fbpx
Таг: Потрага

таг: Потрага

Полицијата убила едно лице во потрагата по напаѓачот од Барселона

Во потрагата по главниот осомничен за нападот во Барселона, шпанската полиција денеска убила едно лице во близина на Барселона, кое наводно носело појас со експлозив, пренесува „Би-би-си“, повикувајќи се на шпанските медиуми. Пукањето се случило на пат во областа Субиратс, оддалечена околу 40 километри од Барселона, каде во четвртокот, минатата недела, во терористички напад беа убиени 13 лица, а...

Грујoвски и Бошковски ги нема, се чека МВР да се изјасни

Од вчеравечер полицијата трага по поранешниот началник на петата управа, Горан Грујовски, и по Никола Бошковски, исто така од тајната полициска служба, откако попладнето Врховен суд ги потврди притворите од 30 дена за двајцата. Досега тие не се пронајдени, иако неколкупати биле барани на нивните домашни адреси и на уште неколку локации каде би можеле да бидат. Засега нема сознанија...

По 23 години МВР ја заврши најдолгата потрага по бегалец од затвор

Македонската полиција извести дека со екстрадицијата на македонскиот државјанин Д.М. од Италија во Македонија на крајот од минатиот месец, Секторот за меѓународна полициска соработка на МВР ја завршил најдолгата потрага по бегалец во историјата на македонската полиција, која траела цели 23 години еден месец и 14 дена. Според соопштението на полицијата, на 12 јануари 1989 година Д.М. со соучесник извршиле...

Ограбен трезорот на НЛБ во Скопје, вработен однел 2 милиони франци и 270.000 евра

Вработен во НЛБ во Скопје од трезорот на банката вчера украл околу 2 милиони швајцарски франци и околу 270.000 евра. Случајот за „Мета“ го потврдија од Министерството за внатрешни работи (МВР). Како што информираат оттаму, кражбата вчера во 16.58 часот ја пријавил директор во банката. Според информациите на МВР, 40-годишниот Б.С. од Скопје, вработен во банката, ги зел парите од трезорот,...

На Табановце приведен Србин по кого трага кумановската полиција

На граничниот премин Табановце вчера при обид за излез од земјава е приведен Ќ.З. од Прешево, Србија, кој е сторител на кривично дело телесна повреда, соопшти МВР. Приведениот е откриен при пасошка контрола, кога е утврдено дека е предмет на потрага по телеграма од СВР Куманово поради основно сомнение дека нанел телесна повреда на друго лице. Приведениот е предаден во полицијата во Куманово...

Турција ги блокираше граничните премини со Бугарија

Турција ги блокираше граничните премини со Бугарија поради стравување дека напаѓачот што изврши терористички напад во ноќниот клуб „Реина“ во Истанбул, би можел да избега преку Бугарија во Европа. Турција на граничните премини распореди специјални сили за борба против тероризмот. Сите автомобили и патници се проверуваат, јавуваат бугарските медиуми. Идентитетот на напаѓачот на ноќниот клуб „Реина“ во Истанбул е утврден, изјави денеска...

Две лица загинаа при експлозија на бомба во Котор

Две лица загинаа во експлозија на бомба во населбата Муо во Котор, Црна Гора, јавуваат црногорските медиуми. Како што пишуваат медиумите, во експлозијата загинале двајца жители на Котор. Агенцијата „Танјуг“ јавува дека експлозивната направа била фрлена околу 16.30 часот, пред една од куќите. Според агенцијата, блокирани се сите улици во населбата, а во тек е потрага по осомничени лица.

Пронајдено тело на 12-годишно дете, а се трага по исчезнато 16-месечно девојче

Расте бројот на загинати лица во големото невреме што во саботата доцна вечерта го погоди Скопје и околината. Вчеравечер, како што информираат од МВР за „Мета“, во населбата Ченто било пронајдено телото на 12-годишно момче, кое настрадало додека со неговиот дедо се движеле со трактор по обиколницата. Од МВР велат дека се трага и по 16-месечно девојче, кое вчера...

Машки труп пронајден во Дебарско, најверојатно на таткото или синот исчезнати на Бистра

Основното јавно обвинителство Гостивар издало наредба за обдукција на машки труп во распаѓање, кој бил пронајден кај местото Кош, на непристапен терен меѓу селата Лазарополе и Гари, соопшти денеска Јавното обвинителство. Обдукцијата ќе се врши во Инситутот за судка медицина, криминалистика и медицинска деонтологија во Скопје, а првичните сознанија упатуваат на тоа дека починатото лице е еден од двајцата изчезнати - татко и син,...

Ни трага ни глас од таткото и од синот кои заскитаа на планината Бистра

Шест дена трае потрагата по таткото и по синот од Скопје кои заскитаа на планината Бистра. Во акцијата се вклучени тимови на Единицата за специјални задачи при МВР, локални полициски службеници, екипи од Националниот парк Маврово, како и жители на Лазарополе што го познаваат теренот. Досега никој од нив не забележал некакво движење или трага која би покажала каде би...

