fbpx
Таг: поскапување

таг: поскапување

Дизелот поскапува за 2 денара

Според најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕВУ) донесена вчера, од полноќ дизелот е поскап а 2 денара за литар. Бензините и екстра-лесното масло за домаќинство не поскапуваат, но цената на мазутот е, како и во случајот со дизелот, крената - за 1,044 денари. Како причини за поскапувањето, РКЕВУ ги наведува порастот на...

Цените на горивата од полноќ се повисоки за три денари

Од полноќ, горивата и екстра-лесното масло за домаќинства се поскапи за 3 денари по литар, според најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија. Поскапува и мазутот - за 1,57 денари за килограм. Причините за поскапувањето се пораст на цените на нафтените деривати на светските берзи и падот на курсот на денарот во однос...

Од полноќ литар дизел се продава за 4 денари повеќе и чини 81 денар

Според вчерашната одлука Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕВУ), од полноќ дизелот е поскап за 4 денари, екстра-лесното масло за домаќинства за 2,5 денари, мазутот за 1,238 денари. Бензините остануваат на последната утврдена цена. Причина за поскапувањето е порастот на цените на светските берзи на деривати, како и падот на денарот во однос на...

Од полноќ литар дизел е за четири денари поскап од литар бензин

Со најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕВУ) од синоќа, дизелот од полноќ се продава за 3 денари по литар поскапо отколку вчера и стана поскап од бензините. Според вчерашната одлука на РКЕВУ, која веќе ги одредува највисоките цени на нафтените деривати на дневно ниво наместо на седмично, како што беше до...

Бензините поскапуваат за половина денар, дизелот останува со сегашната цена

Според најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕВУ), од полноќ бензините и екстра-лесното масло за домаќинства ќе се продаваат по повисоки цени, додека кај дизелот нема измена на цената. Бензините и екстра-лесното масло поскапуваат за половина денар по литар. Малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-95 ќе изнесува 82,5 ден/лит, додека малопродажната цена на...

Скокнаа цените на меѓуградските билети, поскапувањето се одрази врз студентите

Поскапувањето на меѓуградските билети на релациите од главниот град до другите градови во Македонија е забележано од страна на граѓаните во земјава. Билетот на релацијата Скопје - Куманово - Скопје што минатата година чинеше 100 денари, па потоа се покачи на 120, денес чини 150 денари. Цената на билетите за релацијата Тетово - Скопје - Тетово се зголеми за 35...

Бензините поскапуваат за 1 денар, дизелот за половина денар

Според најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ) за цените на нафтените деривати, од ноќеска на полноќ бензините ќе се продаваат за 1 денар по литар повеќе, а дизелот за половина денар повеќе по литар. Цената на екстра-лесното масло за домаќинства не се менува, а мазутот поевтинува за 0,046 денари за килограм. Од полноќ литар ЕУРОСУПЕР БС...

Бензините од ноќеска поскапи за 1,5 денари за литар, дизелот за 2 денари за литар

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ), денеска ги одреди новите максимални цени на горивата. Безините ќе бидат поскапи за 1,5 денари за литар, а дизелот ќе се продава за 2 денари повеќе за литар. Со тоа новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 81 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 83 денари за литар. Новата...

Бензините поскапуваат за денар, дизелот и екстра-лесното масло за половина денар

Според најновата одлука што попладнево ја соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ), од полноќ ќе поскапат сите нафтени деривати - и бензините и дизелот и екстра-лесното масло. Поскапува и мазутот, за половина денар за килограм. Од полноќ, малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 79,5 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 81,5 ден/лит. Малопродажните...

Контраспин: Ковачевски нема врска со поскапувањето на цените на струјата, парното и метанот

Ковачевски како лидер на партија не може да биде дел од одлуки за поскапувања во енергетиката, а зголемувањето на цените на струјата и гасот не се ниту своеволна желба на Владата. Ваквите одлуки ги носи Регулаторната комисија за енергетика, пишува „Вистиномер“ во својот Контраспин. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Опозициската ВМРО-ДПМНЕ на 04 јануари 2022 година објави соопштение преку кое...

Вистиномер: Не е точно дека ЈСП го поскапе превозот – воведен е само нов тип дневен билет од 120 денари

Билетот на ЈСП не е поскапен, туку е воведенa дополнителнa опциja преку билет од 120 денари, кој ќе важи за еднодневно повеќекратно возење (граѓаните ќе можат да се возат со овој билет неограничен број пати во еден ден). Овој билет од 120 денари, како што најави ЈСП, ќе им биде од полза на туристите, на тие што сакаат да...

