fbpx
Таг: потерница

таг: потерница

Исмет Гури го напуштил куќниот притвор и за него е распишана потерница

Поранешниот заменик-директор на Управата за јавни приходи, Исмет Гури, го напуштил местото каде што издржувал куќен притвор и за него е распишана потерница. На Гури, кој е осомничен заедно со 15 лица, меѓу кои и бизнисмени и вработени во УЈП за  за злосторничко здружување и даночна измама, првично му беше одреден притвор, кој заради здравствени прични беше заменет со куќен...

Палевски бил уапсен пред да лета за Москва, ама во 2019 година

Во овие објави кои се шират на Фејсбук во време кога Љупчо Палевски беше меѓународно баран како првоосомничен за грабнување и убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, се споделува стар текст од 2019 година во кој пишува дека Палевски бил уапсен пред да летне за Москва. Настанот навистина се случил, ама за друго дело и пред 4 години...

Уапсен Алил Демири – баран со меѓународна потерница за убиствата кај Смилковско езеро

Косовската полиција во соработка со македонската полиција го приведе Алил Демири, баран со меѓународна потерница во врска со петкратното грозоморно убиство кај Смилковското езеро, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). Демири беше осуден на доживотна затворска казна, како првообвинет за петкратното убиство што се случи на Велики четврток, во април 2012 година, кај Смилковско Езеро во близина на Скопје. „Денеска...

Не може да се споредуваат исчезнатите деца од Кливленд со оние кои се одведени од Украина

Не може да се спoредуваат исчезнатите деца од Кливленд со оние кои се одведени од Украина. Станува збор за различни контексти, различни околности. За децата од Кливленд, околностите уште не се разјаснети и нема утврдено образец односно тенденција дека сите исчезнале на ист начин, бидејќи се работи за изолирани случаи со непознат исход. За децата одведени од Украина, е...

Потерницата од Хаг за Путин – главен мотор на новите руски дезинформации и закани

Март во македонскиот медиумски простор беше одбележан со еден главен и нов дезинформациски наратив од Москва, кој беше разработен кратко време по веста дека Меѓународниот кривичен суд во Хаг објави налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин и комесарката за права на децата Марија Лвова Белева. Два дена по објавената „потерница“ по Путин, од Москва стигнаа закани дека...

Никола Груевски не е во С. Македонија, ниту, пак, бил во земјава за својот роденден

Објавата дека експремиерот Груевски е во земјава се темели само на тврдењето дека неговата Фејсбук страница има четворица администратори кои се наоѓаат во Македонија, па оттаму се вади и заклучокот дека и Груевски е тука. Логичниот заклучок е дека за високопрофилиран политичар од негов ранг и калибар, којшто е баран во земјава и за него има распишана потерница, за...

Обвинителството се сомнева дека некој му помогнал на Мијалков да избега

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција преку соопштение до јавноста најави дека се сомневаат дека при бегството на обвинетиот во случајот „Таргет-Тврдина“ Сашо Мијалков, е извршено кривично дело помагање на сторител во извршено кривично дело. Тие најавија расчистување на ваквите сомненија. Обвинителите за организиран криминал велат дека факт е оти во моментот кога тие го поднеле...

МВР преку национална потерница ќе го бара Сашо Мијалков во државата

Министерството за внатрешни работи информира дека за Сашо Мијалков е распишана национална потерница. Причината за тоа е што: „од досега преземените мерки и активности лицето не е пронајдено“, велат од МВР, кои од вчера го бараат Мијалков за да му го врачат решението за куќен притвор. Од МВР уште утрово навестија дека ќе побараат од судот да издаде наредба...

Третоосомничениот за убиството на Никола Саздовски е екстрадиран од Германија

Дваесет и едногодишниот Ј.Љ, кој е третоосомничен за убиството на Никола Саздовски Саздо, денеска е екстрадиран од Германија, информираат од Министерството за внатрешни работи. Ј.Љ е осомничен дека сторил кривично дело „убиство“ односно на 29 јули 2018 година околу 17.35 часот во Скопје, заедно со Б.Б. и С.Д. го нападнале Н.С., кој починал од нанесените повреди. За Ј.Љ. беше распишана...

Артан Груби нема сестра, туку двајца браќа, а осомничениот е пронајден!

Споменатиот вицепремиер Груби не е во блиско ниту подалечно сродство со еден осомничен за убиството на младо момче од Скопје, кој, патем, по потерница од МВР бил пронајден и приведен во Германија, пишува „Вистиномер.мк“ во рамките на својата ексклузивна соработка со Фејсбук за проверка на вистинитоста на објавите.   Пост со вистинска фотографија, но со неточни тврдења, е објавен на Фејсбук...