Египет со подморница ги бара црните кутии од урнатиот патнички авион

Египетските власти ангажирале подморница во потргата по црните кутии со податоците за летот на авионот на „Египет ер“ кој во четвртокот се урна во Средоземното море, пренесуваат медиумите. „Работиме напорно за да ги најдеме двете кутии“, изјавил египетскиот претседател Абдул Фатах ал-Сиси, во неговиот прв коментар во врска со несреќата, пренесува „Би-би-си“. Египетскиот министер за цивилна авијација, како што пренесува...

Египетската војска ги пронајде остатоците од „Египет ер“

Египетската војска денеска соопшти дека ги пронашле остатоците од авионот кој се урна на лет од Париз до Каиро. Портпаролот на војската рече дека остатоците се пронајдени на околу 280 километри од египетското пристаниште Александрија. Авионот од типот „Ербас А320“ на компанијата „Египет ер“, со 66 патници и членови на екипажот во четвртокот исчезна од радарите.

Полицијата трага по 78-годишен жител на Росоман, пријавен за исчезнат

Жителка на Росоман, вчера во полициската станица во Кавадарци го пријавила за исчезнат својот 78-годишен свекор Б.А., кој пред четири дена со такси-возило заминал кон болницата во Велес и оттогаш му се губи секаква трага. Според досегашните сознанија на полицијата, во Градско, Б.А., на свое барање, се симнал од возилото и му кажал на таксистот дека ќе оди на гости во...

Откриени тројца мигранти од Палестина по сообраќајка на патот Гевгелија – Негорци

Тројца економски мигранти од Палестина биле повредени во сообраќајна незгода што вчера, околу 10.30 часот, се случила на регионалниот пат Гевгелија - Негорци, кога автомобилот, со кој нелегално биле превезувани, излетал од патот. Како што информираат од МВР, возачот на автомобилот „опел тигра“, И.Ѓ.(25) од Гевгелија, не бил пронајден на местото на несреќата. Мигрантите, пак, биле пронајдени во општата болница...

Шпанија во потрага по воениот хеликоптер што се урна во Атлантикот

Шпанското министерство за одбрана се обидува да ги пронајде тројцата членови од екипажот на воениот хеликоптер што се урна во Атлантскиот Океан, во близина на Канарските Острови. - Луѓето исчезнаа, а ние не знаеме под кои околности. Не можеме да стигнеме до кабината - изјави шпанскиот министер за одбрана, Педро Моренес, по средбата со членовите на семејствата на исчезнатите војници. Владите на Шпанија...

Запрена потрагата по исчезнатиот авион на „Малезија ерлајнс“

Потрагата по исчезнатиот авион на „Малезија ерлајнс“ во водите на Индискиот океан, во близина на островот Реинион е запрена, соопштија француските власти. Пред десеттина дена започна потрагата по авионот кој лани во март минатата година исчезна со сите 239 патници и членови на екипажот, беше обновена откако на островот беа пронајдени дел од авионот од летот „МХ 370“. Островските власти...

Продолжува потрагата по малезискиот авион на островор Рејунион

На францускиот остров Рејунион во Индискиот Океан, денеска продолжи потрагата за малезискиот авион кој исчезна на 8 март 2014 година, а чиј дел од крило е пронајден на островот. За потрагата се задолжени претставници за заштита на животната средина и на морскиот брег на островот. Малезискиот премиер Наџиб Разак на 5 август изјави дека остатоците од авионското крило се од малезискиот...

Франција ќе покрене потрага по други делови од малезискиот авион

Франција соопшти дека ќе покрене нова потрага на островот Рејунион во Индискиот Океан со надеж дека ќе бидат пронајдени уште делови од малезискиот авион, кој со 239 патници и членови на екипажот исчезнаа на летот МХ370 пред 17 месеци. На тој чекор Франција се одлучи затоа што надлежните во Малезија објавија дека пронајдениот дел од крилото на авионот на островот...

Под урнатините во Тетовско сè уште се трага по двајца исчезнати

Македонската армија со кучиња-трагачи и мештаните од село Шипковица, сè уште го бараат телото на шестгодишната Дрита Амети, која загина во поплавите во Тетовско. Потрагата трае и по 61-годишниот жител од Лисец, кому по невремето му се губи секаква трага. Последен пат е забележан како го напасува својот добиток на една од ливадите над селото. Неговата внука е првата жртва што загина...

Најдени остатоци од авион, се претпоставува дека се од исчезнатиот „МХ370“ на „Малезија ерлајнс“

Остатоци од патнички авион, за кои се претпоставува дека се од авионот на „Малезија ерланјс“ од летот „МХ370“, кој исчезна лани во март, вчера биле најдени на островот Рејунион, во Индискиот Океан, пренесуваат медиумите. Сепак, малезиските власти велат дека сè уште е рано да се изнесуваат какви било шпекулации дека станува збор за делови од исчезнатиот авион. Според информациите, на брегот на...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...