Бензините поскапуваат за половина денар, дизелот за два денара

Бензините од полноќ ќе поскапат за половина денар, додека дизелот и екстра-лесното масло ќе поскапи за два денари. Според последната одлука за цените на горивата на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ), станува збор за покачување во просек за 2,24 отсто во однос на Одлуката од 3.1.2022 година. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,514...

Порталб: Се ближат новогодишните празници – дали замрзнатите цени на храната ќе ја „одмрзнат“ трпезата?

Цените на основните прехранбени производи „замрзнаа“, но оваа мерка засега е со важност до крајот на јануари. Економистите велат дека привремено стандардот ќе се заштити, но мерката може да има и контраефект, пишува „Порталб“. Домашните и странските прогнози упатуваат на тоа дека ценовниот раст ќе се прелее и на следната година. Оваа економска година, дел од производите достигнаа ценовен пик. Празнично,...

Бензините и екстралесното масло поскапуваат за 2 денари, дизелот за 1,5 денари

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ) на Република Северна Македонија денеска донесе одлука за поскапување на горивата и екстралесното масло за домаќинства. Од полноќ, бензините и екстралесното масло поскапуваат за 2 денари, а дизелот за 1,5 денари. Со тоа, бензинот ЕУРОСУПЕР БС - 95 од почетокот на утрешниот ден ќе чини 73 денари за литар, а бензинот ЕУРОСУПЕР БС...

Граѓаните на бесплатен број може да ги пријавуваат трговците што драстично ги зголемуваат цените

Министерот за економија Крешник Бектеши ги повика граѓаните на бесплатниот телефонски број 191 да ги пријавуваат трговците што драстично ги зголемуваат цените на на основните прехранбени производи. Бројот е на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ). „На оваа бесплатна телефонска линија сите граѓани можат да пријават неправилности кај трговците кои што не ја почитуваат Одлуката за замрзнување на цените на основните прехранбени производи“,...

Енергетската криза во ЕУ – да се прегрми зимата, а потоа…

Глобалната енергетската криза сериозно ја погодува Европската Унија. Сите традиционални извори на енергија поскапеа на светскиот пазар. Покрај пазарните фактори на понудата и побарувачката, за кризата придонесува и стравот и неизвесноста во пресрет на зимата.   Графикон 1: Цените на енергијата во ЕУ 2008-2021, Европска комисија Европската унија е силно зависна од надворешни енергетски ресурси. Според Еуростат, во 2019 година зависноста изнесувала...

Вистиномер: Не е точно дека цената на струјата „нема мрднато“ 4 години

Изјавата на премиерот, дека во Македонија четири години не мрднала цената на струјата, е неточна. Имено, цената на струјата во последните две години двапати се зголеми со одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), при што едно од овие поскапувања беше нивелирано со намалување на даноците, но второто покачување е реално, пишува „Вистиномер“. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Зборувајќи за...

Бензините поскапуваат за еден денар, а цената на дизелот останува иста

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а цената на дизел горивата останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Новата малопродажна цена на „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 73 денари за литар, „еуросупер БС-98“ ќе се продава за 75, еуродизел за 63,5, а екстра лесното масло за домаќинство за 63 денари за...

ЕУРОСУПЕР БС-95 поскапува за половина денар, 98-ката и дизелот за денар

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги ја зголеми цената на горивата, при што бензинот од 95 октани поскапува за половина денар, а тој од 98 октани и дизелот поскапуваат за цел денар. Новите цени ќе бидат на сила од полноќ. Со тоа, литар бензин ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 71 ден/лит. Малопродажната цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 73...

Бензините од ноќеска поскапуваат за 2 денари, дизелот за 3,5 денари

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,36 отсто во однос на Одлуката од 26.7.2021 година. Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемуваат за 2 денари за литар, додека малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) се зголемува за 3 и...

Ангеловска-Бежоска: Земјите од Западен Балкан годишно губат 18 отсто од БДП поради родовиот јаз на пазарот на труд

Последователните економски шокови изминатите години дополнително го отежнуваат намалувањето на родовата нееднаквост, поради нивното понеповолно влијание врз женската популација. Кај повеќето земји од регионот на Западен Балкан стапката на...