсто, а како „доказ“ е прикажана илустрација на која се гледа дека еден економски индекс за април изнесува 45,8 отсто. Но, овој индекс не ја прикажува инфлацијата, туку станува збор за сосема друг индикатор. Како што пишува и на самата фотографија, станува збор за  Индекс на големопродажните цени...

Како да се заштитите од несовесните продавачи на интернет: Секојдневни се поплаките од измамени купувачи

Уште со почетокот на ковид-19 пандемијата драстично се зголеми е-трговијата. Затворени во домовите, потрошувачите одбраа безбедна варијанта за купување која не ги доведува во ризик од зараза, и почнаа повеќе да купуваат онлајн. За тоа сведочат и статистиките од Народната банка во извештаите за движењата во платниот промет, каде е наведено дека во условите наметнати од пандемијата, и граѓаните и...

Европски правила за задоцнето плаќање со нов закон за облигациони односи

Министерството за правда подготвува предлог-закон за облигационите односи со кој би требало да има усогласување на домашната регулатива со четири европски директиви во однос на задоцнетото плаќање и казнените камати, правата на потрошувачите, на патниците и на самовработените трговски застапници. „Постојниот Закон за облигационите односи е донесен во 2001 год. Со истиот за прв пат се напуштија некои концепти и...

Од понеделник започнува новата сезона за парно-греење

Граѓаните и правните субјекти во Скопје кои се поврзани на централниот систем на топлинска енергија, од понеделник, 15 октомври 2018 година ќе почнат да добиваат топлинска енергија, сe до 15 април 2019, кога трае регулираниот период за редовна испорака, информираат од „БЕГ снабдување“. „Во рамките на овој период, испораката на топлинска енергија се врши по строго утврдени правила и дијаграми...

БЕГ: Потрошувачите да проверат дали зградите се подготвени за грејната сезона

Согласно законските прописи, грејната сезона може да почне секој ден по 01 октомври, доколку временските услови тоа го наложуваат. Од „Балкан енерџи“ информираат дека сите подготовки на системот за централно греење се направени и истиот е целосно подготвен за новата грејна сезона 2018/2019 година. „За да може грејната сезона да започне насекаде и навремено, неопходно е станарите да ги завршат проверките...

Дигиталното плаќање ги намалува трошоците, а ја зголемува ефикасноста на услугите

Денеска во Охрид започна 11. конференција за плаќања и пазарна инфраструктура „Време е за дигитализација“ во организација на Народната банка во соработка со Централната банка на Холандија. „Пробивот на дигиталните плаќања се врзува со многуте можности што тие ги нудат. Прифаќањето на дигитализацијата на плаќањата има потенцијал за значително намалување на трошоците, зголемување на ефикасноста и овозможување поширок пристап до...

Над половина од корисниците, со пониски или еднакви порамнителни сметки за парно

Најголем дел од потрошувачите (62 отсто) оваа година ќе добијат пониски или еднакви порамнителни сметки со авансните, покажуваат податоците на БЕГ – Снабдување со топлина. Но, од компанијата информираат дека висината на порамнителните сметки е различна за секој потрошувач и зависи од карактеристиките и енергетската ефикасност на објектот како и од измерената количина на испорачана топлинска енергија до самиот објект. „Иако...

Брисел ќе забрани продажба на второкласни производи во Источна Европа

Европската комисија подготвува предлог-закон со кој ќе се регулира различниот квалитет на навидум исти производи на пазарот во Европска Унија. На овој начин, потрошувачите ќе се заштитат од продажба на производи кои се рекламираат како исти, а имаат значајни разлики во составот и карактеристиките. - На почетокот на мандатот, од Европска комисија ми рекоа дека се додека производот е сигурен за...

„ЕЛЕМ – Енергетика“ од утре ќе вклучи парно греење

ЕЛЕМ утре ќе почне со испорака на топлинска енергија за потрошувачите приклучени на мрежата на „ЕЛЕМ - Енергетика“. „Парно греење ќе добијат 3.546 домаќинства, 17 основни и средни училишта и детски градинки и 75 деловни субјекти во скопските населбите Железара, Автокоманда, Триангла, Маџари и Хиподром“, се вели во соопштението на ЕЛЕМ. Од компанијата додаваат дека испораката почнува осум дена пред официјалниот почеток на грејната...

