fbpx
Таг: потписи

таг: потписи

Пратениците прифатија, се чека на Џафери за собирање потписи за референдум против дигиталните учебници

Двете собраниски комисии за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија денеска донесоа заклучок дека предлогот на граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ е уреден. Собранискиот спикер треба следно да го прифати поднесениот предлог, по што тој ќе треба да ја извести Државната изборна комисија да ги отвори нејзините подрачни единици во кои ќе треба...

ВМРО-ДПМНЕ утре ќе почне кампања за собирање потписи за поништување на Законот за попис

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски денеска информираше дека опозициската партија утре ја започнува кампањата за собирање потписи со цел поништување на Законот за попис, упатувајќи апел до граѓаните да се приклучат на ваквата иницијатива која ќе резултира со поставување штандови насекаде низ државата. „Ние започнуваме уште од утре насекаде низ Македонија да ги собираме овие потписи, затоа ги охрабруваме граѓаните...

ВМРО-ДПМНЕ во Собранието достави потписи за поништување на Законот за попис, СДСМ вели попис ќе има

ВМРО-ДПМНЕ денеска до Претседателот на Собранието, Талат Џафери ги достави потписите и записниците за започнување на иницијатива за собирање на потписи за поднесување на предлог-закон за поништување на донесениот Закон за попис. Како што веќе најавија од опозициската партија, донесениот Закон нема да ја прикаже реалната состојба на жители во државава, а исто така, поради пандемијата на корона вирусот,...

ВМРО-ДПМНЕ од утре почнува со постапката за поништување на Законот за попис

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ планира да ја спроведе иницијативата за собирање на потписи од граѓаните за поништување на Законот за попис, како што најави уште пред неговото донесување во Собранието. Законските процедури започнуваат од утре, а собирањето на потписите на почетокот на март, изјави денеска претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, при средбата со занаетчиите во Старата Скопска чаршија. Одговарајќи на новинарско...

Сè уште нема независни кандидати за градоначалници, рокот истекува за 9 дена

До Државната изборна комисија 27 лица поднеле листи за собирање потписи за независни кандидати за градоначалник, а за советнички листи поднеле 47. До општинските изборни комисии сè уште никој не поднел кандидатура за независен градоначалник за претстојните локални избори закажани на 15 октомври. Рокот до кој тие што ги собрале потребните потписи може да поднесат кандидатура за градоначалник истекува на...

Димитров: Никој досега не побарал Македонија да стане дестинација за бегалци

Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров преку својот твитер-профил соопшти дека никој од претставниците на Европската Унија досега не побарал Македонија да стане земја дестинација за бегалци. - Имав стотини средби од 1 јуни наваму. Ниту еден, ниту еден соговорник нема побарано Македонија да стане земја - дестинација за бегалци - напиша Димитров на „Твитер“. https://twitter.com/NDimitrovMK/status/900841816274206722 Реакцијата на Димитров доаѓа по засилената...

Собирањето потписи за лицата со посебни потреби продолжува во другите градови

Денеска до пладне во Штип, 600 граѓани се потпишаа во книгите за собирање потписи за измена на закони и на подзаконски акти за соодветни права на децата со посебни потреби. Претседателот на здружението „Сплотени срца“, Зоран Мијалков, кој е и татко на дете со посебни потреби, изјави дека очекува акцијата да се интензивира. - Денеска и утре ќе се постават книги за...

Акцијата за потписи за правата на децата со посебни потреби продолжува и денеска

Акцијата за собирање потписи за иницијатива до Собранието за измена на закони и на подзаконски акти за соодветни права на децата со посебни потреби, денеска се одвива на плоштадот Македонија од 10 до 16 часот. Досега се собрани нешто повеќе од 2.000 потписи, а требаат уште четирипати по толку за да се постигне цензусот од 10.000 потписи. Родители и деца со...

Шешељ ја предаде кандидатурата за претседател на Србија

Еден од функционерите на Српската радикална странка (СРС), денеска ги предаде потписите за поддршка на претседателската кандидатура на лидерот на СРС, Војислав Шешељ, на Републичката изборна комисија (РИК), јавува дописничката на „Мета“ од Белград. Кутијата со 14.000 потписи била излепена со плакати со ликот на Шешељ и со натпис „Најдобриот за претседател“. Шешељ е трет кандидат што ги предаде потписите, а пред...

