fbpx
Таг: Потрага

таг: Потрага

Полицијата има податоци од прегледаните електронски уреди кои можат да помогнат во истрагата за Вања

Петти ден полицијата трага по 14-годишната Вања која исчезна во понеделникот околу 7.30 часот, откако се упати накај основното училиште „Ј. Х. Песталоци“ во центарот на Скопје. Според македонскиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, од електронските уреди кои се прегледани во истрагата, полицијата добила корисни податоци кои може да помогнат во решавањето на овој случај. Како што рече Спасовски,...

Мајката на исчезнатата Вања: Три дена се прашувам зошто баш нам ни се случи ова?!

Зорица Ѓорчевска, мајката на исчезнатата 14-годишна Вања Ѓорчевска, веќе трет ден чека одговор каде и како ја снема нејзината ќерка, откако во понеделникот околу 7.20 часот изутрина се упати накај училиштето „Песталоци“, а потоа ѝ се изгуби трагата. Целата јавност е на нозе, а масовно се споделуваат и апели за барање на ученичката од деветто одделение. Од МВР сè уште...

Осуммина нуркачи трагаат по човекот кој исчезна во водите на вештачкото езеро Глажња

Потрагата по 29-годишното лице кое во попладневните часови на 29 јули оваа година исчезна во водите на вештачкото езеро Глажња во липковскиот регион, денес ја продолжуваат осуммина нуркачи од армиските специјалци Волци, соопштуваат од Центарот за управување со кризи. „Условите за потрага се многу тешки, брегот е исклучително стрмен а длабочината на водата е повеќе од 20 метри на само...

Мистериозно пребегана лавица втор ден се шета во Берлин

Германската полиција продолжува со потрагата по лавицата што втор ден талка во предградие на Берлин. Хеликоптери и оклопни возила кои инаку се користат во борба против тероризам, сега се распоредени за да се пронајде ѕверот, пренесува британски „Индепендент“. Берлинските власти биле предупредени вчера наутро, откако жителите на југозападната периферија на градот пријавиле оти ја виделе дивата мачка во шумата. Најмалку 30...

Пронајдени остатоци од исчезнатата подморница, сите пет лица загинале

Петте патници на исчезнатата подморница „Титан“ загинаа, изјави претставник на американската крајбрежна стража вечерва, соопштувајќи оти во близина на потонатиот брод „Титаник“ се откриени остатоци за кои се претпоставува оти се од подморницата. Остатоците биле лоцирани со далечински-управувано возило за подводно пребарување на околу 480 метри од остатоците на бродот „Титаник“. Откриени биле пет одделни парчиња што им овозможило на...

Трка со времето: Потрагата по исчезнатата подморница влегува во критична фаза

Потрагата по исчезнатата подморница „Титан“ што заминала да го истражува потонатиот брод „Титаник“ влегува во критична фаза, по проценките дека доводот на кислород за оние што се внатре може да истече за неколку часа. Американската крајбрежна стража ја удвои големината на областа која ја пребарува, бидејќи смета дека подморските струи би можеле да ја одвлечат подморницата подалеку од областа каде...

Продолжува потрагата по исчезнатата подморница, потврдени „звуци на тропање“ во областа

Истекува времето за петте патници на исчезнатата потопна подморница, откако повеќечасовната потрага и спасувачки акции досега не дадоа резултат. Врз основа на претходните проценки, во подморницата има кислород за помалку од 40 часа, пишува Би-би-си. Операциите за пребарување досега опфатиле површина од речиси 20.000 квадратни километри. Портпаролот на американската крајбрежна стража рече дека потрагата била „многу сложена“, но дека експертите...

Се трага по исчезнатата подморница која нурнала за да го истражува „Титаник“

Американските власти и тимовите за спасување се во трка со времето при напорите за пребарување на Атлантскиот океан, по исчезнувањето на мала подморница со пет лица која нурнала упатувајќи се кон потонатиот брод „Титаник“. Подморницата, позната како „Титан“, е управувана од компанијата „OceanGate Expeditions“, а американската крајбрежна стража соопшти дека контактот со неа бил изгубен 1 час и 45 минути...

Пронајдени се двете исчезнати малолетнички по кои се трагаше два дена

Полицијата ги пронајде двете малолетнички по кои се трагаше од четвртокот и за кои на социјалните мрежи масовно се споделуваа повици. Тинејџерките биле пронајдени попладнево на подрачјето на Бит Пазар од страна на полициски службеници од тамошната полициска станица. Девојчињата биле забележани кај продажен објект во паркот. „Денеска (01.04.2023) во 13.30 часот на ул. „Џон Кенеди“, кај продажен објект во паркот,...

„Офкат“: Да го оставиме морето да ни го врати Мартин

Напорите да го лоцираме Мартин Јовановски за жал, не вродија со плод, соопштија од „Офкат“, грчкото спасувачко здружение кое 20 дена беше во потрага по мoмчето кое  исчезна во морето кај Посиди. Tие на својот профил на Фејсбук напишаа дека ќе остават „морето да си ја заврши работата“, со надеж дека ќе се најде Мартин. „Денес се одбележуваат 20 дена...