Топалоски се премисли: Не сум видел пиштол, поради стресот сум помислил дека Нефи има пиштол

Добив удар од позади грб и поради стресот што го добив сум стекнал погрешен впечаток дека Нефи Усеини има пиштол. Ова е дел од новата изјава на охриѓанецот Спирко Топалоски, кој завчера пријави дека бил нападнат од советникот на ДУИ во општина Охрид, Нефи Усеини. Во соопштение од неговиот адвокат, Топалоски ја менува првичната изјава. Нефи Усеини и неговиот брат,...

Нема потерница за браќата Усеини кои се во бегство

Полицијата не може да им влезе во траг на Нефи Усеини и неговиот брат кои се обвинети за напад врз нивниот сограѓанин, Спире Топалоски. Засега, министерството за внатрешни работи во делот за потраги нема објавено податоци за распишана домашна или меѓународна потрага по браќата Усеини. Прехтходно СВР Охрид поднесе кривична пријава до надлежното Јавно обвинителство против Нефи Усеини и неговиот брат...

Панчевски од денеска се наоѓа во затворот во Шутка

Владимир Панчевски, поранешниот претседател на Кривичниот суд Скопје, од денeска напладне се наоѓа во КПУ Затвор Скопје, Шутка. Тоа за МИА го потврдил директорот на затворот, Есад Рахиќ. Според него, Панчевски денеска во 12 часот напладне самиот се пријавил во затворот. При приемот бил прегледан, му била измерена температура и откако се утврдило дека нема никакви симптоми на ковид-19,...

МВР распиша потерница по поранешниот претседател на Кривичен суд Панчевски

МВР распиша национална потерница по поранешниот претседател на Кривичен суд, Владимир Панчевски на кој му е одреден 30-дневен притвор поради отсуство на рочиштето за судскиот предмет „АКМИС”, во кој тој е обвинет и му се суди за кривичното дело "злоупотреба на службената положба и овластување". „Судот до Секторот за внатрешни работи во Велес достави наредба за приведување со решение за...

Штипското обвинителство отвори предистрага за бегството на Игор Спасов од затвор

Основното јавно обвинителство од Штип по допрен глас ќе испитува како се случи специјалецот Игор Спасов да избега и да биде недостапен на органите на прогон, вклучувајќи го ѝ затворот „Идризово“, каде што издржува 14 - годишна затворска казна за убиството на Мартин Нешковски во центарот на Скопје. - Предметот е во фаза на предистрага, оформен по допрен глас и...

Македонија го почитува меѓународното право за случајот со Kосовецот Томор Морина

(Вежба на македонската и косовската полиција во касарната „Ѓорче Петров“)
Текстот објавен на порталот „Правда.рс“ со исклучително навредлив наслов: „Македонците повторно лижат шиптарска чизма: штитат ОВК терорист!“ („Македонци лижу шиптарску чизму поново: штите ОВК терористу!“), креира сосема погрешна слика за случајот со екстрадицискиот притвор  на Томор Морина, поранешен член на ОВК, кој е уапсен во земјава по потерница на Србија. Кога ќе се прочита насловот на српскиот портал се...

Спасовски очекува Интерпол да ја објави потерницата по Никола Груeвски

Документите за распишување на потерницата по Груевски за терористичко загрозување на уставниот поредок за настаните од 27 април се доставени до Интерпол и очекуваме потерницата да биде објавена, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на новинарско прашање по официјалното почнување на твининг-проект за усогласување на националните системи со ЕУ и шенгенските барања за гранично управување. „Интерпол, сè...

Рускоска: Интерпол без образложение одбива да ги објави потерниците за Груевски и Бошковски

Централата на Интерпол одбива да ја објави меѓународната потерница за поранешниот премиер Никола Груевски кој доби азил во Унгарија, изјави обвинителката Вилма Рускоска пред почетокот на Конференцијата за напредокот во борбата против организираниот криминал и корупција. „Последните информации од Интерпол Македонија се дека централата на Интерпол одбива да ја објави потерницата и дека не даваат образложение“, рече Рускоска. Таа додаде дека...

Интервју со бегалец од законот: Има ли правила?

Разговорот кој го водеше новинарката на ТВ „Сител“ со експремиерот Груевски, кој е правосилно осуден по еден судски предмет, а по уште неколку се води како обвинет и судењата се во тек, подигна доста прав. Една од причините за тој интерес е и дилемата – дали треба да се разговара со бегалец од законот? Постојат ли услови до кои...

Обвинителство: Војминовски беше во домашен притвор поради здравствени проблеми

Од Јавното обвинителство порачаа дека домашен притвор за сега избеганиот Никола Војминовски, кој беше осуден на 13 и пол години затвор за обид за убиство на Зијадин Села при насилствата во Собранието на 27 април 2017 година, бил побаран поради здравствената состојба на осудениот. Војминовски во домашен притвор ја исчекуваше правосилноста на пресудата. По него е распишана потерница. Од обвинителството потсетуваат...

Германија добива онлајн регистар на донори на органи

Германскиот онлајн регистар на донори на органи вчера беше отворен со две години задоцнување. Министерот за здравство Карл Лаутербах оцени дека тоа придонесува за транспарентност и поголема подготвеност на...