Ахмети попладнево на средба со Заев на Бихаќка

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, попладнево е на средба со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во седиштето на партијата во Скопје, јавува „Телевизија 24“. Средбата меѓу двајцата лидери следува откако Заев му ги предаде потписите на претседателот Ѓорге Иванов, од кого се очекува да му го додели мандатот за состав на новата влада. Ахмети денеска на средба со амбасадорот на Шведска...

Претседателот Иванов ќе им се обрати на граѓаните во 16.30 часот

Претседателот Ѓорге Иванов денеска, во 16.30 часот, ќе се обрати на граѓаните на Македонија, соопштуваат од кабинетот на претседателот. Се очекува Иванов да се произнесе во однос на тоа дали ќе му го додели мандат за лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за формирање влада. Во понеделникот, Заев му ги предаде на Иванов собраните потписи и кажа дека очекува да му се врачи мандатот во...

Заев: Имам 67 потписи, очекувам Иванов во најкус можен рок да ми го врачи мандатот

Во рака држам 67 потписи на пратеници од македонското Собрание, кои гарантираат можност за нова влада за граѓаните на Македонија, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, пред резиденцијата на претседателот Ѓорге Иванов, кому ги предаде собраните потписи. - Овие потписи овозможуваат да заврши кризата во Република Македонија и конечно државата да се придвижи напред, во функција на враќање на животот...

Димовски до Хан: Вторпат го кршите ветувањето дека нема да се мешате

Пратеникот и член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, денеска реагираше на изјавата на Јоханес Хан, од саботата, со забелешка до еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика дека „пред само десет дена во Скопје јавно кажал дека нема да се меша, а сега објавува на „Твитер“ дека претседателот Иванов треба да го даде мандатот на овој или...

Столтенберг: Собрани се потписи, очекувам властите да го исполнат следниот чекор

„По еден обид да се формира влада, а во согласност со барањата утврдени од страна на претседателот, сега се собрани доволно потписи од пратениците. Очекувам властите во Скопје да го исполнат следниот чекор во демократскиот процес“, вели во пишаната изјава генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, а по повод политичките случувања во државата. Тој ги повикува сите страни на воздржаност во изјавите...

ДУИ ги дава потписите на СДСМ, за коалиција ќе размисли

ДУИ ќе му ги даде потписите на СДСМ за состав на нова влада, но тие потписи не значат дека ДУИ ќе коалицира со СДСМ. Ова вечерва го изјави портпаролот  на партијата, Бујар Османи, за време на состанокот на централното претседателство на ДУИ, кој сè уште трае. Османи рече дека централното претседателство ја продолжува дебатата, но потписите биле дадени за да...

ДУИ реши, потписите ќе ги даде на СДСМ

Централното претседателство на ДУИ, по повеќе од 10 часа заседавање, вечерва донело одлука да ги даде потписите на СДСМ, пред малку во Мала Речица, пред партиското седиште соопшти Бујар Османи, портпаролот на ДУИ.

Ахмети: Ќе разговараме за опцијата да останеме во опозиција

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, пред почетокот на средебата на централното претседателство на партијата, рече дека е мала можноста да има договор денеска. На новинарско прашање дали денеска ДУИ ќе донесе конечно решение за доделување на потписите за формирање влада, Ахмети вели дека една од опциите е ДУИ да остане во опозиција. - Денеска ќе разговараме околу опциите за ДУИ да...

Спасовски: Сè уште разговараме за употребата на јазиците

Очекуваме дека наскоро ќе ги добиеме потписите од партнерите за мандатот за состав на влада, изјави генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, по денешната средба на работниот тим на партијата со претставници на Алијансата на Албанците. На средбата, како што изјави Спасовски, било разговарано за „иднината на Македонија, за принципите на владеење на идната влада, за остварувањето на националните интереси...

Шилегов: Очекуваме ДУИ да ни ги даде потписите за формирање влада

Документот доставен до ДУИ е доволно добар за да ги обезбеди потписите за добивање на мандат за состав на Владата, вели портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. - Сега за сега, немаме одговор. Помеѓу нас и ДУИ постои техничка комуникација, неформална комуникација, помеѓу претседателите на партиите. Тоа се телефонски јавувања, слушања, што е секојдневие во нашата работа. Очекуваме дека предлог-документот којшто...

Петиција на 7.882 граѓани за запирање на изградбата на панорамското тркало

Петиција на која 7.882 граѓани се потпишале против изградбата на панорамското тркало во Скопје е поднесена до градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски. Петицијата, со која се бара запирање на изградбата на панорамското тркало, денеска се појави на социјалните мрежи, и ако што може да се види од документот, таа е поднесена и архивирана од службите на Град Скопје на...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...