Спасовски нема да поднесе оставка, смета дека Мијалков е сè уште во државата

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната прес-конференција изјави дека МВР активно работи на пронаоѓање на Сашо Мијалков и негово ставање пред лицето на правдата, а сите моментални анализи и проценки укажувале дека Мијалков не ја напуштил државата. „Дејствата се во тек. Не знаеме каде е, според информациите кои ги добиваме, работиме интензивно на неговото пронаоѓање“, рече Спасовски,...

Терористички напад во Виена – 4 загинати, 17 повредени, полицијата трага по еден од напаѓачите

Најмалку 4 лица загинаа, а 17 се повредени во терористичкиот напад што вчера вечер се случи во Виена. Еден од напаѓачите е убиен од австриската полиција, додека останатите тројца биле случајни минувачи во Виена. Пукањето се случило на шест различни локации во центарот на главниот град, јавува Би-би-си. Австриската полиција трага по барем еден од напаѓачите, додека министерот за внатрешни...

Осум лица загинаа, 21 исчезнати во судир на два брода во Будимпешта

Официјално, засега осум лица загинале, а 21 се водат како исчезнати по судир на два брода вчеравечер во Будимпешта, кои пловеле по Дунав близу парламентот на Унгарија. Малиот туристички брод луксузен брод бил удрен од многу поголем, при што се превртел и потонал. На бродот имало туристи од Јужна Кореја, а меѓу исчезнатите е и петчлено семејство. Денеска по исчезнатите...

Заев: Нема политички договор со Груевски, тој ќе се врати и ќе ја служи казната

Остро и категорично ги отфрлам сите шпекулации за каков било политички договор со Никола Груевски, порача премиерот Зоран Заев денеска, одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата со премиерот на Малта, Џозеф Мускат. Тој порача оти е убеден дека Груевски ќе се врати и ќе ја отслужи затворската казна. - Имаше многу скептици што велеа дека нема да видат политичари исправени пред...

Во железничка несреќа во Турција загинаа најмалку 24 лица

Најмалку 24 лица загинаа во железничка несреќа кога воз излета од шините на западот на Турција, соопштија турските власти за новиот биланс на жртвите. На местото на несреќата која се случи во неделата на границата со Грција, рано утринава беше продолжена операцијата за потрага и спасување. Патничкиот воз со вкупно 368 лица излета кај селото Сарилар кај Истанбул, на границата со...

Потона брод во Јужна Кореја, 13 лица загинаа

Крајбрежната стража на Јужна Кореја соопшти дека 13 лица загинаа, а две лица се водат како исчезнати откако рибарски брод се судрил со брод за дополување гориво. По сударот, рибарскиот брод потонал, а на него имало 22 лица, од кои седуммина биле спасени. Голем број хеликоптери се вклучени во потрагата по исчезнатите. Секоја година во Јужна Кореја се случуваат голем број бродски несреќи. Пред три...

Спасовски: Другите 12 осомничени за 27 април најверојатно се во државата

Дванаесетмина од 36-те осомничени за насилствата во Собранието од 27 април, кои сè уште не се приведени, најверојатно се во земјава и полицијата трага по нив, изјави денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, по потпишувањето на меморандумот за разбирање меѓу МВР и Мисијата на ОБСЕ во Македонија, за контрола на лесното оружје и муниција. - Издадени се наредби за...

МВР бара помош од граѓаните за пронаоѓање на тројца насилници од 27 април

Министерството за внатрешни работи, по претходно одобрение на јавен обвинител, на својата интернет-страница јавно објави фотографии од три лица кои се бараат во врска со насилствата во Собранието од 27 април годинава. Од МВР наведуваат дека станува збор за лица кои се важни за постапката. „Ги повикуваме сите граѓани што имаат какви било сознанија за лицата, за тоа веднаш да ја известат...

Шпанската полиција во потрага по референдумските ливчиња во Каталонија

Шпанската полиција изминатите неколку дена пребарала повеќе печатници и простории, барајќи ги гласачките ливчиња, кутиите и промотивните материјали за референдумот за независност на Каталонија, кој шпанскиот уставен суд го забрани, пренесува ХРТ. Со потрагата по гласачкиот материјал, шпанската централна влада се обидува да го спречи одржувањето на референдумот закажан за 1 октомври, а кој каталонската влада планира да го спроведе...

Британската полиција трага по бомбашот одговорен за нападот во метро-станицата

Во тек е потрага по лицето одговорно за бомбашкиот напад што вчера се случи во метро-станицата Парсон грин во југозападниот дел на Лондон, во кој 29 лица беа повредени, јавува „Би-би-си“. Полицијата соопштила дека трага по осомничените и дека стотици полицајци ги прегледуваат снимките од безбедносните камери од метро-страницата. Заканата од терористички напад во Велика Британија е подигната на највисоко -...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...