МЕПСО привремено го суспендира „ЕНГ сервис трејд“ од пазарот на електрична енергија

МЕПСО привремено ја суспендира компанијата „ЕНГ сервис трејд“ и таа од денеска до 1 ноември го губи правото да работи како снабдувач на пазарот за електрична енергија, соопштуваат од компанијата. Согласно со правилата за пазар на електрична енергија (ППЕЕ), како организатор на пазарот на електрична енергија, МЕПСО изрекува суспензија во услови кога компанијата не ги исполнува своите обврски, кои во...

„Фич“ го намали кредитниот рејтинг на Турција поради политичките случувања и нападите

Меѓународната агенција за оценка на кредитниот рејтинг „Фич“ го намали кредитниот рејтинг на Турција на ниво „отпад“, поради политичките случувања. Тие, како што се вели во оценката, ги поткопуваат економските показатели и институционалната независност, јавуваат медиумите. Суверениот долг на Турција беше намален до „ББ плус“ со стабилна перспектива. Агенцијата исто така наведува дека масовните чистки во јавниот сектор, по обидот за пуч, ги...

Сметките за парно греење ќе можат да се плаќаат електронски

Компанијата „Балкан енерџи“ воведе можност за електронско плаќање на фактурите за топлинска енергија. - Новата платформа „Бег ипеј“ (BegEPay) на потрошувачите им овозможува на брз и едноставен начин да ги проверат, според име и датум, сите неплатени сметки за топлинска енергија на нивните станови и деловни простории и да ги платат по електронски пат, без дополнителни трошоци. Преку новата услуга...

Продолжува акцијата за бесплатно приклучување на парно до крајот на месецов

Компанијата за снабдување со топлинска енергија „Балкан eнерџи груп“ ја продолжи акцијата за бесплатно приклучување до крајот на месецов. Освен за домаќинствата, акцијата за бесплатно приклучување во системот за греење се продолжува и за правните лица. Во рамките на досегашната акција за бесплатно приклучување во системот за толинска енергија приклучени се околу 700 потрошувачи, а се јавиле 900 потрошувачи. Од компанијата најавија...

Парите од БЕГ одат на приватни сметки на ВМРО-ДПМНЕ во Кипар, обвини Левица

Компанијата БЕГ е основана за да се испумпаат парите на граѓаните и да одат на приватни сметки на лицата од ВМРО-ДПМНЕ во Кипар, обвини денеска Владимир Куновски од политичката партија Левица. Тој рече дека незаконските дејства на ВМРО-ДПМНЕ со БЕГ почнале уште во 2011 година. „Сè почнува на 9 ноември 2011 година, на состанокот помеѓу Никола Груевски, Димитар Петров, директорот на...

Потребни се законски измени за поголема заштита на потрошувачите

Неопходни се измени на законската регулатива за заштита на потрошувачите и на конкуренцијата за да се подобри општата состојба во овие области, оценија претставниците на компаниите членки на Американската стопанска комора во Македонија, Државниот пазарен инспекторат и Организацијата на потрошувачите на Македонија на тркалезната маса во организација на комората. - Постои голем јаз меѓу практиките на меѓународно конкурентните компании и локалната законска...

За Македонија нема големо фајде од поевтинувањето на нафтата

Историскиот пад на цената на нафтата на глобално ниво на помалку од 30 долари, поточно на 29,93 долари за еден барел, нема многу да го почувствуваат крајните потрошувачи во Македонија. Тоа незначително ќе влијае врз цената на производите, а во формирањето на цената на гориватa, освен суровата нафта, учествуваат и други ставки. - Цената на нафтата, односно на горивата делумно учествува во...

Без ниту еден доказ се обвинува НАТО, ИСИС и Ал Каеда за петкратното убиство на Смилковско Езеро

Во објавата што ја рецензираме произволно се тврди дека ЦИА ја креирале Ал Каеда и ИСИС и дека НАТО стои зад масакрот на Смилковско Езеро. За ова не се...